Платите во приватните градинки се благ хорор, дали вие за 24, 26, 28 илјади би работеле таква работа? Капак притисоците од родители и газди? На тие услови нормално дека прва прилика и си заминуваат вработените. Од ептен блиска особа само ќе ви кажам дека премногу се филуваат работите во приватните и ништо не е како што е прикажано.
А што тоа се филува и не е како што е прикажано? Во државна беше на адаптација 2 недели и не се адаптира, во приватната за 2 дена се адаптира. Во државна поради алергија на одреден вид на храна секој ден појадуваше само леб, во приватната и направија посебно мени. Во државна во јуни месец цел ден седеа со истите обувки од дома, во приватната не. Во државната надвор излегоа двапати во две недели, во приватната беа буквално секој ден надвор. Што тоа толку се прикажува, а не е така. Имаат активности, играат, спијат, јадат, ништо спектакуларно не се случува па да прикажуваат поинаку. Самите деца кажуваат како го поминуваат денот. И не дека и во приватните градинки нема пропусти, но имам впечаток како да сакате да кажете дека таму ништо не е како што изгледа.
Да ти се адаптирало детето за 2 дена бидејќи неможе да ти кажат не се навикнува, за парите што ќе ги добијат нема не одговор. За дел си во право, да ги изнесуваат надвор што е одлично имаат активности, ама активности имаат и во државните. Секој си одлучува за свое дете.
Како не може да ми кажат? И што треба да ми кажат кога си го гледам детето дали сака да оди и да остане цел ден или не. И што е тоа што се прикажува поинаку ,а не е така?
Многу работи. Не би да изнесувам сеуште работи таму, само поради фактот што се работи само прва смена, викенди и празници не. За тие услови и тие плати што ги нудат никогаш нема да задржат вработени. Горе долу скоро сите приватни градинки се исти/слични освен тие што работат по акредитирана по меѓународна програма како што кажа кукличка. Незнам зошто само ве погодуваат вакви коментари, ако сте задоволни вие и вашето дете супер нема што да ве повредуваат негативните коментари. Како мене што не ме интересираат негативните коментари за државните градинки бидејќи по детето се гледа дали е среќно и задоволно или не. Секогаш ќе има и задоволни и не од сите градинки општо и тоа е во ред различни карактери.
Воопшто не ме погаѓаат мене лично. Дискутираме. Јас само споделив искуство и сметам дека нема потреба од поинакво прикажување на приватните градинки. Тоа што го напишав е факт и лично искуство. Јас немам комплекси нити па некои посебни очекувања затоа што е приватна градинка. Вие пишавте дека не е така како што се прикажува, а јас навистина не знам што се прикажува поинаку од тоа што е. Според вас ова што ние го добиваме од градинката не е така зашто вашата блиска која работи се уште таму ви кажала поинаку. Искрено приватните градинки не се ништо ,,посебно,, и можеби е проблем што државните би требало да се далеку подобри од тоа што се затоа што за нив сите издвојуваме средства.
Адаптација во градинка за 2 дена не постои во педагошка пракса. А адаптација која трае месец дена е доста честа во светски рамки. Мени на хартија и внатре е сосема различна работа. Во државни градинки има што одат деца со разни алергии, и добиваат храна која е замена за алергенот. Тоа е до директорот. Изглегување надвор да, во приватните повеќе се надвор, но фината моторика е многу поразвиена кај децата во државните градинки. Во приватните предучилишни деца не знаат да држат молив, четка, да сечат со ножички. Тоа е резултат на несоодветен кадар кои освен пинтерест активности атрактивни за фотографирање и за родителот немаат друг резултат. Државните работат по програма, приватните не( со исклучок на интернационалните) и за тоа имаат доста забелешки.(Време на активности, слободни активности, јадење, спиење, ужина)
Не знам дали постои во педагошка пракса, но од тој ден ќерка ми ја посетуваше истата градинка 4 години. Околу моливот, ножицата и останатите активности знам само дека моето дете научи да ги држи правилно, а што велат статистиките не знам. А за менито не знам што да ти кажам освен дека многу потценувачки од твоја страна да ме убедуваш дека не сум знаела со што го хранеле моето дете и да го тврдиш тоа. И кога си веќе толку упатена во статистиките ме интересира дали има статистика колку деца и родители имаат ,,трауми,, од одењето во државна наспроти приватна. А за тоа какви се државните градинки само ќе ја цитирам директорката кога го преместувавме детето во државна. ,,Зар мислиш дека тука ќе и биди подобро од во приватната градинка? Пробајте ама да не е дека не сум ви кажала,,.
