@Maja1986. Еве пишале за цена. Ако имаш некое дополнително инфо како дали примаат нови дечиња пиши те молам.
Не ви е малце сумљиво градинки што само постираат па инфлуенсери ангажирале, па спонзорирано да се на преседант ко литтле ми, амичи или други.. Јас од добра градинка реклами, или нон стоп постови по социјални мрежи не сум видела. Ама вие си знаете...
тие ми искочија пред некое време баш дека Фрида ја ангажирале, па постира мајката во нејзино име, паѓа во транс за градинката. Лошо
Еј да, заборавив на тоа. Сите ги рекламира некој инфлуенсер. Ама ај пак си викам кај нив барем реално се дешава нешто (или само така си мислам )
па што знам, знам кога ги следев миа, мислам и сања ристиќ пишуваа нешто за колорес, ама моја лична перцепција е да ме одбие од таму. Зошто е вештачки. Друго е спонтано да се спомне, како Теа Зрнце ретко ќе сподели за малата и исп градинката како дел од приредба, ама тоа сите ние го правиме со нашите деца. А она на Сара Мејс за Литл ме е убила ме туџа срамота... Толку нафурано и вештачки, па да ми е таму ќе го отпишам
Здраво, се мислиме за градинка во Аеродром за бебето помеѓу Little Me, Светот на Колорес и Црвенкапа. Најблиску ни е Светот на Колорес, но ме нервира дека од Светот на Колорес никаде не можеме да видиме слики од внатре како изгледа, какви се условите, ниту пак можеме да влеземе да ја видиме пред да го запишеме детето. Инаку кога се јавивме за информации од она што го кажаа горе долу исти услови ни се чинеа и во Колорес и во Little Me. Исто така многу ме разочара што ниту една од овие три градинки немаат добар надворешен простор за изнесување на децата, Little Me немаат никакво, ни кажаа имале поднесено барање до општина, но уште немале дозвола па користеле некој парк во близина; Светот на Колорес е буквално зелен тепих во дворот на зградата каде се наоѓа и малечко е, а Црвенкапа исто ми изгледаше доста запуштено со две огромни шахти на средина. Нејсе, тие ни се опциите, побитно ми е внатре какви се условите и како сте задоволни тие што имаат деца во јасли во некоја од градинкиве? Благодарам многу за одговорите.
Баш истово сакав да го напишам тука.Очајно сакав да најдам жена за чување на бебе дома, ама за жал не успеав, па сега единствена опција ми е приватна градинка.За жал имам веќе искуство со приватна градинка, и можам да кажам и тоа не е баш добро, ама пак е секако подобро од државна градинка.Првото дете го праќавме во Светот на Колорес скоро цела година.Од тоа што бев задоволна можам да кажам дека секогаш и во секое време се достапни, ти праќаат порака за тоа што прави во текот на денот и колку и што јадат.Од друга страна не бев задоволна од тоа што цело време имаа нов персонал.Јас не можев да се навикнам на толку многу негователки, а не пак дете.И покрај тоа што беа само три деца во група, дете беше цело време болно, буквално цело време.Стварно не ми беше јасно како може од само три деца, толку многу болести да се шират.И сега се мислам и второто да го пуштам пак во приватна, ама не од тоа што толку сакам туку од тоа што немам избор.Баш ме интерисира и мене искуство од другите две градинки што ги спомна.
Моето беше во група со уште едно дете, па стално беа болни. Со мајката на другото дете бевме стално во контакт, јас издржав два месеци, таа пет ама на крај и таа го отпиша. Ова за Колорес, а исто и ние никогаш не успеавме да ги видиме просториите внатре. Не знам дали имате искуство со државна дека рече подобро е во приватна ама нема споредба искрено.
Исто за Колорес, Аеродром.Вие во кој Колорес бевте? Сопругот еднаш успеа да влезе сосема случајно и успеал да ја види просторијата за јасли.Како што ми кажа не многу голема просторија и ништо значајно.Јас бев изненадена од храната.Зашто на почетокот ми беше кажано дека имаат често авокадо, и други по здрави намирници, но кога ми даваа ливче на крај на денот, немаше баш нешто посебно од храна.Многу често тарана, мусли, компир манџа, зелка манџа, гравче.Не дека не е во ред и тоа, туку дека очекував нешто поразлично за разлика од државните, ана храната е иста.Разликата е во тоа што мислам дека таму имаа повеќе внимание и секогаш беа достапни за било што.Немам многу искуство од државните, поголемата ја запишавме во државна ама издржа само една недела и пак се разболе со пневмонија, па мораше пак да паузираме.
Исто во Колорес Аеродром, па го префрливме во Срничка горе во Штркче. Толку е се поубаво во државна што приватна ни на крај памет нема да ми дојде веќе. Општо тука во тоа маало со кој и да правам муабет сите се презадоволни, а и на форумот има доста задоволни членки. Не знам за другите клонови ама оваа главната кај Пулевски е прекрасна градинка.
Навистина? Баш ме замисли сега.Ќеркичката ја запишавме во Срничка Бамби, ама поради тоа што се разболе пак, престанав да ја праќам.А вие претпоставувам не сте веќе во Јасли? Мене повеќе ме загрижуваат јаслите од што се изнаслушав се и сешто.За поголемата секако би ја пуштила во државна, ама за малото не знам што да правам.
Денеска се јавив ми кажаа до Март морало да го запишам за да си фатиме место а кога сакаме тогаш да тргнеме ова за Литл ми зборам , 10 деца биле во група со 2 негователки 17 500 денари е памперс мој . А во колорес е 18 000 денари , 4 се во група со 2 негователки 1 месец однапред е доволно да се јавиш да го запишеш .
Моето дете одеше во Колорес, исто си беше нон-стоп болен, а беа 3 дечиња во јасли. Црвено газе често имаше, значи не му менуваа редовно пелена, никад не не пуштоја да влеземе да го видиме просторот, за храна се сомневам дека баш јадат тоа што е на список. Воопшто не беа транспарентни за информации, кажуваат само тоа што сакаме да слушнеме. Можам само за активностите да ги пофалам. Сега оди во државна, и подобро му е, си ги сака учителките и многу сака да оди. Најважно е да е задоволно детето.
Тоа што во Колорес често се менуваат негувателки треба да ви е доволно црвено знаме. Задоволно дете е резултат на задоволна негувателка, а чим си одат, сигурно има зошто. И тоа што се разболуваат често и не ви даваат да видите каде ви е детето е red flag. Па во државна градинка можеш да влезеш во занимална да видиш каде детето ти проаѓа 8 саата, и најбитно со кого. Не седат по 3 деца, на куп се многу често и немаат посебна негувателка на одредена група. Храната исто така не се готви таму, се применуваат лоши воспитни методи. Имам многу да пишувам од лично и од искуство на блиски, пратете ми порака ако сакате. Само, подалеку од Колорес. Само реклама имаат, ништо друго. Во Аеродром, Срничка Чекорче кај Пулески е подобра градинка од повеќето приватни. Од услови, до воспитувачки и храна.