Има ли некоја мајка искуство со приватната градинка Малиот принц? Би сакала да слушнам искуства бидејќи ми е премногу блиску до дома, планираме да тргнува за неколку месеци
20 000 беше Пиколини, 24 000 Green House во декември. Не оди моето моментално во градинка по препорака на повеќе доктори ради здравствени причини.
И ќерка ми ќе оди од ноември или декември, да наполни една година,со големиот имавме одлично искуство со нив, може и ќе се погодат заедно иако поради преголема заинтересираност можно е рекоа и уште една група до 2 години да отворат
Да и мене ми спомнаа ама засега рекоа една група одтанува лимитот бил макс до 15 а веќе неколку одат во наредна група така да јасли ќе се намали бројката а ние како нови ќе влеземе на нивно место. Баш се радувам ако се погодиме во иста
Сакам да прасам дали има некои кои овие месеци има запишано дете во Светот на колорес во Аеродром ,и дали навистина цената е поскапена овие 2-3 месеца...
Здраво, ги исчитав сите мислења за Црвенкапа во Аеродром, генерално имам оформено мислење, но сакав да прашам дали има некое поново мислење, некој што во моментов има детенце таму чисто за целокупното искуство и задоволство да ми каже . Имаше неколку мислења за директорката дека се сакала преку неа да оди, сите информации за детето преку неа да оделе, дали ова се однесува и на дневно ниво онака основни прашања дали спиело не спиело, евентуално ако слабо јадело и слично? Во принцип не сакам да давам со прашања, но ете би ме интересирало ако не спиело или не јадело да ми кажат, ако не ми кажат ништо значи се било во ред. Исто така дали има големи отстапувања за бројот на деца или не? Мислам 1-2 дете плус не ми е проблем но да не испадне дека се наместо 10 внатре 15+ пример.