Значи скоро исто е. Можеби повеќе внимание обрнуваат на хигиената во приватните, ама конкретно за мојот град, една приватна е, една група и јасли, сите возрасти заедно. Плус има и од други држави, што им работат родителите тука, па им збираат и англиски. Државната некако во тој поглед ми е подобра, а и воспитачките и се ептен погодени.
Во приватната кога почна се разболи за 3 дена адаптација, во државната после 2ипол месеца. Нема врска дали е приватна или државна, најмногу е до самото дете дали е болежливо, која возраст е, колку деца се во група. Ама бактерии и вируси ќе има во секоја градинка, неизбежно е. Имам познаничка што малиот го запиша на 8мес во приватна градинка во група со 3 деца вкупно, па нон стоп беше болен.
Џабе е хигиена кога децата ги префаќаат истите играчки се гушкат и слично. Тоа не бира приватно или државно, исто е
За колку време се адаптираше, по колку часа го носевте, дали плачи кога оди, мојов е лепенка за нас мислам дека многу ќе плачи, дали имаше опција за пола ден да го носиш, за доручек и ручек шо му даваат и во колку часот се?
Скоро искуство со син ми, адаптација почнавме во приватна, одеше 3 месеци, дали три недели ни се фатија вкупно, три дена таму 3 недели дома ( зборот е, пречесто), паузиравме последниот месец ( кој што го плативме пола), и го отпишавме. Не знам од што беше, ќерка ми исто одеше во приватна, презадоволна бев за неа, одеше дур не се затворивме за време на пандемијата, се разболуваше да, ама врзуваше 2-3 недели идење непрекинато. Сега и двајцата ми се во државна, се разболуваат ама не е пречесто, дали до имунитетот или што е не знам. Би додала инфо, кај приватната на син ми, кога отсуствувавме, кога се враќавме, никој ништо не нè прашуваше, еднаш пријавив бактерија, хемофилус инфлуензае (нешто вака се викаше), 'важи ќе кажеме' и ништо не направија... Во државната градинка кај што одат, нема шанси да отсуствуваат повеќе од 3 дена без да ни побараат лекарска потврда, што е момент кој што лично многу ми значи онака да се тапшам дека не згрешив со одлукава.
Isto e I kaj nas vo privatnite gradinki I jas od taa pricina ja zapisav kerka mi vo drzavna gradinka a za razboluvanje jas cel zivot sum bolesnikava sega ne odam I na rab I pak sum cela esen bolna a kerka mi tie 2.3 meseci kolku sto ode na gradinka samo ednas se razbole na pocetokot I tolku retko se razboluva ona
Се адаптира многу брзо околу 2 недели и немаше проблем никаков, плачеше можеби 1 недела дури влези и за 5 мин на слики детето пресреќно. Го носевме по 4 часа бидејќи првиот месец кога отворија така работеше градинката. За јадење имсм месечно мени кое што е направено од нутриционисти е преубаво, јадењето мислам дека доручек е во 9 часот, ручек околу 12:30 па спиење и околу 15 часот ужинка
не верувам дека ќе биде различно, до детето е, мојата тргна на 5 ти септември во државна градинка, значи оди 2 месеци цели, не отсуствувала ниеден ден, освен носот што и тече и поткашлува ништо не фати, 10 пати ја однесов до козле и до матичната да ја слушнат, ништо не и е, брисеви правевме за секој случај чисти беа, ама јас за тоа се фатив , откако тргна она ја цело време сум болна и со температура, дури и коксаки фатив, она не фати, само ми го донесе дома дај боже вака да остане и ја мн се плашев од тие разболувања
Мајка, од разболување, глава не кренавме. За 3 месеци 10 дена дали бил во градинка вкупно. Вчера го пуштив прв ден( вкупно 4 часа беше таму рано го земавме) после 3 недели дома седење,денес е полн мрсули, еве го спие, чекам секој момент и температура да качи. Веќе и сирупи не пие, ги повраќа со чепчиња намалувам температура..ќе си пукнам, се изнамачи дете..
До вчера, поточно три недели наназад, детето како и секогаш живее со родители што работат од дома и со двајца пензионери што се во целосна изолација заради корона. Така што верувај, нема од каде да фатило што и да е 2-3 дена наназад затоа што не било во контакт со никој друг.
Се разболуваат ама поретко и полесно. Вируси да, бактерии не Сепак се помалку деца и со поголема хигиена
Јас сум презадоволна. И во однос на нега, активности, разболувања, многу подобро искуство во однос на периодот кога одеше во Колорес.
Се мислам помеѓу црвенкапа и колорес јас, утре ќе одам на двете места на разговор. Фала ти. Колкаво е твоето? Брзо се адаптираше?