Кажете ми, гледам децава одат со воз до велес, у музеи, у зоолошката, се тоа се наплаќа плус, и колку често е, еднаш неделно? Летово секој сончев ден се бањаат у базентче? Што се се наплаќа екстра ? Имаат англиски, дефектолози, педијатри со кои соработуваат. Да не треба да ги платиме екстра Едит; имало адреса нова, стариот не е избришан, А јас кога ја запишав мојата таква беше ситуацијата сега се сменила
Не, уште не сум била во ниедна, од причина што најверојатно ми излезе друг вид на помош околу малиот, така да можно е уште 4-5 месеци дома да биде, а за после ќе видиме. Ќе те прашувам после тебе
Јас моето дете морав на 8 месеци да го оставам во градинка..претходно поминав поголем дел од нив меѓу кои Веселата дружина, ИПС, британската и Грин Хаус..Од сите најголем впечаток ми остави Грин Хаус и не погрешив..адаптација 2 недели и веќе после 2 недели остануваше по цел ден..услуга прекрасна, убаво мени и најбитно ми беше што се блиску до парк и имаат огромна тревна површина и секој ден се надвор..е сега вируси и такви работи се нормални за првите 2-3 месеци па макар и со едно дете да го измешате али после тоа веќе беше ок..сега е 2 години уште си оди таму и е пресреќна па здравје од на зима и второто дете ќе го запишам..во принцип гледајте да има каде да ви го извадат детето за прошетка и на воздух (пр ќе ка земам таа кул кидс кај шампионче која има дворче во склоп на зградата и децата се секој ден во дворот-да не речам на улица?!) За цена и жена да земиш испод 13000-14000 не ти се нафаќаат повеќе а как е храна секој ден за дете за неа, пелени, струја дома и затупено дете шо се вика оти жената никогаш нема да го анимира до степен како градинката..
Еве искуство лично од мене, баба и дедо ме имаат чувано. Кога почнав прво одделение не бев доволно социјализирана и опуштена, ќутлива и се тоа се одразуваше на мене. Не знаев да се прилагодам, многу тешко ми одеше... и кога знаев нешто да одговорам на час, ќутев дека се срамев да зборувам. Многу неубав спомен имам од цело основно образование, тоа мислам најнеубавиот период од мојот живот беше. А сите што беа слично такви како мене, беа деца што не оделе во градинка, иста беше и сестра ми како мене (и она не одеше во градинка)... така да многу значи градинката според мене. Таму не само што ти ги чуваат децата, децата многу учат таму и после понатака полесно се адаптираат во се. Да знаеш првите 5 год се најбитни на свет Јас имам едно големо ЗА за градинка. @LiliBoz може и зависи и кој и како те чувал... Сега сум нормална фала богу, ама до 2ра год средно бев повлечена и едвај се опуштив.
Nemora da znaci, mnogu zavisi i od temperamentot na deteto , ima deca sto od bebinja se po gradinki ,i pak ne se socijalizirani, samozataen tip i toa e. Mojata pogolema kerka odese od mnogu mala vo gradinka, no e pointroverten tip i denes ne se socijalizira i vklopuva lesno,vtorata poveke ne odese od kolku sto odese, pa se socijalizira bez problem,so sekogo.
Син ми не оди (одеше еден период, ама се вкупно дали месец бил во градинка и тоа без спиење до 12), има 3год. Го дружиме ние со дечиња, супер е со деца со кои се знае ептен, ама во паркови, на родендени, во поголема група на деца се губи и не им се ни доближува. На родендени сам си игра, сите кога ке седнат на маса за торта, или некоја активност, не седнува, не игра.. се срами. И мислам да оди во градинка дека ова колку толку ке се смени... И што и да му затреба, ке дојде и мене ми кажува, ако некој нешто му земе ке се натажи и ке се откаже, па ке дојде на мене да ми каже, додека на пријателкиве децата што се во градинка се многу снаодливи, опуштени. Незнам ете мислам сега така, но ке видиме понатака, се надевам од Септ ке оди во градинка, па дали нешто ке се смени ке видиме..
Да тоа во право сте. Затуцана не сум била, фала богу нормално дете, само повлечено.. Со мои другарчиња на улица си бев супер, само во школо ми беше проблем, па и дека таму секакви ги има.. од ептен мирни и повелечени, до ептен збеснати, а затуцани зборов не чини... Какви и да сме биле, какви и да се нашите дечиња, затуцани сигурно нема никогаш да бидат, незнам ни што подразбира членката под затуцани.. да објасни...
Според мене па и не е баш така.. се си има свое влијание, добро или лошо. Јас воопшто не сум слика на моите родители, напротив сум обратно скроз од нив...
Јас и моето дете имаме искуство и со приватна (2 години) и со државна градинка (9 месеци). Почна од 3 години во државната. Односот кон мене и него од страна на учителката беше дно. Мене ме викаше мајка што не работи со своето дете дома а него го викаше мал лошко и деликвент. Пристапот непедагошки, значи пред него ко куди ли го куди: не е добар, се тепа, не знае да црта, не работи, бега од училница итн а он слуша и плаче. Mнг пати се јавија да ни кажат "нека не доаѓа имаме вируси, сипаници и ни еднаш во 9 месеци не остана на спиење бидејќи ми викаа не е спремен плаче итн. просто не им се работеше според мене. Ни еднаш не ги извадија надвор а градинката има прекрасен двор под сенка. Детето дома се враќаше бесно, со револт во себе, јадеше ко волк. Во приватната веднаш почна да спие, јаде, црта, престана тепање со деца и слични проблеми. Тоа јас го приметив надвор со децата во маало. На детето веројатно му требало трошка повеќе внимание од улителката. Ги вадат надвор на снег, дожд, сонце, соодветно облечени. Ги шетаат зоолошка, до веро, тикенс, ги учат општа култура, садат во дворот, прават ајвар и зимница што после стварно ја јадат. Чуваат милениче. Како мала фамилија се. Храната е нормална, ништо спектакуларно но ја јаде што ми е битно.