Приватни градинки

Дискусија во 'Дете' започната од Lady*Bug, 14 јануари 2018.

  1. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    700
    Допаѓања:
    821
    Пол:
    Женски
    Секој има различно искуство и ти можеше во посебен пост да се изнафалиш. Ти одбра да ме цитираш и фактот дека кажа дека нема друга градинка со толку активности, не проба да ме разбереш воопшто туку иако беше кажано кој беше нивниот одговор, ти ми тврдиш дека моето дете не плачело, се правиш дека ти знаеш повеќе од мене за моето бебе, дава насоки дека си од градинката.
    Сеуште е чудно како ти знаеш за кое бебе се работи бидејќи не кажав никаде дека тие слики се објавени јавно.

    На крај на денот да ми речеа уморен беше му се спиеше го земавме за брзо време мене ќе ме успокоеа како родител или да добиев одговор од директорката дека има недоразбирање некое. Јас првпат се пожалив иако тој беше таму запишан од април месец и ти побрза да ме брендираш како тежок родител.

    Иначе доволно се паметни мајките да истражат дека не сте единствената градинка со активности. Да не се лажеме има мал милион приватни градинки во Скопјево кои нудат и многу повеќе од вашата градинка.
    На крај на денот, јас не сум член на форумов од денес како тебе ....
     
    На Maricheee, Feniksgirl, Madi и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Ednadevojka1

    Ednadevojka1 Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски

    Многу ми е жал што сте имале вакво искуство.. се надевам дека двете страни ќе ја надминат оваа ситуација и ќе научат тоа што треба за да не се повторуваат немили ситуации.. особено кога се работи за бебиња/дечиња, ниедна мајка не сака да си го гледа детето вознемирено, особено кога е само, во институција на која родителите и ја довериле својата доверба.
    Искрено се надевам дека новата градинка во која ќе одлучите да го запишете детето ќе ви понуди подобар третман, и на вас и на вашето детенце.
     
    На marrisa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    700
    Допаѓања:
    821
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам мила. Се надевам дека и ти ќе си најдеш соодветна градинка за твоето детенце.

    Ние го запишавме во Green House па се надевам се ќе е во ред.
    И Пиколини беше преубава . И двете имаат ептен убави дворови, да може децата да се изнатрчаат.

    Се одлучивме за Green House само поради менито за исхрана, меѓутоа и Пиколини мене ми остави многу убав впечаток.
     
    На Ednadevojka1 и Mihaela123456 им се допаѓа ова.
  4. Pelce10

    Pelce10 Нов член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2025
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Zdravo zenski, dali moze da mi preporacate privatna gradinka vo Aerodrom i dali se cenite isti za pomali i pogolemi deca? ❤️
     
  5. Mihaela123456

    Mihaela123456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2021
    Пораки:
    1.712
    Допаѓања:
    2.749
    Искуства, дали е ова вака?
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_5874.png
      IMG_5874.png
      Големина на фајлот:
      297,1 KB
      Прегледи:
      125
  6. Sparky.99

    Sparky.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2020
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    172
    Mn loso iskustvo so gradinkata I hranata e uzas
     
  7. kroasan

    kroasan Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2016
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Сакам да споделам искуство со градинката Little me во Аеродром. Почнавме во градинката, процес на адаптација и уште од старт не ни се допаѓаше начинот на којшто ги земаат децата. Наеднаш го земаат од раце и ти ја трескаат вратата пред нос и детето почнува да хистеризира. Си го прегризавме јазикот, си рековме знаат тие подобро.
    Прв ден ужас, втор ден подобро, трет ден доста подобро.
    Сопругот го носеше детето и не му ни кажувале што и како поминало, само трескање врата и толку.
    После некој ден јас го носам детето и одма друг пристап, Жане на врата и вели Влези влези, не стоите надвор. Доаѓа воспитувачката и детето почнува да крева паника, го смирувам и ми го грабат од раце, полесно било така... океј.
    После пауза, бидејќи закачивме бактерија, пак почнуваме со одење и детево прекинува да јаде, прекинуваат да дават информации. Прашувам зошто, рекоа ќе ни кажеле и сега треба да имаме разговор со нив.
    Почнав да бидам досадна и да ги прашувам константно што прави детето, и ми кажуваат во ред е не плачи, само неќе да јаде неќе да игра, работете на тоа вие.
    А само штом ќе спомнеме одење во градинка детето почнува да си кажува плаче плаче, не не не не.
    Сфаќам дека е тешко, има плачење, ама ми е неприфатливо лажење дека не плачело и дека се е во ред, а секој ден детето е со отечени очи.
    Патем, еден ден маж ми кога отишол да го земе детето, поминал под прозор и слушнал како се дерат на децата "Невоспитан ниеден!".
    Сега веќе се изнервиравме, 19 500 денари месечно не се малку пари за детето да е изолирано и да не ни праќаат ниедна слика (на апликација прикачуваат слики од група, и само неколку деца се секогаш сликани, нашето го нема никаде), најверојатно зошто плаче и да не гледаат и другите родители, да не јаде ништо таму и после дома да се растура од пиење и јадење, и мене да ми кажуваат дека ние треба да поработиме на тоа.
    Патем не верувам дека менито за исхрана е баш тоа што го кажуваат, мене ми рекоа кифли му давале, а пишува само ги ранеле со интегрален леб, не дека ми пречат кифлите, само се ми изгледа дека е претстава.
    Се надевам другите имате подобро искуство...
     
