1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни градинки

Дискусија во 'Дете' започната од Lady*Bug, 14 јануари 2018.

  1. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски

    Јас не сметам дека е грешка доколку детето не оди во градинка. Примери за тоа имам еден куп, ама не е тоа темата.

    До сега не сум сретнала личност која вели дека градинката треба да е задолжителна, сите велат дека е препорачливо да оди, но ЗАДОЛЖИТЕЛНО како термин, никој не го употреби.

    Во врска со останувањето дома и плаќањето жена беше муабетот со членката, а бидејќи таа се дрзна да претпостави дека жените кои доаѓаат дома се неуки, јас одговорив дека има жени кои имаат образование, дури имаат и соодветно образование, па нема за го заглупават детето, туку напротив, целосно ке му се посветат.
    Доколку ти сметаш дека градинка е направилен избор, тогаш прати го детето во градинка, приватна како што велиш ти, јер е најдобро. Ама не се обидувај да го наметнеш тоа како единствена правилна опција.

    Прочитај што напишала @Cosmi , која има искуство како вработена. ;)
     
    На cresa-jagoda, wannaBeMomma, NarCis@ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Моето дете оди во градинка. Планирав да е тоа од 2 и пол години, ама по препорака на педијатар оди од 19 месеци. Јас цитирав педијатри и други стручни лица кои сметаат дека треба да е задолжителна, ама секако тоа е неспроведливо во државава. Затоа го оставаат како препорака. И не, никој не вика дека тоа мора да е приватна.
    @Cosmi ја прочитав, и сосема издржано напиша, и и верувам, но и таа не препорача децата да седат дома.
    А ко што кажав јас не сум одела во градинка. Не сметам дека нешто денес ми фали ниту од аспект на образование, кариера, семејство, социјален живот, ама пак, ако можам од денешен аспект да бирам, би одбрала апсолутно да одам. Ама тоа е друга тема.
     
  3. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Јас пак, сум правела муабет со стручни лица и сите имаат кажано дека е препорачливо да оди, но не и задолжително. Значи градинката како поим никој не ја стави до задолжителна, небитно дали државна или приватна. А во врска со возраста, најголем дел од стручните лица имаат кажано дека доколку постои опција, најдобро е детето да оди во градинка откако ке наполни 3 години.
    Да нагласам дека јас имам правено општ муабет, не сум засегната од темата.

    Секако дека не препорача, ама ти тврдиш дека приватните градинки се феноменална опција, а очигледно е дека не се. Во тој контекст јас кажав дека во иднина, можеби би избрала девојка или жена која ке го чува моето дете, наместо приватна градинка во која очигледно работите се нашминкани.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.166
    Допаѓања:
    234.954
    Како муабетот на другарка ми, детето и оди во приватна градинка, фатило бактерија и вели сигурно е од комшиското дете бидејќи одело во државна градинка. Во приватните нели децата се дезинфицираат |(.
    Кој каде сака нека си го носи детето, ако има пари нека оди и во приватна. Ама немојте да ги правете државните како најлошо нешто оти не се.
     
    На referentka, EuHenIa, M&M и 8 други им се допаѓа ова.
  5. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Јас имав опција, и пак препораката беше да тргне во градинка (т.е. кај мене беше налог, не препорака, и не 3 години, туку веднаш). Задолжителна не може никој да каже формално, апсолутно нема капацитет тоа да се реализира. И вака како што е, добар дек од градинките пукаат по шавови од пренатрупаност. На список на една во Аеродром имаше 56 деца во групата 2-3 години, како тука да се додаде уште.
    Феноменално кај нас не е ништо. Правам споредба помеѓу опциите што тука ги има.
     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Не знам дали воопшто се разбираме. Личностите со кои правев јас муабет рекоа дека добро е детето да оди во градинка, но воопшто не рекоа дека е задолжително.

    Феноменално не е, затоа и реков дека помеѓу приватна градинка и девојка/ жена, јас би ја избрала втората опција.
     
  7. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Се разбираме. Никој не вика дека е задолжително, кога не е. Задолжително е само она што е пропишано со закон, ваков не постои. Јас цитирав луѓе кои сметаат дека треба да е задолжително заради ред социјални аспекти, и тие и јас знаеме дека формално не е. А конкретно за моето дете, препораката беше апсолутна. Можев ли да не го носам? Секако дека можев, никој ништо немаше да ми направи. Исто како што кога е болен можам да не му дадам антибиотик иако му е препишан - можам, дали е тоа за него подобро е веќе друг муабет.
    За мене жена, девојка, што и да е, е најлошата опција, посебно после 3 години. Немам ништо против државни градинки, изборот државна или приватна е субјективен.
     
