Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    365 глас(а)
    27,9%
  2. На државните факултети

    942 глас(а)
    72,1%
  1. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    Комшиката ми е на државен на св. Кирил и Методиј по 3 пати во денот оди на предавање распоред-катастрофа, исто и за колоквиумите им ги откажуваат бидејки професорот тој ден не дојдел на работа. Ние немаме слободен ден за жал... :!: хехе а како може до државна клиника да е подобро кога и баба и дедо знаат каде сакат да ги носиме на лекар се знае каде се обрнува повеќе внимание на пациентите, на пример ноќеска да ти стане лошо слободно може да си умреш пред вратата додека да ти отклучат во државна клиника сите доктори спијат!!!! се знае поскапо е на приватно затоа не одат, истото важи и за приватните факултети. СЕ ШТО Е ПОКВАЛИТЕТНО Е ПОСКАПО!
     
  2. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    хаххахахаххахаха послабо сме образовани? хаххахахахахахахахахахаххахахахаххахаха ќе видаме на крајот кој ќе е повеќе образован. ОМГ има мн неинформиран народ. ШТО ЗБОРУВАШ ДОДЕКА НЕ ПРОВЕРИШ??? кај нас немаш поима како течат предавањата сите на ред преведуваме текстови и решаваме важби, професорката за време на предавањето испишува 10 табли не е предавањето со 100 студенти туку е со 10 во просторија и пак ке тврдиш дека е поквалитетно знаењето на државен хахха НОУУУУУ КОМЕНТТТТ
     
  3. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124

    за тоа ти давам не 10ка! 100КА!!!!!! ама ајде оди докажи со неинформиран народ неможеш да се разбереш, еве ке искоментирам на ова "Со милион поплаки, жалби и маки, некако стигнав сама до Деканот, чисто заради мојот инат и упорност." на приватен во секое време мти е достапен деканот му сум се јавувала и по 3 пати на ден ако нешто не е како што треба .
     
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Значи читам и не можам да поверувам! Дечко ми студира на ПРИВАТЕН. Учи од СКРИПТИ од по едвај 50 странички, ако не научи до датумот кога му е закажан испитот си го презакажуваат за во друг ден. Ако не се појави ни тој ден, пофесорката му звони на мобилен и го вика да оди да полага! :!: Професорите им праќаат прашања на mail, кај скрипта од 50 страни, па и прашања, за да не им било многу тешко. |( Значи сведок сум, го гледам дека книга не отвора, вечерта пред испит седнува и чита нешто, утредента оди и ПОЛОЖУВА! Јас и на него му имам речено, ако вака се завршува факултет, јас десет ќе запишам и ќе завршам! Затоа не убедувајте дека многу се учи на приватните. Секоја чест за исклучоците кои стварно учат, но повеќето(80%) си го минуваат факултетот без книга да отворат. Се додека мнозинството студенти на приватните факултети се такви, таков глас и ќе ги бие факултетите и никој ништо не може да промени.
     
    На Lilit, veri и RainBow им се допаѓа ова.
  5. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Исто и дечко ми заврши на приватен, еве сега се запиша и на постдипломски на истиот факултет, самиот си кажува дека досега нема книга отворено, а има некаде просек околу 8.
    А на државен се утепуваш од учење само за една 6ка.

    By the way, би сакала да кажам дека секој од нас може слободно да си го каже своето мислење, без притоа да го убедува другиот дека неговото мислење е по правилно. Значи, секој си има свој начин на размислување и нема потреба да се препираме и да ствараме нервоза на оваа тема. Да не го навредуваме оној што има различно мислење од нашето.
     
