Настрана разболувањата, задоволна сум. Сака да иде, интересно му е. По цел ден ги повторува имињата на другарчињата, ги гушка негувателките и воспитачките. Најаден и чист ми го враќаат секогаш. Задоволно детето, задоволна и јас.
цени до плафон, плус нигде нема место. Треба да направиме истражување, сегде да се испојавиме и да стаиме листа на градинки и цени тука
Еднаш додека чекав да го земам моето, помина една мајка и ја бараше одговорната на градинката за да и даде информација до кога ќе било нејзиното дете на листа на чекање.
Меѓу мали чекори и мали генијалци како сте задоволни ако може да пишете како му се активностите, како се прилагоди детето и во врска со храната како е?
Моето дете оди во мали чекори од кога што е отворена градинката, презадоволна сум, активности имаат секој ден различни, кога е убаво времето нон стоп е во дворот излезени, во склоп на градинката имаш и логопед кој што е влезена цената во партиципацијата, јадењето е преубаво и учителките премногу се добри стално насмеани, син ми ги сака премногу и е пресреќен секој ден кога оди, пречисто е немам лош збор за таа градинка
Во в Во врска со јадењето дали сами се хранат или му дават учителките, мојов многу тешко го ранам полека по еден сат чвака и со цртани не знам како ќе се навикни
Кога почна син ми немаше ни 2 години тие го ранеа до скоро искрено до летото го ранеа имаше 3 години и 3 месеци, но од тогаш сакал да јади сам бидејќи ги гледал другите дечина а и дома јади сам од мал
Едно прашање за мајките чии што деца одат во приватни градинки. Ви се разболуваат ли децата, мислам не само обична настинка, туку факјаат ли бактерии и сл? Ќерка ми оди во државна и повеќе е дома отколку во градинка. Се мислиме ако не се разболуваат многу во приватниве, да ја префрлиме таму. Кај нас има и опција пола работно време да оди, ние и онака не ја оставаме да спие таму.