1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    365 глас(а)
    27,9%
  2. На државните факултети

    941 глас(а)
    72,1%
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.057
    Допаѓања:
    66.773
    Пол:
    Женски
    Јас сум на државен факултет и сметам дека е многу потешко и дека се учи многу повеќе отколку на приватен. Што мислите вие?
     
    На Mell45, Coton, Лебедово езеро и 5 други им се допаѓа ова.
  2. girl

    girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    5
    Neznam zasto site velat demek si na privaten i lesno e..ili studiras na fon vekje ja imas diplomata,ili neznam sto drugi prikazki na fon samo se padnuva po skali i t.n.!!!Jas studiram na fon i mozam da kazam da bev na drzaven polesno ke minev otkolku na fon!!!na FON plakjame pari mnogu a ispopagavme polovina od 1 god...!! i sega od 15 februari ni pocnuvaat ispitite i taka!!
    nema vrska na privaten i pravo lesno e!!!sekade e isto samo sto tuka e mnogu poskapo..i taka pozz:))))))))))))
     
    На Fancy_Nency 22, Лебедово езеро, Kat4e86 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Dark-Rose

    Dark-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2009
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    76
    Се сложувам апсолутно со претходното мислење. Завршив и јас на ФОН и воопшто не е така како што сите мислат дека е. Точно е дека има предемти каде што се поминува лесно, но зар тоа го нема на државните? Зар таму нема плати па земи 6ка? Има нели?! И таму и тука кој сака да учи, учи, кој не или паѓа, или поминува со врски... Секаде е исто. Имавме многу предмети каде што незнам ни јас поради кои причини паѓавме по 100 пати. Професорите се истите од правен и економски, учиме од истите книги, ги имаме и истите тестови за колоквиуми и испити како на државните... и што е сега разликата? Или ајде ние дека поише пари плаќаме и готово сме си ја купиле дипломата, така? Па кој сака да ја купи ќе ја купи секако... Ако сакам јас да завршам со купена диплома, ќе го направам тоа на државен, бар ќе заштедам пари, нели? Разликата со ФОН и државните според мене е таа што ајде да не се изразам погрешно, ама голем дел од студентите на ФОН се деца на некои по богати родители, кои што ете можеби сакаат да покажат нешто на околината со тоа што ги запишале децата на приватен факултет, некој што не успеал да се запише на факултетот што сакал и секако... оние што мислат дека таму ќе си ја купат дипломата. Јас искрено незнам зашто се запишав на ФОН, сакав политички смер, нудеа нешто поинакво... па си реков зашто да не?! Мајка ми работи на еден од државните факултети, бевме во дилема каде и како да се запишам и нејзин совет беше:

    Кај нас на државните исто има корупција, кој сака да си учи, ќе си учи каде и да е. Немој да мислиш на приватните е полесно, а на државните секој го добива заслуженото. Секаде има мама, тато, ало, врски...

    Тогаш се решив за ФОН, мора да признаам мислев дека е полесно, но воопшто не е дека ние ништо не учиме. Можеби е малку скратена материјата и свртена баш кон она што сме насочени. Во секој случај, митот за приватните факултети не држи вода, или пак бар така е на ФОН. Да, сум слушала постојано дека на другите приватни било лесно, ништо не учеле и ред други работи, но таму незнам како е. Секој што се запишал на факултет со цел да добие некакви знаења, ќе го направи тоа без разлика каде студира, а оние што сакаат без учење да си поминат ќе си фатат врски или ќе ги плаќаат испитите без разлика дали било тоа на ФОН, некој друг приватен или државен факултет. Позз и фаќајте книга :lol:
     
    На twilight123, Лебедово езеро, Ana Chio и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.139
    Допаѓања:
    138.315
    Знам еден куп луѓе што се влечеа на државен со години, отидоа на приватен и завршија одма. И они сами кажуваат дека е многу полесно. На државен има повеќе малтретажи, тоа е факт. Ама тоа не значи дека е подобро, и дека повеќе ќе научиш. Мислам дека те замараат да учиш и глупости, кои нема да ти се најдат никогаш во животот, а на приватен има попрактичен пристап, и подобро те подготвува за работа. А државниот повеќе те тренира на издржливост, зошто после тоа се' можеш да издржиш... :D

    Е сега не знам колку сум во право, само на државен сум студирала, ама сум гледала како поминуваат луѓето на приватен. Јас кога се запишував немаше уште приватни, и тогаш на државните беше и многу потешко од сега кога има ЕКТС. Сега на постдипломски мислев дека е нешто сменето, ама се разочарав кога сфатив дека само мислат дека се смениле, а врска нема.
     