    На Danilela му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.110
    Пол:
    Женски
    На помага тука убедување, бидејќи сите имаме различно искуство и сите знаеме на што сме биле сведоци.
    Јас знам како поминале мои блиски по приватни факултети, па затоа и сум дала такво мислење. И џабе е некакво си убедување :)
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Не е мое да се мешам во вакви теми, затоа што не ме ни интересираат факултети но само сакам да кажам дека кучињата лаат, караванот си врви! Ене ги еден куп од ФОН вработени на убави места, по банки и незнам каде и со големи плати. Колку сакате зборувајте, џабе е. Во оваа држава е општо познато дека квантитетот многу понапред од квалитетот. За разлика од оние што завршиле државен ве читам и низ форумов само колку ве има, седите дома... А од ФОН на убаво место работат. Така да, џабе е зборувањето на темава...
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.655
    Јасно е дека е џабе...затоа не планирам тука да останам! :D Е баш заради такви!
    Некоја да ми го дрпне лебот пред нос,а у опис на работно место не и пишува турпијање нокти и гзолижење...а е едино нешто што го поседува као способност и со тоа рака под рака ќе си успее.
    Сами си ја уништуваме државата на ваков начин.Од се се прави бизнис,се создававаат паразити кои го јадат ткивото секојдневно.Се се прави парцијално и ради реда,колку за пред народ да се обели образ,никој ништо сериозно не сфаќа...искрено,јас се плашам тука да останам.Какви се изгледите за 10 години скроз ќе пропаднеме.А башка што тие од приватниве ги мрзи да научат за испит,а па не да прочитаат нешто друго,надвор од него за да го прошират знаењето и светогледот.Не зборувам за Пауло Коељо работи,туку за стручна литература.Мислам дека денес,само кај нас е срамота да кажеш дека читаш или дека си научил за испит.Сите те гледаат како да си од секта некоја.А плус,истите тие што тука се удараат у гради,утре да ги седнеш на кафе уз муабет,ќе ти кажат колку неучат и уживаат на приватен и при тоа се горди на тоа!
    Јас сеуште дипломата од овие факултетит ја доживувам како диплома од курс по англиски или така нешто...
    Ама да се тешиме сега дека имаат тестирање при вработување,а и некои се јасни дека не вработуваат од приватен (колку и да го нергира некој тој,тоа е факт,имам и докази)...
     
    На nitokris, RainBow, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Хаха,па и на курс по англиски повеќе се учи...
     
  10. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Види, и од државен до државен факултет има разлика, затоа немој да генерализираш. Филолошки и филозофски се хаос тоа знам, ама кај нас веќе одамна не се пријавуваат испити на студентски. Се оди електронски и не ни плаќаме за испит или колоквиум. Полагаш денес во 12, веќе во 5 саат попладне имаш резултати. А секое соопштение го има на сајтот на огласна табла, за разлика од сајтот на архитектонски каде другарка ми ми кажуваше дека немало поставено ништо ново од 2006та. Тоа беше лани, сега можеби има измени.
    А професорите кога не можат да дојдат на предавања (ако имаат рочиште, затоа што не работат само како професори) доаѓаат асистентите, фала богу, за тоа се поставени таму. И мене не ми смета ако на предавање не ми дојде Топурковски, туку неговата асистентка, или на римско ако не дојде Бучковски, туку наставата ми ја држи асистентката.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Pavlin4e

    Pavlin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    9
    Дечкоти не учел, од проста причина што не сакал да уче,ако салкал ќе земел и дополнителна литература и ќе научел и плус, како што јас тоа го правам уште во основно,бидејќи сакам да научам си земам и плус книшки од библиотеката стручни, па научувам и нешто плус што не е во програмата и професорот не ми го бара!!!
     
  12. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Плавуша-демант на твоете тврдење.Јас го завршив факултетот без ниту еднаш да се презакаже испит или да се откаже предавање.Ако не може да се одржи предавањето професорите известуваа порано.И предавањата секогаш беа под конец организирани,без паузи освен онаа нормалната од 15 минути.
    Тоа го кажав и јас порано.Сами студенти на ФОН ми кажувале дека се полага во договор со професорот,на овој или оној начин.
    И ова е на место,ама тврдам дека многу голем процент од нив до местото дошле со врски или со пари.Само жално е што заземаат места на други,кои повеќе се труделе и се поквалитетни ама немаат шанса да се докажат.Е сега веќе и порано кажав,секаде и секогаш има исклучоци.
    И само уште да се сложам со она што Лилит го кажа,дека сега многу фирми вршат и тестирања па тука останува простор за вистинско вреднување на кандидатите и дека има фирми кои потенцираат дека бараат од државен факултет ;)
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.584
    Допаѓања:
    201.807
    Пол:
    Женски
    Секој со искуството. Кога го читам она што го напишала Трендафилка, не можам да поверувам, ама ете, и тоа го има.

    Можеби имав среќа што јас студирав кога високото образование кај нас беше колку толку нормално (уф, ова звучи ко пред 50 години да сум студирала :lol: ), и факултетот ми беше одлично искуство. Иако знаеше да се случи хаос и лоша организација, се се средуваше без проблем. Професорите ми беа од постарата генерација - врвни стручњаци на кои не им требале мама и тато да се пробијат, затоа што во свое време навистина учеле и се уште учат (а сега, полакомени за пусти пари, одат по приватниве универзитети, да земат некоја пара плус), секогаш беа достапни, било за консултации, било за потпис, било за испит. И го ценеа знаењето, со некои исклучоци, ама тие беа ретки, на прсти од една рака фа ги изброиш. Ниту еден испит не ми бил презакажан, не ни постоела таа опција. Уште на почетокот на месецот (ние секој месец имавме сесија) се објавуваа датумите на секој дел од испитот (тест, практичен дел, усно полагање) и се знаеше кој кога полага - нема презакажување! Не можам ни да се пожалам од праксата, посебно од вториот семестар на трета година кога веќе почнавме со пациенти да работиме - и немаше забушавање.

