Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    365 глас(а)
    27,9%
  2. На државните факултети

    942 глас(а)
    72,1%
  1. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Па ако мислиш дека на државен би поминала полесно повели дојди па спореди како е. Нема да даваш многу пари....
     
    На tinkerbelll и girl1985 им се допаѓа ова.
  2. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Нова сум на форумот и сега ја отворив оваа тема за да видам што има и можам да кажам како и други некои дека државен факултет не може да се споредува со приватен. Секој си има свое мислење и ова е моето.
     
  3. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    јас сум на приватен факултет ФОН и баш ми е супер...сеа сум втора год и мн мои колеги си падна год...и на приватните факултете си бара учење сеа вистина многу плаќаме али мислам на приватните факултети е побро предавњето имаш поголема комуникација со професорот...а има слушнато од мои пријатели кои се на државниот не ни идат да предавадања си ги купуват потписите и некои потешки испит...како и да е на кој факулте и да си си бара учење..кој си учи ке си учи и на државен и на приватен ...:))
     
    На Pavlin4e и Lina24 им се допаѓа ова.
  4. Pavlin4e

    Pavlin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    9
    Од тие што се на ФОН, може ли некој да ми каже, како оди плаќањето таму, веднаш или....?....Уписите како се, поени колку треба.......јас сум 4 година и палнирам да се запишам на ФОН па би сакала да знам нешто повеќе.......фала ви однапред
     
  5. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    За плаќањето...не знам дали секоја година ќе има но оваа година за тие што плаќаат во готово имаше 200 евра попуст/ 10% значи наместо 2000 евра платив 1800, исто така може првата рата да се плати 500 евра и потоа другите на рати тогаш има 5% попуст а исто така може по 200 евра 10 месеци тогаш нема попост. За поени не знам како ги сметат поените ке ги оставиш потребните документи и тие ке ти се јават :) потоа секој предмет на колоквиум се плаќа по 450 денари ако паднеш на прв колоквиум одеш на испит, или пак ако го имаш положено првиот колоквиум а паднеш на втор исто пак одеш на испит испитот во февруарска, јунска и септемвриска испитна сесија е 620 денари (еден предмет) , во октомвриска 1500 денари (еден предмет), а ако не се положи тој предмет и во октомвриската сесија значи оди за следната година пак февруарска сесија тогаш мислам дека е 100евра и така :) :) :) ако има уште нешто нејасно прашај ме :hai:
     
  6. Pavlin4e

    Pavlin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    9
    Фалати ти Плавуша.......од голема корист ќе ми се информациите.........а слушнав некој зборуваат дане се влегувало со некаква стипендија или незнам како.....знаеш ли нешто за тоа???......
     
  7. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    дават 100 стипендии, кога ќе има полагање оди, ако не ти дадат целосна стипендија има делумни стипендии може да влезеш и со 1500 евра пробај си ја среќата ;)
     
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    на фон,покрај што ја плаќате годината 2000евра,плаќате и за секој испит посебно??? :^)
     
  9. Pavlin4e

    Pavlin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    9
    Плавуша.....Јас стварно незнам зошто во некои таму претходни постови, некои пишувале дека таму се само богаташи, па не се учело, се плаќала дипломата и сл. Па еве јас сум од просечно семејство и ќе се запишам таму, и тоа зашто сметам дека на приватен има подобри услови за учење,има повеќе пракса,и незнам онака многу го сакам тој факултет!!!....некој ако сака да си учи и на државен и на приватен ќе си учи.....јас досега сум немала помала оцена од петка, освен математика (не дека се фалам) ама сакам да кажам дека одам на факултет за да учам, а не така да минам без знаења, па да незнам ништо......затоа незнам како може така да пишуваат......јас не сум против државните факултети,ама тоа за приватниве што го напишале стварно е глупаво......јас знам многу мои братучеди кои се на државен, па за некои испити додека не дадат некој денар, нема шанса да поминат......па затоа мислам дека нема потреба од такви навреди на било кои факултети,секој и државен и приватен факултет си има и добри и лоши страни, ама така да се пишува во глобала за овој, оној нема потреба.....А Плавуша како е организирана наставата.....ти на што си?
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.111
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    Ќе ве замолам дискусијата за наставата, плаќањето на ФОН да ја префрлите во темата ФОН прашања или да отворите друга тема :)
    obrazovanie/fon-prashanja-t1520/
     
  11. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    да да, секаде е така на приватните факултети 2000 евра е само да се запишеш во една година ;)
     
