За Гоце Делчев - се најдобро. Одамна беше потребно да се направи универзитет кој ќе ја покрива областа на источна Македонија. На почеток сите беа скептични околку тоа како ќе биде прифатен универзитетот, но за кратко време успеа да се докаже во својата работа и да се развива со отворање на поголем број факултети ( мислам дека се 13 факултети ). Првата година од создавањето немало добри услови, уште не биле изградени сите згради па ги шетале студентите од една зграда во друга, но сега универзитетот функционира баш како и сите други државни универзитети, со добри услови за предавања, опремени предавални, реновирани амфитеатри, редовни професори, и што е најважно се работи по системот на Бољонска декларација, според кој работат сите универзитети во ЕУ. Освен поените од колоквиуми, се собираат и поени од присутност, како и поени од активност ( правење на презентација на одредена тема, изработка на семинарска и активност за време на вежби ). Ако студентот нема поени од присутност, нема право да оди на колоквиум, што значи дека редовноста е многу битна и мора да се почитуваат правилата кои универзитетот ги има поставено. За дисперзираните паралелки - не знам дали имаат квалитетно учење, ама знам дека на студентите не им се овозможени добри услови за студирање, затоа што професорите што идат од Ск, доаѓаат само ден или два во седмицата, така да немаат редовно предавања секој ден. Некогаш ако е зафатен професорот преку неделата, може да закаже предавање и во сабота, што за некој може да претставува потешкотија. Немаат добра организација и ред, како што сум забележала јас. Мислам дека во Штип ова е последна година да има дисперзирани студии од УКИМ, значи оваа генерација што ќе дипломира годинава, ќе биде последна.
Кога денес би била соочена со дилемата дали би се запишала на државен или приватен универзитет без двоумење би се запишала на државен, од едноставна причина што сметам дека таму би го добила најдоброто и најквалитетното образование, напротив, ништо во животов не сум сакала да добијам на полесен начин а, уште помалку да си ја купам дипломата, како што тоа се случува денес на приватните факултети.Немојте да ме разубедувате во спротивното!!! Некои работи се толку очигледни!!! Дипломирав на Филозофскиот факултет од лично искуство можам да кажам дека немав некои поголеми потешкотии бев запишана во државна квота значи не плаќав никаква партиципација,имаше построга селекција при бирање на кандидатите,се бараше квалитет а не како денес некој уште не научил да пишува а ,завршил факултет,сега во буквална смисла на зборот има штанцање на дипломи се оди на квантитет а ,не на квалитет. Професорите беа најкоректни,ако си научиш ќе те пуштат,но претходно треба добро да го загрееш столчето, испитите не ги спремав само од една книга,а уште помалку од скрипта,за секој испит имав листа со стручна литература која што ако ја немаше во библиотеката на нашиот институт ја барав во универзитетската библиотека ,во МАНУ или во музеј,затоа што сум археолог Со ниеден професор сум немала проблем,потписи собирав брзо,бев редовна на предавањата ,секогаш беа достапни за консултација,оценувањето беше објективно, гревота е да се пожалам а, на шалтерот од студентски прашања не сум чекала подолго од 5 минути. Како заклучок можам да кажам знаењето што си го стекнал тоа никој не може да ти го одземе тоа е твоја трајна вредност,само штета што во нашава држава тоа не се цени но,нема да биде вечно вака има дана за мегдана тогаш ќе се видиме на дело...
Не е точно тоа дека на државните факултети се добива повеќе знаење одколку на приватните. Како можи да научиш повеќе кога ќе бидиш во амфитеатар и 300-400 души.... и дали тогаш можи професор да ти обрни внимание или нешто нејасно да ти е и сл.. а за разлика од приватните факултети ... 30 тина деца на предавање и професорот се залага на сите поодделно да им објасни да ги праша дали е јасно или не.... можи некој мисли дека приватните факултети се полесни за земање диплома .... ама за добивање на знаење тешко дека можат да му се фатат на малото прсте државните на приватните...
Е ај баш и тоа да го видам,професорот објаснува на секого поединечно и му обрнува којзнае колкаво внимание? Ајде ви се молам веќе,зошто не сакате да признаете како реално функционираат работите? Јас имав професор којшто 300 души го слушаа со целосно внимание и тишина зашто човекот убаво предаваше и нонстоп предавањата му беа во согласност со најновите економски случувања кои тој ни ги презентираше
Можеби го слушаат 300 души со целосно внимание, но кажи ми кога дошло ред ТИ да зборуваш???, јас сум на јазици и сме 10 студенти во предавална и секој час сите зборуваме, правиме вежби, и преведуваме. Смешно е тоа што го зборуваш
А кој кажа дека на државните факултети студентите не зборуваат???Секако дека можеш и да зборуваш и да дадеш мислење и да прашаш...Смешно е што ти мислиш дека ние не зборуваме
хах,државен и приватен факултет воопшто не треба да се споредуваат се лажете самите себе,другите неможете-никој не е глуп!
