Приватни градинки

Дискусија во 'Дете' започната од Lady*Bug, 14 јануари 2018.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.378
    Допаѓања:
    137.823
    Толку се, ги знаевме по име. За секоја група си имаше имиња и на фб имавме група со нив. Имаше три пара родители и две учителки и една главна. Имаа и посебна соба за болно дете. Не може да сум толку глупа да не знам.
    Како и да е, мојата одеше кратко у јасли, оти се разболуваше, а ние од неа и цело време болни бевме сите.
    На крај сами си ја чувавме и од две години пак почнавме, беа веќе 6 деца со две учителки.
    Последната година беа 12 деца со две учителки.
    Секој ден имаше слики од се, и да не беше така ќерка ми ќе ми кажеше. Им се смени една учителка у короната, ама не с е потресоа многу оти другата беше тука. Ќерка ми многу не јас сакаше новата, ама по некое време највеќе ја засака нејзе. Викаше дека гушка највеќе на свет и им викала ќе ви ги крцнам коските од љубов. Е Она ги научи да се гушкаат еден со друг кога некој е тажен.

    На крај, некои работи не ми се допаднаа, ама беше уште неколку месеци и не сакав да и правам стрес со нови деца нова учителка, секако идеше прво одделение.

    На почеток ми се свиѓаше дека имавме список со состојки на секое јадење, и ако кажеш дека нема пробано нешто не и даваа. Ако кажеш дека не јаде нешто, не ја тераат со сила. На пример кога почна на две години ме прашаа што и е омилено јадење и тоа и даваа цела недела за да не добие одбивност. Јадеше тиквичка со кисело млеко три дена оти тоа бараше. После и дале и друго и се си јадеше.
    Имаа логопед на пример, и еднаш бев да прашам дали ќерка ми правилно зборува оти свекрва ми рече не кажувала нешто правилно и и кажав на воспитачката на врата. Жената ми даде писмен извештај на крај на ден со подвлечено, детето нема никаков проблем со говорот.

    За жал донесоа многу деца со нетипичен развој, и почнаа да сметаат. Од една страна ги учеа децата да ги сакаат сите и да се грижат за нив, ќерка ми беше многу толерантна и свесна за се тоа, но некои беа и насилни и се плашеше. Не кон децата, кон учителките. Некои и плачеле, се тепале сами, и жените се снаоѓале, ама не сакав детето да гледа трауматични работи.

    Е сега ова е мноооогу одамна. Пред 6 гони мојата почна да оди и досега сигурно е сменето многу. Тогаш имавме состаноци еден на еден па заеднички со учителките, прашуваа што сакаме што не, што да подобриме што не сакаме... Ние само баравме месо у манџата оти они го ситнеле за другите деца да не саат дека е месо, мојата сака парче да види и да го изеде и од тогаш и давале и парче месо :)

    Но, имавме шок у прво одд. У градинката немаше вриштење и неконтролирано трчање. Кога работеа и јадеа знаеја дека треба да се ќути. Ама у школо имаше од секаде деца и за време на час врескаше, трчале, плачеле... И на двете деца што беа у истата група у градинка им сметаше тоа и беа исплашени на почеток. Сега веќе не се.
     
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.289
    Допаѓања:
    89.655
    Пол:
    Женски
    Тоа што сте ги знаеле по име не значи ништо.
    Не сте биле глупи туку фино изманипулирани.:)
    По една учителка се во група .
    И за тоа имаа инспекција но и врски.
    Да се по две би имало 15 вработени во градинка, а не 4,5 колку што има.
    И да,за жал има доста деца со атипичен развој и пречки,по 2-3 во група на кои треба да се посвети посебно внимание и затоа е недозволиво да е 1 во група.
    Логпедски прегледи како и прегледи на слух редовно се вршат и во државни градинки.
    Додуша зависно од општината која ги управува и како ги организира.
    Има општини кои редовно организираат.
     
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.378
    Допаѓања:
    137.823
    Не знам може сите сме биле глупи и не сме знаеле.

    А логопед имаше секој ден, кој работеше со децата кои имаа потреба, не како у државно да иде еднаш годишно и после ти носи го секој втор ден. Си имаа нивни логопед, не се плаќаше.

