Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    365 глас(а)
    27,9%
  2. На државните факултети

    942 глас(а)
    72,1%
  1. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    E со ова се согласувам целосно.Па и што е битно тоа каде ќе завршиш..важна е праксата.
    Што ако јас ќе бубам теорија кога нема да знам ништо од тоа практично.
    И приватните и државните би ги ставила во исти кош.
     
    На nela.oh му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Дечко ми студира на славјанскиот отсек менаџмент. Учи од скрипти од по 40 страни :!:. Имаше испит економика и верувале или не професорката им прати ни помалку ни повеќе туку 50 прашања да ги научат :?: . Е сега јас студирав на правен државен и имав испит економика кој беше ни помалку ни повеќе туку 500 страни кој требаше да се научат од а до ш за да поминеш и затоа не може некој да ми прави банални споредби дека иамало исто учење на државен и на приватен!
     
  3. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124

    абе и јас имам слушнато дека на славјанскиот така ја земат годината ама гледаш не било така! јас сум на фон филолошки и 100 пати се покајав што го избрав тој факултет, сите учат по 4 предмета а ние филолошкиот 7 вкупно двата семестари 14 предмети и лесно е а? БОГ ДА ЧУВА тоа е само од инает што го зборуват сите.
     
  4. srcence...haha

    srcence...haha Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Може повеќе се уци али поради тоа повеке се знае,а е на приватните плаќаш и одма ти става 6 и не се замараш !!!
     
  5. Tiffanyy

    Tiffanyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Значи јас бев на државен на филолошки, и тоа беше срамота што се случува на тој факултет. Нема никаква организација, до втор семестар немавме просторија за да се одвиваат некои предавања,распоредот да не зборам, од 8 сабајле со по 3 саати паузи измеѓу до 8 навечер, професорите едвај можеш да ги најдеш, на интернет страната нема ништо...Еве сега се префрлив на Штулов и барем знам дека ке имам убава просторија за предавања, на интернет страната можам да дознаам све што ме интересира за факултетот, распоредот ми е нормален, ништо не ме спречува да седнам и да учам!
     
  6. rajkovic

    rajkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Luge jas sum na drzaven sega apsolvent, no razmislete malku koga bi birale privatno i drzavno zdravstvo koe bi go odbrale??? Normalno privatno neli, podobra usluga a poveke pari. Istoto e i ovde nemoj da mislite deka ne se uci i na privatnite, mozebi e polesno no sto gi gledam moive prijateli barem go ucat ona sto im e potrebno,a jas ucev mnogu nepotrebni raboti sto ne mi se sovpagaat so fakultetot. Plus na privatnite barem profesorite se non stop dostapni. A po moe mislenje za nekolku godini ke bidat samo privatnite fakulteti a za drzavnite ke opaga interesot (maltretiranja, mito i korupcija....) pozz
     
  7. ddragsic

    ddragsic Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Абе државен, приватен... шо сакате можете да зборите. На државен било потешко, на приватен било полесно. Овие од приватен учеле од книги од 50 страни, од државен се искичмиле од книги од 300 страни.
    Па сте седнале ли бе да размислите сите вие како учат тие на дисперзирани студии пример у Штип, а се на државен факултет, да речеме економски. Па на тие им е 200 пати полесно не од тие на државен, него од тие на приватен. Познавам директорка на скопска гимназија, што предава менаџмент на дисперзирани студии на државен факултет, а шо дипломираше пред не знам година дена и тоа на Европски. Ај да ве видам сеа!? Државен, приватен, се истепавте...
    Ја сум лично на приватен факултет. Не викам дека не ни е полесно од тие на државен факултет, ама тука немаат врска скриптите, книгите не знам си шо... Туку професорите! За разлика од државен, го заболе него газот ти коа ќе идеш оцена да земеш, шо си добил, колку си учел, абе тој ако те фати на пик има 20 пати да те падне па ти ако сакаш окози се од учење...на приватен факултет професорите увек ти се наоѓаат, увек можеш да им пишеш не знам на меил и да добиеш одговор доколку имаш некаков проблем уште наредниот ден. Кажи ми кога ќе има такво нешто на државен! За оцена не идеш да молиш пред кабинет и да се бркате со професорот додека он пие кафенце у некој кафиќ, па 5 пати те враќа за оцената... На државен и асистентите се замислуваат дека се професори...
    Ај од годинава има задолжителна пракса за сите студенти па ќе се види како стојат работите ;)
     
  8. ddragsic

    ddragsic Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3

    ПРЕКРАСНО!!! ПОШТОВАЊЕ ДЕВОЈКО КОЈА И ДА СИ!!!!! ЛАЈК!
     