    На H3yH0, Sparky.99 и kozuf им се допаѓа ова.
  8. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.349
    Допаѓања:
    3.386
    Пол:
    Женски
    Кога станува збор да плаќам градинка 300 евра, сакам фул услуга да има спрема моето дете. Според ова што го кажуваш јас не ја гледам разликата со тоа што ќе го добиете од државна градинка дууури државната може и да е подобра (зависи каде) и поголема нега да добие детето.
    Како второ, какви што ги претставуваат приватните градинки малото би требало да е адаптирано уште трети ден. Моето уште од четврти ден ми мафта за чао, ја зима воспитувачката за рака и си продолжува. ВО ДРЖАВНА ГРАДИНКА.
    И како трето, треба ако ЈАС сакам на секои 5 мин ќе ми праќаш слика бидејќи те плаќам факинг 300 евра. Ако не можеш тогаш што се разликувате од државните?!
    Те молам како совет не му правите стрес на малото, не му е убаво и си кажува! Пробајте друга градинка
     
    На monibejbi, kroasan, Baby-bubu и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Moni bonboni

    Moni bonboni Активен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2024
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    8
     
  10. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.035
    Допаѓања:
    8.364
    Пол:
    Женски
    @kroasan , немам искуство со приватна, чисто за споредба во државна кај детево мое се сликани сите деца. И некое плаче на сликите, и некое што седи настрана. И во група и од активности. Се случило и на слика да е сликана некоја активност, а во позадина 2 деца се тегнат за алишта и за играчки.
    Сосема нормална слика за 2 годишници на кои не им е се во секој момент погодено.
     
    На kroasan, TammiB5 и kozuf им се допаѓа ова.
  11. Moni bonboni

    Moni bonboni Активен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2024
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    8
    Доволен показател ти е самото дете и неговата реакција,бидејки таа се должи на доживувањата таму.Сето тоа околу менито е вистина,едно е напишано и нафилувано да изгледа преубаво,а сосема е друго внатре.Сите тие слики што се презентираат е маркетинг,се селектираат најубавите и тие се пуштаат.А госпожата Жане е толку слаткоречива и толку знае да ја намонтира прикаската, како се е совршено,нормално она нема да ви каже да детето ви плаче цел ден,тоа не и оди во прилог од финансиска страна.
     
    На kroasan, marrisa, FarfallaBlu и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    700
    Допаѓања:
    821
    Пол:
    Женски
    Само да ти кажам дека еве ние неделава почнавме со адаптација во Green House и е светлосни години подобро од Амичи.

    Поседовме вчера сите тројца надвор со негователката, го оставивме да се опушти околу нејзе и почна да и се смее. Кога го зема за нагоре не плачеше. После тоа беа транспарентни и ни кажаа дека иако беше кратко внатре дека се расплакал што е нормално.

    Денес без никаков проблем отиде кај нејзе и не плачеше. И кога го земав накај 12 се гледаше дека убаво си поминал, дури гледаше за внатре пак да се врати. Ми кажаа дури дека поплакал еден период кога го изнесле дека очекувал дека ќе го земеме ама дека тоа е период дека секој ден ги вадат надвор и ќе сфати дека не е за земање туку да си игра на отворено.

    Во Амичи иако беше адаптиран од претходно цел сепрември секое сабајле се утепуваше од плачење. И таму така го земаат одма. И таму имав чуство дека ме лажат.

    Ваму им кажав дека предуслов да седи е да се транспаретни и се надевам така ќе остане.

