Значи мислам дека имате многу стереотипи што се однесува до приватните училишта. Јас учам во ЈК,сега сум трета година. Прво, И КАЈ НАС СЕ УЧИ! Значи верувале или не, само математика годинава имам вкупно 10книги. Имаме по 3 главни теста секое полугодие и оценките не ги пишуваат туку така како што мислите. Многу ученици и на полагање одат. ЈК не е шалабајзерско школо. Второ, точно дека некои професори не зборуваат англиски и македонски. Тие предаваат предмети кои се на турски и не поттикнуваат и нас да се потрудиме да го научиме јазикот. За овие три години јас можам да се пофалам дека добро го знам турскиот, не ми е проблем да се разберам со некого. Трето, не им растат пари на дрво на сите ученици. Има ученици кои немаат пари, но благодарение на своето знаење добиле стипендија. Кај нас има едно дете со 100% стипендија кое доаѓа од Берово, бидејќи неможеле неговите родители ни превоз од Берово до Струмица да платат. ЈК се многу хумани, па го земаа детето да учи кај нас, се му е платено. Буквално се. се надевам дека малку ви ги отворив очите
Кај приватни факлутети (океј прифатливо) ама и приватни средни училишта. Повеќе сум за државните ! Но и не со сите државни се добива знаење. Не ми е јасно што лупат пари луѓево кога комотно и во државниве(во некои) прчи си ги на час си имаш оценка и тоа не со толку многу пари иди купи еден Џек Дениелс па имаш одма 5ка. Имам завршено економско но според мене едино место во Скопје каде што може да се научи и има квалитетно образование е дефинитвно Корчагин па и до негде Орце Николов. Другово се почанло и почнало да пропаѓа.
Јас учам во приватно и сум презадоволна,се учи и се добиваат реални оценки,професорите имаат другарски однос со нас и не се гледа кој чив син чива ќерка е како во државно На сите што можат да си дозволат им препорачувм да се запишат во приватно Тоа е најважно
Да си кажам искрено, во приватниве одат само богаташки и мамини мази кои книга немаат пипнато во живот, и може да се најде некое поштено дете со стипендија. Не ме тепајте, мое мислење е ова, не мора да значи дека сите се такви, ама поголемиот дел се. Државно си е државно, и друштво боље ќе си најдеш, и ќе научиш. Спојлер И ќе оговараш професори на форуми.
Секако... ако учам Јахја Кемал богаташка сум,а? Како прво во мојот клас има 10 деца со ЦЕЛОСНА СТИПЕНДИЈА,кои не плаќаат ниту денар за школување и интернат што вкупно би дошло 3350 евра за една година.Значи само за книги и униформа плаќаме.Во мојот клас од 26 деца само 3ца се без стипендија,другите колку толку освоиле некое место на приемниот или некој од натпреварите и имаат попуст. Оваа година особено имаше голеем број на деца со стипендија кои се запишаа,а со тоа и успехот е доста добар И не,баш не се такви поголемиот дел,туку помалиот. Мислам,за другите градови не знам,ама Струга годинава многу ретко сретнав такви деца. За друштво не коментирам,зависи од личноста и од тоа како се снаоѓаш и во каква средина ќе се најдеш.Има некои не можеа во интернат да се навикнат и си заминаа одма...Поинтересно е,повеќе народи,култури,манифестации,приредби..значи буквално секој месец спремаме некакви изведби - класни вечери,за родители,денови на независност,азбуки... А за тоа дали ќе научиш,не оспорувам дека во државно нема да научиш,секако ако имаш потенцијал и желба секаде ќе научиш.А ако не си ни малку заинтересиран,ма не во Јахја Кемал..на друга планета да те пуштат,ако не учиш никој не може со сила да ти тури знаење.А дека не се учи,ве молам со тоа.... за да ја задржам стипендијата значи морам секоја година да завршувам со 5.00,да учествувам на што е можно повеќе натпревари,да останувам во саботи на подготвителни часови за тоа,да завршувам секоја година со сите 100 дисциплински поени,кои во Јахја е многу тешко да ги зачуваш Имаме финални тестови,официјални тестови секое тромесечие на кои нема поправање после часови од 2ка на 5ка Ќе си чекаш наредно тромесечие или ќе добиеш максимум 1 оцена плус со многу труд.Во трета година има само 10 учебници по математика...кој искусил,знае Единствена разлика во учењето е тоа што професорите имаат разбирање и еднакво постапуваат со сите,секогаш се трудат да те научат и да ти помогнат.Нема да наидеш на исфрустриран професор кој за инает нема да ти ја напише ЗАСЛУЖЕНАТА оцена затоа што те мрази Не,сликовници има..Инаку програмата е иста,ама наместо 4 имаме 6 часа неделно мајчин јазик
Според мене приватните средни се многу подобри од државните. Причини: 1. Наставниот кадар и наставата се многу поопуштени. Односот професор - ученик е полесен. 2. Имаш можност: сакаш учи, сакаш не учи - поминуваш... секако. (Не ме сфаќајте погрешно, секако дека знаењето е број еден, ама не можеш да судиш, има такви што учат, има и такви што не учат) 3. Студирање во странство и стипендии. (Многу полесно е да добиеш стипендија во приватно, отколку во државно.) 4. Учење нов јазик, конкретно Јахја Кемал.. имаш шанса да научиш турски и англиски до четврта година ако ти се присака, можеш да ги изучиш доста солидно Имам другар кој е преку стипендија во САБА и самиот си кажува дека има деца кои се сеуште неписмени.. па нормално, приватно е. Толку платил, а да не му ги исполнат желбите за незнаење На крај се се сведува на тоа дека кој сака ќе учи и во државно и во приватно.