    На Pavlin4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.155
    Муабетов Мауриција и ти Драгсиц не ви е на место... Што ако си успеала во странство? Дека си од ФОН? како да не.. ЗНаеш колку луѓе се многу подалеку стигнати со државен факс??
    Ама ајде теши се дека само ти си успешна и дека само тебе те бива ... Типочно снобовски, како впрочем повекето од ФОН.
     
  10. ddragsic

    ddragsic Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Абе девојко како да ти кажам, нели по муабетов можам да приметам дека си упишана на државен факултет и дека се окозуваш од учење, дека сега кога ќе ви почне колоквиумска недела од дома (евентуално од читална) нема да излезеш...Абе кажи ми дали некогаш додека си учела факултет сте имале практична настава, изработка на проекти дали некад професорот ти се нашол, ти помогнал, па ти укажал како да направиш тоа што ти било задача да го изработиш... Ама тоа е бе тоа, нашава мала Македонија, со нашево мало Скопјенце сместено меѓу две планини шо ништо не видело и со руски згради поклон по земјотресот...И затоа така сите ќе размислувате не знам приватен, не знам државен....Зашо бе никој од вас паметен не се најде да искоментира ЗА ДРЖАВНИОТ ФАКУЛТЕТ - ДИСПЕРЗИРАНИ СТУДИИ?? Зашто не коментирате вие колку е тој тежок или колку е тој лесен?? Зошто све ова што мислите ви е наметнато мислење, не ти текнало на тебе тоа...Си слушала ти низ градов дека на приватен се плаќало за да се земе диплома и така и ќе продужиш да мислиш. Не зима ли бе Шуклев 1000 евра за испит бе, не зима ли Славе математика студентките убави негови на часови кај Петар да даваат по 6000, за овој да им ги даде задачите од испит...АБЕ ВЕ МОЛАМММ!! Размислете прво убаво сите па после земете силете се кој бил боље и кој полош....
    Не викам ја дека на приватен факултет е потешко од на државен факултет, АМА ЗЕМИ РАЗМИСЛИ ЗАШТО Е ПОЛЕСНО БЕ!!!!
    п.с. и девојката на која што и го копирав цитатот си имаше дадено мислење, маме му ебам па нели слободна мила државичка бевме, шо одма напаѓаш сноб била, ваква била, онаква била....тууу бе затоа ќе си останеме вакви, со 33% невработеност у милата ни наша Македонија што е неверојатна работа бе....Негде има 6% невработеност па се испотресоа сите како ќе завршат...Абе СТРАВ И ПАРАНОЈА У ЛАС ВЕГАС Е РАБОТАВА!!!!
     
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Фали ме усто расчепи се |(
     
    На maa и saricka87 им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.828
    Пол:
    Женски
    Богами видовме аир од ваквите што се испофалија по форумов :puke:
     
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Јас пишав еднаш на темава , ќе си пишам пак.

    Дипломирав на Филолошки, последната генерација по стара програма. По цели испити во сесија, со ниту еден колоквиум. Ама буквално ниту еден.
    Отварам весник и секаде во заграда наведено - разгледуваме само документи од дипломирани на УКИМ. А еве, како што напишала девојката, повторно низ фирмите се вработуваат луѓе од Фон, Европски, Американ колеџ, МИТ, итн...
    Не знам за што точно е оваа жолчна препирка, кога ниту на Државниот факултет не е кој знае колку тешко. Тоа што ако си неспособен, мрзлив, или евентуално глупав и благо ретардиран, па 5 пати паѓаш еден ист испит, си е твој проблем.
    Никој не сака да си признае дека ЕКТС системот на оценување е една шега, и тоа лоша, дека со собирање поенчиња, куцање семинарски и правење хамери во боја, лигавење низ ходници, сите имаат просек над 9,00 и скоро сите земаат стипендија или кредит!
    Ултра-паметна нација. |(

    Дај не се расправајте, еднаш реков, ќе кажам пак - факултетот не е никакво мерило за знаење. Ниту еден од нив, ни од УКИМ, ниту од ФОН!
    Тој што си е паметен, ќе си биде паметен и без него. Тој што си е тиквар, и со 100 дипломи, пак ќе си остане необразуван сељак и ограничено суштество.
    А ако се лажеме дека било кој од нас нешто научил на факултет... Па.... ајде, нека се лажеме.
     
