Здраво, приватна градинка аеродром или кисела вода освен кул кидс, колорес,литл ме и црвенкапа некои други дали има? И дали стварно во колорес до 18 месеци се 3 деца во група?
Искуство со јасли група во светот на колорес аеродром? Или црвенкапа аеродром? Се мислиме меѓу овие две, бебе е 11 месеци, па сакаме за месец дена да почне. Фала ви.
Ние имаме искуство со двете. Одеше во Колорес од 9 месеци до 1г од прилика. Од тогаш веќе една година е во Црвенкапа. Тука сум многу позадоволна за разлика од Колорес. Предобри се воспитувачките во Јасли. Супер поминавме. Сега е во мала група.
Дали дечињава во јасли кои одат во приватни градинки ви се разболуваат? На мисла сум да ја префрлам во приватна, во државнава 2 недели оди, една не оди. Или исто е и по приватниве?
Исто. Добри сте вие со 2 недели идење. Моето 3 дена иде, па болен една недела. Т.е така беше кога почна во градинка, со тек на време почна да сврзува 2-3 недели непрекинато.
Син ми првиот месец беше така со одење-неодење од разболување. Еве веќе 6 месеци после тоа оди без престан, пред некоја недела не беше 3-4 дена пошто само температура имаше.
Од јануари го префрлив и до сега 2 пати се има разболено со вирус, пред некој ден имаше стомачен ама траеше 1 ден со 1 повраќање и 2-3ч температура затоа не го ни рачунам во разболување . Пред тоа 3 дена одеше 10 бевме дома. Дали е дп градинката не знам, давав имунобор последниов период може и тоа имаше врска.
Од јуни оди во приватна градинка бебе, значи одма после прв роденден, 1 недела адаптација - две недели болен, 3 дена оди, 2 недели болен.. августов 3 дена одеше, пак се разболе, и еве не речиси две недели потоа уште сме на боледување. Се советував со матичната, ми препорача да му давам имуностимулатор, почнав дефендил да давам... искрено хаос ми е во главата, дали да го префрлиме во државна, дали да продолжиме.. се ежам како ке се врати, сигурно ќе фати уште нешто. Ќерка идеше исто во приватна пред две години се до почеток на пандемијата кога се затвори сè, почна помала (8-9месеци ), се разболуваше ама имаше луфта 2-3 недели сврзуваше.
А приватниве одбиваат од цената ако не оди детенцето повеќе денови во месецот или цела цена се плаќа? И јас сум на мисла да почнам да и давам дефендил. Само незз дали ефект и тоа ќе има.
Да, во еурофарм 3 месеци се пие така докторот ми го даде. Дефендил лани му давав ама немаше ефект. Е сега прашање е дали е тоа или имунитет. Но другарката што првично ми го препорача исто 3м го даваше и еве со месеци и она се нема разболено од градинка.
Одбиваат да, еден месец плативме цела сума и пошто не отиде 3 недели, наредниот многу помалце, околу 7к, ама пак многу за 5 дена одење во градинка... За дефендилот не знам дали ќе има ефект, сега дури сме дома не можам да проценам. На ќерка давав, немаше нешто ефект (негова возраст), па се префрливме на бимунал, не можеше да го пие дека многу благо, сега и давам (на неа, 4.5год) протект јуниор ампули, не сум читнала од која возраст се дали да му давам и на малото.
Исто е. Додека се мали ќе си вртат вируси кај и да се. До 3г, после веќе е полесно, помалку се разболуваат. Во некои приватни не ни бараат потврда за здраво дете после разболување. Додека еве бар кај децава мои кај што одат во државна градинка (првото ми е второ одделение сега), не ми ги пуштале без потврда. Обавезно сум ги враќала во градинка со потврда од докторката дека е здраво детето.
Здраво мајки, денес дознав дека цената во Green House ја покачиле на 21000 за месец. Дали знаете по другите приватни дали има вакви покачувања? Ми се чини Колорес со 15.000 е најисплатлива опција од приватниве