Еве како ми кажала ќерка ми за адаптација на ново дете. Мојата беше мала за да знам како и било нејзе, ви кажав само дека ми побараа да кажам што и е омилена храна и тоа и даваа на почеток. А ќерка ми вака ми кажа: доаѓа ново дете и ние сите го гушкаме и му даваме играчка и цел ден кога плаче некој го гушка и он прекинува. Направиле детето да не седи само и да вришти, туку децата да научат емпатија и да му покажат дека е сакано. Адаптацијата трае три дена, сам гледаш кога зимаш дете дали е подуено од плачење. Сам знаеш кога одиш по дете и ти вика, чекај ќерка ти рече да дојаде па ќе дојде Сам гледаш кога ќе ти каже, оти толку рано идеш по мене, оставај ме подолго. Кога ќе ти каже дека три чинии изела на ручек. Короната не зезна, иначе требаше и да спијат таму со шатори една ноќ. Имаа втора смена и ги носеа децата од 12 саат. До 10 навечер работеа. Имаше опција да однесеш дете у 12 и да им најавиш само ден претходно, дека ќе го земеш у 10. Ние ова не го искористивме, ама добра опција е ако некогаш имаат родителите потреба подоцна од 5 некој да им чува дете. Имаа базен за бањање у двор, имаа журка со лубеници, имаа аниматори, активности секој ден. Пешки до Водно, шетање низ парк, пикник у парк, санкање на Шапка и се у цената. Добивавме папки со се што изработиле и точни знам што правеле сами а што учителките. Никогаш не сум зела искакано дете, расплакано, нервозно... Секој ден ми бил со радост раскажан. И тоа дете по дете, учителка по учителка. Знаев кое дете како, која учителка заканила, буквално се. Може до три години да не знаете, ама после се знаете до детал што било таму и не може никој да ве лаже. А баш ме интересира каде е статистиката за развојот на децата од приватни и државни градинки, кој ја правел и како. Оти сега во школо две деца се најдобри, едното е од приватна а другото од државна градинка. Сега како е не знам, некои се жалат, ама ви кажав, многу деца со нетипичен развој кои не ги примаат у државна, прават учителките со нив да се занимаваат. Сигурно има и добри државни, не знам, немам искуство освен уписот. Чисто да знаете, во една градинка во центар маж ми отиде по документи, го пратиле овој оној влез, се до еден момент кога не се нашол во занимална со сами деца, без учителка. Вика, можев да земам дете и да си отидам, празно беше. И нормално, се испаничи дека ако го запишеме детето таму може некој да ни го украде и не ни зел документи, вика исплашен си отидов. И погоре некој ме имаше цитирано сеа не можам да барам: да, ги вклучивме нив за да ги социјализираме, а не се грижиме за децата кои се се потенцијал. 24 деца страдаат секој ден од вриштењето на едно дете, оти не му давале телефон на час. Ги тепа, тепа учителки, ја става главата у манџата, си брца у задник и им става у нос, столчето го фрла у табла... Секој ден. И ако е ова океј за него, може 24 деца треба да си идат дома со трауми и натепани за оно да е среќно. Знам дека у градинка овие деца беа пазени за да не направат циркуз, им викале кога ќе го видите дека прави така, бегајте. Ама у градинка може само да прекине да си игра, ама на школо не е исто.
И моето е од лично искуство, дирекно од вработена што има искуство од две приватни градинки во ск, и контакт со од другите градинки. Затоа викам условите за работа се горе доле слични во сите, ако продолжат така никогаш нема да задржат и најдат добар персонал.
Па не верувам и дека сакаат да задржат персонал кој оговара за условите и работата по блиски пријателки. Била во две приватни, не и се допаѓаат условите и се уште работи?! И не ми одговори на прашањето ,, што се прикажува поинаку,,? Блиската што ти кажала.
Не е блиска пријателка, ти дома не разговараш за работа што ти се случило во денот? Слободно останете си ограничени во размислувањата и не прифаќајте ништо друго! Да работи уште, ама прва прилика си заминува, ај па да остане без работа и плата за ти да си задоволна.
Не знам за каква ограниченост збориш, за она ,,ми кажа една пријателка на пријателката на....,, и што тоа сакаш да ми кажеш?! Или за реченицата ,, да остане без работа и плата за ти да си задоволна,,. По ова како дискутираш би рекла дека би требало малку да поработиш на сопствените граници. Поздрав и имај убав ден.
