1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни градинки

Дискусија во 'Дете' започната од Lady*Bug, 14 јануари 2018.

  1. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.051
    LiliBoz во инбокс пиши ми нејќам да рекламирам
     
    На eka и mariz им се допаѓа ова.
  2. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.847
    Пол:
    Женски
    Нека преместат модератори, ова е сепак друга тема.
    Мариз, влијанието на родителите е најголемо. Сѐ надвор од дома е само плус. Не знам на што поточно мислиш обратно од нив.
     
    На Annath и LiliBoz им се допаѓа ова.
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.757
    Допаѓања:
    72.669
    Пол:
    Женски
    Многу би било големо и влијанието доколку родителите работат, детето во градинка мора да биде од сабајле, се до 3,4,5,или пак некој да го чува тие сааати, тоа се 8 саати и не се малку за дете од 2,3,4,5 годинки, а кога се најмали највеќе впиваат и многу зависи тие 8ч кој и како ги чува. Еве само примерот од @Neodlucna види го... Биди после тие 8 саати и најзлатен родител, ама 8 саати ако некој го збеснал и не го чувал како што треба има многу големо влијание...
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.847
    Пол:
    Женски
    Мариз, не велам дека не е битно кој го чува детето преку ден, ама родителот за детето е највисока "институција". Друго е ако се работи за запоставено дете, ама тоа си е тогаш пак до родителите. 2 саати квалитетно поминато време со родител, според мене вреди многу повеќе од 8 саати во градинка. Па и во градинка не се тие 8 саати активни. А за жена конкретно, зависи и кој што бара. Ако јас осетам дека има лошо влијание, нема да ја ангажирам веќе и тоа е тоа. Исто ако видам дека не ѝ е добро во градинка, ќе ја сменам градинката. Ама на крај тоа зависи од мојата свест, како родител. Мене може да ми биде сеедно за сите овие проблематики, и ако е детето затупавено, тоа ќе биде такво благодарение на мене.
     
    На M&M, Annath, Meckicja и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.194
    Пол:
    Женски
    Povleceno e veke dete so takov karakter I jas bev mnogu povlecena iako odev na gradinka od najmala vozrast I seuste ne sum nekoja drustvena osoba

    Ne mila mene zborot mi bese oti vika decata sto gi cuva zena se zatucani ne se zatucani voopsto I pravo na izbor e na roditelite dali decata ke gi nosat na gradinka ili ne
     
