Нас ни се погоди, уште е во мала група, до сега сме задоволни, во однос на хигиена, многу внимание се посветува на самостојност, си ја сака градинката, учи, јаде, спие Ако има промена ќе пријавам
Предложете ми приватна градинка со добра храна, да нема големи групи на деца и да не кријат кога има болни деца туку да пренесуваат на родители? Благодарам
Мајќи дали некој има искуство со градинката "веселата дружина"-козле ми искочи на инстаграм и како е таму? Искуства споделете со јасли било која приватна и државна градинка ве молам
Луѓе предложете приватна градинка - јасли, во реон Карпош/Тафталиџе. Битно ми е да имаат убава храна, и да се има хигиена. Пелени сменети на време. И да не ги затвараат во боксови сами и да ги оставаат да плачат до зајдување. Аплициравме во државните, ама нема никаков абер. Да си ја фатам работата дури не е доцна, од август ми треба да тргне.