Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    365 глас(а)
    27,9%
  2. На државните факултети

    942 глас(а)
    72,1%
  1. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Во амфитеатар има по 300 души ама сите слушаат внимателно и не е забрането да се прашува, кој има нејасно ќе си праша.
    На вежби групите се помали и бројат некаде околу 50-тина студенти и тогаш секој што има нејасно во врска со материјата, може слободно да праша и асс. да му објасни на секој поединечно. Значи ако некој не успеал да разбере од предавањето, ќе научи на вежбите.

    Дали ти сакаш да не убедиш во нешто што не е возможно, или навистина самата веруваш во оваа лага? :^)
     
  2. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    На државните е далеку потешко, и се бара далеку повеќе... Додека кај приватниве ти му ја даваш платата на професорот и тој зависи од тебе, па не му одговара да те кутка, цело време ти гледаат низ прсти. Јас сум апсолвент на државен факултет, тврдам дека дел од колегите што не успеваа никако да минат едноставно си се префрлија на приватен и со некое чудо баш лесно им оди :!:
     
  3. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    хаха и што сакаш да кажеш? сите на ДРЖАВЕН се паметни, десеткаши, преведувачи од прва класа а на ПРИВАТЕН сите глупави ??? ох боже сачувај :puke: па јазикот е вродена особина, кај нас има и такви што знаат СЕ и такви што незнаат НИШТО.
     
  4. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Девојко забележав дека стално ги вадиш од контекст муабетите и ги вртиш.Значи никој не тврди дека сите на државен се десеткаши а на приватен глупави,него цело време збориме за споредба на квалитетот на знаење и го потенцираме реалниот факт дека на приватен со или без учење лесно ќе стигнеш до дипломата
     
    На girl1985 и OrdinaryGirl им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.111
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    Јас прво и основно ќе ве замолам да ги научите граматичките и правописните правила на македонскиот јазик, кога се изразувате на тема образование на јавен форум да го користите стандардниот македонски јазик, па потоа да се фалите со вашите приватни факултети.
    Ех, има уште многу примери, ама затоа потоа.
     
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.820
    Допаѓања:
    23.609
    Пол:
    Женски
    Државни. Не коментирам повеќе. :hai:
     
  7. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    @plavusa Не знам зошто без потреба се нервираш и ги испревртуваш мислењата... Девојката воопшто не го кажа тоа што ти го коментираш.
     
  8. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    И да , имав можност да видам превод од студент на ФОН.. незнаев дали да плачам или да се смеам. Буквален превод без никаква целина и смисла.[/quote]

    хаха и што сакаш да кажеш? сите на ДРЖАВЕН се паметни, десеткаши, преведувачи од прва класа а на ПРИВАТЕН сите глупави ??? ох боже сачувај :puke: па јазикот е вродена особина, кај нас има и такви што знаат СЕ и такви што незнаат НИШТО.[/quote]
    Девојко забележав дека стално ги вадиш од контекст муабетите и ги вртиш.Значи никој не тврди дека сите на државен се десеткаши а на приватен глупави,него цело време збориме за споредба на квалитетот на знаење и го потенцираме реалниот факт дека на приватен со или без учење лесно ќе стигнеш до дипломата[/quote]
    @plavusa Не знам зошто без потреба се нервираш и ги испревртуваш мислењата... Девојката воопшто не го кажа тоа што ти го коментираш.[/quote]

    девојката убаво знае она што зборува само во испревртена смисла го кажува. Јас сум директна не заобиколувам многу многу.
     
  9. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Без потреба се расправаш девојко, темава е за дискутирање не за расправање..... |(
     
  10. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Студирам на државен факултет и се разбира дека е потешко отколку на приватен, приватните се за пари само ќе си платиш и ќе си имаш диплома ;)
     
  11. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    еве еден пример, лично од мој другар!!
    дечкото заврши на време на државен факулетет на албански јазик, му понудија работа во фирма на татко му пријател кој соработува со албански фирми, да биде нешто како секретар да се разбира со нив и доколу има потреба да преведи нешто,(плата 18 000) и тој одеше 1 недела и се откажа. ЗОШТО?? затоа што сам си призна дека не знае што му зборуваат и дека неможе да преведи ниту еден документ, битно заврши на државен и тоа само затоа што многу знае да се упикува и да биде мил (таков си е по природа)
    затоа еден апел до сите на државен, кога ќе завршете нема никој да ве праша колкава била книгата што сте ја полагале,туку ќе барат од вас ефективност и ефикасност во работата, исто и за оние на приватен, нема да ве прашаат разговаравте ли со професорот и работевте ли во мали групи????
    оние кои што сакаат да знаат ќе знаат, и оние што им работи ,,бојлерот,, ќе сфатат и ќе научат!!!
    (ако воопшто сакаат да биде нешто од нив)
     