    Последна измена од модератор: 27 јули 2018
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    Внук ми ( 2ипол год е ) идр во градинка. Не си игра со дечиња и е доста повлечен, си игра сам. Па и со синко мој не си игра. Си седнува сам на страна и си игра. Самото дете си е такво, колку и да сме пробувале нејќе и нејќе да се дружи со дечиња. Со сила нит па може да се постигне нешто па така да не го ни форсираме. Ќе се опушти верувам во блиска иднина.
    Синко мој е скоро 16мес. Во градинка неиде и до 3г не ни планирам да го запишам ни во приватна ни во државна. Тоа е моја лична одлука. 16мес го немам оставено ни 10мин а не па повеќе ни на баби ни на било кој. Исто моја одлука и никогаш не сум се покајала. 24/7 сум јас со него. Нема каде не бил, со дечиња е скоро секој ден дали во парк, игротека, со деца од пријателите, внуци итн. Обожува деца и кога и да види дете трча и го гушка без разлика пизнато или не. Застанат беше пред тобоганот во Мегдоналц ( Белград ) и како ќе се слизнеше дете и идеше ги гушкаше. Атракција невидена беше :D. Значи нема никаква врска дали дете иде во градинка или е дома чувано. Све зависи од самото дете и начинот на кој се работи со нив. Зашто?.... од бебе е мешан со луѓе. Кај нас дома секојдневно сме со друштво. Така функционираме 14г дур сме заедно. Или идеме или ни доаѓаат, ама претежно кај нас се собиранките. Синко е навикнат со луѓе и сака луѓе/деца. Со сила никогаш не сум го присилувала ако нејќе со некое дете или возрасен да игра или седи. Сепак и децата си бираат со кој ќе играат а со кој не. Сметам дека најбитно за социјализација на едно дете е да е често во присуство на луѓе, да ги гледа домашните како дружат, се смејат, играат итн.
    Но, сепак и покрај сето тоа има и деца кој се повлечени иако е применето се од погоре. Самото дете си е такво и .... незначи ни дека е затуцано нит затупено. Многу ружен збор за именување на карактер на дете. Секое дете си е на свој начин свое. Некое сака да се дружи и некој несакаат. Исто како ние возрасните!
    Некој сакаме луѓе и гости секој ден. Некој несака гости ни 5 пати во годината!
    Затоа сметам дека е ружно и злобно да се коментира дали некое дете е затупено или не е! Дали некој родител решил да го пушти во градинка или не! Секоја си знае најдобро за своето дете и сечија одлука е правилна во однос на детето дали ќе иде во градинка, дали баба ќе го чува или самата мајка. Ниедна градинка, воспитачка па ни баба неможе да придонесе за социјализација на самото дете колку што може родителот. Детето учи од родителите, детето иако е 7-8ч во градинка или баба го чува сепак е одлика на родителите ако не 100% тогаш 70%. Све зависи детето во каква средина расте и живее. Се мислам на средината дома со родителите. Зависно од средината во која расте такво ќе порасне детето.
    Затоа и кога се иде на психолог/психијатар прво нешто што те прашуваат е : Какво детство си имал/а ? На што се сеќаваш од детството? Каков однос имаше со мајка и татко ? Итн да не редам.
    Детето нема да ја памти скапата количка, кревет, патики, играчки,гардероба итн. Детето ќе ја памти играта, смејата, радоста и дружбата со мама и тато. Тоа ќе го отсликува во иднина. Нема ни градинката,нит воспитачката нит баба нит дедо. Сите ние се сечаваме на домашните седенки, на дома како ни било, односот на нашите родители меѓу нив и спрема нас итн.
    Се распишав како луда :D доста е рефератов :)
    Која како си решила така нека тера зашто најубаво си знае самата таа за своето дете.
    Секое дете е посебно на свој начин и секое има своја ѕвезда која го разликува од останатите било на кој начин :inlove:
    Имајте убав ден:beer:
     
    На victoria, Meckicja и mariz им се допаѓа ова.
  7. Polina1

    Polina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Јас не зборувам за мајка баба или дедо која ќе си ги чува дома децата..зборувам за плаќање на жена за која и сама не си сигурна што прави дома..за да ми се излежава по цел ден и да ми го пстава детето главна активност да му е тв или таблет, не благодарам..самото време ќе ти ја покаже разликата помеѓу дете чувано дома (од страна на жена) и градинка..и да, ако седи по цел ден без ангажман и анимирање дома (посебно за дете над две години) и тоа како има разлика..

    Ајде нека биде ,,затупено,, да не се увреди некој...а стварно ли со цел да си ги оправдате вашите одлуки цврсто верувате дека жена дома (невклучувајки мајка татко баба) ќе се потруди повеќе да ви го научи, воспита и социјализира детето од градинка?!
     
    Последна измена од модератор: 29 јули 2018
  8. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.087
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми оди во приватна градинка, на 4 саати. Има 2 и пол години. Тоа е најдобрата одлука која сум ја направила. Научи многу работи:
    1. Се социјализира, и за разлика од порано, сега знае како треба да се игра со дечиња. Си стекна и другарка со која нон стоп таму се заедно.
    2. Откако ќе јаде си го крева приборот од маса, и го носи во кујната. Тоа дефинитивно јас не ја научив, и сум многу пријатно изненадена.
    3. Знае да чека на ред, а порано не знеше. Сега во паркот, знае дека треба да ги почека дечињата пред неа да се лизнат, па таа да дојде на ред.
    4. Зборувањето и се подобри за 500% за кратко време. Ќерка ми не зборуваше па речиси воопшто.
    5. Во приватната градинка каде што оди, не се делени по возраст, заедно се од 1,5 година до 6 години. Таму научи дека треба да ги пази помалите, а неа да ја пазат поголемите. Учетелките ги учат да се почитуваат и да си играат без оглед на возраста. еднаш едно девојче ја покани ќерка ми на роденден. Сите дечиња од градинката (беа поголемки), кога стигнавме во игротеката, ја зедоа ќерка ми, и ја пазеа цело време иако никој не им рече. Сфатив дека така си се учени во градинка. Многу убаво, ми се наполни срцето.
    6. Пречекана е во градинката со насмевка и прегратка, а исто така е и испратена, од страна на учителките.

