1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни градинки

Дискусија во 'Дете' започната од Lady*Bug, 14 јануари 2018.

  1. EfGenie

    EfGenie Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2024
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Не само што ја сваќам поентава, го делам мислењето, затоа и реков неможам да кажам лош збор за програма или за учител, ниту дека детето ми е несреќно, но очекував поинаков третман према нас. Во смисла на навремени и точни информации и слично, а не секој пат по некој период да разберам дека ништо од кажаното не било така...
    Добро е ми ја смиривте совеста барем, мислев само јас претерувам кога барам поубав третман и дека во мене е проблемот
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    753
    Пол:
    Женски
    Јас не зборев за вчерашните коментари, тие сфатив дека се за членките. Но веќе неколку дена по ред ја листам темава и наидов на многу негативни коментари само од тебе за конкретната градинка, од таму и моето прашање.


    На овие мислења конкретно мислев, затоа и реков секој трет пост дека е нешто негативно за нив.
    Не сум воопшто лично засегната, пред да помислите на тоа, но според мене не е во ред константно напаѓање, а што се вика вчера отвориле и се обидуваат да си го пробијат својот пат. А и како поинаку би во 21век, во море на останати приватни градинки, ако не со реклами на социјални мрежи? :?:
     
    На Eli-22 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.235
    Допаѓања:
    18.993
    Не си ми ја сфатила поентата.
    Јас те поддржувам дека треба за твои пари да бараш подобат третман а не одговор "у кревети " спијат. И би ме интересирало кој го чува, што правел итн... во државнава имаме 2 пати годишно родителски и можеш да прашаш што сакаш и плус на барање тој ден на само со учителка. Плус ми е достапна учителката на вибер.
    Во приватната во која одеше сп учителките не смеевме да имаме контакти, некако се е исфилтрирано. Моја критика беше кон нив дека нема родителски со сите рпдители да дојдат и само еднаш отидов сама на состанок и толку беше. Пак ќе кажам, кога плаќам веќе екстра сакам екстра третман...нели во рамки на некоја нормала
     
    На Minnie-e и EfGenie им се допаѓа ова.
  4. EfGenie

    EfGenie Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2024
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Да да да сватив и ми беше муабетот благодарна сум Ви што ми одговоривте и ми дадовте поддршка во размислувањата мои и јас така ја свакав приватната градинка, но не било така и тоа не само според мене туку ете и според вас, а и други членови тука... и најмногу благодарам на споделено искуство со државна градинка
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  5. EfGenie

    EfGenie Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2024
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Очигледно не се разбираме нешто и не сме на иста фрекфенција.
    Сепак и не можеме да бидеме јас вака од Марс со Вас на Земјава... затоа мислам дека репликиве мегу нас треба да завршат тука. Поздрав
     
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.138
    Допаѓања:
    27.456
    Најдоброто другарче на син ми има мајка што работи како воспитувач во приватна градинка. Нејзиното дете оди во државна со син ми.
     
    На Amelia., Anaroz1 и Kaja991 им се допаѓа ова.
  7. FitGirlK

    FitGirlK Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Мислам дека и да сакала да оди во таа кај што работи она, не смее. Дете, внуче не смее да оди ниту во државната кај што работи некоја негова баба, тетка, мајка итн.
     
  8. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    4.622
    Пол:
    Женски
    Прв пат слушам за правилово.. Нас во комшии ни е градинката, државна. Бабата работи таму,внучето оди таму, само во др.група.
     
    На dromka, FitGirlK и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  9. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    4.984
    и кај нас во градинка има иста ваква ситуација, не е забрането, не гледам зошто би било
     
    На FitGirlK му/ѝ се допаѓа ова.
  10. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    4.622
    Пол:
    Женски
    Ако другата градинка е далеку или било што..
     
  11. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.235
    Допаѓања:
    18.993
    Тоа ништо не кажува. Може жебата не може да си дозволи. Не дека детето би одело во градинката гратис...
     
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.138
    Допаѓања:
    27.456
    Може да си дозволи.

    На крај на ден, секој со свој избор и искуство. Иако искуството од вработените и во приватни и во државни градинки треба да се земе во предвид.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.378
    Допаѓања:
    137.823
    Не дава градинката да си ги носат своите деца, оти ќе почне да плаче мамо мамо и сите ќе ја бараат мама.

    У државна не смеат да речат не од таа причина.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.138
    Допаѓања:
    27.456
    Голем е, не ја бара. Плус во лето го зема таму, да не седи со мешани групи :)
     