    На Mell45, Coton, Лебедово езеро и 4 други им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.057
    Допаѓања:
    66.773
    Пол:
    Женски
    Значи мене ништо не мозе да ме убеди дека на приватен факултет се учи. Имам еден куп другари и другарки на фон на американ на штулов... сум видела и што учат и како учат. На Американ што е другаров, детето поима нема од учење нити пак учел некогаш, ама еве годинава ќе си дипломира. А знаете ли дека има огласи за вработување каде што пишува само без диплома од Фон? Бидејќи се знае дека на фон само можес да платиш неколку илјади евра и да си земеш диплома без проблем.
     
    На Mell45, Coton, Лебедово езеро и 3 други им се допаѓа ова.
  6. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Е не може да се спореди приватен и државен!!!Никако!!!И гледам и други го делат моето мислење-приватните факултети се -дај пари,повели диплома.А не оти и на државните е ефтино,еве мене ме одраа во пари земање,ама тоа е што е!Ако сакаш знаење оди си на државен.Видов од една другарка што учат на РУСКИОТ КОЛЕЏ во Бт од книжулина со 30 страни, а јас сега баш спремам испит за четврток од 570 страни!И исто е?

    А,да,Пола од веќе реномираните фирми во државава не признаваат диплома од некои приватни факултети,е па сега видете!
     
    На Mell45, Coton и Лебедово езеро им се допаѓа ова.
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Епа тоа е проблемот. Што на приватните факултети има некои деца кои стварно учат, ама ради мнозинството за кои се смета дека поминуваат со пари и тие не можат да најдат работа. И јас сметам дека државен со приватен не се споредува, а и самата планирам на државен да се запишам.
     
    На Coton и Лебедово езеро им се допаѓа ова.
  8. Dark-Rose

    Dark-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2009
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    76
    А ме интересира само, зар не познавате некој што е на државен факултет и ништо не учи? Што плаќаат за испити или едноставно поминуваат со "ало"? Јас знам многу такви примери. Еве конкретно кога сме кај материјалите за учење... дали некој знае колку имаат за учење студентите на педагошки? Видел некој? За колоквиум или испит, не сум баш сигурна, имаат да прочитаат лектира што сме ја имале во 1-2 одд. :lol: значи не потценувам ниеден факултет, но верувајте има многу повеќе државни факултети каде што не се учи скоро ништо, но тоа не го прави факултетот помалку вреден. Напоменав дека материјалот за учење можеби е скратен на приватните, но сигурна сум дека без книга да пролисташ, неможеш да поминеш. Бар ова го кажувам за на ФОН, за другите приватни факултети незнам точно како е. А камо да се учи така и на државните, скратени материјали и насочени точно кон она за што сме се определиле... и уште секој што ќе се запише на факултет да доаѓа таму за да стекне знаење, би било совршено, ама не е така. Ќе кажам пак, кој сака да си учи, ќе си учи, кој не, излезот ќе го бара во тоа како на приватните ништо не учеле и поминувале без книга да пипнат, додека на државните се убиваат од учење... Позз***
     
    На Лебедово езеро и A-j-a им се допаѓа ова.
  9. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Материјалите за учење се за секој факултет различни.Значи на педагошки лектири,на медицина се што е поврзано со медицина,економијава моја со бизнис,трговско право,економика и слично,ама не е ист мојот учебник по Менаџмент на екон.фак Прилеп,и учебникот од кој учат на ФОН.

    А за тоа другото
    Такви имаш секаде,јас знам исто многу,имам и другари кои си одат од канцеларија во канцеларија и ...оп...ете ти ШеСкА!Ама кога не е вујко владика... :roll: тоа ти е!
     
