Уште не сум решена Ама разгледувам и размислувам, и тоа е чекор напред Во Тафталиџе 2 е, ми излезе на Фејс.
Здраво, ќе може ли инфо колку плаќате тие чии дечиња одст во little me во јасли. Да не вртам телефони и слично, уште ни е рано, но разгледуваме опции
@Minnie-e не знам што да ти кажам. Моето дете додека одеше таму скоро секој ден имавме слики од дворот излезени. Ние бевме задоволни додека беше таму. Имавме убав прием, убаво испраќање. Дека имаат активности имаат стварно, ги објавуваат денски, плус нас ни ги дадоа комплет сите изработки кога напуштивме. За јасли зборувам. Вие ќе си одлучите која градинка, фала богу има доста избор. За Жане каква била во државна градинка не знам, со нас жената беше коректна. Јас конкретно немав убаво да речам искуство со кул кидс. Кога се јавив да прашам ме откачи како да се јавив да прашам за безпари детето таму да оди. Еве уште чекам на маил да ми пратат програма и цени година и пол помина откако ми рече жената да и пратам маил за да ми испрати се што треба. Пријателка моја немаше убаво искуство со спирит. Така да секој со искуството што го имал. Со лесно и да ви се погоди градинката што ќе ја изберете. @Aquarius20 до пред два месеца 16.500 ако нешто не сменале во меѓувреме.
Zdravo, sakam da prasam iskustvo za gradinkata Maliot princ, Gonca(Jahja Kemal), Amici, Spirit Ili nekoja druga dobra vo okolina na Taftalidze?
Не е на италијански. Јас сакам таму да ја запишам ќерка ми. Само не знам колку деца се во предшколската група. Дали некој има информација?
За предучилишна нели ти е боље некоја разработена приватна градинка, каде ќе има повеќе другарчиња, па предизвици за учење, приредби и сл.. Чисто како мислење само, не е сугестија ИПС ти е таму, топ градинка. Искрено моето мислење за Амичи, ми е некоја усилена реклама. Ама може е само моја перцепција, зашто уште од фрижидер ми нема искочено. Баш се активни со реклами, што е ваљда нормално дур се испромовираат
Моето иде во Спирит во Козле, и сум задоволна. Најадено, пресоблечено, таму научи и сам да јаде, ако им се пожалиш нешто го разбираат озбилно и пазат повеќе. Единствена маана што би кажала ( што мене ми е ок ) е само дека малите мислам до 2 ипол или 3 години не ги носат на шетање кога имаат излет или сл.
Извинете што ќе упаднам со прашање за државна градинка, меѓутоа не можев да најдам таква тема на форумов, може админите и да ми го префрлат прашањето таму кај што би било посоодветно… Дали имате искуство со градинката во Аеродром “Срничка - Црвенкапа”? Се мислиме таму да поднесеме документи, па викам да прашам за мислења зашто не познавам никого чие дете одело таму
Да стварно ептен реклами дури и блогерка ги рекламира што чудно ми падна за градинка али фино личи вака на слики за искуства не знам
абе остај ти слики, дали и што се работат со децата е битно. Али може и ќе се трудат. Ќе покаже времето. Искрено тоа со инфлуенсеркиве ми е смешно. Мене лично ме одбива инстант
Девојки дали и во приватни градинки се чека доста време за примање на дете како во државните? Конкретно за Little me ме интересира, имаме аплицирано пред 4 месеци, незнам дали навремено да барам и друга алтернатива доколку не го примат.
Здраво, малиот никако не може да тргне повеќе од 3 дена во градинка одма е болен еве веќе втора школска година ќе се мачам со државна па ме интересира искуства поврзани со разболувања во приватните градинки? Исто би сакала да ми кажете како се движат цените на приватниве градинки и да ми препорачате некоја во околина на Кисела Вода и центар каде децата ги носат надвор. Благодарам