    Лошо нешто е тоа што некои од професорите на институтските предмети не потценуваа како стоматолози, не сме вределе колку лекарите, бла бла бла - и заради тоа си заработив квадрат (не сакав да ќутам). Лошо беше и тоа што имаше луѓе кои секогаш супер си поминуваа, завршија со просек 10, само затоа што носеа некое познато презиме или имаа некој важен на висока функција, ама искрено, ич не ми е гајле за таквите, дури и ги жалам, оти не знаат сами да се снајдат кога ќе им згусти.

    Како и да е, сакам да кажам дека има голема разлика меѓу приватен и државен универзитет во квалитетот на знаењето, ама ако немаш во главата, ако сакаш и десет факултети заврши ги, џабе ти е. Не можам да зборувам за многу факултети, ама еве, се отвори приватен стоматолошки факултет - и смешка е. Првата генерација студенти се веќе трета година, а треба веќе со пациенти да работат - П од пациент не виделе. И тие утре некому треба да му поправаат заб. А да не зборам за тоа ако ќе отворат медицина. Се ми се чини дека во скоро време ние ќе увезуваме кадри од некои посиромашни земји (ако има такви земји :?: ) особено медицински, затоа што сега лесно се завршува и медицина. Кој се запишал, завршил. А со приватен факултет, уште полошо. Не велам дека во странство нема приватни факултети по медицина, ама се знае брате кој може таму да се запишува.
    Да, најголемото искуство се стекнува после дипломирањето, со работата, ама ако ти ја немаш основата која се стекнува на факултет, тогаш тешко ќе ти биде.

    Може си имаат свои предности и приватните универзитети, не велам не, ама не се прави универзитет преку ноќ бре! А сите така никнаа, ко печурки после дожд. Како прво, треба да се види дали има услови, дали има можности, доволно обучени кадри... имаме ли ние насушна потреба од такви универзитети, па сето тоа убаво да се испланира и организира. А не во стилот, уште се става кнауфот за амфитеатарот, а студентите веќе полагаат испити. Не ја бива така, ама тие ќе просперираат, затоа што народов наш е таков, сака со малку труд да добие многу, па ќе плати колку треба.
     
    На BoaVista и elygj им се допаѓа ова.
  14. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    На државен кога ќе ти дадат книга од 500-600 страни, одвај стигнуваш да ја научиш до колоквиумската недела, а на приватен ако даваат скрипти од 50 страни, е тогаш можам да сфатам дека имаш време и дополнителна литература да си прочиташ.

    Јас имав цимерка која студираше стоматологија на државен и знам од колкави големи книги учеше, и по цел ден имаше предавања и вежби, стварно и беше многу напорно. Кога отворија стоматологија на Европски, еден нејзин колега се префрли таму затоа што му било многу тешко на државниот. И после самиот си кажуваше дека таму не ни учеле од книги, туку постојано им го скратувале материјалот и им давале помали скрипти за учење. Он на државен година губеше од што е толку тешко, а таму на Европски му било како песна лесно студирањето.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.224
    Допаѓања:
    56.911
    Пол:
    Женски
    Јас не студирав на државен, и до некаде сте во право со тврдењата дека полесно се завршува. Само, не учевме од скрипти од 50 страни. Еден колоквиум ни беше просечно 100-150 страни (помалку од оние на државен, да, но не беа 50). Се положуваше многу лесно, точно е тоа (се добиваа поени од семинарски и активност на вежби, па за 6ка требаше навистина мало постигнување на колоквиум или испит), но тие што сакаа повисока оценка требаше да се потрудат, и да учат исто како што би учеле на државен. Имаше студенти кои се провлекуваа, но имаше и прекрасни студенти.
    Добивав стипендија од Холандија која ми ја покриваше не само партиципацијата, туку ми даваа и плус пари за сместување (living expenses). Секогаш учев дополнително и самостојно за да ја задржам стипендијата. Ова го кажувам како демант на тврдењата дека таму одат само богати деца за да добијат диплома, јас поминував со 2000 денари месечно максимум, трошев само за јадење.
    Задоволна сум од образованието и знаењето што го добив, и не се сметам себеси за ништо помалку од оние што студирале на државен.
     
