Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    365 глас(а)
    27,9%
  2. На државните факултети

    942 глас(а)
    72,1%
  1. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Тотално непотребна дискусија! Секој си го брани своето, а крај краева, не ми е јасно што браните? Најважно е да си учиш и да си завршиш, луѓе, верувајте факултетот и работењето се две различни работи! Ако те бива, ако имаш акал во главата, ако си способен ти ќе успееш на работа и без факултет! Ако не те бива, можеш и на државен да имаш 10.00 просек, а пак да се вработиш и да бидеш дудук невиден. Јас завршив на државен и не викам дека е подобро или полошо. Не ме интересира како е на приватен и дали некој знаел повеќе или помалку од мене додека сум студирала! Знаењето и способноста ќе си ги мериме во арената, на работа!
     
    На Hkikica и nela.oh им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.244
    Тој дудук на државен е рамен на 10кашот на приватен.
    Не можеш да работиш ако немаш основни познавања колку и да се разликува учењето со работата.А башка што,студентите на државен се по трудољубиви и како што реков,не им недостига амбиција.
     
    На RainBow и julie77 им се допаѓа ова.
  3. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Образованието е да те образова, меѓутоа сакам да кажам дека снаодливоста во животот е таа која што им помага на луѓето да станат нешто повеќе од другите! Јас не викам дека на државен не се стекнуваш со знаење, меѓутоа тоа знаење ако не знаеш како да го искажеш, како да го покажеш, џабе ти е се... Немате поима колку пријатели мои гледам екстремно и паметни и начитани и образовани кои не само што едвај се вработуваат, тука на работа ги газат под нозе и веднаш напуштаат, затоа што такво време е дојдено, сурово! Тој што си е снаодлив, дал на државен, дал на приватен, дал без факултет, ќе го сомели оној другиот, кој е навистина елоквентен за таа позиција. Тоа сакав да ви го објаснам, дека кога ќе се вработите, ќе сфатите како функционираат работите...
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Многу нормално дека на државен се добива по квалитетно знаење нема збор за тоа...Ама не се исплати маката на државните факултети кога и со приватниот можеш да добиеш иста ако не и подобра работа...
    А плус и за парите..на приватен ќе ги дадам ама барем легално,а на државен ќе ги дадам истите пари како мито за да добијам 6ка и за да некој ме подјеб*ва во здрав мозок :!:
    Не гледам причина зошто би си комплицирала кога би можела многу поедноставно да си поминам и да си уживам..И за тоа за работа што викате демек не примале од приватните факултети - мижи асан да те баам |(
    Погледнете само во Владата наша кои се први на листа на соработка ,ако ништо друго..Штулов ФОН Европски а дури потоа ги ставиле УКИМ и некои други државни :!:
    Иначе Бокица чист пример за таква личност ко што зборуваш ти ни е нашиот мил претседател Иванов :lol:
     
    На Bokicka и Trendafilka им се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Ниту студентите на државен се потрудољубиви, ниту страдаат од којзнае какви високи амбиции.
    Таму се, затоа што немаат доволно парички за на приватен факултет.
    Тоа е како во приказната со лисицата и грозјето, не можам да го дофатам, па ќе речам дека е кисело.

    Кој сака да се малтретира како некој нездрав, вечно да чека за обичен потпис, да трчкара по ходници, во тотален, неорганизиран хаос? Се чудам искрено како воопшто имам диплома.
    Пред некој ден бев до Американ Колеџ и лично да сум имала услови, немало да се мислам два пати кај да се запишам.
    Тоа што ми е мене во главата , не може да ми го одземе никој, можам само јас лично со моја волја и труд да си го надоградам.
    А чисто се сомневам дека УКИМ имал некаква врска со мојата мотивација и амбициозност, а и памет.
    Имаше секако удел, во губење на нерви, секојдневно малтретирање и понижување. Тоа да.
     