    На girl1985, Lina24, Unfaithful18 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.154
    Трендафилка не е така...на УКИМ владеат мите и сестра му,па студентите се напнати од петни жили за учење за да не го окркаат дебело,да паднат,па да треба да плаќаат дебели пари за да си купат оценка.Кога ќе видиш тоа те мотивира да се стегнеш ако немаш да платиш,а повеќето се и така,да им се плаќало ќе си оделе на приватен.А од друга страна пак,свесни се дека таа диплома е повеќе ценета,а и има професори од кои навистина има што да научиш и се фер во секој поглед.Епа не ми е сеедно дали е Таки Фити,Златка Поповска,Кикеркова,Филиповски,нејмит или некој анонимец на приватен.Јас лично се запишав заради статусот на факултетот,иако бев свесна дека ќе наидам на чудни форми на живот кои наутро се мразат себе,а попладне цел свет и себе и кои ти викаат...јас си купив нова кола,тоа не е фалење,тоа е факт!
    Неспоредливи се приватните со државниот...ако таму се учи од скрипта од 50 страни,на државен солдни 500.
    Ектс ил не,учењето е тоа,ако професорот е лев,има да ти го збибери фино со фини прашања и на 150 страни колоквиум,а да не разговараме за тоа дека баш така детално навлегува во материјата,а не на 30 страни прашање.А друго,семинарски правиш ако сакаш,ако не,задоволи се со помала оценка или па направи и ти вика,немаш бодови,не си сработил како што треба.
    А за тоа,паѓаш 5 пати ретардиран си,еве кој имал можност да се запознае со големите умови од економски факултет со библии од 500 страни,да видиме што ќе кажат...не е така.Просекот ми е висок,најмногу мачен предмет ми е од три сесии паѓање,со грдни маки положен со висока оценка,цел на памет,не затоа што сум јас ретардирана,туку затоа што професорот е фрустриран.На памет или не,после толку време,јас сеуште се памтам и не можам да се споредам со некој паразит од приватен,едноставно не можам.Јас познавам многу луѓе на ФОН-економски фак.не знаат обична уплатница да пополнат.Што вика еден професор од мојот факултет,арамии и шутраци.Ги облекле во униформи и луѓе ќе ги прават.
    Маката ќе те натера да научиш,а плус,УКИМ има статус.
    Или информатичар на ФОН и информатичар од електро...неспоредливо...задачите им ги даваат,се што им преостанува е да ги научат на памет.Да не посочувам примери од секојдневие...

    Не е мерило за знаење,ама е мерило за способност и мрзеливост,од мрзлив човек ништо не бидува.Бизнисот на татко му ќе го пропадне,па на леб и сол ќе остане.Не дека нема исклучоци,ама фактите за обратното се далеку побројни.
     
    На kate21, girl1985, Unfaithful18 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Еве, да се поправам тогаш.
    Од моето искуство досега, јасно ми е за што точно зборуваш. Економски, Правен, Архитектонски и Медицина на УКИМ се познати по професори кои, што од лични фрустрации, а што од желба за богатење, знаат да го направат студентскиот живот пекол. На прсти се бројат тие фацки, истите од нив седат во Влада, во Собрание, или ќе те измрцварат, психички и ментално или ќе те удрат по џебот, ако недај боже изгубиш нерви во таа борба, па се предадеш и си платиш на жиро сметка за 6-ка. Зашто тоа го има на Државните факултети , УКИМ не е Светиот грал за образование. Во тоа никој нема да ме разубеди.

    Не дека јас сум за Приватните Факултети. Јас сум лично против Државниот.

    Има некои исклучоци, еве ти се наведуваш самата, од петни жили учење и нервози, не си се предала, си била упорна , истрајна. Такви се да не претерам 10 %. Таквите луѓе , не е важно дали се на Приватен или Државен, ќе истраат секаде, и ќе извадат максимум и од 50 и од 500 странички материјал.

    Остатокот, и сега зборувам исклучиво за тие од мојот Факултет и мојата катедра, ниту нешто екстра се помачиле, ниту можат да се пофалат со знаење, ама важно сите имаат дипломи и предаваат или ќе предаваат на идните ни деца и тоа ни помалку, ни повеќе туку мајчин јазик. Црева ми се превртуваат кога ќе помислам какви професорки има низ училиштата, дел од нив мои колешки, па уште и се трескаат во гради - имале диплома од УКИМ, а не од ФОН или Европски, они виделе мака, они виделе труд!

    Кој труд, која мака, кокошка до кокошка неписмена. Срамота е да се фалиме кога еве јас со две раце ќе потпишам дека целокупното образование во оваа држава е нула!
    Ме челичеле и ме јакнеле со тоа што сум чекала по ходници за потпис 5 саати, или за заверка на семестар три дена по ред, или откажување и презакажување на испит безброј пати во сесија, или на почеток на 4та година, да си мислиш дека имаш уште 6 испити до дипломирање, а од администрација ти викаат дека си грешка, во компјутер си внесен под сосема друга група и имаш уште само 12?!!!????

    УКИМ е преценет, хаотично неорганизиран, а со ЕКТС стана уште толку поголем предмет на иссмејување. Во овој момент сега, би ги одбрала сите приватни факултети, пред државниот.
    Фирмата на нечие татенце може многу лесно да пропадне и ако ќеркичето има диплома од префалениот уким. Јас си знам, другарка моја упропасти една таква. ;)

    Затоа ќе кажам, до човекот си е само. До неговата свест и желбата за учење и напредување.
    Испадна сега , сите што сме биле или сме на Државен, сме помудри, попаметни, понадарени, поснаодливи од оние на Приватните? И пак некако чудно, јас еве сум принудена да продавам и да глумам метлачка, додека некој од ФОН си работи во Банка? Чудно, многу чудно...
     