    А за децата со проблеми во развојот според мене треба посебни градинки, ама тоа е друга тема. Оти за они да се осеќаат подобро, сите други страдаат. И сега у школо имаме дете кое прави страшни проблеми, не зборува, вреска, мава, тепа, сам се мава, бега на улица... Има учителка ама не може да го смири у секој момент и 20 други деца се секој ден со рацете на уши оти не можат да издржат вриштење. Секој ден без прекин на секој час. Ама инклузивни сме.
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    7.633
    Пол:
    Женски
    @Cka пред колку време тргна твојата во училиште?
    И дај кажи ја градинката, ако не сакаш јавно бар пиши ми :wasntme:

    @Cosmi мене ми изгледа дека за различен период зборувате со cka
    Не знам зошто ама мислам дека до пред некоја година приватна градинка друго значење имаше.
     
  5. FitGirlK

    FitGirlK Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Леле боже... Јас минатата недела влегов и видов со мои очи најмала група јасли 9-18м беа 4 бебиња и 2 учителки. Во поголемата 18-24м беа 6 бебиња со 2 учителки. Спиеја. За која станува збор знаете, имам напишано во претходните мислења. Ајде сега кажи дека намерно наместиле така дека дошол родител на разговор да упише дете и сите глумеле статисти тој ден. И бебињата глумеа дека спијат и се беше исценирано. Боже господе, ако било таков случај пиши каде си видела и кога, а не вака хејтање колку да се хејта.
     
    На Mari-Li му/ѝ се допаѓа ова.
  6. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    965
    Извини вака ама многу себично ти е решението на проблемот. Иако фала му на Бога немам такво дете, ама како родител ме здоболе кога прочитав. Штом ти мислиш така сигурно и др. родители се горе долу на исто мислење и се разбира тоа ќе го прифатат и децата. И не се работи децата да се осеќаат само убаво, се работи и за тоа да бидат прифатени од средината а не отфрлени во посебна група само затоа што ете по ничија вина имаат таква судбина. Доволно им е тешко што не се како др. деца, не мора да им се отежнува дополнително. Среќа што не го растам детето во таква средина. Децата не треба да се делат, туку едноставно треба за секое дете да има специјално обучена личност и да е вработен само за тоа. Во нашата градинка (не е во Мк.) т.е. конкретно во групата на нашето дете има едно дете. Го донесуваат во градинка и го презема веднаш надлежниот за него, од соблекување/облекување, јадење/играње итн. Има неколку такви деца во градинката и соодветно толку само за нив вработени и замисли се функционира нормално.

    Малку офтопик, ама на вакво предлог- решение според мене мора да се реагира.
     
    На Sparky.99 и JoyJoy им се допаѓа ова.
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.138
    Допаѓања:
    27.456
    И кај нас (треба да) има асистенти за децата со попреченост.

    Имам блиска со дете со адхд, сега ќе биде 2 одделение, одеше лани со асистент и се прилагоди супер
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    7.633
    Пол:
    Женски
    Ако си отишла во време после ручек секако дека спиеле, само имај на ум дека си била на договорен состанок па не можеш да знаеш која учителка во која група е. Плус во пракса во тоа време имаат пауза, не сите нормално ама една ги пази и во две, три групи.
    И секако некои се на одмор.
    Значи не хејтам ама претпоставувам мало ти е детето. Кога ќе почне да ти раскажува друг муабет ќе правиме.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.920
    Све е тоа изрежирамо, монтирано и лепено. Не разбираш. Или ти си газдарицата па се вадиш сеа тука, за да ги убедиш мајките ( шала е секако ова) :D
    државен институт?
     
    На FitGirlK му/ѝ се допаѓа ова.
  10. FitGirlK

    FitGirlK Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Имав можност да отидам 4 дена во неколку термини понудени за сите 4 дена. За сите се спремни со сценариото? Браво колку се спремни од градинкава свака част испаѓа дека ништо не работат само нѐ чекаат нас родителите да влеземе да видиме како се наместиле да не преварат. А свака ти част и тебе на бујнава имагинација ме изнасмеа :rofl:
    Јас сум, ме открија:sweat::D
     
  11. EfGenie

    EfGenie Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2024
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    И да сте Вие, нема ништо лошо што сте во темава, напротив, важно Ви е што се зборува и сте ангажирани (што е исправно и што на сите членови тука им е јасно како ден дека буквално сите раководители на приватни градинки се тука, а некои и со по 2 акаунта). Е сега има разлика, едните целата негативна енергија ја акумулураат во позитивен правец (да се посветат на подобрување на условите во своите центри) и овие другите кои не прифаќаат никаква критика и напаѓаат секого и за се во форумов, ја трошат целата енергија тука (погрешно водење на бизнис - бидејќи го глетаат само како бизнис)
    Но тоа е различни не има...
    П. С. И јас да водам градинка би била тука сигурно
     
  12. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    7.633
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што те насмеав :mm:.
    Со среќа на малото во градинка.
     
