Чисто да ви споделам мое мислење со Колорес во Аеродром, ужасно сум разочарана, синко мој оди од јасли, кога и да прашав на врата како е детето “супер петка”, како ги преместија во поголема група моето дете има проблем со касен развој, не функционира како другите, не збори, не јаде парчиња, мене тоа СЕГА после не цела година ми го кажуваат, притоа немаат ни нивен дефектолог или логопед, мораш сам да си бараш дефектолог и логопед, па за приватна градинка е смешно, е сега планираме во Литл ми да се префрлиме, па да видиме, тие имаат нивен дефектолог работат со Neuroclinic, одат ги гледаат децата и пријавуваат, со кого и што треба да се работи и дали е за индивидуални часови, цената е за 1000ден поскапа, но има се внатре… Ова е последен обид, ако не е како треба, дома ќе си се чуваме.. п.с да додадам, ми рекоа од Колорес ако детето не сака да извршува активности не го сликаат и го оставаат сам да си функционира, што за приватна градинка е УЖАС. Плус се 15 дечиња во група.
да не се повторувам, прочитај горе што имам напишано.. новата цена е 22.500, за мислење прочитај погоре.
Не се крсти многу ни на литл ми едно зборат друго е реалност. Најдобро државна градинка а за логопед и дефектолог да си одите приватно
кога бев на разговор имаа и дефектолог, на лице место имаат и педагог и психолог, многу пофални зборови има за Литл ми, ќе видеме веќе 6 месеци изгубив пари, па ќе видеме овој месец како ќе биде. Дефектолог ми рекоа Тимот на А, таму се ужасно ОДВРАТНИ, и на прв и на втор поглед, ладни и пре арогантни.
Исто и моето одеше таму ми рекоа има а врска немаше. Дојдоа еднаш за проверка не знам што не се ни сеќавам. После во државна кога почна доаѓаа логопеди и тогаш ми кажаа што како не е во ред. Ќе си видиш ама они се ќе ти кажат после испаѓа само пари даваш. Не знам зоѓто преку градинка чекаш, ако ти е ептен лоша ситуација барај приватно не мора тимот А има еден куп ќе пробаш едни, втори трети негде ќе проштима. Тоа е исто со доктори дури најдеш салам...