Колешка го носи задоволна е. И се свиѓа дека имаат стално прошетки по парк, убав двор и простор за играње. Храната им е убава. Стално имаат активности децата. Ако те интересира нешто конкретно можам да ја прашам. Вака се фали стално дека е убаво веќе 1г и оди детето.
Оваа - https://efis.mk/француска-градинка/ Имам три блиски пријателки таму ги носат децата, многу се задоволни.
Само @Frosty! апсолутно цела програма е на француски. Мене тоа ме одби на времето, кога барав за малата
Во Црвенкапа јас плаќам 15 000 месечно. Ако најавено не оди 2 недели или повеќе има некој попуст ама не знам точно колку. Во други приватни градинки цените се движат од 12 - 18 000.
Здраво на сите! Нова сум на форумот, меѓутоа постојано ве читам. Сакам да прашам за искуства за бебе во јасли во Светот на колорес, како сте задоволни и дали би препорачале? Колку време ви траеше прилагодувањето? Дали дозволуваат да се види сега внатрешноста на градинката и каде престојуваат децата? Секако ако имате некоја друга приватна градинка во Карпош која би ја предложиле а примаат јасли, би сакала да слушнам ваши искуства. Поздрав
Друштво, кажете ми ве молам мислење околу тоа што градинките не дозволуваат родител да влезе внатре.. Дали ви е нормално да не може да се погледне и процени просторот во кој вашето дете безмалку цел ден треба да престојува? И како ви делува тоа што при адаптација не ви дозволуваат да сте некаде во ходниците туку надвор од градинката? Не зборувам дали сте прифатиле и дали ви се навикнале децата- тоа е друг муабет. Кога се мора јасно е.. Но сакам да слушнам искрено како се чувствувате во поглед на овие прашања. Јас лично сум многу револтирана што на родителите им се гази на авторитетот со се ова. Се дозволува таму нечија проценка да е над таа на родителите. Секој може да отвори градинка- која е гаранцијата дека условите се добри? И уште повеќе, дека се соодветни за некое дете конкретно? За нечии семејни стандарди и вредности? Зарем е логично да го дадам моето дете зад затворени врати, во свет кој и јас не го познавам, и да очекувам да се адаптира.. да верувам дека ако е адаптирано е на добро место, да верувам на некоја слика споделена на Фејсбук од градинката?
За ова што прашуваш да разграничиме нема врска приватна/државна. Едино од приватна гледаш слики на нет, од државна нема слики. Да прошеташ во приватна можеш вон работно време не дури се деца внатре. Замисли 15 деца да се адаптираат и 15 мајки да се внатре. И мене не ми се свиѓа тоа го земаат надвор и чекаш колку што ќе ти кажат. Е сега едина разлика ми беше што во државнава слушав како им викаат, ги ставаат во кревети итн. Во приватнава секој ден добивав 10тина слики од целиот ден и детално како поминал па ми даде поголема сигурност. Во секој момент на мое секирање се јавував, пишував добивав повратна информација... ова во државна го немав. Инаку за логично не гледам зошто да не е, нас мајките не ни се свиѓа, ама детето треба да си се научи дека таму оди без мама и тато и има други авторитети.
Да се погледне да. Би требало да постои нешто како отворен ден за разгледување кога децата не престојуваат таму. Градинката е за децата не за родителите. Јас не би сакала и би ми пречело родители да се шетаат внатре како ќе им текне. Има повеќе причини да не навлагам на долго и на широко. Не разбирам како ти се гази авторитетот со било која од овие работи?! Постојат институции кои прават проценка и издаваат дозвола во зависност од тоа дали се исполнети одредени општоприфатени услови. Факт е дека сите имаме замисла како треба да биде, ама тоа не значи дека тоа е добро за децата. И во колектив не е возможно да се задоволат индивидуалните желби на сите. Ако на детето не му е добро верувај ќе го познаеш. Еве @Milkiway баш мислам имаше лошо искуство со градинка. @Milkiway кај нас во државна па скоро секој ден добиваме слики од активностите кои ги работат. Сега летово послабо дека се по одмори и во скратен состав. Имам и вибер комуникација со учителката ако ми треба за било што иако ретко и досаѓам зошто скоро секој ден добивам фидбек кога го зимаме. Дете е среќно и оди без проблем секој ден. Вие имавте лоша среќа за жал.
Другарка имам задоволна е. И двете деца таму ги носи. Скапо е само. И некогаш се жали дека ги оставале какани, поголемото дете и имало кажано дека понекогаш не ги регистрирале кога барале нешто поголемиве. Ама генерално добро било, убави активности имале. Она е задоволна оти ги зема покасно, и оти убаво ги анимираат.
Здраво, Сакам да прашам како се одвива запишувањето на деца во приватните градинки (конкретно ме интересира за светот на колорес). Дали и тука се чека извесен период или можам да го запишам детето и веднаш да почне да оди? Најверојатно ќе мора да почне да посетува за некој месец, па да не е случај како со државните градинки да е на листа на чекање и да се чека подолго? Истотака би била благодарна доколку некој посочи и друга приватна градинка во околина на Карпош ( може и Центар) од која сте задоволни и наставата е исклучиво на Македонски јазик. Немам искуство со градинки па совет би ми значел. Детето би било 14,15 месеци кога би почнало, ако го примат веднаш секако. Поздрав