Зависи за кого поскапи. Ако правиме математики... брат ми беше на ФОН (Струга), а ние сме од Охрид. Во случај брат ми да студираше Скопје - ќе ги дадеше истите пари само на друг начин (споредивме со студентскиот живот во Ск на сестра ми). Тој одлучи да остане овде бидејќи не можеше да го издржи животот во Ск. Пред 6 години немаше дисперзирани студии... и така бидна. п.с. Се уште не сум се одлучила за ниедна опција од анкетата... за некое време ќе споредам...
нема врска,јас сум на штул и паднав година,немој да мислите дека ако си на приватен нема да паднеш ,знате колку луге писале на квадрат на кубен на приватните многуууу ,е сеа ако некој има повеке пријателчиња може и на лепи очи да помине ама у глобала повекето студенти се мачат за да поминат...разликата е у тоа шо ако на државниот еден испит ти е 400 страни овде е 250,на држаавниот,пример за правниот фах се е на заокружување а кај мене е усно или есејско така да ..има разлика...
јас сум на славјанскиот во Битола на психологија приватен факултет е ама проф се супер и нудат многу знаење. Годината е 1000 евра ама ако пресметаш колку те фаќа една година на некој од државните факултети ќе видите дека на државните дури и поскапо ве фаќа. Башка то не е така лесно како шо кажват сите демек на приватните факултети ссите така врват, не е точно. ние сме 40 души и од нас само 15 ја имаат исчистено годината, другите се влечкат. Предност на приватните факултети е тоа што проф кон тебе се понашат најнормално и се учат поважните работи и има пракса. А на државните факултети проф буквално се изживуват на студентите, си играт како шо сакат со нив..... и ред др. работи да не набројувам. како и да е му давам еден огромен + на приватните факултети. ама сепак зависи на кој факултет си. Од фон имам слушано дека така ја земат годината... а то не е финтата. не е работата само за да завршиш. треба да се стекниш сепак со некое знаење.
Јас завршив на државен и да се утепав од учење и коси кубење, ама го завршив за 4 години (стара програма). Имам другари и другарки кои се на приватни и да полесно им беше, меѓутоа воопшто мислам дека не е мерило факултетот за тоа колку има некој во главата. Јас денеска работам и сфаќам дека за работа, факултетот ти вреди само 10%, 90% е пракса. Така да, важно е да имаш диплома, после тек доаѓа тешката школа...
тој што има желба знаење не му е битно дали е на приватен или државен јас на пример бев на државен факулет и можам да кажам дека се корумпирани и дека голем дел од студентите кои имаат врски си поминуваат без книга да отворат. сега сум на приватен на славјанскиот во битола ги давам истите пари кои ги давав на државниот а има голема разлика пред се можиш кога сакаш да разговараш со професорите не те гледаат од високо неморам да се плашам да си ја побарам испитната тетратка и слично на државен факултет имав добар просек но неможев да земам испити неколку кај една професорка затоа што го кажав моето мислење за една тема а таа не размислуваше како мене и затоа заминав
јас еве веќе 5 година се мачам на нашиот СКАПАН државен факултет и можам да кажам дека премногу ми е мака што не се запишав на приватен...не вреди воопшто да се проживуваат овие малтретирања што се на државниот,на крај ништо нема да добиеш од бубањето на милион непотребни испити,само ќе дипломираш со слаби живци и ќе си ја замразиш професијата...џабе бубаме милион книги кога немаме никаква пракса...ни јас ни дете мое повеќе на државен факултет...бруки живи
Имам другарки што одат на Фон.Вистината е дека поминуваш ако имаш пари,ако немаш треба се утепаш од учење како на државните.Мама поминала 4 години на државен а исто и татко ми па ми го опишаа-Животна школа.Учење до умирачка ама повеќе се учи за животот во студентските денови отколку кога било. Јас инаку планирам да се запишам на државен.Образованието е поквалитетно а и доколку се запишам на приватен,поради мнозинството кое не учи,мене ќе ме стават и оние кој учат во ист кош со нив.