малку за разбивање на стереотипите во врска со приватното образование http://okno.mk/node/26184 а и последните две години Јахја Кемал колеџите имаат подобар просекна државната матура и од РЈКорчагин
Се извинувам вака што се убацувам у муабетов. Но имам дебатирано милион пати на оваа тема, па морав да оставам мислење. Искрено јас завршив во приватно средно. И секако не сум ќерка ниту на директор ниту на политичар или сл. И секогаш кога ке спомнев каде учам, почнуваа стереотипите како "ај што се секираш си си платила за оценките", што воопшто не беше точно. Јас учев во Нова и искрено се изнаучив и имам многу предности што завршив таму. Секако може има случаи кај што "мама е политичарка па ја ке правам што сакам". Но ние "обичните луѓе" го извлековме максимумот што школото можеше да понуди. Така да нема да зажалите ако се запишете таму.
Јас еве сега учам во НОВА и морам да кажам дека сум презадоволна. Наставниот кадар е предобар, нема исфустрирани наставници, сите се грижат за тебе и имаат опуштен однос. Во врска со стереотипите... се учи луѓе, и тоа како се учи. Посебно ако си во honors програмата ќе учиш. А да не зборуваме 3, 4 година во AP и IB. Децата не се снобови, сите се многу фини. Има деца од сите страни на светот и мене лично многу ми се допаѓа оваа мултинационалност затоа што се споделуваат азлични искуства. Има деца од Германија, Франција, Америка, Грција, Италија, Норвешка, Египет и итн. Многу сум задоволна што се запишав во НОВА и лично сметам дека приватните училишта се подобри од државните. Поздрав!
Jas sum sega 8-mo (deveto).Bi sakala da doznaam dali ima vo nekoe od srednite ucilista vo Skopje Policiska struka ? Please fast answer
Да можев, би се запишала во НОВА. Но, ја немам таа среќа како братучедка ми. А за во Јахја Кемал огромни се трошоците. 5 000 евра, не долази у обзир.
Приватните и те како се подобри 1.Односот наставник-ученик е поопуштен за разлика од оној во државните училишта. 2.Наставата е на англиски јазик, а тој денес е најупотребуван во целиот свет.И во државните се учи англиски јазик, ама неможе да се научи баш онака како во приватните, затоа што таму е во прашање наставата а не узучувањето на самиот јазик како прв или втор странски јазик.И не само англискиот јазик, во Јахја Кемал на пример се изучува и турскиот јазик. 3.Се организираат разни активности, како за поголемите така и за помалите, кои ги поттикнуваат децата на правилно однесување. 4.Има деца од секаде, а со самото тоа се стекнуваат и нови пријателства. 5.Оние кои учеле во приватно училиште ја имаат таа можност да се запишат на најдобрите универзитети во светот.
ќе ми каже ли некој колку е вистинската цена ѕа 1 година во НОВА.Имам различни информации но никој не ѕнае со сигурност. Инаку и јас мислам дека приватните се вистионскиот избор но само ѕа оние кои сакат да учат и имаат одредени цели. Благодарам однапред!!
Цената е околку 5500 евра, скапо е оваа ти е најточна бројка бидејќи имам пријател кој учи таму.Поздрав
Предности кај државните средни училишта: Не плаќаш школарина Не си на училиште од 8-15 часот Предности кај приватните: 1.Односот наставник-ученик е поопуштен за разлика од оној во државните училишта. 2.Наставата е на англиски јазик, а тој денес е најупотребуван во целиот свет.И во државните се учи англиски јазик, ама неможе да се научи баш онака како во приватните, затоа што таму е во прашање наставата а не узучувањето на самиот јазик како прв или втор странски јазик.И не само англискиот јазик, во Јахја Кемал на пример се изучува и турскиот јазик. 3.Се организираат разни активности, како за поголемите така и за помалите, кои ги поттикнуваат децата на правилно однесување. 4.Има деца од секаде, а со самото тоа се стекнуваат и нови пријателства. 5.Оние кои учеле во приватно училиште ја имаат таа можност да се запишат на најдобрите универзитети во светот.