Во склоп на филозофскиот факултет има повеќе институти,некој очигледно никогаш нема појдено таму па незнае на кој принцип се одржуваат предавањата,ние го слушавме во помали простории со максимум 20 ина колеги, а не во амфитеатар со 300-444 души,па така професорите можеа да му посветат доволно внимание на секој студент,на секое предавање дискутиравме а исто и презентиравме семинарски трудови. Во секој случај на државен можеш да стекнеш поголемо знаење отколку на приватен,се бара многу материјал ,посветеност и труд ,се учи од книги а, не од некое изветвено скриптуле кое и да не го научиш некој професор со клешти ќе ти ги извлечи зборовите и ќе ти пише скапана 6,зошто ти нели претходно си ја платил...па како иначе в година ќе привлечат да се запишуваат нови студенти... Сепак ќе кажам секоја чест на исклучоците,верувам дека ги има и таму,не гледам толку црно бело во врска со ова,но во глобала тоа е моето мислење...
Хахаха...па смешно е тоа што ти го збориш.Како прво кој кажа дека јас или било кој не сум можела да дојдам до збор,па секогаш може да се постават прашања и да се учествува во дискусија? И плус јас не студирав јазици
Море да знаеш како може да обрне внимание. Секако на предавања идеа тие што ги интересира предавањето (а не доаѓаа сите, иако кај нас беа задолжителни, а тие што не доаѓаа се знае како си завршија), и сите слушаа. Секогаш имаше дискусии и разговор, сите бевме активни. Не бевме 300, ама 150 најмалку. А можеби на приватниве држат предавања со помалку студенти за да можат студентите воопшто да сфатат нешто?! (Нe ме сфаќајте погрешно вие што сте на филолошки на државен, јас знам дека таму се потребни мали групи, особено за јазиците). А кој тоа се фалеше дека скриптата што ја копирал последно му била 300 страни (150 листа)? Па мене толку ми беше тетратката за вежби што ја имав на орална хирургија... а да не правам муабет за книгите (арно ќе беше да беше една, ама не беше).
без разлика на кој факултет на државен 95% од студентите во сите групи молчат и седат на скалите од амфитеатарот и запишуваат во тетратка на колена што им стои, тоа 100 пати е потврдено барем за тоа што е така така е и никогаш не се изработувале прокети во група и да се дискутира за тоа и да се дава мислења, а таа работа и кативност и сфаќање на материјата е веќе положен испит, а не дома да се траќаш и да не знаеш до кај предал професорот и кој борј или која поделба од каде дошла!!!
Јас сум на јазици и сме 6 луѓе на предавање. Да, на Државен.. Затоа проверете нешто пред да кажете. Јазици секаде се учат во мали групи. И да , имав можност да видам превод од студент на ФОН.. незнаев дали да плачам или да се смеам. Буквален превод без никаква целина и смисла.
се зависи на кој приватен факултет студираш и колку ти дарил господ.... без разлика дали на приватен или државен студираш ако не разбираш истото ќе го прајш сегде....
јас сум на славјанскиот институт и можам да кажам дека имаме скрипти ...да ... ама нас ни го кажуваат најважното шо ни треба да го знаеме.... ги дискутираме споредните работи ама ги учиме најважните... значи нема врска дали имаш книга од 1000 страни или скрипта од 100 страни.... можи се да е опфатено и во 20 страни а да е исто како таа од 1000 страни. и кажими ти дали повеќе си мотивиран да научиш скрипта од 100 странии или па ко ќе ја видиш книгата од 1000 страни.... дали да ја читаш или да ја учиш.... и да сакаш не можиш да научиш 1000 страни.... тоа нормално е....
Ти ми кажуваш како седат студентите на предавања како јас да не сум студирала???И сме правеле групни проекти,за твоја информација
Абе муабетов,ем шуто,ем боде...не ми се верува дека сеуште се фаќате за гужвата по амфитеатри и студентски прашања кога е само споредна. Се прават проекти,се бара креативност и тука и секој има право на глас доколку сака!Точка! Ама,очигледно дека ние од државниве пак сме поинформирани за состојбите од овие од приватните! Е така е кога ве научиле да учите селективно! Мала шега.
Во текот на моето студирање ниеднаш не седнав на скали и со тетратка во скут. Студирам на факултет кој има голем број студенти па и во поголеми групи тоа никогаш не се случило. Имало мал број на моменти кога недостасувало стол или слично, часот не започнал додека дотичниот студент не биде седнат и стокмен да прати и пишува. По многу предмети сме работеле групно за разни проекти и слични задолженија. Мислам дека се фаќате за навистина периферни работи кои не се толку важни. А што да кажат нашите родители кои студирале само на државен факултет како единствена опција, а порано се знае колку поголема била строгоста на професорите од сега, па и тие завршувале и тоа можеби со многу поголемо знаење од сега ние што завршуваме. За пари ќе купите услови, внимание, и сето тоа, но кај нас знаење плус не се добива! Нашите приватни факултети се диплома за пари. Не може да ме убедите во поинакво мислење пошто сите мои заглавени колеги отидоа на прватен и тоа на исти смерови. Зошто? Дека е потешко? Дека повеќе се учи? Дека е многу строго? како не, сите знаеме зошто, дека е полесно и побрзо ќе се отарасат од обврските затоа што се во многу помал број. Секоја чест на исклучоците кои се во многу мал број.
Токму тоа е целото мое мислење околу оваа тема сумирано во кратка но ефектна реченица Имаше и во мојата генерација многу примери кои заглавија на некои предмети па си отидоа на приватни и нормално таму немаа потешкотии Само што овие што студираат на приватен никогаш нема да признаат дека високата париципација што ја плаќаат е всушност гаранција за диплома