Не спорам дека сте задоволни,но тие значи работат како приватна градинка,а имаат статут на центар за ран детски развој. Приватна градинка треба да работи според стандарди и нормативи ,а децата да имаат јасно одредена група,зошто имаат организирана исхрана и спиење,а немаат групи според возраст????????? Уствари,во помалите места и така функционираат,немаат доволно деца да формираат групи и затоа се сите на куп. Децата на возраст од 3 до 6 години треба да се опфатени во центри за ран детски развој.
Реков погоре НЕМААТ организирано спиење, имаат услови ако им се приспие на децата.. И има деца и помали од 3 години. Во други центри кај што прашував не примаа деца со пелени, и ако им се спие ги викаат родителите да си ги земат... овде имаат негователка вработено специјално за малечките дечиња. Не е ни важно дали е градинка или центар за ран детски развој, испаѓа дека е нешто измеѓу, и како и да е, е супер, и би требало повеќе такви места да има... не ти ја сфатив поентата на твоето цитирање, неколку пати. Сакаш да ме убедиш нешто? Да не сакаш иснпекција да им пратиш? Не те разбирам!!! Се зборува за ПРИВАТНИ градинки, па јас споделив искуство, затоа што ќерка ми оди во приватна установа, не е во државно, ниту плаќам жена. Зошто ми се закачи, и ме препрашуваш како некој иснпектор? Можеби моето убаво искуство ќе и помогне на некоја мајка при донесување одлуки. Порано на форумот многу беше попозитивно, шо знам!!! Толку сте негативни што и позитивно искуство на човек би го извртиле, само нешто негативно да испадне!
Полека малку,на форум се дискутира. Јас воопшто тебе не ти се закачив ниту за твоето позитивно искуство,но ги знам како функционираат и како треба да функционираат градинките и центрите,па затоа коментирав,бидејки треба да се знае каде се носи детето,во градинка или центар. Не им пракам инспекција,не се секирај .
Значи во ред е да дискутираме, ама некако многу инспекторски се настрои. Па дали било во ред да се заедно децата или не, дали требало да се јаде/спие или не. И знам разлики, јас сум наставник по професија, мајка ми е детски психолог, и точно знаеме што е што. Не сме од Марс паднати. Јас уште одма ти одговорив дека се води како Центар за ран детски развој, ама е нешто измеѓу, затоа што има исхрана, и негователки. Во мојот град има и приватни градинки, и центри.. исто има игротеки кои претпладне функционираат како престој. Оваа опција ми одговараше најмногу, затоа што е измеѓу. Мене искрено, тоа што се децата заедно многу ми се допаѓа затоа што учат како треба со деца од различни возрасти. Си имаат програма и активности, меѓутоа, заедно си играат во дворот, заедно јадат, заедно бојат и се грижат едни за други.
Mila tvoe pravo e dali tvoeto dete ke go cuva zena ili ne megutoa nikogas ne vikaj oti tie deca se zatupeni sto gi cuvaat zeni ete jas od bebe sto se vika do predsmolska vozrast odev na gradinka I pak sum povlecena I ne sum mnogu drustvena
И јас бев иста, повлечено дете, а во градинка сум од година. По мене секое дете е различен карактер, плус домашната атмосфера си има голем удел.
^^коментарот на членката е дно на дното ама и вие претерувате, кој пат да ја отворам темава никогаш не успевам искуство да прочитам! @jacqueline.s центарот е баш како што барам за бебе мое, уште во СК да беше, ама ќе се распрашам дури стасаме за тој момент, мора и тука да има нешто слично
И мене ми збоде очи ова ама мразам да се препукувам со мајки башка ај темава не е демек за ова. Ама веќе кога имам бекап од Лили да се изјаснам. Малава ќе прави уште малку 3г, ја чува жена, зборува на ниво на 4г, многу повеќе од скоро сите деца што се колку неа од населбава а одат во градинка, женава ја игра и анимира до максимум, ја учи песнички и на мак.и на англиски, шетаат си играат, има ред прекрасен. Да, ме кошта колку приватна градинка, и јас сум ептен за градинка да оди ама си имам мои причини зошто уште не оди така да тоа немам потреба да го објаснувам. И големиот ми го чуваше жена до 3г исто и за него можам да кажам. Така да не генерализирајте не се сите деца што седат дома затупени И ај да не сум офтопик, од пријателки имам слушнато многу позитивни критики за приватна градинка Црвенкапа во Аеродром, така да кој бара приватна градинка ос овој регион нека ја погледне.
Ко ќе ја видам темава раздвижена се мислам некое искуство е споделено, тоа едно па исто во круг. Докажување. И мене ме бендиса жаки што кажа. Градинка или центар, мање битно.
И јас ја следам темава за да прочитам искуство плус. И тие што ги фалат градинките бар да пишуваат која е градинката. Многу полесно би било.
@sunshine2015 цената им зависи од саатите, и ваљда дали и колку оброци фаќаат во тие саати. Јас 5000 плаќам.
На која возраст може најрано да се пушти дете во градинка? И ве молам за искуства за Лилипут градинката.
Има ли некоја мајка што детето и одело и во државна и приватна градинка да ми сподели искуство во однос на разболување? Мојот оди во државна со минимум 25 дечиња, и најмал вирус на плуќа го спушта, па размислувам дали приватна е подобра опција со оглед дека се доста помали групите, некој ми кажа 6-7 дечиња?
Ние немаме искуство во државна, но ете за приватна да пишам. Оди три месеца и до сега се нема разболено ниту еднаш, можеби е таков период кога нема многу вируси. Инаку се по три дечиња во група, има повеќе групи и ги мешаат при некои заеднички активности, пр.одење во зоо, активности во двор и сл.
Само 3 дечиња? За која градинка станува збор? Моето е скоро 2 год, за таа возраст ми рекоа познаници ептен биле мали групите. Иначе и во државна градинка имаше периоди кога одеше по 2-3месеци и тоа баш зима ама летово парче го направи, со алергии, пневмонии чуда па размислувам како да ги намалам шансите за разболување
Моето е 13 месеца, и јас бев подготвена дека ќе се разболува, не беше мешана со многу народ претходно, но фала богу добро е сега за сега. Инаку Колорес е градинката.
Фала на одговор. Следно сакав да прашав за Колорес аеродром мислења сега скоро ја отворија, чекам и други да споделат
Дали имате информации за литле ми во Кисела Вода? Најблиску ми е Кул кидс изгледа како подобра опција ама е подалеку а ке имам денови кога баба дедо ке го земаат малиот и затоа барам блиску.