  12. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    тоа нема врска само така зборуват кој што слушнал хаха! уловите се повеќе од добри ти нема да ги бараш професорите со индексот во рака тие ке те бараат тебе :D или пак како што се случува на државен одиш на колоквиум/испит и им текнало го откажуваат таму се знае ако треба во 10 часот да е во 10 ќе е. Јас немам ништо против државните факултети само ме нервира тоа што професорите се прават "газди" што сакаат тоа ке ти прават и да си научил како што треба ако не сака нема да те пушти и готово. на пример ЗОШТО СИТЕ ОДАТ ВО ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ?, АКО Е ВО ДРЖАВНИТЕ ПОДОБРО ТАМУ КЕ ОДАТ НЕЛИ ? за наставата- не е секој ден по 2-3 предмета да слушаш си има определено кој ден кој предмет се слуша, значи само по еден предмет на ден по 4ипол часа трае наставата со се пауза зависи до професорот колку ке даде некои дават 5 мин некои 30. Јас сум на Применети странски јазици, за професорка :D Англиски како прв јазик, Италијански како втор и Шпански :)
     
  13. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    знам дека на европски и на фон се плаќа за секој колквиум по 5 ецра пред полаганје а за испит 10 евра, а ан американ и на мит не се плаќа ништо пред полагање
    иначе и јас не сум од некое богато семесјтво,ама сум на прватен и одлично функционирам, тие што не учат и не се замраат точно е дека им ги зимаат парите, амам проф не ни ги забележуваат нив дека се во клупа, а оние кои што се исткануваат и се секогаш активни и присутни на предавања секогаш се наградуваат со оцена плус, и најмногу штоми се свиѓа е тоа што можеш да се истакнеш затоа што има настава во мали групи, имам просек 9,8 и си земам и стипендија.
    + тие што викаат дека на приватен лесно се фаќа 10 еве ќе ви го кажам оценувањето, со двата положени колоквиуми (35 + 35)со сите можни поени се добива 7 другото е 10 поени за активност и присутство, 10 поени за семинарска, 10 поени да ја презентираш на power point, епа сега ти кога ќе одиш секој ден на факултет ќе се активираш и ќе правиш семинарски и презенатциии секако дека ќе имаш добра оцена 9 или 10 ете заради ова го одбрав приватното образование,а за минење со 6 секаде се мине ако седниш и го поминеш материјалот!!
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  14. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Јас студирам на државен и досега ми се нема случено да го откажат испитот. Пред се, затоа што полагаме многу студенти, распоредот е веќе направен и од него нема отстапувања затоа што нема место во амфитеатрите. И да сакаат да го поместат испитот - немаат каде да не сместат, се е презафатено.
    А во однос на распоредот, во сите семестри имаме по еден ден минимум слободен, а предавањата се како што ти ги имаш - еден ден, еден предмет. Од бројот на кредити зависи и бројот на часовите, ама најдоцна што се задржуваме се 4 часа. И имаме 15 минутна пауза измеѓу секое предавање.
    А тоа со болниците... отиди во државна клиника па да видиш дали не одат луѓето таму.
     
  15. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    и јас го мислам истото а тоа со приватните факултети дека послабо се образовани и дека дипломата со тие двеилјади евра ја купуваат и јас имам слушнато и тоа од професор а дали е тоа така појма немам мене убаво ми е на државен факултет ем поевтино ем повеќе струки за запишување
     
  16. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    ПОТПОЛНО се согласувам, сум прошла низ истото, и никојпат не било како што опишува plavusha, можеби така им одговара да опишуваат за да имаат причина плус зошто се запишале на приватен. Секаде има исклучоци, но навистина не е така како што кажа plavusha. Никогаш не сум имала презакажан испит, ниту проблеми со часовите, секојпат 45мин час, 15мин пауза, и сето останато како што кажа OrdinaryGirl.
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.244
    Лошо ми станува кога ќе прочитам дека споредните предности на приватен се толку важни.
    Откажан испит,собирање потписи,студентски прашања!
    Голем машки полов орган!Со извинение зошто не ми доликува,ама навистина е толку неважно!Да не ви се срони бисерот!И онака како студент немаш друга попаметна работа,бар научи да се бориш и челичај живци.
     
    На mysterious и girl1985 им се допаѓа ова.
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Од оваа перспектива сега , мене делот со пријавување испити и собирање потписи и полагање испити ми е многу важен и не ми е сеедно како е организирано.

