Приватни градинки

Дискусија во 'Дете' започната од Lady*Bug, 14 јануари 2018.

  1. FitGirlK

    FitGirlK Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Храната не е иста. Го видов менито, по мои стандарди е одлично. Имаат своја кујна. Влегов, ја видов. Прават промени за детето ако нешто не јаде, од било која причина. Ако сеуште пие АД, они си набавуваат какво ќе им кажеш. Детето го запишав, има време ќе тргне, па ќе видиме. Зборувам за Литл ми.
     
    На kozuf, KuklickaSk и Eli-22 им се допаѓа ова.
  2. FitGirlK

    FitGirlK Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    За менувањето на кадарот по приватните градинки, не знам што е толку мистериозно. Гледајте ја ПГ како и секоја друга приватна фирма. Еден човек сопственик си бара кадар соодветен кој ќе исполнува и негови стандарди. Ќе бара од персоналот да се работи по негов терк и точка. Кој ќе се уклопи и ќе си ја сфати работата сериозно ќе остане, кој не ќе си го бара своето место. Јас директно на состанокот прашав за персоналот, каква е состојбата, дека сум слушала од луѓе дека често се менува? Ми беше одговорено дека на почетокот било така додека се формира тим. И дека се случува и понатака некој да замине доколку и они оценат дека човекот не е за кај нив. Зошто секогаш на нечиво заминување од работа одма ја оцрнувате фирмата во случајов ПГ? Луѓе заминуваат и за поголема плата за 3-5-6 илјадарки. Од една во друга ПГ. Со сопругот имаме приватен бизнис и за мене овие работи се нормални. Кој бизнис почнал одма до фул кадар се тип топ?! Исто така луѓе се бркаат од работа и заради не придржување до начинот на кој смислила фирмата. Ако не ги исполнуваш обврските ќе те избркаат. Што мислите вие нема луѓе за работа, па ќе ве молат да се свестите да си ја сфатите работата сериозно? Па да имам приватна градинка кај што предметот на работа е деца, толеранцијата уште помала ќе ми биде.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.920
    Немој жити се, ќе те направат дека си газадарицата на Литл Ми :D:D:D
     
    На FitGirlK му/ѝ се допаѓа ова.
  4. FitGirlK

    FitGirlK Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Не сум. Да бев ќе работеше мајка ми кај мене, а не во државна градинка. Веќе не работи. Ако сакаат да им раскажам, па да видат што се случува во државните градинки и дека не е така како што си сонуваат. Кадарот па кадарот. Ниту мајка ми нема образование соодветно за градинка па работеше. И цела една плеада од вработени таму. И сеа?! Не ја избркаа, си замина да си работи по струка. Како што вика, не е тешка работата со децата, со РОДИТЕЛИТЕ Е! 10 години и се скрати животот. Во државна Станка ако ти го малтретира детето или ти го нејќе а и детето нејќе да ти оди во градинка ради неа, ти ништо не и можеш на Станка. Ќе си се пензионира како воспитувачка, а ти (и детето твое) или ќе ја трпите, или ќе си бараш чаре. А нејзе нема да ја пипнат пошто има грб што се вика ВМРО/СДС. Во ПГ ова малце другачие се решава.
     
    На Mari-Li му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.289
    Допаѓања:
    89.681
    Пол:
    Женски
    Како прво децата не се увоз- извоз бизнис , многу е важно кадарот да не се менува, бидејки децата не се предмети имаат чувства, се врзуваат за учителките.
    Второ во ПГ не може да работат како ќе им кажат по нивни терк и никаква точка туку подлежат на закон зошто можат да ги изгубат лиценците за ПГ, а како што реков сите работат 8 часа што е спротивно по закон, а дневниците ниту фиИчки ниту електронски не им се уредни пополнети според прирачник за изведување активноти во градинка за што некои беа санкционирани.

    И како второ, во државна градинка воспитувачи и стручен персонал нема несоодветен кадар на ниво на цела држава, подлежат под инспекциски надзор од Мтсп, за негуватели има повеќе образовни профили кои можат да работат.
    Ова одговорно го тврдам.
    А дали кадарот што работи во приватните бизнис градинки е соодветен , лиценциран најдобро да си прашате, да ви ги покажат лиценците кои ги немаат.
     
    Последна измена: 18 август 2024
    На Nairobi88, KuklickaSk, duffi и 3 други им се допаѓа ова.
  6. FitGirlK

    FitGirlK Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Баш и затоа реков, дека и те како ќе бирам персонал затоа што се работи за деца. Децата се многу прилагодливи суштества немојте да ги правите со сила неспособни. Повеќе за учителка се врзува родител пошто "таман ја научивме ја сменија".
    За по нивни терк не мислев да работат што сакаат, туку однесувањето на вработените за време на работно место (дремење на телефон, пуштање Теа Таировиќ на децата музика, 10 пуш паузи итн...) и ред други работи кои се случуваат.
    Немој одговорно да тврдиш за персоналот пошто пак ќе кажам по 10 пат работеше мајка ми во градинка, а по струка е економист. ☺️ И не, не работеше јавни набавки туку негувател. Да имаше лиценца која не така тешко ја доби. Посетуваше предавања. Што мислите вие дека којзнае каква гаранција е лиценцата? Во Македонија? Подобро да има педагог газдарица на П.градинка па да ги контролира сите вработени кој мрднал кој викнал.
    И ПГ кои што се акредитирани подлежат инспекции.
     
