Во големата група се 12 со две. Две големи групи се. Помалите групи се 8 со две. Јадењето е поевтино оти се купува голема количина. Така се компензира. Кога не беше економично од 12 отидоа на 19 000.
Точно така. Нема финансиска исплатливост. И две учителки на 3 деца се само во филмот на родителите и на врата на прием. Не постои група со две учителки. Од јасли до голема се по една . И една резервна во цела градинка која е на испомош на сите групи. Сите вработени се пријавени на минималец , другото на рака.
Може сме глупи, сите родители до еден што не знаеме да броиме до два, а што секој ден сме носеле деца. И децата ни се глупи до два да бројат, оти две жени им е тешко да ги видат цел ден со нив. Не си носела дете у приватна и не знаеш. Или па твоето дете не ти кажувало ништо од градинка па мислиш и нашите не кажувале. Точно знам која учителка кога била и кој ден и кое време. И кога одела секоја на одмор. И на приредба се истите жени. Не сме толку дебилни.
Може и се погодил таков период на Косми, бидејќи се случувало барем и во нашата градинка (сигурно и секоја градинка своја политика) ама генерално биле по две учителки (во едната група и три). Само овде во јасли на две учителки се повеќе, околу 10 дечиња. И во поголемите групи по околу 12-18 деца. Инаку да, децата секогаш знаат се. Знаат која била од сабајле, која дошла втора смена, која закаснила. Која била со нив, која дошла да ги припази, на која и било лошо, имала температура... итн.
Ве молам ако некој има свежо искуство од Колорес и Литл ми во Аеродром конкретно за предучилишна возраст да сподели искуство. Конкретно ме интересира дали ги мешаат групите со помали дечиња, дали навистина имаат некоја програма за подготовка во училиште, колку деца се во група и како сте задоволни генерално. Исчитав доста страници наназад ама не најдов конкретно мислење за предучилишните деца, а не знам дали групите де споени.
Здраво Мами, бидејќи слушам различни искуства за Колорес Аеродром, црвенкапа и литл ме ќе може некоја мама да ме насочи што е задоволна од приватна градинка за чување не сакам жени едно што незнам како би ја чувале ќерка ми а друго што повеќе дружба би и забава би имала секако во градинка може и ваши препораки ако имате за други приватни градинки да напоменам дека барам во Аеродром фала однапред
Моето оди скоро 4г во Црвенкапа. Јас сум задоволна, супер е персоналот и за сите овие години не е сменет.
Ве молам дали има некој искуство со greenhouse или IPs да сподели, или препорака за приватна градинка во општина Карпош
Дали има некој искуство со градинката “Мара Бубамара” во Тафталиџе во уличката до “Дрен”? Колку се плаќа месечно и како сте задоволни?
Немам лично искуство сеуште ми е мало бебето но доста ги имам нагледувано. IPs ги гледам постојано се со дечињата надвор плус се покрај кеј ( ептен мирно место), но да знаеш се е на англиски јазик. Имаш приватна градинка во Карпош 4 - Пиколини, кои исто така ги вадат дечињата но воспитувачките се жив хаос. Имам седено карши на клупа и ги гледам со кафето, цигарата к “ги надгледуваат децата”, со тоа што постојано се издераваат на нив. Јас лично не би го пуштила моето бебе таму. Јаха Кемал исто имаат градинка. Можеш амичи да ги разгледаш они ми се фантастични, не знам колку пати ги имам сретнато како ги шетаат малите низ парк со елечиња што е преслатко.
да имаа поголем двор Амичи веднаш таму ке ја запишев, имаме многи познсти што ги носат таму дечињата и бевме да ја видиме пречисто е, се е ново, вложуваат постојано и газдите се срциња. ИПС исто ја видовме, собравме и искуства од познти, многу често менуваат персонал, просториите им се премали, ама навистина премали, се фрапирав буквално, не ми се веруваше како пуштаат родители таму деца. Јас сум многу за англиски да изучува и ај некако ќе се помирев со малите простории ама фактот дека не ги изнесуваат секој ден надвор… на таков двор, не можам да разберам. Моето треба да почне во јасли и отворено ни беше кажано, дури и кога ги изнесуваат се во количка. Инаку поделени им се странци во една, македончиња во др група
инаку кога веќе спомнав за простор и на амичи им се мали занималните на прв спрат, не толку колку ips ама сепак мали. Просторијата горе зс поголеми дечиња е пространа и преубава со одделена просторија за спиење. Ни кажаа дека ќе доградуваат и сала и библиотека…
Ако не ти е далеку можеш да видиш и во Никулец. Не знам за колкаво детенце станува збор, ама и они се супер градинка
Мајки од каде земате топлинки за децата? Ние досега од Кеги и К&к земавме. Од Цицибан дали сте задоволни?