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.196
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми оди во државна градинка и јаде овошје, салати, манџи. Ова сочинува 90% од менито. Втората ужинка најчесто е "нездрава" (житни плочки, бисквити, лиснато и сл) ама мене не ми смета, оти не планирам да ја чувам во стаклено ѕвоно. Така што... не се само приватниве градинки здрави. Замисли си, ама и тука имаат програма и учат децата. Јас сум задоволна во глобала. Само уште да не се 30+ деца во група :/
     
    На referentka, M&M, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.213
    Допаѓања:
    2.639
    Искрено, не можам да замислам дека се учи нешто на 30 деца, бидејки физички е невозможно истото да се постигне.
    Ни јас моето не го чувам под стаклено ѕвоно, ама кога можам да бирам. Бирам да не јаде бисквити и тортици.
    Она е јадачка, и затоа апетитот сакам да го искористи за храна која што сметам дека треба да ја јаде. Без чоколино, бисквити, цедевита, мармалади.

    Па жената си кажува нејзино лично искуство, и за неа и детето приватната градинка каде што оди е феноменален избор.
    А колку што читам, ти немаш искуство со градинки. Значи ставот ти е оформен од рекла казала.
    Што е нашминкано во приватна градинка?
     
    Последна измена од модератор: 6 јули 2018
  10. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.193
    Lele dobro zeno. Neka odi vo privatna gradinka nikoj ne te fati za vrat.

    Koj kade miluva tamu neka odi.

    Jas mozam da si dozvilam privatna ama ke odi vo drzavna jer 3000+ evra na godisno nivo za gradinka mi se non sens. So tie pari sobirani kje studira kaj saka jli oa stan ke dobie eden den na primer.
    Da bese popristapna cena kje zapisev i jas vo privatna.
     
    На tina-63, Martka, mariz и 6 други им се допаѓа ова.
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.504
    Допаѓања:
    144.206
    Тогаш во школо не сме учеле ништо. Оти баш толкави беа паралелките.

    Да се учи може, има и програма. Само е пренапорно за учителката. Ама ги има многу што се трудат. Секоја чест за нив.
     
    На tina-63, referentka, EuHenIa и 9 други им се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.196
    Пол:
    Женски
    Замисли си, ама ете учат :o
    Стварно не знам што очекувате да ви ги научат децата? Да ги спремат за факултет :^)
     
    На Annath, Martka, mariz и 7 други им се допаѓа ова.
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Добро дали се читаш себеси што зборуваш? од што коса ти се крева? моето дете не смее да.оди во градинка ниту во приватна ниту во државна. осет ко што гледам немаш ама и ова твоево е дефинитивно препич. коса и се кревала... бог да чува од вакви.
     
    На mssuniquee, ikame, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.451
    Допаѓања:
    81.990
    Пол:
    Женски
    Спиењето и мене ми е лична траума од детството :smirk:но сепак сметам дека кога веке имаме определен термин за доаѓање во градинка,за јадење,добро е да се има рутина/термин и за спиењето.Има начин и како да легнат сите,моите брзаа да се спремат бидејки со нетрпение чекаа која нова приказна ке ја читаме(не им кажував)и на пола од читањето сите беа заспани,а има многу деца на околу 4 години кои одбиваат да спијат,не сакаат,но заспиваат.

    Во приватната тие што не сакаа да спијат кога ке дојдат да ги земат веке ги фаќаше криза,неспиени изморени од секојдневни активности,па ке им заспијат дома во ниедно време (17-18часот)па навечер не сакаат да си легнат,а наутро не им се станува,и тоа е еден круг кој се комплицира,а многу е едноставно кога имаат рутина на спиење.Затоа,од искуство,во приватна или државна ,рутина со спиење е убаво да има.

    Јас веке не работам во градинки ,сега ја работам мојата друга професија(freelancer илустратор),но да не звучам нескромно јас си ги сакав децата и уживав да работам со нив , и се трудев максимално во државна градинка и ми беше криво што цело време е истиот муабет дека не чинат,тоа ме испровоцира една година со моите од средна група (26 деца од кои 19 машки):D да учествувавме на ликовен натпревар во Унгарија,и освоивме 3 место.:sun: Па се частевме.
    Не ми го пронајде градинкатата натпреварот ,сама барав по интернет натпревари за предучилишни групи,така да многу зависи од воспитувачот,ни најубави услови,столчиња,играчки не се толку важни колку кадарот.
     
    На nekoja85, Alanna, drugarka и 19 други им се допаѓа ова.
  15. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Не не, не е задолжително, препорачливо е, ама никој не рекол дека за детето, градинка е најдобра опција. Не мешај закони и глупости, не знам кои се луѓето кои ти рекле дека градинката би требало да е задолжителна, мене ми имаат кажано дека е убаво, ама и да не оди, тоа нема да се одрази негативно во иднина.