    Има уште многу да се кажува, ама ете во кратки црти, презадоволна сум :)
     
    На zuto, Neodlucna, Ingvild и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.595
    Koja градинка?
     
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Јас никаде не го реков тоа. ама и никаде не навредив за разлика од тебе
     
    На M&M, Annath и NarCis@ им се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.595
    Отворете тема дали градинка или дома. Ако може искуства за приватна градинка плис. Се мислам меѓу Грин и Колорес.
     
    На Meckicja и kukla21 им се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.468
    Допаѓања:
    82.143
    Пол:
    Женски
    Во градинка или игротека со дневен престој оди керка ти ?
    Група мешана со 1,5 и 5,5 годиши деца кои треба да работат по програма ,не е во ред.
    Како одржуваат активности за деца кои ке појдат во училиште и јасли?
    Или се лимитирани во простор?
    Активности се планираат спрема психофизичката зрелост.

    Јас Грин не би,ти како сакаш.
     
    Последна измена од модератор: 29 јули 2018
    На Kitten, wannaBeMomma и NarCis@ им се допаѓа ова.
  13. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.087
    Пол:
    Женски
    Центар за ран детски развој, поточно! И имаат програма, најчесто ги делат во башка кога имаат некои специфични вежби за возраста. Инаку кога цртаат заедно цртаат, заедно лепат, заедно прават се.
    Знам еднаш поголемките учеа за годишни времиња, а помалите во друга соба играа нешто друго во меѓувреме. Ама во принцип, ако лепат колажи, лепат сите, од најмали до најголеми, ако цртаат сонце и планети, поголемите цртаат, помалите бојат испечатени, како боенка. Секоја активност им е прилагодена за сите заедно да работат, а сепак да е соодветно на возраста.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.468
    Допаѓања:
    82.143
    Пол:
    Женски
    Во ред, така и си мислев ,твоето дете оди во центар за ран детски развој,тие беа финансирани преку проекти на УНИЦЕФ порано, и децата кои одат во овие центри немаат организирана исхрана и спиење.

    Но сепак различно е од градинка,во нормативите во формирање на групите и згрижувањето на децата,и целокупниот престој,додека воспитно образовната програма е иста.
     
    На Mari-Li, wannaBeMomma и NarCis@ им се допаѓа ова.
  15. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.193
    Значи не е градинка така?
     
  16. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.847
    Пол:
    Женски
    Не е. Колорес имаше едно време таков центар за згрижување, во Автокоманда беше. Не знам дали уште постои.
     
    На wannaBeMomma му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.218
    Допаѓања:
    2.653
    Јас сум за приватна градинка, али ова затупено дете е дно од коментар.
    Мојата е во британската, и е исто на улица. Со грин имам катастрофално искуство, а она е залепена на илинденска, не дека се наоѓа сред шума па таму шумски воздух, голема работа ако е до парк. Важно е да има двор да, али секаде се дише воздух скопски.
    Небитно, секој си бира по свои критериуми


    Грин никако. Изворче е во близина, ја погледна таа?
     
    Последна измена: 27 јули 2018
    На M&M и Dust им се допаѓа ова.
  18. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.087
    Пол:
    Женски
    Ова не е финансирано преку УНИЦЕФ, сами си плаќаме приватно. Има 3 оброци, од кои еден е манџа (ќерка ми фаќа 2 од нив). Имаат душеци доколку им се приспие на децата, спиењето не им е во програма, ама има дечиња што преспиваат. Така да, дали се вика приватна градинка, или поинаку, потребите на моето дете се задоволени во поглед на јадење, спиење, едукација, игра и сл. Мојата ќерка е на 4 саати, не преспива, освен ако не и се спие многу, ама таму има дечиња што одат и по 8 саати од година и пол, таман работа ако не преспиваат. Во центарот има воспитувачки, негователки, психолог и дефектолог.
     
  19. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.218
    Допаѓања:
    2.653
    Каде е центарот и како се вика? Интересно е како опција, може ќе затреба некогаш :)
     
  20. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.087
    Пол:
    Женски
    Не е во Скопје, во Битола е!
     
    На Mari-Li му/ѝ се допаѓа ова.