  7. EfGenie

    EfGenie Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2024
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Да не заборавам, не сум идиот ги гледам и добрите работи искрено затоа и сум се задржала до сега таму, програмата е предобра (или барем беше незнам што следи ќе имало новитети рекоа ама незнаме што) работа со децата има факт е и не го оспорувам, имавме прекрасен воспитувач, но ни замина, бидејки и сепак работата зависи најмногу од учителот. Но програма никогаш не добивме и не сватив дали имаат музичко или немаат дали имаат англиски или немаат и ред други ствари, а по детето дома се гледаше кога имале кога немаат, пример приметив дека извесен период немаат музичко бидејки престана да пее дома ДО РЕ МИ ФА СОЛ ЛА СИ ДО, и кога го прашав дали имале музичко ми кажа дека немаат веќе...
    Цртани дека гледале исто од него дознав-имале кино ден, за кој исто незнаев, детето дома ми побара цртан кој незнаев ни дека постои.
     
  8. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.235
    Допаѓања:
    18.994
    Одеше и мојот во приватна и така беше, се менуваа односно учителки напуштаа ние немавме ни поим. Мал беше да ми каже, не приметуваш и поминува време.
    Е сега во државниве ретко кој напушта да оди во приватна. Тука е скоро 1г не се случило да си даде отказ некоја.
     
    На EfGenie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.289
    Допаѓања:
    89.681
    Пол:
    Женски
    Кој ги прави неспособни?
    Па ти ги правиш со тоа што го негираш нивното врзување со учителка.
    Прилагодливи се, но се врзавуаат и реагираат на промена на кадар.
    Не, не е пожелно во 6 месеци да се сменат 5 учителки .
    Мајка ти работела ко негувател.
    Веќе напишв дека повеќе образовни профили можат да работат како негуватели.
    Нема спорно тука.
    Воспитувачи и стручни соработници, не!
    Лиценцата не дека е најбитна но значи дека лицето е соодветно,лице со завршена географија не може да ја добие и да работи во државна градинка, а во приватна може, па ќе симне активност од пинтерест, ќе се сликаат за фејс.
    Во државна градинка доколку има дете со посебни потреби имаат плус негувател.
    Во приватна еден се грижи за сите деца во група.
    Е затоа им оди кадарот.
    А за инспекциите во приватни:mm:
    Мито и корупција.
    Освен интернационалните, ниту една не треба да работи.
     
    На Nairobi88, KuklickaSk, Eli-22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. FitGirlK

    FitGirlK Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Не го негирав нивното врзување, реков не ги прави неспособни да се адаптираат на промена. Не е добро тоа да се случува често ама повеќето овде прават дека дошло смак света.
    Конкретно во таа каде што бев на разговор две се во група. Газдарицата е педагог со 31год работно искуство во државна градинка. Јас се надевам дека најдоброто го понела со себе и ќе го имплементира овде, а пропустите со кои се сретнала низ кариерата сега има можност да ги избегне во нејзината градинка. Да одбере кадар и да го надгледува како работи. Одговараат пред законот не е баш така лефтерно. Ај ќе се собереме еве ние ќе отвориме градинка да видиме дали е баш така лабаво. И други луѓе се во приватен сектор па незнам колку знаете ама партал прават инспекции. Јас не ги глорифицирам, но од најблизок знам што има во државните.
    Таму како што велиш имало плус негувател за дете со посебни потреби. Во градинкава кај што беше мајка ми, немаше. Не да немаше, одеа деца со разни пречки во развојот дури и физички чиишто родители негираа, не прифаќаа, и не смееше да им се сугерира. Оди колешка на мајка ми прашај ја како си поминувала секој ден на работа сама да рани дете во посебна соба кое се дави, има напади ако други деца плачат итн да не опишувам греота е, додека другата е со останата група од 29 деца. Ама нема каде да се вработи, па седи трпи пошто државна работа е светиња во Македонија. На друга колешка после короната ѝ вратија во група дете со епилептични напади,родителите НЕ ГО ПРИЈАВИЈА ТОА иако знаеја дека детето им има, па прашај ја и неа како си прошла на работа тој ден?! Државната градинка несакаше да покрене постапка против родителите и каде е сега правдата? Кој ја штити таа жена? Кој ќе се влечкал сега по судови и ќе и се пишат минуси на директорката во партијата. Во приватна градинка да е нема да ја остават така на цедило. Кога зборуваме вака зборуваме само од едната страна, правејќи ги вработените лом а забораваме дека и тие се луѓе од крв и месо.
     
