Здраво на сите Бидејќи не најдов друга тема на форумот, бебче е уште мало но од 9 месеци ќе треба да тргне во градинка. Дали има некоја што го носела детенцето во градинката до училиштето Лазо Трпковски во К3 - државна градинка? И дали има некоја што е задовопна од приватните градинки во К3 и како се движат со цени?
Син ми го носам во детскиот едукативен центар Поли каршо хотел Русија. Презадоволни. Програмата им е прекрасна. Вработените се грижат за децата како за свои деца. Немам зборови. Секоја чест. Сега има 4 год планирам таму да си оди додека не тргне прво одд.
Ако одговорам каде сме сега, пола ќе се фатат дека намерно ја оцрнувам одредена градинка за да новава добие кредити. А тоа не ми е целта ни под разно! Вториов пат богами ќе почекам за да дадам убава критика за одредена градинка.
Од сигурни извори дознав дека во градинката Little me на две вработени воспитувач и негувател ставаат по 15-16 деца во група а на врата кажуваат дека се по 10 . Персоналот секогаш им се менува не се задржуваат ни по 1 месец имаат многу лоши услови. Менито го направиле беспрекорно а ни пола од тоа не се дава на децата.
Од што не беше задоволна? Можеш и ЛП. Барам јасли за бебето, запишан е во државна ама ќе почекам да не почнува одма со 30 деца.
По една е во група, на 15 деца и таму и во Колорес,блиска си го отпиша детето од кај педагошка колорес поради оваа причина,башка нон стоп менување кадар ко да децата немаат чувства.
Па ова барем не е тајна, јас не сум слушнала да кажат дека групите им се по 10 деца. Полошо според мене е седењето со по една воспитувачка и мешањето на групи кога има недостаток на персонал. Менување воспитувачки секој месец е исто за нигде
Не е за дознавање и по телефон мене ми го кажаа истото , дека во група се по 10 некогаш се случувало да има и повеќе поради отсуство на негователката
Нема врска со тоа што ти го имаат кажано во јасли се по 15-16,немаат ниту креветчиња за толку деца,ниту хранилки,исти број се и со големите,само е мачење на децата се отепуваат од плачење.А за недостаток на персонал секогаш недостасува си идат,немаат услови
Секој со своја приказна . Сестра ми малата ја носи во литл ми и е презадоволна , другарка во колорес и таму е задоволна и ај сеа Ќе го запишеш во едната ако не ти одговара префрли го у друга и готово . За све ќе се слушнат и позитивни и негативни коментари па така и за градинки
овде од 70 страни, 69 се за Колорес испишани ќе прочиташ свашта, на крај на денот одлучи кај што сметаш дека на твоето дете ќе му биде најубаво