    Според мене, воопшто не е лоша опција, ама ти за твоето, здравје, некој ден и јас за моето.

    @Cosmi убаво кажа како функционираат градинките, не знам што не ти е јасно. Значи пишува дека спиењето на децата им е пореметено

    А ова за мене е далеку од феноменално. Особено ако земам во обзир дека секој месец кешираш по 200 евра.
     
    На Annath и Meckicja им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.166
    Допаѓања:
    234.954
    Јас син ми освен за Нова година и 8 - ми Март, не го терам да ги учи песничките што му ги даваат. Има време кога да учи. Што очекуваат да ги учат во градинка не знам.
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.194
    Пол:
    Женски
    Dafi jas odev vo drzavna gradinka od bebe do pretskolska vozrast I super mi bese jadevme mandzi skoro sekojden na se se sekavam kazi reci oti 6 god odev na gradinka nez vnuceto mi sega do pred da go zapisat na skolo odese vo drzavna gradinka I koga otidea da go zapisat na skolo sega vo maj mesec znaese se da odgovori na prasanjata sto gi postavuvaat pri upisot vo skolo I da na majka mi se I kazuvaa sto rabotele denes vnucinjata vo gradinkata
     
    На Martka, Joi и duffi им се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Учат, и тоа како. Јас сум презадоволна од градинката каде што одеше син ми, спремен беше доста за да почне во училиште, а тоа го научи баш од таму, државна градинка, каде што во група имаше 30 деца. И второво таму ќе го пуштам од септември, затоа што знам дека ќе биде добро згрижено. Замисли, јадат секој ден готвена храна, како што пиша @An-na претходно, само една ужинка им е нездрава. Дека имаат програма, имаат, и учат тоа што е предвидено, ама секако дека зависи од кадарот. Има воспитувачки што не се замараат, ама во нашава градинка не сум имала прилика да налетам на такви. И она што ми е најбитно - редот - се знае кога се јаде, кога се игра, кога се спие. И мојов не беше нешто по спиењето, особено последната година, ама легнуваше да одмори во предвиденото време.

    А ако правам споредби со храната - внука ми одеше во приватна градинка, никаков бенефит не доби, ништо не учеа, само беа оставени сами да се занимаваат, јадеа глупости и доби труење со храна на двегодишна возраст од пецива со виршли :/ кој црн нутриционист го спремал менито? :(
     
    На JuLleE, EuHenIa, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  19. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.605
    Допаѓања:
    170.372
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е исто во сите државни градинки, но во однос на храната, јас сум пријатно изненадена. Менито се менува на две недели, и нема никакви "глупости" за јадење. Дури и ужинките им се сезонски зеленчук и овошје. Понекогаш има нешто месено од Специјал, но не сметам дека е "криминал". Што се однесува до едукација, исто сум задоволна. Искрено, воспитувачката и негувателката, ни се со препорака. Исто излегуваат надвор, работат по програма. Јас лично, секој ден сум известена што работеле. И не само тоа. Туку колку и со кои деца се дружи, нејзиното однесување за време на адаптацијата итн. Знам дека учат, затоа што секој ден или кажува, или пее некоја нова песничка, ми раскажува што учеле итн. Ама ова е за државната градинка во која оди ќерка ми. Е сега, за приватните да кажам немам лично искуство, но имам колешка која секоја година менуваше приватни градинки, сѐ додека детето не почна да оди во прво одд. И секогаш беа супер на почеток на година, ама на крај бираше нова. Друга колешка, исто детето ѝ оди во приватна (и ова се однесува на разболувањето), фати стафилокока. Исто се разболува, иако се мал број на деца. Доволно е само едно да биде болно, за да се рашири бактеријата. Поентата ми е, дека приватна не значи дека е најдобро, исто како што државна не значи дека е најлошо. И за едните, и за другите важи дека претходно би било убаво да се проверат, пред детето да се прати таму.
     
    На tina-63, cresa-jagoda, Rebecca_R и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.213
    Допаѓања:
    2.639
    Не ми е јасно зошто сите се фативте за моето искуство со државна и приватна градинка?
    А, на никој не му пречеше етикирањето на децата што одат во тие градинки, како биле размазени, без ред што апсолутно не е така.
    Дури за спиењето не е точно. Туку има избор,да. Не сакам на пример да спие, зошто така касно ми легнува детето. Ок е да има само мирни активности. Зошто па да лежи во темница, ако може на пример да и се читаат приказни тоа време.
    И ок, може не се сите државни исти како што не се ни сите приватни исти.
    Ај сега останете со здравје. А сите вие што ќе се закачите на темата и барате приватна градинка за вашите деца, имате целосна поддршка од мене :)
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.