    На FitGirlK му/ѝ се допаѓа ова.
  13. FitGirlK

    FitGirlK Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Не сте сериозни, така? Не сум газдарица на градинка , се шегувам на таа сметка од како спомна една друга членка дека ќе ме направат дека сум газдарицата бидејќи раскажував за една конкретна од која имам сега за сега убав впечаток. Детето уште ми е мало не е тргнато како што можете да видите по моите текстови.
     
    На EfGenie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. EfGenie

    EfGenie Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2024
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Не, не бев сериозна, сватив дека е на сметка на претходната шега, само реков што би било и да сте (дали вие или некој друг) дека нема ништо лошо во тоа... на тоа мислев, без разлика кој и да е од членовите тука навистина сопственик на некоја градинка, не гледам ништо лошо во тоа
     
    На FitGirlK му/ѝ се допаѓа ова.
  15. EfGenie

    EfGenie Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2024
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Инаку каде и да одите со лесно и убави безгрижни денови да имате
     
    На FitGirlK му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.920
    епа тогаш мора да си инфлуенсерка што ја фали градинката по форуми :D ( шала исто така, некој се имаше истакнато предходно вака :)
     
    На FitGirlK му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    7.633
    Пол:
    Женски
    Феминка што фали градинка без искуство најточно.
    Туку ептен ја завлековме работава, како сакате ли војска да играме.

    Секој има различно мислење и искуство.
    Некој прифаќа сугестија, некој не.
    И секој различно ги доживува работите. На пример на некој не му е важно каков сок пие детето во градинка, на друг му е трагично што цедениот сок од мени во пракса е цедевита.

    Инаку имам комшика што го преместува детето од француската во државна.
    Причина, за да се навикне за во училиште.
     
    На Mari-Li му/ѝ се допаѓа ова.
  18. FitGirlK

    FitGirlK Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Ниту инфлуенсерка сум ниту ги фалам "без искуство" како велиш. Туку на она што ти жучно го тврдиш како да си влегла во сите до една државни или приватни градинки, го пишував она што го видов и што ми беше кажано. 100 пати реков ќе видам како ќе биде а за сега ќе размислувам позитивно. Ти си имала претпоставувам неубаво искуство со една приватна градинка ако не се лажам и тоа го припиша на секоја. Ние што пишуваме добро и се надеваме на позитивно ако сме инфлуенсери, вие што хејтате и само црни сценарија што правите што сте? :) Едно е сугестија друго е вашево "предупредување" да не припариме до приватна градинка како да е кланица. Ако јас не се секирам детето кај го праќам сигурно не се засекира ти повеќе. Поздрав и секое добро, доволно беше пишување за ова...
     
    На Mari-Li му/ѝ се допаѓа ова.
  19. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    739
    Пол:
    Женски
    За 5 години сменивме две приватни и една државна градинка. Зборувам од искуство, дента реагирав, другиот ден воспитувачката беше избркана од работа. Да беше тоа случај во државна градинка немаше ни да реагирам зашто знам дека немаше да променам ништо. И не е вистина дека не знаеме кои се вработените, дали се соодветни или не. Демек ги оставаме децата, не прашуваме ништо, ни кој ни како се грижи за нив, само плаќаме и толку. Според ова што го пишуваш е така, не манипулираат , а ние појма немаме.
     
  20. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    7.633
    Пол:
    Женски
    Не мислиш дека е too much веќе?
    Ги собра коментарите од сите членки и направи приказна.
    Член сум на форумов и споделувам мислења, идеи, ставови, искуства.
    Ајде може грешам ама ниту еднаш лично не ти се обратив да ти кажам дека правиш лош избор што си одбрала приватна градинка (која и да е) и да те убедувам да смениш мислење.
    Мојот став беше и е дека не секогаш се претставуваат во вистинско светло, дека пречесто сокриваат работи а или се слатко речиви па "нема такво нешто" или се дрски.
    Чисто мое искуство, мислење, совет... како сакаш сфати го. Само без драматизирање, запиши го детето каде сакаш, јас секако не сум фактор кој одлучува било што за твоето дете.
     
    На shekerna и CareTee им се допаѓа ова.