    На Лебедово езеро му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Vega

    Vega Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    27
    на педагошка ( Државен факултет) не се чита една лектира за испит туку за еден испит треба да ги знаеш сите лектири (околу 130) плус белешката за писателот и тоа ти е влезен дел потоа од истиот испит имаш усен дел Методика на македонски јазик
    и следниот пат не трескај глупости дека со една лектира..ако е така оди запиши се, заврши па потоа ке зборуваме!
     
    На Mell45, Лебедово езеро и SunshineYo им се допаѓа ова.
  11. Pla4ka

    Pla4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    161
    Предноста во приватните факултети е праксата што на државните ни на сон ја нема јас ке бидам инжењер а во фабрика не сум влегла катастрофа поради тоа би сакала да студирам на приватен, но едно несто ми смета а тоа е дека откако се отворија приватните универзитети на државниот нема повеке Албанци во мојот нема ниту еден што треба тоа да значи за нашата држава зошто исчезнаа од државните универзитети дали е тоа поради парите или тоа што само на приватен универзитет можат да земат диплома.
     
    На Лебедово езеро му/ѝ се допаѓа ова.
  12. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    NIKAKVA SPOREDBA NEMOZE DRZAVEN SO PRIVATEN FAKULTET....NIKAKVA...JAS STUDIRAV NA DRZAVEN, NA EKONOMSKI, VO ISTO VREME DECKO MI NA FON....JAS SE MRDNUVAV OD UCENJE I PAK DO 10-KA NE SE STIGNUVASE...DECKO MI 3 DENA SPREMASE ISPIT I OP 9-KA....SE VADEV OD KOZA.....CIST PRIMER GO ISPRASUVAM EKONOMIJA....OSVEN OSNOVNITE RABOTI VRSKA NEMASE DRUGO...I MU VIKAM TI KE PADNES ILI EVENTUALNO 6-KA....TOJ DOBI 9-KA.....NIKOJ AMA NIKOJ NEMOZE DA MI KAZE DEKA MOZE SPOREDBA DA SE NAPRAVI....SAMO NA FON STO PAK IMAAT NEKOI MATERJALCINJA, GORE DOLE...AMA NA DRUGITE PRIVATNI, NA STULOV SO DOMASNI ZAVRSUVAAT...MI VIKA DECKOMI KE ODAM NA FAK DA MI PODVLECE ASISTENTOT STO DA UCAM....MOLAM?????????????????????? SRAMOTA....I PREKINETE DA SE TESITE I VOZDIGNUVATE...FAKT E DEKA NEMA VRSKA OD UCENJE NA PRIVATNITE....MOJ KOLEGA 7 GOD SEDESE NA EKONOMSKI, SE PREFRLI NA FON I EVE GO DIPLOMIRAL....AJ OBJASNETE GO TOJ FENOMEN....ZOSTO KOGA KE ZAGLAVI NEKOJ NA DRZAVNIOT, SE PREFRLA NA PRIVATEN I DIPLOMIRAAAAAA?????.....OVA ZBORI SE......I SITE FAKTI I OBIDI DA DEMANTIRATE SE DZABE....RAZLIKA VO KLASI, SPOSOBNOSTI E MEGU DRZAVEN I PRIVATEN FAKULTET...MOJ PROFESOR PREDAVASE I NA FON I KAJ NAS....VIKA 10 ZAEDNO OD FON NE VREDAT KOLKU 1 OD TUKA, A PREDAVASE TAMU...I KAJ NAS NE SE POMINUVASE KAJ NEGO, A TAMU SITE SO 6-KI , 7-MICI GI PUSTAL...VIKA ...SKRIPTA IM DAVAM 50 STRANI(A ISPITOT E 500 STR) I TAA NEMOZAT DA JA NAUCAT...PA NE SE ZAMARAM IM PISUVAM 6-KI, SI GI PLATILE:)....VAKA ZBORUVASE PROFESOR..ZNACI....SE E KAZANO

    RAZLIKATA E DEKA NA DRZAVNIOT NEKOLKU POMINUVAAT TAKA, A NA PRIVATNIOT NEKOLKUMINA SAMO UCAT....

    I USTE EDNA GOLEMA RAZLIKA....MOZEBI KAJ VAS NEMOZES DA POMINES BEZ DA PROLISTAS, NO NA DRZAVEN NE DA PROLISTAS, NE DA NAUCIS, TUKU STVARNOOOOO DA NAUCIS I SOVLADAS NEMOZES DA POMINES....

