Здраво на сите,Се мислам за градинката Амичи,дали сте задоволни од условите кои ги пружа градинката?исто така ме интересира и искуство за државната градинка Кочо Рацин-Наум Н. Борче? И кога сметате дека е најсоодветно да се прати детето во градинка,се мислев на 9 м но некои викаат да пролонгирам ако можам повеќе. Ви благодарам
Мајки знаете дали е пракса и нормално дечињата да имаат заеднички активности со другите групи, т.е. дали ги мешаат? Пример јасли кај што се 5 да играат со следната група или да јадат, спијат?
Здраво Ве молам за информација кои се приватни градинки во Битола, специфично кои имаат јасли? Во државна уште не го имаат примено, не сме ни сигурни дали ќе го пуштиме, ама сакам да имам повеќе информации. Освен Мали чекори, дали некои други имаат јасли? Кои се условите?
Колкаво е детето? Немам искуство со приватни ама од една година нагоре примаат само во Downtown. Останатите сите се од 2+ и 3+ години. Државните горе, долу, се исти сите.
Луда учителка што се дере, тепа, штиопе може секаде да се погоди Затоа треба да се гледа детето како реагира и откако ќе прозбори да му се верува што кажува. И не. Не е хорор јасли. Кој сака да му плачат деца цело време? Оди до јасли во градинака, тишина е. Јадат, имаат куп играчки, и се грижат за децата. Можеби зависи и од градинка до градинка, ама еве јас имам дете со милион алергии, на млеко, на јајце, на праска, на јатки, анафилакса прави пд кикирики.. учителките погрижливи не може да бидат , му прават посебно јадење, има забрана за цела група да носи смоки (некогаш ако частат за роденден), мирисаше на парфемот на учителката од што го држеше во раце на адаптација, надвор кога ќе ја види оди да ја гушне. Праќаат слики, се јавуваат на телефон, одговараат на сите прашања. Пред некој ден ми се јави да ме праша што да прави дека се уцрвенил на лицето. Секогаш е чист, преслечен. Во истата градинка ми е и големиот син, точно се кажува што прават во градинка, кои учителки се добри, кои караат. Не заборавајте, луѓе се и тие. Како и сите други. И ќе се погоди некој никаков, и затоа е наше да реагираме, ама не и да имаме потполна доверба во приватни , а 0 во државни. Кога и да прашаш учителка, сите сакаат да работат го државна градинка, заради подобри услови.
Сметам дека со плуд учителка/негувателка би било идеално. Владата треба ова конечно да го смени. особено што државно земаат чести боледувања,кај ќерка ми се пример повозрасни и стално отсутни. Сега имаат девојчиња со договор на дело ангажирани на пола работно време , гледам дека е подобро така. Но тоа со две , од времето на дедо Ное дефинитивно треба да се смени. Три е идеално.
Колку што сум информирана планот е градинките да одат под образование и да се компензира кадарот што фали во градинките (а доста фали) со вишокот од образование. Ако гледаш податоци, само 42% од децата одат во градинка во последната година пред да почнат школо (значи 5+ години). На помала возраст процентот е помал, кај јасли ептен мал. Просекот на ЕУ држава е 96% деца да одат во градинка. Фалат и градинки и учителки. Може тоа државата да ѕо реши делумно и со субвенционирање на приватните, ама секако е долга темава.