    На 2468 и Go-Girl им се допаѓа ова.
  6. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Па не би се сложила дека оди исклучиво преку тестирање,има во игра и други работи.
    А за тоа дека некој мора професорите да ги финансира-си имаат плата,и доста веќе со тие гласини дека е невозможно некој испит да се пројде ако не се плати.А на приватен на кој начин се финасираат???
     
  7. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    ^ На тој начин што ти си плаќаш одредена сума пари ,и баш поради тоа професорите таму имаат многууу повисоки плати-една од причините зашто не бараат мито а втората причина е заради тоа што ако директорот чуе дека прима мито дирекно шут му дава и така професорот ќе си ја изгуби својата многу подобро платена работа.. :)
    Професорите таму зимаат плата од по неколку илјади евра(лично знам еден професор кој е вработен на Фон,неговата плата е 5000евра)..
    Затоа и многу од нив се префрлуваат на приватен или си ја држат работата и таму и таму,па после нема да доаѓаат на испит ќе се бркаат за потпис на државните..па нормално кога на приватниот кај што предаваат мора да се цело работно време таму и да им стојат на услуга на студентите ;)
    И да има во игра и други работи за вработување освен тестирање..ама сигурно не зависи од тоа дали завршил на државен или на приватен.
     
  8. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Па јас лично потпис и оценка секогаш сум земала во договорено време.А верувам дека професори што земаат мито има секаде,исто како што ги има и тие што не зимаат мито.
    Тоа е мој став и јас си го кажав,а секој има свое мислење нормално :)
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.244
    Мене лично изборот ми беше тој заради шансата за стипендија од странство со гаранција за постдипломски,а не заради неможност да фрлам пари на приватен.Ако се запишев на приватен,немаше да можам да остварам услов за стипендија кој беше да си студент на државен универзитет,а тоа е доказ дури и оние надвор знаат какви се приватните кај нас,што не е случај за приватните во странство.5000 евра ќе се нашле на овој или оној начин и да сме немале.Сум била на раб на нерви,сум рекла си одам на приватен,ама не брате,кога ќе се сетам кои мои врсници се запишаа по такви факултет,па уште и кои тешки пропалици не просперираа на државен,па отидоа на приватен...ќе стиснеш заби и ќе успееш.
    А рака на срце,на државниот,одговорно тврдам дека има ситуирани деца кои навистина учат и исто така без проблем можеле да се запишат на приватен.Така да муабетот со басните паѓа во вода.

    Лесно е да се движиш по линија на помал отпор и лесно е да се зборуваат работи од инает.
    И нека ми носат егозотични коктели и нека ме ладат со перја од ној,не одам и не би ја сменила својата диплома за диплома од приватен,па и нека ме стипендира и Рамковски,не сакам бре.
    Значи не станува збор за удобност,комодитет,кои приватните несомнено ги имаат,станува збор за вистинско знаење.Новокомпонованите бизМисмени се знае каде ги праќаат децата.
    Јес да веќе станува збор и за кои факултети се во прашање,кога ќе ги погледнам факултетите и смеровите на приватниве ми иде да паднам од стол од смеење.
    Правен,економски,електро,архитектнонски не можат да се споредат државни со приватни,а за медицина не треба ни да стане збор да има на приватен,зошто начув дека имало некоја таква луда идеја.
     
    На JuLleE и lylaby им се допаѓа ова.
  10. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Медицина факултет па приватен :o аууу тешко нас со тие идни доктори просто човек да се уплаши....
     
  11. cinderellce

    cinderellce Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    47
    Ги читав погорните постови и само ке кажам дека дефинитивно знаењето и амбициозноста што ја имат студентите на државните факултети е дефицит кај студентите на приватните.........и воопшто не се согласувам со тоа дека се зборува лошо за приватните факултети затоа што некој нема пари да оди на приватен....јас лично тргнувам од мојот случај моите дома ме разубедуваа да одам на приватен како било полесно дека ако јас сакам да си докажам колку сум способна можам да земам и стипендија,зошто да се мачам по дрзавниве факултети но јас едноставно не сакав.А тоа дека на државен факултет ќе ги дадеш истите пари само не легално туку како мито се чисти глупости.....сестра ми е апсолвентка а јас сум сега втора година и двете сме на државен факултет и до сега немаме дадено ниту денар кој би ни помогнал во положувањето на испитите па фала богу редовно си ги чистиме годините :)
     
