1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни факултети за Медицина, Фармација и Стоматологија во МК и блискиот регион

Дискусија во 'Образование' започната од MineeMed, 12 септември 2017.

  1. MineeMed

    MineeMed Активен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2017
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    4
    Како дел од регулираните професии од областа на здравството во прв ред спаѓаат дипломираните: Доктори на медицина, Магистри по фармација и Доктори по стоматологија (Дентална медицина).
    Ова се професии кои се најпосакувани за идните матуранти кои сакаат да студираат во областа на здравството, за разлика од оние кои сакаат да продолжат на стручните или академски студии кои се со траење од 3-4 години и се стекнуваат со звања за кои најголем дел може да имаат замена на одреденото работно место со лице кое има соодветна средношколска подготовка.
    За разлика од тука каде секој може да си се запише, во блиските држави се води голем натпревар за да се успее запишување на некоја од овие студиски програми на кои има високостручни приемни испити по биологија, хемија и математика соодветно од условите на факултетите.
    Во последнава деценија има голем подем на отварање на приватни Високообразовни институции. На почетокот тоа беа универзитети на кои се нудат програми од општествените науки, но во последно време се отвараат и студиски програми од областа на технички, биотехнички, здравствени науки. Во здравствените науки наjпрво се нудеа стручните студии, потоа фармација и стоматологија, а најново е и отварањето на медицински факултети на кои се нуди програмата Медицина.
    Во Македонија од овие 3 се нуди само Стоматологија на МИТ и ЕУРМ.
    Во Србија има и Стоматологија и Фармација (+ Фармација-Медицинска биохемија).
    - "Univerzitet Privredna akademija'': Стоматологија и Фармација.
    Во Бугарија непостои приватен универзитет за овие 3 програми.
    Додека Босна и Херцеговина е рекорд во регионот каде покрај приватни факултети за Фармација и Стоматологија отворени се и 2 Медицински факултети од кои едниот започнува со настава оваа година
    - University Sarajevo School of Science and Technology -Медицина на англиски јазик;
    - Evropskog univerzitet, Brčko: Стоматологија и Фармација.
    - Evropskog univerziteta „Kallos“ Tuzla Медицина (партиципација 5.000 eur.)

    Наставните предметни планови се далеку полесни, на пример за Фармација има многу помалку основни хемии и нема математика, а за Медицина од основните предмети има само 1 хемија и 1 биохемија и сл.

    Дали ова е конкуренција за државните факултети или вистинска рана за здравството?!