    ОПОМЕНА ОД МОДЕРАТОР:
    1. Прочитајте ги правилата за пишување на мислење.
    2. Не испраќајте 2 мислења едноподруго. Користете го копчето „Редактирај“ и надоврзете се на првото мислење.

     
    На Didi74, Mell45, Kitty23 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Lacrymosa

    Lacrymosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    90
    малтретирањето на државен што е го нема никаде. како може, еве кокретно родна живковска по граѓанско, на правен во скопје пола генерација да му лупне квадрат на предметот и да ја колнат и пцујат, а на штул да ја обожаваат затоа што на испит отприлика од прва 8ца се добивало... уставно право книгата е миљон страни, другарче на штул ми бараше ху материјали и коа му ја однесов го фати несвестица, неговата мизерна книга беше од 40тина - 50 страни.. па на што личи тоа? и утре некој таков ќе се вработи место мене, а мене косата ми побелела од учење... ајде доста
     
    На Mell45 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.057
    Допаѓања:
    66.773
    Пол:
    Женски
    И јас имам ист таков пример. Професор предава кај нас и на ФОН. На фон студентите го обожавале, а кај нас е најомразениот. И самиот професор има изјавено дека на државните факултети ги малтретираат студентите за да се откажат и да се намали бројот. А за малтретирањето и да не зборам. Еве денес бев за ништо, а утре имам испит. Ни рекоа да дојдеме денес за оценки и се окапавме 2 саати чекајќи и на крај ни рекоа дојдете утре. Од такт ме извадија. Ама тоа ти е. Има да си трпиш ако сакаш некогаш да дипломираш.
     
  15. Dark-Rose

    Dark-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2009
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    76

    Драга јас завршив факултет што сакав, а за друг воопшто немам намера... :lol: А за ова што имале за полагање и како... мислам смешно е да збориме... Мојата најдобра другарка студираше на педагошки, знам што и како имале за полагање, не за друго јас и ги прераскажував лектирите и и составував текстови за птица некоја што зборела со дете или гнездо... не се сеќавам точно :lol: Немој те молам за коментари како претходниот, воопшто не е потребно. Знам и како со прераскажани текстови на лист, подметнувани во тестовите се положувало баш на тој факултет. Доволно време киснев таму со другарка ми и видов доволно работи, така да нема потреба да се објаснуваме. И мене ме нервира кога некој збори за приватните дека ништо не се учело и сме ги купувале дипломите па на никого не му се обратив со "трескаш". Знам јас добро зашто сум се запишала на факултет и колку знаење сум стекнала од таму, а другите можат само да ги кажат нивните мислења, кои секако немора да се точни. А да споредуваме кој колку имал за учење... мислам смешно било кога ние (со купените дипломи нели, зашто на приватен) сме имале по 2-3 книги за учење за испит од по 700-800 страни, а некој требал да чита лектири...
    Позз***
     
    На LadyLibra му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kekus

    Kekus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Fakt e deka na drzavnite fakulteti e daleku potesko od privatnite...Eve cist primer : Profesor od praven fakultet predava i na stulov ( sosema nebitno koj e ) vo nedostatog na vreme da spremi poseben,polesen ispit za studentite od stulov im go dal ispitot od drzavniot praven fakultet..i normalno deka site ispopagale odnosno imalo samo dvajca sto polozile..toa bese mojata drugarka i nejziniot decko :))) i profesorov bil primoran da im dade nov popraven ispit i sekako mnogu polesen za studentite od stulov da mozat da polozat :) a inaku istiot toj ispit sto im go dal prviot pat na drzavniot fakultet go polozile 90 % od studentite :)) pa videte sega sami ocenete dali ima ili nema razlika pomegu privatnive i drzavnive fakulteti :))
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.057
    Допаѓања:
    66.773
    Пол:
    Женски
    Нормално дека на педагошки ќе читаат лектири а што да читаат? ако студира на смер за наставничка од 1во до 4то што да чита-Шекспир?
     
