Јас незнам ниту една група кај што има 30 деца. Кај син ми горе долу идеа 11,12 дечиња стални, кај ќерка ми сега се максимум 15.
Кај моето во јасли државна градинка беа 8-10 деца. Почна на 10 месеци и повеќе од доволно му беше посветено внимание.
Епа еве јас знам, пред да го запишувам се распрашав, во јасли се 25 деца, од 8 месеци до 2 год. Незнам што толку се запнавте да се објаснувате кој каде му одговара нека го носи, јас немам убаво искуство и тоа е тоа
Како што кажав во градинката кај мене се 25 во јасли, нити има место да го примат а и не се замараат како што пишав претходно, секој со свое искуство, секој за себе.
25 на список, во најмалите групи секогаш одат најмногу пола од вкупниот број. Никој не ве убедува, секој со својата одлука, ама не ги претставувајте државните во погрњшно светло.
А ти па од кај знаеш дали имам искуство или не. Еве и ти правиш претпоставка, не си ни прочитала што пишав погоре, сигурно нема да плаќам 300 евра месечно ако немав лоши искуства. И никој тебе не ти кажува кај да си го носиш детето, секој за себе, јас зборам од МОЕ искуство а не од предпоставки.. свашта
ТВОЕ искуство ќе имаш кога твоето дете ќе ти иде во градинката, што не е случај. И никој тука не ти кажа каде да го носиш детето, ти реплицираме затоа што ги нападна државните градинки без притоа да имаш лично искуство, туку само рекла-казала муабети.
Океј, така нека ти биде, немам потреба да се објаснувам повеќе, неморам свое бебе да пратам за да знам, имам помал брат и сестра, а јас не нападнав никого туку само повторив тоа што ми го кажа самата воспитувачка во државната градинка. Вие напаѓате со тоа што ние што носиме во приватна поради х причини изледаме како да измислуваме и еве сега јас овде со тебе да се објаснувам зошто.. Нема поента да се објаснувам повеќе, и да МОЕ искуство е. Убав ден
Ја нападнавте членката а денес вадат во медиумите дека во Карпош е 1 (ЕДНА) воспитувачка на 25 БЕБИЊА. Тие се добрите државни градинки? Или и медиумите лошо ги претставуваат? Нема врска што е лоша исхраната, нема врска што е лоша услугата, нема врска што е факинг една на 25 бебиња, битно приватните градинки не ги бива.. https://www.slobodenpecat.mk/na-gra...-25-deca-vo-jasli-se-grizhi-edna-neguvatelka/
И јас истото го зборам ама џабе, јас дека имам вишок пари и плаќам 300 евра онака од ќеф, знаеш... абе Бог да чува.
Супер на сите оние кои имаат најпозитивно искуство со државни градинки. Имав и јас со првото дете. Прекрасно, уште ги бара воспитачките. Со второто?! ПЕКОЛ! 23 деца од кои 20 секој ден беа присутни. 5 месеци јадеше чоколино затоа што расипан беше блендерот. Немавме дозвола да однесеме нов ни да носиме храна од дома, дека не било од здравствена причина барањето за храна од дома. Детево по година и пол (срамота за нас како родители што мислевме ќе се навикне) го отпишавме со такви трауми, со такви стравови за на крај детски невролог да ни каже не детево ви нема друг проблем, истрауматизиран е, сменете средина. Не ми се плакаат ни мене 300 евра ама престана да се плаши, да го покрива лицето со рацете,да се тресе неконтролирано и сега се смее кога оди во градинка. Почна да зборува веке правиме 3 зборови во реченица. По 4 ден веќе спиеше.Уште има трауми за надминување. Ама додека сфативме што е проблемот, 200 ума ни пројдоа аутизам задоцнет развој несоцијалност екранизација и што уште не. Уште 3 деца од неговата група се со слични проблеми. Муабетов ми е после нашата пријава и откако востановија пропусти и проблеми,единствена “казнена' мерка беше да се премести воспитачката кај други деца во друг клон, да и дадат писмено да не прави веќе така, не е во ред да се тепа дете,а нас препорака да пробаме во приватна за да ни се навикне детето, па стојат на располагање ако сакаме да се вратиме. И молба да не објавуваме по медуми,да не си ПРАВИМЕ поголеми проблеми. И може на моето дете му се погодило така, но не смее тоа да се случува на ниту едно детенце.Не се тие статистички бројки.И дека повеќе ги гледаат во приватна ги гледаат. И дека имаат повеќе активности,дефинитивно имаат.
Жалам што ова си го поминала, слично беше и кај мене со брат ми и сестра ми, и да, не се разговара многу на оваа тема јавно а стварно треба... не е нормално ова што се прави а и нема кај да се пожалиме, што викаш ништо нема да направат само ќе ја преместат и никому ништо, а детето истрауматизирано од такви ненормални дома што не ги сакаат па на деца им се силат. А и да, многу логично дека повеќе ги чуваат кога се 2 на 8 дечиња, а не 2 на 25, или во случајов погоре 1... о.о И да сака, неможе да ги гледа како што треба
@TamaraR и те како треба да се зборува. Треба да се зборува и за добрите искуства секако ама и за лошите. Најлош момент во животот ми беше првиот преглед кај невролог кога ме праша дали ние детето дома го тепаме или малтретираме на било каков начин.
Никогаш не призна ништо, ние со цел памет па пак го носевме “ да се превикни детево“. Откако докторот ни ги посочи знаците, кога ја направивме голема, директорката ја искара “ не се тепаат деца“, а таа упорно ни велеше неможете да докажете. И баш докази немаме, ама како бргу ја преместија со цел да избегнат јавно да објавиме ни се потврдија сомнежите. Од сегашна гледна точка многу ми е мака што јавно не објавив туку само на инспекторат пријавивме,ама повеќе бевме насочени кон детенцето. Еве сега е супер,не реагира така , со кеф си оди во градинка.
Се сложувам, и те како треба јавно да се каже и за градинката и за воспитувачката. Име и презиме, слика и само така ќе се влијае врз таквите што верувам ги има повеќе низ градинките. Не се децата криви за нивното незадоволство и тажен живот што го носат на работа па се силат на нив.
Те молам барем името на градинката кажи го, да знаеме сите кога веќе е вакво страшно искуство таму, мада и воспитувачката треба да се знае чим ја преместувале