Сега гледам, извини. Супер е, ќерка ми ќе е во јасли до Ноември. Таму е од 8 месечна возраст. Учителките се префини и премили, се грижат стварно. Јас сум стварно презадоволна. Најадена, сменети пелени, активности имаат. Сега веќе кога оди сама и разбира повеќе, сама си оди низ дворот и влегува и оди накај училницата. Не се ни завртува по нас, да не бара или да плаче. Среќна е и кога ја носиме, и кога ја зимаме. Мене тоа ми е најбитно. Од аспект на разболување, отсуствуваше сипаници кога фати зимата - сите во група фатија. Ама ова е нормално, и искрено најдобро е така мали дури се да поминат тоа. И по некој ден не беше со запчињата кога и излегуваа имаше мака. А вака да се разболува, да седи дома, инхалации, антибиотици - ниту еднаш се нема случено да не ја заречам. Ама ова и до имунитетот на детето зависи. Ама често сум среќавала од фирма за дезинфекција во градинка, редовно си вршат такви сервиси. Во глобала, презадоволна сум. Она што ми е мене лично како недостаток е што нема група од сите родители на пример. И некогаш гледам дека е ненаспиена, јасно ми е дека не е спиена 2+ часа како што напишале на ливчето. Даваат ливче секој ден од колку до колку спиела, колку има јадено, расположение и тн.
Какви активности им прават на децава во јасли? Сакам да закажам во пиколини состанок наредна недела додека сум во скопје за да почнам полека да одлучувам каде ќе ја запишам од септември - 15месеци ќе биде - во пиколини една јасли група е до 2г нели? Колку дечиња се моментално?
Праќаат слики секој ден. Обично се работи поврзани со фигури, бои, цртање, сортирање по форми и бои, со животни и сл. Иначе 15 деца се, ама секогаш се околу 10. Една група е јасли. 19900 ден е месечно
Колку жени / негувателки има на една група? Кај нас во Кул Кидс е една учителка/негувателка на група од 5 деца во јасли и тие 5 имаат посебна занимална со 5 креветчиња, 5 хранилки, 5 мали столчиња за активности. Ме интересира информативно, секако на друг крај од градов сме..
Две се, и има уште една помлада што изгледа меѓу смена доаѓа некако. А неретко после 15- 15:30 ги спојуваат со поголемата група, и заедно се (ние ја зимаме 17-17:30). Ќерка ми веќе ги знае и учителките што ќе и бидат за некој месец, кога ќе оди во поголемата група. Тоа пример многу ми се допаѓа, веќе и се познати и оди кај нив и им се радува. А која е цената кај вас?
19500 плаќаме.Да и кај нас ги мешаат во одреден дел од денот со поголемите или ги носат на музичко кога имаат еден ден во неделата. Важно ни се децата згрижени и среќни. Ние имавме и еден ден во државна обид , се истрауматизирав.