    На 2468 и Queen.S им се допаѓа ова.
  12. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Јас ич не сакам да се препукувам,и не го пишувам ова со таква цел,ама гледам примери се редат,па имам и јас еден.Имено девојката студираше Економски факултет во Прилеп,четири години не успеа да мрдне од прва,и виде не виде си се запиша на ФОН ,си дипломираше девојчето редовно,со сите почести и така хоп стана академски граѓанин.Да бидеме на јасно и рака на срце можда се поорганизирани од државните,али нормално си плаќаш,па добиваш и соодветен третман.Али за учење и тежина и големина на материјали,ама апсолутно не знам зашто се дискутира кога се знае,или пак ако не знаете повелеле на државен и ќе дискутираме потоа тука...може и нема да треба да мине долго време,за пак да посакате да си се вратите на приватниот каде што е ''мнооогу тешко''.Се наоѓа и таму нешто паметно,не викам не,али у глобала таму парадираат порцелански кукли,фраери со бесни коли,кои оддалеку наговестуваат дека баш и немаат намера да одвојат многу од своето скапоцено време во безсони ноќи,со некои апсурдни дефиниции,теориии,формули или не знам што.Така да тоа е реалност,а нормално нити вие ќе ни ја земете нам дипломата од државен,нити ние пак вам од приватен.Секој со своето,па ќе се бориме за опстанок у Македонијава :D
    И редктирам-некој таму погоре беше спомнал за висок просек на приватен и такви некои бакрачи..А што би рекла на тоа?И сега нормално реторичко прашање на кое сама си одговарам,па побогу дали вие знаете како се добива висок просек во права смисла на зборот или воопшто не сакате ни да дознаете?
    Вечна дилема може да ви биде :!:
     
    На veri и girl1985 им се допаѓа ова.
  13. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Знаете како велам јас за приватните факултети?Плати па клати :D Ти кога ке фрлиш толку пари нормално дека ке имаш поубави амфитеатри и се друго.За другите и незнам многу така да несакам без везе да зборувам,ама за фон и за славијанскиот факултет ве мооолам не ми кажувајте.Јас сум била на славијанскиот-полагав руски место другарка ми.Значи бев да полагам место неа.Седнав,полагав,никој не ми правеше проблеми,не ми ни побараа индекс.Се збуткавме сите еден до друг,почнаа да вадат книги,кој на маса кој под маса и покрај тоа што тестот можеше да го реши и 6-годишно дете :D Професорот проаѓаше покрај нас и никому ништо не рече.Завршив го предадов тестот,културно си излегов,си дојдов дома и оп,по неколку дена другарка ми(т.е. јас) :D положила со 4(тогаш имаше оцени до 5 сега гледам и тие до 10 имаат).Кај нас на државен како прво нема шанси да влезеш да полагаш ако не види професорот во индекс дека тоа си ти.Како второ нема седење еден до друг,туку преку еден рет и меѓу студентите да има барем 4 столчиња празни.Како трето не ти ги даваат прашањата на послужавник и не ти даваат прашања за мали деца,туку ти даваат прашања што треба да ги мислиш а воедно така ЈА РАЗВИВАШ И СВОЈАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА!!!Друг пример.Другар ми е исто на овој факултет и за разлика од вас тука тој си признава како стојат работите.Кога нешто не им одговара,веднаш се жалат кај деканот и деканот секако веднаш заврши работа.Со професорите седат во кафанчето,чекаат прво убаво да се поднапие,па после му ги муваат индексите под рака да става оценки :lol: е само за тој професор Маријан ми има кажано дека човекот стварно сака учење,кај него неможеш да пројдеш како кај другите.Се извинувам за должината на текстот,но морав да го споделам со вас искуството :P
    П.С. Да не ги заборавам и честитките што им ги праќаат за Нова година хахахаха мада мене сите вие по 1000 евра годишно да ми давате не само честитки туку и подароци ке ви пратам :lol:
     
    На veri му/ѝ се допаѓа ова.
  14. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.177
    Јас сум на Економски, на државниот и по 500 души сме на предавања. Сега е малце намален бројот, ама на почетокот беше ужас. Ама никој не зборува на предавања и сите го слушаат професорот. Кој не му е јасно, си прашува. Тетратката каде ќе си ја ставиш, таму ќе си пишуваш. Можеш и на глава да си ја ставиш, професорот ништо нема да ти замери. Ова како објаснување за тие што не стапнале на државен, а пишуваат работи што не ги знаат. |(
    Мојата цимерка е на Филолошки и во група се по 30 души и секој час имаат некои конверзации и такви работи. Се зависи до факултетот каков ти е. Ние на Економски немаме што многу да дискутираме, освен да слушаме што имаат професорите да ни предадат.
     
