Од која приватна градинка сте задоволни за јасли и која цена се ако може искуство? Спирит, колорес, литл ми, гринхаус..?и дали има некоја да спореди искуство што детето и одело во приватна и државна?
Здраво , сега гледам што сте пишале. Еве месец дена веќе сме во градинка и супер е. Два дена само адаптација имавме и сега си седи веќе по 8 саати без мака. Си јаде веќе има повеке апетит и дома, спие таму 1-2 дремки , се играат и заеоволна сум сега за сега е супер .
И јас би споделила позитивно искуство, еден месец сме таму, малиот е голем плачко и искрено очекував долг период на адаптација, но почна да преспива и да останува до 14 часот уште од четвртиот ден. Персоналот е многу пријатен и детален во однос на активности и однесување на детето, до сега сме навистина задоволни.
Каков е ставот на приватните градинки околу вакцините? Се примаат дечиња нецелосно имунизирани или не?
Нас при упис ни бараа потврда од педијатар за имунизација, исто и сега подлежат на инспекциски надзор, денес бараа да однесеме копии од вакцинални картони.
Сме во приватна но од утре не ми го примаат зошто не е уредно вакцинирано, односно касниме со вакцините па ме интересираше дали е истиот став во сите приватни
Не знам во која приватна го носиш, но таму каде што идат моите имаше соопштение дека од утре нема да ги примаат. Иста ситуација е и во еден едукативен центар. Претпоставувам дека за секаде важи истото.
Моето ја немаше само ревакцината ДПТ, вчера го вакциниравме.. Кај нас не ни кажаа строго да не го носиме, ама неколку пати ни насочиа дека имаат многу инспекции
Односот е пофин во приватните, а одлуката е иста. Нас не замолија денес да не ги носиме заради инспекциите и дека дополнително ќе не известат за одлуката што ќе биде донесена денес. И моите се без ревакцината. Денес пак ќе одиме на лекар и ќе направиме кс за да видиме дали може да ја примат, матичната завчера рече да почекаме некој ден зашто поткашлуваа
Мене не ми е баш јасно ова денес што го кажаа од комисијата, дали значи дека иако моето дете има 13 месеци и примени 3 дози ДТП, нема да биде примено во градинка и дека треба да ја прими првата ревакцина пред полни 18 месеци?
Не, до 18 месеци примаат со 3 дози, над 18 месеци со 4. Мислам дека донесоа денес одлука дека од утре и деца постари од 18 месеци ќе примаат со 3 дози
Ќе примаат ама ако 3тата доза е примена претходниве 6 месеци. Со тоа што ревакцина да примат најдоцна за 6 месеци (вкупно година). Јас така разбрав. Моиве одамна имаат имаат примено 3 дози, ревакцината буквално сум ја заборавила. Малиот ќе го однесам утре, брат му испадна со високо црп на крвна слика и не дозволуваат. По ова што кажаа он веројатно нема да може да оди во градинка дур не ја прими
Да, така разбрав и јас, само што нас ни е ревакцина на 18 месеци, а малиов сега има 13, поминати се 6 месеци од последна вакцина, сега ни криви ни должни остануваме извисени