  16. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Мислам дека е неспоредливо.На државен факултет оценката ја заслужуваш со учење,а твој избор е дали ќе научиш само заради оценка или затоа што сакаш да научиш за себе,освен се разбира некои предмети кои сами по себе бараат учење на памет.Точно е дека е далеку потешко но со труд, волја и упорност се постигнува целта.Е сега не оспорувам дека има и незгодни и проблематични професори.
    Од друга страна сите знаеме како на приватните се студира и како се полага,со одење на екскурзија,со пиење кафе со професорот и слично.Убедена сум дека не учат ни приближно како ние на државните.А и самиот факт што плаќаш 1000-2000 евра годишно е доволна гаранција дека поминуваш.Мислам дека ако релано збориме и цениме на приваните факултети нема квалитет и знаење.Само да кажам за пример,на Славјанскиот во Свети Николе сестра ми полагаше наместо другарка и.Значи како може некој да влезе на испит без проверка на индекс,па уште и да полага со книга пред себе?
    Мој став е дека државните факултети даваат поквалитетни и постручни кадри.иако нормално дипломата не е гаранција за интелигенција и за тоа колку е некој паметен и колку ќе успее.Јас дипломирав на економски и некои професори самите велеа дека тие што сакаат да научат доааѓат тука,а тие што сакаат да си земат диплома одат на приватен.
    Исто така во многу огласи(зборам за оние од мојата струка)се потенцира дека се бара кандидат од државниот универзитет.Само штета што состојбата во државата ни е таква што се оди преку врски,па некој многу побрзо ќе најде добра работа независно од тоа дали има покомпетентен и подобар канидат од него :^)
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.154
    Абе вака или така,оние на приватен се со недостаток на амбиции.Затоа што гледаат да се ситуираат на едно работно место,да чекаат каква-таква плата и да речат со факултет сум.Од нив не се ни очекува ништо повеќе.Половично научени работи или пак ич,што патем ме вади од кожа затоа што структрно ни ја уништуваат државата,нели на младите останува,а младите трули.
    На државен закон на џунглата,ама најсилните (освен врскаџиите,кои па за среќа се многу малку) опстојуваат,а на приватен сите опстојуваат,нема селекција.Се запишуваш-завршуваш.
    Не зборувам тука за организираноста на факултетите,многу природно дека приватните се поорганизирани затоа што дебели пари даваш,а плус ПРИВАТЕН значи нешто.Има сопственик,тој сопственик ќе ти удри камшикот ако го подкраднеш,па се мора да функционира добро.Убаво спакуван производ лесно се продава,а каков е внатре...нешто како винчини тортичките.А на државен,дрп систем.Тeндер за фирми кои работат со кануф да се среди амфитеатар.На тетка брат,син,делчаката,чао пријатно,а како и што,не е важно,ние на студентски на шкрги дишиме.
    Сепак,муабетот е за знаењето...
     
  18. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Добра реченица
     
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.155
    .

    Па .. колку за твоја информација, работам, студирам, чистам година во јуни, дел сум од невладини, имам големо друштво и долга врска.. Не сум фрустриана, ни затворена во 4 ѕида...
    Да, имам телефонски броеви од професори, и нивни маилови (мојата група на факс брои 10 луѓе)


    .
    Зима Шуклев 1000 евра, и зема и Петар 6000, ама ако си научиш, нема да дадеш ни еден ебан (се извинувам) денар, и не сум слушнала, туку ЗНАМ затоа што знам како дечко ми положи менаџмент, математика и сл. И не е Славе математика, туку Драги.
    ( се гледа кој чул-дочул)

    И не не ми е страв од луѓе како тебе, со речник на *ниво*..
    И не ми смета мислењето. Ми смета преценувањето...
     
    На BoaVista и Unfaithful18 им се допаѓа ова.
  20. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    се полага со одење на ескурзија и пиење кафе со професорот хаххахаха леле не ми се верува ме изнасмеа, ако беше така јас ке си седев само во бифето на Фон немаше да одам на современ англиски 5ти пат да полагам по ред значи НЕВОЗМОЖНИ СТЕ :rofl: "и некои професори самите велеа дека тие што сакаат да научат доааѓат тука,а тие што сакаат да си земат диплома одат на приватен." -па добро ве советуваат професорите добар совет ви дале мора и нив кој да ги финансира :D :D :D :D :D :D :D

    А за вработувањето сите многу добро знаеме дека оди преку тестирање.