    Се работи за твои пари и за твоето дете. Јас бев слепа кога се гледаше дека е вознемирен и на земање и дома беше вознемирен после тоа. Не ја прави мојата грешка. Бори се за детето. Му благодарам на господ што се случи тоа што се случи за да сфатам дека сум била будала што сум ќутела.

    Второ сфатив колку значи голем двор. Кога го оставаме дека е покасно поради адаптација, трчаат дечиња надвор во дворот и си играат, се бркаат. Кој сака нека каже, на децата им треба простор голем каде што ќе се изнатрчаат, а не минијатура дворче.

    За менито исто во Амичи лажеа... пишуваше две ужинки а имаа една...
     
    На kroasan, MilaSs12 и kozuf им се допаѓа ова.
  13. Carolin.

    Carolin. Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.623
    Допаѓања:
    20.351
    Пол:
    Женски

    Моево тргна во септември во државна градинка, јас повеќе информации имам за моето дете отколку ти. Отиде брат ми да го земе јас не им кажав, негователката на телефон ми се јави дали јас сум го пратила брат ми и ме замолија да ги извесувам кога некој друг го зема. Обавезно кажуваат јадел,пиел, спиел, не спиел, плачел итн. Праќаат слики во групата на вибер кога имаат активности ама обавезно ги има сите деца.
    Јас за тие пари бога ми многу подобар третман би очекувала.
     
    На DaftyCrafty, kroasan, marrisa и 2 други им се допаѓа ова.
  14. kroasan

    kroasan Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2016
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите, ние секако одлучивме да го презапишеме детето во државна, само сакав целото искуство да го опишам. Иначе кога ни беше платен првиот месец, Жане ја немаше да не праша каде сме 2 недели, зошто детето не доаѓа во градинка, болни бевме, а вториов месец не сме платиле уште и после 2 дена веднаш не контактира каде сме и дали сме добри. И исто ветување имаше дека ги враќале болните на врата, а како што гледам па и не е баш така.
     
    На TammiB5 и marrisa им се допаѓа ова.
  15. Silvi00

    Silvi00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2020
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, дали знаете дали може дете да се запише во приватна градинка да се проба пример еден месец, а за тој месец да не се отпише од државна градинка. Не сум задоволна од државната градинка, а не знам дали ќе прифати промена, нови деца и учителки. Дали се поврзани градинките, да не смее да биде пријавено дете на две места.
     
  16. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    2.067
    Допаѓања:
    1.629
    Пол:
    Женски
    незнам дали може само еден месец во приватна, јас кај што прашував во договорт стоеше три месеци. Не се поврзани градинките мислам, а за промена не се секирај јас моето од еден во друг објект на корчагин го префрлив и не ни примети
     
  17. beachedd

    beachedd Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2020
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Многу веројатно е дека се поврзани.
    Син ми беше запишан во државна градинка меѓутоа не ни се допадна и го префрливме во приватна.ж, амс не го отпишав со цел да плаќаме паушал одреден период и ако се створат услови понатаму да го вратам пак во државна.
    Меѓутоа ме исконтактираа од приватната дека не може да го пријават ( не разбрав точно каде, некое министерство спомна координсторката) бидејќи сеуште стои запишан во државна. Ова барем е случај со приватната градинка кај што го праќаме ние.
     
  18. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    2.269
    Lazga e Gazdaricata rece ke mi se javi da pocnam da rabotam i me izlaza dva pati ja barav!
     
  19. Moni bonboni

    Moni bonboni Активен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2024
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    8
    Bidi srekna sto ne si ni pocnala,tie se zivi prevaranti i lazovi,edno pisuva na oglasot za rabota,a sosema drugi se uslovite od davanje na del od platata na smetka,del na raka,od nedavanje na K-15,ke imas period koga nema da bide prijavena,docnenje so plata .
     
  20. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    2.067
    Допаѓања:
    1.629
    Пол:
    Женски
    Отпиши го мајка од таму, во државна повеќе се трудат кажуваат секој ден јадено спиено, немаат причина да лажат во државна, има денови кога ќе ми кажат мајка ништо нејќеше да јаде, мајка многу има зелени мрсули, мајка нејќеше да игра само на хранилка сакаше да седи. Негователките се предобри во Корчагин Пролет посветени, моето им тропа на врата за да влезе а 18месеци е, менито е супер прилагодено ништо повеќе немаат во приватните и се е ново огромен најмодерен објект со нови креветчиња, играчки. Ако имаш шанси запиши го таму. Достапни се и на вибер
     
    На kroasan му/ѝ се допаѓа ова.