  12. ddragsic

    ddragsic Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Абе кукличкава од Скопје многу опасна.
    Девојче кое и да си, искористеното страв и параноја у лас вегас не беше искористено за да кажам дека некој треба да се плаши од мене, туку за размислувањата 1000 шо ги прочитав.
    И фала Богу, не си ти таа што треба да ми кажува како да се изразувам. :D
     
  13. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    велиш доста веќе со тие гласини дека е невозможно некој испит да се пројде ако не се плати? а како ти си толку сигурна дека на фон се поминува за пари? како може да зборуваш за нешто што не си го искусила до сега? Во врска со вработувањето секако дека оди преку тестирање, има нешто што е државно на денешно време? со врски може да влезеш во државна институција ама не и во приватна! сигурно дека нема некој да те плаќа за џабе. На приватен се знае како се финансират професорите, г-динот Сефер Цаноски има над 300 вработени и предобри плати земат професорите така да на никој до сега не му се случило професор да бара пари од студент, така треба и на државниот да е, да им ги зголемат платите на професорите за да престанат со тоа мито.
     
  14. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Па јас ни еднаш не кажав дека некој на ФОН зимал мито.Јас само кажав дека не е точно дека не може да се положи некој испит ако не се плати.И мислам дека е најнормално професорите да се финасираат преку своите плати,значи поентата ми беше дека на приватен ги финансирате со високите партиципации.
     
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.368
    па да, на нас на државен не ни кажуваат вакви * просветли ме* поговорки
    Учиме посуштински работи ми е муабетот де.

    И свака част што усепеа да одговриш на пола точка од мојот одговор.. Напредуваме.. напредуваме.. :D ;)
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ddragsic

    ddragsic Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3

    Види сите се криви на форумов што зборат за приватни факултети, ти се најде паметната сите да ги исправаш. Браво браво, амбиции... НЕ! Ќе праиме муабет кога и двете ќе се вработиме или кога на државен факултет ќе се потрудат да им обезбедат добра пракса како на приватен ;)
     
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.368
    Не се трудам да ги исправам, секој со што сака нека прави ама дрски одговори како твојот , на друго место .
    За вработување факт е дека секаде во земјава иде преку врски и мито, така што не ни сакам да се натрпеваруам со нечии керки и синови.
    И да, на Државен има пракса. На Економски, ФИлилошлки...
    Не го оправдувам државен, зошто факт е дека целото образование е хаос, ама и вие спуштете се малце на земја. НА ФОН студирате , не на Оксворд мме
     
  18. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Значи вака се изначитав и се изнасмеав. И едните и другите сте во право. Јас дипломирав на државен факултет во време кога приватни воопшто немаше. Мислам дека имав голема среќа што добив стипендија и продолжив во Германија на постдипломски студии. Толку за студирањето. ;)
    Ќе ви кажам што е битно потоа за работа. Воопшто не е битно дали си завршил приватен или државен факс. Битно е колку знаеш и колку може работодавачот да те искористи, а верувајте ќе зборувам лично за мене ме користат.Битно е како после студиите ќе си го уновчите трудот, во смисла да имате добра работа, висока плата и да можете да си приуштите еден нормален живот. :)
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Во нашата мала и јадна држава ретко каде се цени дипломата. Јас завршив на државен факултет и што ако кога тој таму со приватен факултет ја зема истата плата како мене. Па и на мојот државен имаше студенти кои си плаќаа одредени испити затоа што ги мразел професорот и не ги пуштал да положат.
    Како ке се снајдеш на работното место и уновчиш трудот е друга работа.
    За жал, не сме мамини и татини деца на функционери туку обични смртници кои треба самите да се бориме за да успееме.
     
  20. ddragsic

    ddragsic Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3

    НЕКОЈ ТОА НЕЈЌЕ ДА ГО СФАТИ ;)