  11. EfGenie

    EfGenie Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2024
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Мила ме заинтересира фактов за женава која води градинка и има 31 год искуство. Може ли да ми кажете за која градинка се работи, ми изгледа фино како опција?
     
  12. FitGirlK

    FitGirlK Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Која градинка е ова бре? Ако не ви се допаѓа таму префрлете го, викнете инспекција. Видете се со директорката. Договор потпишавте повикајте се на него. Што е таа Господ па е недостижна? За ваши пари вие бирате. Изберете друга градинка. Приватни има државни има изберете друга. Јас во моето напишано за приватна зборев за Литл ми. Во таа бев на разговор. Ќе видиме како ќе биде. Ако има проблем ќе ги дрмам како земјотрес со инспекции, па ако треба и ќе отпишам дете, а нема да кукам овде.
     
    На tinkerbell22 и EfGenie им се допаѓа ова.
  13. FitGirlK

    FitGirlK Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Литл ми. Газдарицата Елена 31 година работела во државна градинка последните 5 паралелно државна и го отворила објектот во Кисела Вода. Сега имаат втор во Аеродром.
     
  14. EfGenie

    EfGenie Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2024
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Да не имате нешто погрешно разбрано, колку што видов кога пребарував градинки, Елена е прилично млада особа, менаџер на градинката... еве линк
    http://www.femina.mk/новости/актуел...FwJqVyo0FJU4aGwejg_aem_5YpGu_wGPBtGuCSqFB8FhQ
     
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.289
    Допаѓања:
    89.681
    Пол:
    Женски
    Види.
    Јас сум била и во државна.И во приватна., како вработен педагог.
    И знам како е..
    Сега сум во друг инситут но имаме соработка со приватните и државните.
    И за свое дете секогаш би избрала државна.
     
    На Kristina1122, duffi, KuklickaSk и 3 други им се допаѓа ова.
  16. FitGirlK

    FitGirlK Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Точно така јас згрешив не Елена, Снеже е педагогот и е сопственик, таа со искуството 31год, со неа во канцеларијата беше Стефан Кливановски за кој сфатив и е син на Снеже и брат на Елена. Моминско на Елена е Кливановска. На договорот стои Директор Елена Ивановски
     
    На EfGenie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Eli-22

    Eli-22 Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2024
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски


    затоа и се приклучив овде барам друга градинка
     
    На Minnie-e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.235
    Допаѓања:
    18.994
    Јас тоа не би го трпела кога треба да плаќам 20000 денари очекувам да ми се каже и кој го чува и каде спие...
    Мене во државна кога прашувам ми кажуваат утре ќе биде со таа учителка, ќе спијат во таа занимална, јаде тоа и тоа, спие не спие... пак добивам информации..не па да им плаќам и да не знам.
    За болести овде не знам да кажале ама имаме вибер група и пишуваме кога некое дете е болно, тоа е оставено на свеста на секој родител.
    Во приватната за сипаници првиот пат не кажаат, за стомачен исто не кажаа па мислев труење има на одмор. Овде бар од 25 деца некој родител ќе пише и знаеш. Пак ќе кажам приватна ми е исто супер ама не знам дали постои веќе добра приватна или само бизнис.
    Ама деф треба да си тргнеш од тоа дека кога плаќам плус зошто да не добијам плус повеќе од државна.

    Кога одам приватно во систина добивам третман каков немам во државна за некои работи затоа и плаќам. Приватново е бизнис не чекам повеќе од 5мин, чисто е средено, докторот ми обрнува внимание, комуницираме по потреба и слично. Ако ова го имав во држана немаше 5000 да давам на 6мес во систина..ми ја сфаќаш поентата
     
    На MilaSs12, FitGirlK, Minnie-e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    7.633
    Пол:
    Женски
    Леле, прво скокни па кажи оп.

    Си била на разговор и си го добила токму тоа што го прави секоја газдарица на приватна градинка. Се е нај, нај. Ете истото ти го кажаа и другите.
    Вистинската слика е отпосле, ама ти си знаеш.
     
    На KuklickaSk, Milkiway и EfGenie им се допаѓа ова.
  20. FitGirlK

    FitGirlK Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Добро де за сѐ е така во животот.Затоа пишав ќе тргне ќе видиме како ќе биде. Сигурно нема да се стресам на две-три мислења овде и да се откажам. Да не речам, овде пола од мислењава се рекла казала, чула од познаничка, на комшиката пријателка па од сестра и детето.Лично искуство ќе послушам, но и тоа е врз база на личен доживљај како и за сѐ друго. Ќе си видам за себе и ќе си оценам јас лично.
     
    На GirlLove и EfGenie им се допаѓа ова.