Дали може некоја да ми сподели искуство со Колорес Аеродром? Бебе на 9+месеци ке треба да тргне во градинка . Барам и жена за чување ама тешко се наоѓа.
Сакам да почнам да разгледувам градинки во карпош за да почне ќерка ми од септември/октомври ќе видиме како ќе биде. Тогаш ќе биде 15месеци. Како оди процесот има ли можност да се закаже состанок/ да се видат условите и да ни обајснат детали и некои прашања кои ми се важни? Да знам како да почнам за да го направам правилниот избор. Цената не ми е битна, сакам да е најдобрата градинка во однос храна/содржини/едукација и посветеност и однос на негувателки
Разгледувам граинки , и баш пред некој ден ми испратија од една комплет програма и мени како и лист да аплицирам. Јави се на неколку градинки каде ти одговара и закажи си да одиш кај нив . Обично на кај 17/18 часот примат родители за да може дa те внесат внатре за да ги видиш просториите каде се чуват децата. Е сега мајките со искуство нека споделат реална слика. Јас барам во КВ евентуално Аеродром . Сеуште ми е мал за градинка ама ако ненајдеме друго решение од јуни ке мора,
Здраво Дали ќе може да ми кажете од која градинка сте задоволни за дечиња од 4 години, во однос на активности за дечиња ?
Искуство со гринхаус? Цена; услуги; од-до; дали има хигиена; децата колку се болни??? Ако не ми е ок дали можам за месец два да ја извадам?
Немам дете во таа градинка или приватна. Ама имам на другарка, роднина што работи таму. За болни деца, има секаде. Без симптоми дете може да пренесе се. Она цела зима беше болна од децата. И во било која градинка, ако не ти одговара, можеш да си отпишеш дете.
Цело време ми изглегува реклама за максимилијан новава јасли група, има некој бебе таму да сподели реално искуство?
Јас не, син ми оди во друга приватна ама од блиски пријатели сега скоро прашуваа и ме беа задоволни. Во смисла воопшто не им влевале доверба персоналот, мада тоа е релативно. Мене ред флег ми беше што во занимална имале ТВ. Сепак е подобро да каже некој со лично искудтво, да не е рекла казала и секако кога ќе ја запишуваш и бираш - ќе видиш и сама.
Јас прашував бидејќи за некое време ќе се селиме во Козле, и блиску ќе ни е ептен. Цената која ми ја рекоа беше повисока од Пиколини каде што е ќерка ми сега во јасли. 450еу од месец. Најважно што ме одби е што ми рекоа дека наставата е на англиски. Јас сум ептен против такво нешто. Дополнително ми пратија некој леток за подетално. Имаат опција и за превоз, кој се доплаќа. И се сеќавам дека се доплаќаше и за meal service... И баш гледав дали има храна во основната цена од 450 еу, немаше храна наведено. Мислам дека цените им се превисоки искрено. Не знам што би му правеле на дете во јасли за таа сума.
Здраво. Може ли да ми кажете нешто повеќе за Пиколини? Сакаме од септември малата да ја запишеме во јасли, ќе има 9 месеци. Како сте задоволни? Фала