Моите двете беа во приватна градинка. Само пофални зборови. Моторика, сечење, лепење, цртање, пишување совладано феноменално. Среќни, задоволни, најадени и згрижени. Наставничките до ден денес ги гушкаат кај и да ги видат, прекрасна соработка наставник-дете, наставник-родител. Секој ден различни активности, дури и дома од се сакаат изработки да прават научени од таму. Учат раскажување, учат за вселената, за растенијата, броеви/букви, за сообраќај… немам зборови. Ја прошетаа пола Македонија, садеа цвеќиња и дрвца на планина…. Toa таму што го научија на забавен начин се најде за на училиште. Не знам какви приватни градинки има по државава, ама во Битола тие што се неколку, сите се феноменални, пофалени и далеку на повисоко ниво од државните.
Тука кај нас нема приватни градинки , има само една градинка и не ми е ич за пуштање најискрено ...Една негувателка на 25 деца , кој јадел, јадел ,кој не ко ќе си оди дома ќе јаде. Децата спијат таа си излегува на цигара надвор,се случи пред две недели девојче да рипне од креветче и си ја скрши раката ,додека негувателката си пие кафе и пуши цигара надвор. Мајки се жалат,децата спарени си иделе дома..не им менуваат пелени ,не ги бришат убаво , нема никаква едукативна програма.Значи само да се каже дека одат на градинка,трчат ,се тепат и спијат. Толку. А мене не ми е само да ја пуштам на градинка и ајде нека трча таму 8 саати без никакви активности и без никаква програма. Епа дома ќе си ја чувам ,барем посветено и е внимание, си црта,си бои,учи преку игра од едукативни книги , учи животни,растенија ,шета со татко ми и мајка ми секој ден во природа ,на река,на планина ... Социјализирана е многу повеќе и од тие деца шо ги знам шо одат на градинка .Се вклопува лесно во игра со деца во парк итн ... Да наполни 3 години и ќе ја пуштам ,барем ќе биде по самостојна и сама да јаде,да мочка,да се брани и да кажува што и како се случува во градинка ,како поминува.
Не треба никој да ти каже дали детето ти се адаптирало или не,гледаш сама па и кога уште не зборува како моето на пример. 2 години не се адаптираше во државна,секој втор ден не бараа за да не викнат дека не сака да спие.Овде кога им реков 4 ден нема шанси да спие ми пратија слика. Да не ми ја монтираа случајно? Имаат активности надвор,имаат внатре. Може и да не е баш храната како менито,во што најискрено не верувам,ама во државната детето 5 месеци ми јадеше чоколино.Доручек ручек ужината како праска на пример ни ја пракаа дома.Секој ден. Тоа дете треба некој да го нахрани. Кога прашав зошто само чоколино јади ми рекоа „Мајка расипан е блендерот,не очекуваш да го ранам со друго па да се задави?!“ Нормално бе дека не очекувам,дома се учевме на цврста храна,ама 5 месеци расипан блендер за дете од 8 месеци? И уште 10 деца како моето. Што конкретно не е како што претставуваат и јас ќе те прашам. Го гледам се смее,брза наутро да се качи за да влезе,не сака да јаде кога се врака како порано (не е гладен) секој ден се во парк или имаат некоја активност надвор во двор. Условите не се исти верувај ми. Кај нас во градинка носевме играчки од дома бидејки немаше. Голем дел од денот пред тв.Никогаш не ги изнеле надвор, само децата од средна и голема група. А за незадоволството од плати или газди или услови на работа и јас можам до утре да го зборувам и јас работам во приватна фирма и многу работи ми сметаат,и јас сакам прва прилика да заминам. НО овде зборуваме за децата и условите за нив, не дали учителката е задоволна од газдата.
Немораш лично да ми се обратиш не сме на чат, на форум сме, дискутираме. Ничиво мислење не сум собрала за да направам приказна. Ти на сечиво мислење имаш некаква капачка. На Ели на Мари ли на ЦКА. Напишав добро за приватна градинка и ми се сипа исто како и на другите како сме ние све изманипулирани и лажени од приватните градинки. Фала ти на просветлувањето, too much е да,имај убав ден.
Еден момент не ми е јасен.... т.е економски нелогичен... Ако во јасли се 2 учителки на 3 деца, а просечна цена која ја плаќа родителот е да речеме 20.000 (поправете ме ако грешам) која е математиката за да градинката работи со профит? А, сигурно имаат профит, не се добротворна установа, нели?
Плата на вработените плус придонеси 33.000 за мининална збориме. Каде се плус храна, реквизити, простор, одржување и уште многу работи. Просечна цена е од 17.500 нагоре зависи каде. Можеби ќарот им е во поголемите групи каде се повеќе деца...