    На Pavlin4e и Lina24 им се допаѓа ова.
  16. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Машки
    Баз разлика што поминаа 20 години од промена на системот во државава, имам впечаток дека сеуште кај народот е на цена дипломата како парче хартија...наспроти евидентната промена во приватниот сектор каде дипломата е предуслов за работно ангажирање, а пресудно е пред се способноста а потоа знаењето.
    Веќе скоро и да не постои сериозна приватна фирма која не спроведува тестиранје при вработување,.. што значи дека сеуште не се дава значење на тоа кој ја издал дипломата...односно сеуште нема факутет или универзитет со таков изграден рејтиг, коде името само по себе гарантира знаење па дури и спосбност...која патем не се учи на ниеден факултет...
    Не дека тестирањето е нзнам што, има и такви кои ќе го поминат но по извесно време ќе ја изгубат работата поради својата неспособност,..што е уште еден показател дека приватниот сектор регира пазарно по ова прашанје...односно врши селекција на понуденото знаење кое очигледно ги задоволува без разлика од кој факултет доаѓ.
    Инату приватното образование кај нас е меѓу првите 10 нај профитабилни бизниси...и својствено за насши прилики се дозволи во овој бизниз да влезе и ќоро и сакото...нормално ради профитот...па затоа се ствара слика дека знаењето се купува и лесно се стекнува диплома,...а наспроти корупцијата, непотизмот и разно разни врски и интереси на Државниве факултети...имам дилема кое е подобро...
     
    На Bokicka и julie77 им се допаѓа ова.
  17. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Епа токму во тоа е проблемот на приватните факултети! На вас како задолжителна литература на испит ви даваат по 50 странички, значи дали ти читаш дополнителна литература или не, е твое право. И да не читаш, пак ќе положиш само со тие 50 страни! Јас за моето студирање не паметам испит помалку од 300 - 400 страни(испити кои ги сметавме за помали) кои треба да ги научиш онака убаво за да поминеш. За поглемите испити и да не зборувам!
    Не негирам дека на приватните факултети имате подобри услови за во однос на одржување на предавања, немате чекање и слични нервозни ситуации, со еден збор имате подобра организација во секој поглед. Подобро сте третирани од професорите, имате поголема слобода и се тоа, тоа никој не го негира. Но факт е дека помалку се учи! Реков и во претходниот пост, секоја чест на исклучоците, но повеќето студенти на приватните факултети многу лесно си ги минуваат испитите, без нималку труд и учење!
     
  18. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124

    како за информација јас никогаш не сум добила скрипта од 50 страни. Знаеш колку е 50 страни? 25листа! смешно е тоа, бидејќи тоа се предава само за еден час. Последната скрипта што ја копирав е точно 300страни.
     
  19. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Луѓе ајде доста препукување... Мислам дека секој ќе си го брани своето, тој од државен факултет својот, и никогаш нема да сретнете, ниту јас сум сретнала некој што е студент или бил студент кај нас на приватен факултет и да каже, да лесно е! Јас знам многу примери на студенти кои беа на мојот факултет и заглавија, сите отидоа на приватен и завршија и добија диплома пред нас, што мислам дека доволно кажува за вредноста и тежината на приватните факултети кај нас. Исто, најслабиот мој соученик во средно што секое лето си одеше на полагање по клучни предмети, додека повеќето од класот сеуште не беа дипломирани, тој веќе магистрираше на приватен! Е да бе, се сменил преку ноќ и почнал да учи како луд како не! Исто и другар на дечко ми, слаб во средно, скисна на полагања, студии од 4 години на приватен ги заврши за 3, му одело многу брзо и лесно, па и постдипломски запиша. Знаеме сите ние мал милион примери но џабе се расправаме. Секој нека си го искаже своето мислење и да не се караме. А како стојат работите длабоко во нас сите знаеме. :*
     
    На BoaVista и OrdinaryGirl им се допаѓа ова.
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    А што ќе кажете за Универзитетот “ Гоце Делчев’’ Штип, или за дисперзираните факултети?
    И тие се државни ;)

    Според мене академските студии во Македонија, било на приватните- било на државните факулети, во денешно време паднаа на многу ниски гранки.

    За жал, веќе секој може да заврши факултет, нема природна селекција, нема борба, не остануваат само најсилните- секој што има војлја завршува.
    Ако нема пари за приватен- ќе си се запише во Штип, или на некој дисперзиран факултет и готово.

    Така што, џабе дискутираме, кога се е гола вода.

    Ах, понекогаш сакам да живеам во некои други времиња :doh: