Приватни градинки

Дискусија во 'Дете' започната од Lady*Bug, 14 јануари 2018.

  1. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.374
    Пол:
    Женски
    Пре пре пре задоволна, во секој поглед! Многу се посветени вработените на децата, ептен ги тинтраат. Мојата оди од 9ипол месеци. Учителката нејзина ептен е срцка жена, си ги чува децата како свои да се. Максимално се посветува, ги тинтри ептен.
    Ние мака имавме со јадење, па посебно јадење за неа се готвеше, повеќе месо и ставаа во кашичките за да јаде. За спиење додека да се навикне првите денови во раце на учителката и спиела.
    Односот им е секогаш професионален. Секогаш кажуваат како си поминало детето, дали е јадено пиено спиено, што правело. Отворени се за соработка да се направи престојот на детето убав.

    Ако те интересира нешто посебно, слободно прашај ме.
     
    На kozuf, unearthlysarah и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  2. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу за споделеново. :hug:
    Ме интересира дали брзо се адаптираше? По колку дечиња се на таа возраст со колку негувателки?
    Не барам нешто посебно, битно ми е да е најаден, наспиен и наигран. Со све тоа немаме проблем дома. Само ептен е див, не сака со непознати. На прсти се бројат луѓе од кои не плаче. :sweat:
     
  3. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.374
    Пол:
    Женски
    Многу брзо се адаптираше благодарение на нивниот пристап. Првиот ден беше само 15 минути, од вториот ден 2 недели одеше до спиење до кај 11-11:30. После веќе си почна и со спиење. Првиот ден спиела во раце кај учителката и после веќе се научи во креветче.

    Во јасли групата примаат најмногу до 6 дечиња и има 2 воспитувачки. Уствари една е воспитувачка една е негователка.

    За јадење ич да не се секираш. Мојава скоро до година со тешки маки јадеше. Дури во почетокот жива гладна седеше, одвај ме дочекуваше да се вратам од работа да цица. Ама со многу трпение и упорност на воспитувачката се разјаде и сега супер си јаде. Секој ден само ја фали дека се си јадела.

    А за тоа дека е приврзана за тебе остај се. Исти бевме. Додека да тргне во градинка 98% од времето беше со мене. Никој друг немаше ни пробано да ја заспие и заспиваше само на цицка. А во градинка сега си е научена, и облекуваат пижамки, си легнува во креветче и сама си заспива. Ни нишкање ни цицка :rofl:. Таму им е друга средината, имаат играчки, други дечиња и воспитувачки што стварно им посветуваат внимание и ги анимираат. И интересно им е. Еве пример конкретно секој ден играат ринге ринге јаја, шири шири весели пешкири. рам сам сам. Приказни им читаат и им раскажуваат. Пак ќе кажам, во секој поглед сум презадоволна. Нема да згрешиш ако се одлучиш за Црвенкапа.
     
    На kozuf, unearthlysarah и sani99 им се допаѓа ова.
  4. emits

    emits Популарен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2015
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.035
    Пол:
    Женски
    2години е. Па не знам како да проценам. Одеше 4 месеци во колорес, на секое оставање плачеше. Имаше 9 месеци кога почна во Колорес. Кога почна во Црвенкапа на 1г и 2 месеци супер прифати и не плачеше за таму. Еве веќе година оди супер е засега. Ретко, ептен ретко му се случува да се радплаче кога го оставаме, еве да кажам 5 пати во годинава. Весел е на враќање, понекогаш и не сака да си оди, ваљд интересно му е. Твоето колкаво е?
     
  5. SVI

    SVI Нов член

    Се зачлени на:
    3 декември 2022
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали некој би можел да сподели искуство за Изворче Монтесори и/или Пиколини? Благодарам однапред
     
  6. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Леле фала ти многу за инфово. Не знаеш колку ме охрабри некако! :) Утре закажав разговор со директорката, да ми ги каже сите детали и да почне конечно. Се надевам ќе се адаптира брзо, веќе го гледам дека му требаат дечиња, промена на средина, активности.
    Фала упте еднаш, ако ми текне уште нешто ќе те потпрашам. :inlove:
     
    На kozuf и kostovaivana им се допаѓа ова.
  7. Ane...

    Ane... Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2022
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Мојот од утре почнува во Црвенкапа во јасли, има 9и пол месеци. Мене директорката ми рече дека примале до 5 деца во таа група и биле со 3 воспитувачки. Вие сега сте во јасли или порано сте биле, па сега е нешто сменето?
     
    На Min4ey му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.374
    Пол:
    Женски
    Уште сме во јасли. Ама пошто е веќе поголемка ја пуштаат да си игра и со дечињата од малата група. А за воспитувачки јас знам дека се 2. А за дечиња да 5 ама ако се близнаци може 6, мене така ми кажаа.
     
    На !!!!! му/ѝ се допаѓа ова.
  9. maru6ka1984

    maru6ka1984 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2021
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    34
    Која е цената во Црвенкапа и кај точно се наоѓа?
     
  10. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    Дали некој би сакал да сподели која е цената во Колорес за група 3-4 години, а која во Црвенкапа за истата возраст и по колку деца се во група?
     
  11. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    Се наоѓа веднаш до ресторан Бисера, на истиот паркинг, спроти поликлиниката Јане Сандански (од стр кај што е вакциналниот пункт), а за цена не знам, и мене ме интересира :)
     
    На Cvetule86 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.961
    Допаѓања:
    25.412
    Пол:
    Женски
    Црвенкапа се јавив јас ама пред година и нешто, тогаш беше 14.000ден. со оброци и 5 деца во група, со по 3 воспитачки.
     
    На Трепетлика му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.920
    Здраво,како се движат цените на јасли сега во приватни градинки? Бебето ми е 5 месеци и би ја запишала негде од 9.
     
    На top4eј му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Палчовка

    Палчовка Активен член

    Се зачлени на:
    24 август 2022
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки ,
    Кажете ми кои градинки се во Аеродром и каде поточно се наоѓаат. И ако сакам да ја пуштам малата од кога ќе наполни 1 годинка тоа е во март колку време претходно да барам место , има ли место во приватниве? Појма немам од ништо затоа барам помош малку.
     
  15. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.920
    колорес и црвенкапа
     
    На Палчовка му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.374
    Пол:
    Женски
    Во Аеродром има 2 приватни градинки. Црвенкапа (кај ресторан Бисера, кај пензионеркото, спроти Јане Сандански) и Светот на Колорес (кај тобако 2, спроти Зур маркет).
    Барем еден месец пред тргнување распрашај се за места. Јас мојата ја носам во Црвенкапа од 9 месеци и сум презадоволна.
     
    На Палчовка му/ѝ се допаѓа ова.
  17. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    626
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    Колорес 16 000 ден
     
  18. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    Се јавив неделава, ми рекоа 18 000.
     
  19. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.920
    изгледа секаде ( во подобрите) е толку веќе
     
  20. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    Моево оди во државна и немам мака со ништо друго освен со разболувањето, па не знам дали ако го префрлам во приватна ќе го решиме тој проблем. Знам дека и таму ќе се разболува и дека гради имунитет ама ова што се случува ваму е веќе нехумано. Буквално не може да сврзе цела недела после година ипол одење. Без претерување, по 3-4 дена веќе нешто закачило.
    Дали ни се погоди група на неодговорни родители па многу болни деца се пуштаат, или градинкава не води никаква сметка за хигиена не знам, ама ако знаете како се соравуваат приватниве со ова ве молам кажувајте. Да знам барем дали се построги со примање болни дечиња или таму па владее мајндсет дека се плаќа па мора да ги примаат и болни.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.