секако дека се случувало да се отсутни или да се смени учителка. Тоа не е ништо кооојзнае што, богдачува. И верувам на градинката дека го прави најдобриот избор и верувам дека ќе го среди тоа набрзо. За мене тоа е најнормален процес. Што па ќе лажат или кријат. Јас искрено ви се чудам вас. Детето среќно ти е?
Со самото тоа што детето ти оди во градинка, убаво му е што сакаш повеќе? Црвен килим? Темава станува очајна, искрено Искрено за што ги запишувате децата во приватни градинки? За инфлуенсерки да ги рекламираат и сите да се во исти маички? Па дај бре малце освестете се!!!!
Мојата секој ден доаѓа валкана, мала е. Треба да им барам може да ми ја бањаат и перат алишта?? Аман надвор играат, седат да под, одат во тоалет нормална работа. Некој странец да ве чита во новина ќе ве стави, македонче родителче..
Па не се работи за црвен килим. Дали сте се запрашале кој ги чува децата ако на учителката и с еоди во тоалет? Бидејки е пракса во приватните градинки да е една во група. Дали ви е во ред за вашите деца да се грижи еден вработен?! Кога законот вели негувател и воспитувач во група?
А ако е воспитувачот до 1 е на работа, негователот иде во вц после 1 ? Или како вели законот, може да оди само до 1 во вц? Дај бе што ги правите работите драма. Верувам дека некој ги гледа децата, сигурно не се оставени сами на себе, а поготово ако се 10тина.
Јас разбирам да се смени некоја учителка во одреден период и нормално е но мислам дека три/четри учителки одеднаш да си заминат ми е сомнително и мислам дека има некој проблем во градинкава… Детето е големо и споделува се дома така да многу работи ги знаеме а сега дали среќно ако омилената учителка што поминувал со неа заедничко време година ипол веќе ја нема и доаѓа некоја друга. крајно непрофесионлно е да не може да задржи кадар една образовна институција..
Најнормална работа е тоа, не знам како не разбирате. Година ипол значи била една учителка, тоа не е често менување. Менување е секој месец вие тоа да го правите. Друго што си отишле, може градинката ги избркала. Може све и тоа не е битно, сигурно они бараат најсоодветно нешто за нивната програма и вашите деца... Тоа искрено вас ама баш не треба да ве занима, нивна внатрешна организација. Мојата иде во BCA ( британска градинка со странци) и големата таму ми беше. Муабетот да го покажам на тие родители, НАЈ искрено ќе ве пишуваат по статии. И немој да ме сфатиш погрешно, градинката треба да се радува да се откачи од родители како вас, зашто вакви муабети се смешни. Препорачувам да си ја најдете среќата во некоја државна градинка.
Не знам кој дел не го разбираш. 1 вработен во група макар биле и 5 деца, не смее да биде,затоа што не може еден да внимава на децата. За тоа плаќате? Законот е јасен и го кршат. Ако одат на прошетка како ке надгледува тој еден десет деца? Ако за 6 месеци се сменат 6 вработени,малку е или е многу тоа?
Дали имаш искуство со приватна градинка и дали си се заинтересирала малку повеќе околу ова? Јас колку што знам (се извинувам ако грешам) немаш искуство. Деца се оставани сами (15-20 деца) додека единствената учителка оди во веце, јаде, испраќа или прима деца. Мешани се групи јасли со голема група зашто тие неколку саати била само една. А пред родителите јасно се стоело со став дека има персонал, групите не се мешани. За да дојде до момент да им се наложи на вработените кога ќе стигнат децата што "издаваат" на родителите што реагираат одма да се оделат групите
Како може да не те занима со кого детето го поминува денот, кој е персоналот кој се грижи за него. И точно е дека лажат кога ќе останат без персонал дека вработената е на одмор, боледување... и точно е дека вработените бегаат, а не дека ги бркаат. Лажат за се нешто. За секаква ситница. Не би сакала мое дете да биде доверено на патолошки лажговци. Извини што згрешив претходно, се надевам дека во вашата градинка има добри услови.
Мене повеќе ми личи дека е некоја од инфлуенсеркиве платена за реклама од некоја приватна градинка па ги брани и за се и родителите смешни
Ниедно од наведените 15 години сум на форумов, не се зачленив вчера за да барам совет зашто учителката после година ипол си отишла и да очекувам детето со златна лажичка да ми го хранат. не го знам знаконот, ама кај нас се две значи ок сме. А што ги величиш толку државните? Они као све по закон идат? Па без пари да се не давам дете таму. А плаќам програма, пристап и све тоа. Не сакам во државна да ми биде и толку. Колку вработени во градинката ќе се сменат мене не ми е гајле. Мене ми е важна мојата група.
Изгледа имаме различна перцепција на добри услови. Патолошки лажго е голема навреда, ама ти си знаеш.
Благодарам Milkiway, како е во државните како сте задоволни и дали персоналот е постојан (дали им е истиот воспитувач или и таму се менуваат?)
Очигледно и различни услови. 2 учителки во група на твоето дете и ниедна во група на моето дете никако не може да е исто. Известување кога дете од групата е заразено со заразна болест е задолжително. Манипулација "нема да ви кажеме, детето е од друга група. Секако не знаете дека групите се мешани, кој ве врти" Плус претпоставувам твоето дете не си играло со бубашваби во градинка, што знам можда до мене е ете. Не сум човек што плука и нема да одам во детали ама да, патолошки лажго, страшно манипулативен човек... како сакаш кажи.
Епа кај нас во градинка се 2 за сите групи моментално, и за јасли и за мала и за голема група, значи ете затоа е револтот, можеби избрзавте со напади пред да ислушате цела приказна
колку деца сте? и кај нас сме споени со 2 ако се одмори и сл. Остануваат во градинката 10,15 деца. Приватните градинки се малце деца, жално ако не го цените тоа. Ја верувам дека не сте повеќе од 20. Ама секако од мравка слон ќе се направи. Завршувам со темава, ваша работа. Само да запамтиш промена на градинка за детето е многу поголема траума од учителката за мама.
гарант сте од иста група, во исто време и профил сте си направиле договорени и као ај сеа да споделиме супер бевте за сабота вечер. Се надевам ќе го прати ова некој на градинкава и ќе ви опне некоја тужба, зашто се што кажавате беше само колку да се пише нешто за оцрнување. Ајт останете со здравје, неам што да правам веќе во темава.