    Некој можеби ужива во хаос, јас не сум таква.
    За мене не е челичење на живци да се буткаат 100 луѓе во ходник, па да чекаме еден потпис три и повеќе часови, буквално да тапкаме во место, додека за тоа време можам да седнам и да го почнам да го учам испитот. Не ми е ниту челичење живци чекањето во ред за заверка на семестар, за да на крај ти го фрлат индексот пред нос, само затоа што теткицата на студенстки прашања била тој ден изнервирана.

    Најмалку 10 пати ми се има случено да ми презакажат испит. Да не зборувам за доцнење.

    Што ми се случи мене?
    Ми останаа уште 4 испити и случајно се симнав до дотичните студентски прашања само да прашам дали испитот Албански јазик треба да стои запишан со 1 или римско I.
    Теткицата ми објасни како јас немам албански под Б.
    3 години заверувам семестри редовно со Б - албански јазик, ама неееее, јас да сум ти била во заблуда. грешка сум, не сум јас таа група и точка.

    Јас сум еднопредметна насока, и немам уште 4 испити до дипломирање.
    Имам уште само 13 , според насоката која ми ја кажуваат дека сум заведена во нивната администрација.

    Мислам дека животот ми се скрати за 10 години.
    Со милион поплаки, жалби и маки, некако стигнав сама до Деканот, чисто заради мојот инат и упорност.
    Се прашувам, да беше некое посрамежливо дете , кое нема да имаше живци и сила - што ќе правеше?
    Ништо, ќе се согласеше на тие 13 испити , заради "ситната административна грешка".

    После 4 месеци и изгубени сесии за полагање, конечно со благослов и печат од продеканот , мојот ситен проблем се реши и јас ги дополагав тие 4 испити до дипломирање.

    Како да имам почит кон УКИМ? Почит има само некој кој очигледно е садо-мазохистички настроен, па ужива во психичко малтретирање.

    Во секој поглед се бедни и неорганизирани.
    Пак ќе кажам - да ми е овој памет сега, никогаш, ама никогаш нема да стапнам на државен универзитет. Не го ни удостојувам со голема буква, зашто луѓето се замислуваат Богови и немаат основна почит кон студентите.

    И еве, лично зборувам за мојот факултет и мојата насока.
    Ниту некоја г-ца од мојата група нешто научила, ниту излегла попаметна од УКИМ.
    Си отидоа како што си дојдоа. Прости.
    Можда дури и отупеа уште малку повеќе.

    Факултетот не го обликува умот на човекот. Ни најмалку.
    Има луѓе и без факултет, па се милион пати побистри и поснаодливи од некое си студентче со просек 6.76 од УКИМ кое нервозно фрчи со носето и мафта со преценетата диплома од Државен Факултет.
     
    На Go-Girl и srculka им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.244
    Кога те је*е системот,ретко кој останува рамнодушен и срамежлив,така да ти имаш право да бидеш гневна,но тоа не го менува фактот дека приватните не можат да ги надминат државните универзитетити во поглед на знаење.
    Не уживам во хаос,но сум во состојба да го трпам кога станува збор за мојата диплома и знаење.
    А бонус е тоа што не се обидуваме да вагаме колку вредиме како луѓе со или без факултет,на страна сето тоа,ниско е да проценуваме по тоа,ама...веќе ако треба и има основа за такво нешто,пак анализата не е на страна на приватните.
    Се согласувам и тоа како дека факултетот не го прави човекот,ама ако веќе некој се решава да се обезбеди со диплома,нека го направи тоа на начин на кој што треба.
    Точно е кој учи,ќе учи и таму.Ама тоа што ќе го научи таму,не е ни третина од она на државен,таму лежи поентата.
    Приватните не овозможуваат едно нешто,што е многу важно за државава...а тоа е селекција колку и да биде механизам за тортури и тенчање живци.Таму завршуваат сите,на државен тој што е најсилен.Ако сите сме со факултетски дипломи и сме на топ работни места,јас се прашувам од каде ќе најдеме брашно за леб?!Не сакам удобен живот и не е нормално постојано да имаме удобен живот...ако тоа е така постојано,тогаш да се збогуваме со промени и напредок.
     
    На JuLleE, OrdinaryGirl и girl1985 им се допаѓа ова.
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    битно е кој како работи, во денешно време тоа се гледа, како ќе се снајдеш на работното место без разлика од кој факултет си и со колкав просек
    знаењето е битно да, ама кој на терен повеќе го бива тој ќе тера натака
    јас да би имала пари за на приватен факултет би се запишала и после со среќа