а ти си била запишана на ФОН па толку УБЕДЛИВО си тврдиш "Значи мене ништо не мозе да ме убеди дека на приватен факултет се учи." ??? Јас не сум била запишана на американскиот колеџ па затоа и не дискутирам за него, не пренесувам она што сум го слушнала од некој други личности! секој може да каже што сака еве јас на пример ке кажам леле во ова државното да видитееее корупција стави во индекс 100 евра и поминат си. Јас сум на јазици на фон а исто моја братучетка е на јазици во Ск на државен, јас до дека не го научам тоа што треба си паѓам и по 5 пати па што кога сакам тогаш ке научам ке си платам пак а братучетка ми научила не научила нема пуштање се додека не отиде на приватни часови кај нејзината професорка да и даде некоја пара... а и кај нас половина од професорите што се на државен ни предават и на Фон, и како што има на државен врски така има и кај нас! кој си има стрина, вујче бате, тате, ке си помине кој не ќе се утепа од учење и за крај за сите што зборат без веза ПЛАТИ СИ, И ЗЕМАЈ СИ И И ТИ ДИПЛОМА "ЗА ПАРИ" (Пуста љубомора)
Мислам дека тоа со љубомората го поминавме. И можам да тврдам кога знам од сигурни извори И јас веќе се имам изјаснето на темава и мислењето не сум го променила. Всушност и ми се зацврстило
Не мислам дека е љубомора. Зошто порано по огласите за економисти и правници (не сум ни едното ни другото, ама сум ги видела огласите) како додаток стоеше дека нема да се земаат предвид кандидатите што завршиле на ФОН и слични универзитети? Јас тоа со мои очи сум го видела. А затоа и ФОН реши да го надмине тоа, па потпишуваше договори со фирми (не знам дали е уште така), за да има кај да се вработат оние што дипломирале. Секоја чест, затоа што тоа треба да го прават сите универзитети, оти џабе ти е што си студирал ако не работиш во струка.
Јас мислам дека на приватните факултети не се стекнува доволно знаење! Јас сум на државен, брат ми штотуку заврши на приватен факултет! Колку што изучив и исчитав книги во една година, тој толку за сите 4 години... Па сега му прават проблеми таму, не ми даваат уверенија на тие што бранеа дипломска! На приватен факултет доволно е професорот да те познава повеќе од другите студенти и да те пушта на испити... Јас сум за државен факултет ако сакате да добиете повеќе знаење, а приватен-ако ви се даваат пари и ако не ви се учи баш! Јас имав школски во средно што не знаеја уста да отворат, па сега полагаат испити како ништо по приватните универзитети!
Беше сега дечко ми на пракса во банка. И колегите му рекле * ее се гледа дете од Државен, сами се понудуваат да сработат нешто, оние од приватнине треба да ги молиме*
Морам да коментирам на темава. Јас сум трета година на правен факултет на Европскиот Универзитет и имам да кажам неколку работи. Во мојот клас половина студенти се од татичко судија, тато претседател на судија, мама адвокат итн... и единствено се запишале на приватен за да си ги покажат своите финансиски можности па цела година се влечат по испити и паѓаат по три пати предмет. Значи луѓе-не осудувајте доколку лично немате осетено нешто такво, јас знам како и колку учам за да постигнам успех и не е работата плати па земи диплома. Не викам дека е потешко од државниот ама не викам ни полесно зошто ние барем на полагаѓе имаме со лекции и страни за раскажување-јас на еден колоквиум од 1 сат пишувам по 10тина страни зошто таква ми е струката мораме опширно да се изразиме... а на државен седни си-еве повели тестот се ти е со заокружување и зирни позади дали е под а или б.... Ве молам сами другарките ми кажуваат како поминувале на државен на правен(рака на срце со исклучоци што вистина учат) меѓутоа ТОЈ ШТО УЧИ СЕГДЕ УЧИ и во тоа никој не може да ме убеди кој факултети се подобри кој не. Гледам се и сешто кај нас, и врски и се смаонемам видено плати си и земми диплома, а сигурна сум дека а државен мн повеќе се изразени врските и плаќањето. Разлика во факултетите е што ние плаќаме легално а тие подмитуваат за оценки. Единствена работа што кај нас е полесна е организацијата на студирањето и предавањата и сл. што не значи ако е подобро организирано за студентите им е полесно и за учење. Позз до сите и не судете однапред, секој нека си кажува за свое искуство, а не сум слушнал или кажале....
ТОЧНО од сум слушнал и кажале нема докази запиши се ќе видиш како е, и така е на државен имат и поправни а кај нас каков поправен одма на испит, а се случило на државен да го имаш положено испитот и да не сака професорот да ти пише оцена? Е мене ми се има случено на приветен иако положен испит пак си полагав бидејќи таква желба имаше нашата "сакана" професорка уфффф какви кучки има се ежам од нив
да, така е има потпишено договори со фирми и најдобрите се вработуваат, еве пример мој другар заврши на Европски и тоа три години не четири, па се вработи уште истата година во Тутунска Банка сега се знае како се вршат вработувањата! Се е приватизирано па преку тестирања така и тој биле 100 пријавени па од тие 100 изделиле 50 па од 50 изделиле 20 и се така се додека не го одберат вистинскиот па ти не на ФОН не на ЕВРОПСКИ, АМЕРИЧКИ, ДРЖАВЕН ако сакаш имај диплома од ЛОНДОН ако си глупав/а џабе ти е.