  15. ariel30

    ariel30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    300
    Ќе одговорам само бидејќи си го пронајдов детето дека не е пожелно да се сменат 5 учителки за 6 месеци.Ние две години одевме во јасли ни се сменија 10! Детево вриштеше плачеше не кубеше да не го оставаме.Ех порано да се освестев дека не е адаптација во прашање туку траума,ама за тоа во некоја друга тема.Немаат плус негувател доколку има дете со посебни потреби.Немаат инспекции во државна верувај ми. Ако имаа нема да дозволат во период на летни одмори два месеци 56 деца во иста занимална.На список,а одеа околу 45-46. ФИЗИЧКИ немаат простор.Па сите одиме на одмор.И ние во фирма сме на одмор и ја менувам колешката,и нормално дека ми е понапорно.Ама јас не работам со деца,доколку нешто не е сработено никој не си оди дома истрауматизиран.Не знам дали во приватнава се со лиценци,образование и сл. Немам ни прашано.Зошто? Затоа што си доага насмеан.Од 5 ден не плаче повеќе.Дома не е агресивен.Може и грешам што немам прашано,ама од овие со лиценцава во државната мака извидов. И никако не се објаснивме ни со директорка ни со педагогот дека децата и те како се врзуваат.Имаат чувства.Може и овде ќе има промени не знам,ама до сега наутро која и да е на смена си оди насмеан,ја гушка.Овде не сакаше ни да влезе. Дали имаат различен пристап?! Имаат!
    Нормално за 18 000 месечно. Не е дека очекував кој знае што во државната,ама барем да не се нон стоп на тв.И од овде не очекувам многу. Може и да падне и да се удри нормално е,дете е. Може и да јаде или да не јаде,ама апсурд е 21 век да кажеш дека детево е наплашено од градинка.Градинката по периодот на адаптација треба да е место каде се чувствува безбеден и сигурен.
    Е сега ако ме прашаше некој за истово ова пред 5 години,и те како ке ги бранев државните затоа што поголемата и денес ги бара воспитачките.Израснаа/изгледаа прекрасно дете со навики.Ама не се менуваа.И тогаш немаше играчки многу,ама не им пуштаа тв,едната од нив дури им правеше куклена претстава,сама шиеше.
    Затоа мора да се има увид кој што прави и со тоа соодветно да се награди или не.
     
    На Heidi и FitGirlK им се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.378
    Допаѓања:
    137.823
    Дека по стандарди се у државните, ми дадоа да потпишам согласнот дека се 40 деца и дека се согласувам детето да дели креветче со друго бебе. 40 деца у центар, две воспитувачки.
    Тоа се 60 пелени на ден на една жена, 60 шишиња млеко, на бебе од 9 месеци кое уште цица ми рекоа нема молзено, ќе пие ние што даваме, не знае да држи шише оти шише не фатило и ми рекоа ќе научи или ќе биде гладно, сите научиле.

    60 пелени по 3 минути се 180 минути. Три саати од 8 на жената и се у пелени. Кога ги држат у раце кога плачат, дали им даваат шише, дали ги земаат у раце кога плачат?

    Три деца беа у јасли со две учителки у приватна. Секој ден слики од активностите, секој ден извештај писмен за јадењето, секој ден надвор беа сите и сите учителки со нив... Немаше трауми кога одеше некоја на одмор, при сите се знаеја со сите. Мојата кога порасна се ми кажуваше и се знаев. Која учителка е трудна, која излегла до банка, која јадела со нив, кое дете која ја сакало, која била учителка по култура која по хигиена...

    Имаше и маки, не дека не... Ама пак да имам опција ќе оди у приватна. Играат секој ден у двор, у кал, шетаат секоја недела, ќерка ми се лутеше кога е сабота и не е у градинка. И тоа ми е доста.
     
    На MeowMeow, kozuf, Heidi и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    7.633
    Пол:
    Женски
    Уште да кажеш која градинка плс.

    Инаку во никој случај во приватна не е проблем отсуството на некоја учителка или мешање групи ако е истиот персонал. Бидејќи се малку и сите се знаат.
    Ама кога цел стар персонал ќе си замине и секој месец доаѓа и си оди некоја е стварно проблем.
    Јас се чудев што се случи со мојот, дете што од неговата учителка постојано беше фалено дека е многу трпелив, истраен, дека почитува авторитет, воопшто задачите дека ги работи многу подобро и од поголемите дечиња во групата да дојде ситуација за неколку дена да почне да не почитува авторитет, да не прифаќа работа на активности и да биде бркан од занималната.
    Е дете истрауматизирано, оставено само без надзор во ходник не дозволувам ниту во државна не пак во приватна.
    18000 ден за да ми каже дека не сакал да слуша и го избркале, или дека рекол дека нејќе да работи па го однеле во друга просторија (кај што почнале да ги носат децата со одредени пречки бидејќи новиве не можеле да работат со нив). Да не заборавиме дека и другиве плаќаат ама не знаат да кажат дома па родителите мислат дека децата се заедно (не само за сликање).
     
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.289
    Допаѓања:
    89.655
    Пол:
    Женски
    Секој со своите искуства.
    @ariel30
    И во приватните се споени групи во летоо од јасли до голема.

    У приватна @Cka нема две учителки со три деца во јасли.
    Тоа само филм за родител:mm:
    Ниту се 3 деца ниту се 2 учителки.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ariel30

    ariel30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    300
    И да се,сепак тоа дете ги знае и другите учителки.Ваму беше друг објект друга занимална,еден куп деца и други вработени.И сигурно не се во толкав број.
    Секој заслужува одмор нормално,но никој неможе да ме убеди дека неможат да направат по ефективен да не речам нопрмален план,да се барем во истиот објект или жената која ке ги гледа барем една недела пред тоа да ја видат.И за нив ке биде понормален ден нема да им плачат сите.
    @Minnie-e jac се бунев во државна не ме рецкаа,ама ти во приватна и те како имаш право на поплаки,има кој да чуе.
    Премести го ако се случува истото,не ја прави истата грешка како мене. Сега трауми лечиме.
     
  20. Buck0

    Buck0 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2022
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Дали има некој да сподели искуство со градинка Пролет односно јасли групата Бумбарче. Малата ми е 9 месеци сакам да ја запишам таму. Фала ви