  15. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Државен факултет! И извичник! Тоа е тоа. Со 30 страни од испит нема ни курс бе, камо ли факултет. Има и такви запишани на приватен шо си учат, ама 100% сум сигурна дека, на пример некој запишан на ФОН на економски смер, не знае ни четвртина од некој со 6.00 просек на државниов економски факултет. Кај нас на приватен се запишуваат само тие шо сакаат да си купат диплома за побрзо да можат да се запослат во фирмата на татичко. Чест на исклучоците.
     
    На veri и BoaVista им се допаѓа ова.
  16. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    383
    Завршив на приватен па што ако сум...сеедно ми е приватен а државен....не сакав да пишам нејќам да се расправам...ги прочитав скоро сите мислења и цело време се врти еден ист муабет...на државен имале 1000 страници ( па што као демек многу битно, кога и така тие 1000 се непотребни и само набутани) а на приватен имало 50....многу битно колку страници имало...кога теорија не е битна него пракса....џабе ви е и 50 и 5000 прочитајте ако немате пракса и ако не знаете да се снајдете на работно место и ако немате кликер у глава... :tmi:
    Знам "мал милион" студенти/ки кои се покајале што се на државен. Да подобро е на приватен поубаво средено, комуникација со професорите а и зашто да не се има комуникација меѓу студент и професор( па колеги сме) а не на државен каде што не признаваат дека сте колеги него професорите се над студентите....ццц многу е убаво а и да не заборавам најбитна работа мито и корупција на државните фрчи! И да тврдам дека сите да имавте пари за приватен ќе се запишевте и си стојам зад тоа...барем ќе знам дека ќе ме почитуваат и нема да молам за потпис и моја оценка а не на студентски прашања на правен таа што работи Тетка Донка ( има и група за неа на фб) "копиле" ќе ме вика...абе култура на ниво :x Ако на славјански може било кој да иде да полага на Фон не е така ти бараат индекс и те читаат не пишувајте колку да напишете нешто и цело време се повторувате :!: Имам пријателки на Фон со економски и пријателки на државен веќе се дипломирани ...од Фон работат во банка...а од државен работат како продавачи во One...а да тие од Фон имаат врски а овие немаат...така ни функционира државата шта кеш...не е до факултетите кој поише прочитал а кој помалце.... :!:
    И доста со тоа више на приватен си купуваат диплома све на памет сте научиле :fubar: Ако сакам да учам ќе учам дали сум на приватен или државен....ама ќе идам таму кај што ќе ме ценат и почитуват ! ;)
     
    На Lina24 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Па нормално бе срце дека ке те почитуваат кога толку пари им фрлаш.И не е точно дека нас не не почитуваат.И никој не рече дека сите вие на приватен не учите.Ама факт е дека дипломата фактички си ја купувате.Без разлика дали учите или не ;)
     
  18. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    383
    Абе види сега мора да дадеш нешто за да добиеш хехе ( се шалам)...
    Го пишав постот зашто цело време едни исти муабети се вртат а уопште не се ни битни кој колку прочитал...кога знаеме како идат работите кај нас....Од Ку си знаеш колку има Авганистанци со државен и со приватен факс отидено...знаеш нели...и колку таксисти имаме со завршен факултет и колку продавачки имаме со завршен факултет....значи не е битно кој колку прочитал ама ич....се фативте како слеп за стап...тоа па тоа...
    Има и такви на приватен мамини и татини кои си ја купуваат дипломата....ама има и на државен исти такви...така да исто ми е...не бранам ниту приватни ниту државни...;)
     
  19. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    На државен можеш да купиш оценка по некој предмет(точно дека се наоѓаат професори што бараат пари-мада ретко) ама диплома неможеш.А тоа за вработувањето знам,во право си,пак треба врски да си имаш за да се вработиш како што треба.И тоа е толку жално... :worried:
     
  20. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    383
    Па добро и на Фон ја мислам дека не може цела диплома да се купи...може лесно да се помине...( можеби и може да не грешам душа)....А тоа за цела диплома само у Св.Николе....на рускиот...не знам колку чинеше ја за таму имам слушнато....ама па вие како само Фон да е приватен па има и други бе...зошто сите фон го спомнуваат кога се работи за привате ?...:)