За Амичи јас прашав дека моето треба да тргне наредна недела и ми рекоа не се користат никакви екрани. По правило во ниедна градинка не треба, без разлика дали е државна или приватна. Јас бев уплашена да не користат за да го залажуваат за јадење.
Да сподели некој дали знае некоја приватна градинка во Центар (околу Градска болница, Олимписки.....) или Аеродром и како сте задоволни. Фала
Здраво. Имам потреба да ја пратам малата на градинка од 9 месеци, но ме загрижува исхраната. Сега има 7 месеци и освен мајчино млеко речиси ништо друго не сака. Секој ден и правам домашни кашички, но јаде по 3-4 лажички максимум. Какво е вашето искуство со бебиња на доење во градинка на таа возраст? Дали дозволуваат измолзено млеко да се остави? Споделете било какво искуство за оваа возраст (вируси, предизвици и сл.) Фала ви
До 9 месеци ќе почне да јаде повеќе, не се секирај.Кај бебињата секој месец прави разлика. Еве да ти споделам со син ми искуство зашто тој ми беше на доење.Од 6 месеци почнавме со храна (кашички блендирани), во градинка почна точно на 9 месеци. Го доев сабајле пред работа и после работа, односно после градинка. Таму јадеше баш се, немаше никаков проблем, од втор ден го остававме по цел ден. Супер прифати. Прв пат се разболе после две недели од градинка (што е нормално). Се разболуваше во месецот еднаш, еднаш на два месеци, ама не беше ништо страшно.Моите и двете одат во Црвенкапа (приватната) и немам зборови колку многу сум задоволна. Секако многу значи и до детето, ама верувам и до самата градинка. Имам веќе пишувано за ова, првото ми одеше исто во друга приватна градинка, ама имавме толку лошо искуство што после една година ја отпишавме од таму.Од прв до последен ден, со плачење ја остававме и не знам колку пати се разболе додека беше таму. Така што моето искуство со две деца во две различни приватни градинки е многу различно.Во мојот случај верувам дека разликата ја направи самата градинка.
Не е наивна ,туку само на себе мисли чисто капиталистички и само мојата срека е најбитна.Ако таа жена не е задоволна од условите што и ги нудат ,него ете мора така мисли ли некој дека баш убаво ке чува деца или ке чека ден да помине. Второ овие воспитувачките многу стари биле и зимале боледување,па ај нека ги избркаат од работа или ЕЛИ 25,нека лета од каде што работи ,зашто е стара и има млад кадар да ја замени.Чиста ЗЛОБА.
Мајки, ме интересира за јасли во грин хаус или пак колорес во карпош? Каков е пристапот кон бебенцата? За дремките? Мојот неќе ни цуцла, ни па некој друг да го успива барем засега… исто contact napping сака можеби ќе смени до 9 месеци ама страв ме фаќа да не не ми го примат, а немам воопшто никој да ми го чува Како е за упис по приватниве? Треба ли да чекаме исто како и по државниве ако нема место и слично? Може глупави прашања ама прво ми е и не знам воопшто како оди за упис во градинка. Уште ни е рано, ама да почнам да се спремам психички.. и
И јас чекам мислење за јасли во Грин хаус, решена сум за таму само сакав да прочитам лично искуство. Инаку, општо во сите градинки можат само на почеток да го занишкаат ако плаче, ако не ги легнуваат во креветче и така заспиваат. Тоа не е причина да не го примат во градинка, групите се формираат секој септември така да, би имало место.
Можам да ти одговорам за Колорес ама во Аеродром , презадоволна сум Го пуштив на 8 месеци , Освен нишкање во раце друг начин за заспивање не знаеше им објаснив све без проблем го заспива така и ми напомена дека ќе го учат да си заспива сам ( каков начин употребуваат не знам ама за некоја недела веќе си заспиваше сам и дома . Добивам информации во секое време за него . За чекање не чекавме одма се запиша . Сега има скоро 2 години , трча накај градинка дури ни чао не ми вика .
Мали чекори е одлична градинка, учителки негователки сите се многу добри се грижат за децата, имаат активности различни секој ден, ако е топло ги вадат и надвор да си поиграат, не сме имале некој проблем се е супер.