Конкретно ме интересира дали има некој од тука што детето го носи во приватна градинка (во која и искуства) или па некој да слушнал/разбрал за која/кои приватни градинки (општо) се шират позитивни критики.
Во која ги носевте ако сакате да споделите? Сте ги носеле ли во државна за споредба? Како сте задоволни? Вреди ли да се дадат парите? На што конкретно да обрнам внимание? Адаптацијата исто ли се одвива?
Колорес. Во државна ја запишав и ми рекоа дека се 40 деца и дека ќе спие во креветче со 2 или 3 деца. Не ја однесов. Адаптација у приватна за жал само 3 дена. Јадење има распоред за секој ден и ако не сакаш нешто да јаде и прават друго. Секој ден се во двор. На 3 деца во 1 просторија до 2 години е една девојка. Над 2 години се 6 деца а после 8 или 10. Само што имаат 2 восхитувачки. Праќаат слика кога ќе побараш. Успиваат со нишкање ако сакаш. Ние прекинавме ради вирус а после решивме до 3 год да не оди.
Убаво изгледа вака градинкава. Ќе направам една тура, ме заинтересираа и IPS (International Play School), во Јахја Кемал градинката ми ја пофалија и Веселата дружина исто така. Ќе видам уште некоја да додадам на списокот. И јас не планирам сега да ја пуштам, ама со време сакам да одберам.
Имa и вo Киселa Вoдa кaрши Шaмпиoнче, Кул Кидс се викa aмa немaм пoвеќе инфoрмaции. Другa пoзнaтa е Лилипут нa Вoдњaнскa aмa мислaм декa е пoскaпичкa.
И јас во Колорес. Не сум го носела во државна, само пар месеци во Пиколини, но од една страна ми беше многу скапо, од друга се изнервирав што малтене пола јануари не работеа ради спојување на празници. Со оглед на тоа што во Аеродром се по 40+ деца во група, а почнавме во градинка по препорака затоа што малиот не зборува, сметав дека во огромна група нема да може доволно внимание да му се посвети. Начелно сум задоволна, сега и со логопед почна таму да работи. Достапни се за прашања во секое време, на ФБ ни ставаат слики со активностите, секој ден имаме информација што и дали јаделе. Адаптацијата ние во Пиколини ја поминавме, го носев месец дена на саат до два. Немав никаков проблем.
ако може линк од градинката и цена да пишеш те молам. сите велите скапичко ама конкретна цена нема никој пишано..
Минимум 12 000. Ако можеш да си дозволиш, запиши ја. Подобра опција се од државните градинки. Помалку деца имаат и повеќе внимание им се обрнува.
https://m.facebook.com/permalink.php?story_fbid=1167948123254976&id=1042346315815158 Ова пред една година е, има и цени, не знам дали се исти само.
https://www.facebook.com/coolkidsgradinka/ Oвде истaкнaти цени не видoв. Ќе требa дa се јaвиш дa прaшaш.
А од колку месеци/години примаат во градинка? Ич не сум за "баба сервис" расположена. Во француската градинка во К4 некој носи дете?
Од 3 месеци. Заборавив да кажам и дека имаат посебна соба за болно дете и работат до 10 вечер. Соработуваат и со доктор ако има потреба и даваат нова храна по 3 дена и пазат за алергии. И да... проверете во мтсп дали се градинки и дали имаат дозвола.