Здраво.. Имам еден проблем. Ќе Ве замолам за совет. Пред неколку месеци бев во врска со еден дечко. Тој без мое знаење ме сликал гола. После моето раскинување со него тие фотографии тој ги испратил на мојот сегашен дечко и на уште многу мои блиски луѓе. Како е најдобро да постапам за да го решам случајов и тие слики да бидат поништени?
Ако го тужам ќе дознаат многу други. Не знам дали да кажам на неговите родители или директно да го пријавам во полиција...
Најдобро е да го тужиш. Не верувам дека ќе ги избрише само со разговор. За такви само ригорозни казни.
Не му ја мисли, не по родители и глупости туку иди пријави го во полиција и тужи го за нарушување на приватност. Клошар еден скапан..загреота. Ако ти треба муабет или било што пиши лп
Не сакам да те разочарам, ама тие слики сигурно веќе ги имет видено многу појке луѓе и допрва шо ќе ги видат. И не, не е можно да се поништат, но секое чудо 3 дена, после 3 дена не ќе се интересни. Зато ич не се замарај кој ќе ги видит, штетата е вeќе направена, оди и одма пријави го