Еден месец можда ќе истуркаш повеќе тешко, ги пријавуваат онлајн децата не памтам како беше. И јас така направив од приватната ми реагираа државната да го отпише за да може да го пријават онлајн.
Наутро ги пријавуваат во министерство за труд и социјала, градинките се под тоа министерство. Ова нас ни беше кажано во државна градинка, неверојатно колку малку или воопшто информации (не) ви даваат во приватните. Јас имам пристап до мени за храна, во колку часот се сите активности, на врата извештај за однесувањето и повремено и фотографии.
Здраво мајки. Планирав да ја запишам бебка во приватна градинка, но сега на мисла ми дојде и опција за жена која би ја чувала дома. Верувам дека повеќето од вас сте размислувале на оваа тема, па ве молам за мислење/став што е попаметно? Како да најдам нзс која опција е подобра. Градинка сакам поради социјализација, ама па некако потрауматично ми делува на почеток, додека со жена е полесно од аспект што нема да малтретирам дете натака навака на топло и ладно, но нема таква социјализација и треба гооолема доверба да пуштиш некој дома и да го оставиш бебето. Да не должам, ако има некој што исто се двоумел, ве молам за одговор што беше пресудно да ја донесете конечната одлука? Ви благодарам
Колкаво е детето? Не распознава дете социјализација до 2 год. Ако имаш можност жена да го чува, до 2год. па и до 3 год. после тоа во градинка. Мое мислење секако.
Подобро е со жена барем до 2 годишна возраст да е. Според мене. Не може да се социјализира толку мало. Но, секако, барајте жена во која би имале доверба.
Од аспект на настинки и слично би ти рекла подобро е со жена да седи дома. Не значи дека секое дете е исто, моево бар првата година повеќе беше дома од во градинка. И пак баби сервис користевме цело време, со тоа што и се вртевме со антибиотици, инхалации и се пропратно.
Јас не сакам да те предомислувам, ама моето тргна на градинка на 8 ипол месеци, во Пиколини е. Првите две недели си плачев бидејќи ми фалеше... Ама после тоа сфатив колку уствари и е добро на ќерка ми. Прелесно помина адаптацијата, прва дремка фати брзо ред да и е од 12 ч. Слики праќаат секој ден, она е секогаш насмеана, си игра. Насабајле кога ја носиме, кога ќе ги види децата уште на влез се смее, раце подава кон воспитувачките кога ја зимаат насабајле. Потоа кога одиме да ја земеме дома, не сака да дојде кај нас. А да не зборувам колкав прогрес имаше и во моторика, комуникација, социјализација. Исто и за храна, јаде ама буквално се' и количински машала. Мислам дека тоа што ги гледа другите деца како играат, спијат, јадат и тн, многу има позитивно влијание. Оди веќе скоро 5 месеци, се има разболено еднаш - после првата недела во градинка. Од тогаш да не ја заречам, нема ден отсуствувано поради разболување. Јас искрено се мислев што да правам - дали жена да барам барем дури помине есента и зимата, или да ја пратам. Ама од овој аспект сега, воопшто не згрешив што ја пратив на градинка.
Потврдувам. Во државните буквално е пазено секое дете и истото ми се случило, иако сум се најавила. Вртење броеви, испоседнување на децата да прашуваат колку често се гледаат со тетка им итн. Макар и кога некој што редовно ги носи, скршнува од рутината и има промена, исто така прашуваат. Обично се знае кој, како и кога носи, нема тука ти текнало остави дете на било кој.
Ти благодарам, најверојатно ке биде градинка затоа што немам некој кој би ми дал препорака за жена, а поголем стрес ке ми биде да ја оставам така. Јас “се тешам” дека полесно ке се адаптира на 9месеци, да не чекаме 2 години. Јас размислувам за Колорес. По колку деца се во група во јасли во Пиколини и колку е месечна рата?
Епа и затоа најмногу не се решив за жена. Како ќе ја најдам, како да и го доверам детето, дали само ќе гледа да е нахрането и со чиста пелена или и ќе го анимира... Дополнително, од моја околина блиски луѓе што знам дека со жена почнале, сите имаат негативно искуство и на крај во градинка ги однесоа. Инаку во Пиколини е 19900 ден месечно, 15 деца се во јасли. Ама во глобала се 10тина бебиња, цело време има некој што не доаѓа, или е болно и сл.
Little me и Cool Kids се приватни, а државна има на повеќе места клонови од Весели Цветови. Моето оди во Cool Kids, задоволни сме засега. 3-5 деца се во група јасли.
Лично никогаш дома не нби донела жена и да оставам бебе со неа. Јас немам доверба повеќе би го остабила во градинка. Веќе ако ги имам парите ќе го ставам до 2-3г во приватна па би го префрлила. Моето мислење е такво
Барем до 2 години не се препорачува градинка. Прво од аспект на социјализација апсолутно нема потреба, децата се многу мали и не разбираат а второ од аспект на разболување, имунитетот сеуште им е во развој и генерално многу се разболуваат. Моето оди од 1 година за жал но да имав можност за жена ќе одев со таа опција до 2 години. После тоа градинка.
I jas mislev kako tebe, no ispadna sprotivno. Go prativ od 18 meseci, ne se razboluva cesto. Se razboluva normalno, a gradinkata i te kako ima vlijanie od aspekt na motorika govor i slicno. Voopsto ne se soglasuvam so toa ne se preporacuva socijalizacija, jas stvarno neznam shto bi pravelo doma so baba ili zena po 12 casa, nasproti gradinka vo koja sekojdnevno imaat razni aktivnosti.