  18. LittleSunshine

    LittleSunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Jas sum na privaten i toa ne na bilo koj tuku na Fon :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: po 4 godini trosenje po fakulteti svativ samo edno vo ovaa drzava i najsilnata zebla i cel nemozes da ja ostvaris! poznata ni e javnata tajna kako studentkite so dobro peglanje go zavrsuvaat faksot ili druata opcija mama i tato + pari + vrski = MKDdipoloma! nie sme takov narod prost i glup samo gledame sopstvenata vina nekade da ja prefrlime za da se osekjame podobro! imam mnogu bliski prijateli sto predavaat na fakultetive i so smeenje ednas mi rekoa "ahhh bre devojce ko od mars da si padnato kako ne svati do sea kako funkcioniraat obrazovnite institucii vo makedonija, profesorite i profesorkite koga se seksualno prezadovolni imaat poveke volja i da predavaat i da daruvaat so ocenki ali ako toa zadovolstvo go nemaat doma imaat milion studenti!" c c c :o Zalno!!!! pa koga ke mi tekne deka sakav da bidam profesorka mi se kreva kosata! pozzz do site
     
  19. Dark-Rose

    Dark-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2009
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    76
    Kekus незнам што да кажам за другите приватни, може да е точно, не викам не, и самата јас имам слушано како поминувале, дека полагале од дома преку интернет и ред други работи. Значи јас зборев за на ФОН конкретно, дека не е така како што зборат сите. Значи кај нас никогаш и немало такви полагања преку интернет. За препишување имало, не викам не ама секако, кој како се снашол. Тоа го има и на државните. Бар знам мајка ми работи на државен факултет и самата кажува дека и таму се препишува и се поминува со врски. Дека е скратена материјата и тоа не го одрекувам, да скратена е и тоа во најголем дел од предметите, но не значи дека ништо не се учи. И исто некој напомена за практичната настава... Нас, студентите на ФОН ни беше обезбедена пракса во МНР, тоа беше при крај на 3та година и да ве информирам многу студенти има што останаа да работат таму, т.е. беа примени после таа пракса и си работат до ден денес таму. А исто би кажала друг пример... и ние имавме во 1ва професор што предаваше на државен факултет и кај нас, и баш се сеќавам го имавме ама баш истиот тест како и студентите на правен. Идентичен. Баш со другарка ми, она на правен студираше, се смеевме што се паднало и што сме одговориле... и двете добивме 6ки :lol: Значи потполно истите тестови ги имавме ние, истиот број на групи, истиот начин на полагање, но тоа беше на ФОН, за другите незнам. И уште нешто... кога се запишав на факс, така при почетокот некаде беше, седиме во бифе и нели лаф муабет тука, се запознаваш со постариве што веќе студираат таму, паднавме на муабет дека на почетокот ФОН како ФОН бил гола вода, баш така се поминувало, плати си и помини си, ама дека почнале као по стегнато ова она, да не си се надеваме и да спиеме на тоа уво дека пак ќе било така, што и на крај излезе дека мојата генерација го јадевме :lol: си се изнаиграа со нас али ете, помина. Него поентата ми беше, запознав студент кој по трети пат беше 1ва година. До тогаш тој беше единствен што губел години, но сега тоа на ФОН се случува почесто, и исто така од кај нас се префрлуваат на Правен на државниот, од мојата генерација само имаше неколку, а гледам сега и од помаливе од нас што уште студираат го прават истото. Знам дека најголем дел од испитите биле признаени на Правен (државниот), а за останатите се полагало као некој испит демек. Позз***
     
  20. Dark-Rose

    Dark-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2009
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    76

    Да, нормално дека лектири ќе чита, него друго сакав да кажам. Муабетот беше каде и колку се учело, па затоа го дадов педагошки како за пример. Иначе другарка ми, истата што студираше на педагошки не успеа да го заврши, зашто нели претешко е да се читаат лектири и да се решаваат дропки. Од нејзе секогаш пред испити или колоквиуми следеше:
    абе не си нормална, како ги читаш тие устави, права, чуда, не ти е досадно? Ја иам лектира да читам, ме мрзи незнаеш...

    WTF... досадно?! Не, не ми беше.
    Значи кој сака да си учи, ќе си учи каде и да студира, кој не... не на државен... кај сакаш прати го, истото ќе биде.
    Позз***