Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    365 глас(а)
    27,9%
  2. На државните факултети

    942 глас(а)
    72,1%
  1. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    116
    Да се приклучам на дискусијава која е премногу долга и немав време цела да ја прочитам. Мое мислење е дека секој е со своите можности и среќа. И јас да сум имала можност ќе сум се запишала на приватен признавам, па наместо да се акам по факултет по цел ден, на безпотребни предавања, дремење пред кабинет по 2,3 сати за оцена или потпис, паузи мегу предавања по 3,4 сати зошто немало слободен амфитеатер, ќе си работев, па сеа кога секаде бараат по 3-5 години работно искуство ќе си имав и ќе можев да земам солидна плата и да работам, а не сеа да се мислам што ќе правам и да работам нешто сосема 10-то од тоа за што сум се мачела и учела 5години.
    Врски има и на државните факултети и на нив има особи кои поминуваат лесно и без учење. Кога ти се утепуваш од учење некој учи и помалку од 50 стр за да помине, па што, си се снашле, нивна среќа и јас да сум имала врски ќе сум си поминела со лесно, како и секој од вас што би направил, сигурно никој не би рекол не бе несакам да го положам испитов со малку учење јас сакам да ги научам тие 1000страни. И немора да значи дека тој што ги полагал испитите со врски на државен или студирал на приватен е помалку интелигтен и неначитан. Секаде има исклучоци и немора поради 20% вакви или онакви сите да ги ставате во ист кош.
    Позз
     
    На Queen.S му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Кажав јас погоре во еден мој пост,кажувам за нив бидејќи сум сигурна во тоа што го зборувам.А на другите приватни незнам како стојат работите,а несакам да зборувам кога во нешто несум сигурна,можеби ке навредам некого така без врска.Затоа... :)
     
  3. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    на нас не ни проверуваат индекси бидејќи сме само 10 а од тие 10- 7 доаѓат на полагање па така професорката не знае и во сон. Како може профеосрката да ме виде а да не ме познае и да ми даде да полагам иако не сум студент ? на други факултети можно е не знам. За книгите на маса под маса??? :^) :^) :^) тоа нема шанси нас не ставаат преку 5 клупи бидејки голема е просторијата а ние сме малку :(
    друго...и јас сум се жалела на деканот и тоа му сум се јавувала и 3 пати на ден па ништо. Проблемот беше што на положен испит мојата "фина" професорка не сакаше да ми пише оцена. Имав 70% од испитот точно и ништо...ми рече ШТО ДА И НАПРАВАМ? НЕ МОАЖМ НИШТО НЕЈЗИНА Е ОДЛУКАТА и пак на истиот испит отидов уште еднаш.
    А тоа со пијанство па да става оцени во индекси професорот ЛЕЛЕЕЕЕЕЕЕЕ уште тоа не бев го слушнала жими се! тоа да се случи професорот нема да се види низ која врата ке си оди дома. Тоа на приватно нема шанси, бидејќи не зема плата тој од државата па да не се знае кој што прави. А и плус ВО БИФЕТО НА ФОН НЕ СЕ СЛУЖИ АЛКОХОЛ.
    За честитките не знам мош некои си праќаат.
     
  4. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Тоа го пишав за славијанскиот,ај читај поубаво ;)
     
  5. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    383
    Данилела ја завршив пред 2 год на Фон...и не беше толку строго..нормално имаше препишување а и а кaј нема снајди се па живи...книги не под маса него таму на катедра кај професорот....имаш неколку асистенти шетаат нон стоп ако се сомневаат одма станување бараат ливчиња...дури последната година косите требаа да ни бидат вржани...нормално кај некои професори е така кај некои е поопуштено....ја еден предмет буквално на препижување го положив и тоа со 10ка...секаде има исклучоци...
    А сега знам дека е построго од порано...ова се муабети од некоја си стара слава па сега само за тоа се збори...а и тогаш Фон не беше Фон него Европски универзитет...
    А и само кај нас се води полемика за приватни и државни факултети...не зборам за запад него има и кај нашите соседи и приватни и државни...па никој не дискутира каде се учи повеќе...;)
     
  6. Nannaa

    Nannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2010
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    30
    Извини можи да ми кажиш кај има грешка во пишувањето?? во првиот пост те молам.
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.110
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    Бидејќи не се сомневам во твојата интелигенција, ќе те оставам сама да утврдиш кој дел од мојт пост се однесуваше на првиот цитат.
     
  8. Nannaa

    Nannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2010
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    30
    Ај те молам девојко да не се вреѓаме.... прво прегледај си ги твоите постови па потоа коментирај за моите... ;)
     
  9. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Во прва година ми предаваше професор кој предаваше и на Фон. Ист професор, иста книга (негова), ист предмет. Кај нас на државен за колоквиум ни даде околу 150 страни, а на Фон околу 70 и плус им кажал што е најважно, на што да посветат највеќе внимание ( индиректно им кажал што ќе им се падне ). Епа од тоа полесно има ли, да ти ги каже и лекциите што ќе ти се паднат?
     
  10. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Нана извини вака, ама Rainbow не ја коментираше содржината на твоите постови, туку неправилностите што ги имаш направено во делот на јазикот и граматиката. Како што кажа Rainbow, кога веќе дискутираме за образование треба да внимаваме да пишуваме литературно македонски, а не на дијалекти. ;)
    Еве ти ги грешките :
     
  11. Nannaa

    Nannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2010
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    30
    Во ред е тоа знам ама јас велам дека треба прво нејзините постови на оваа тема да си ги провери па потоа да коментира не само за моите туку за кои било..... затоа што и таа има многу грешки во пишувањето на оваа тема.....користи зборови кои не се македонски.... не треба да ги вреѓа тие кои биле на приватен факултет затоа што без разлика на кој факултет да си ако сакаш да научиш ќе научиш...... не се учи само на државните како што вели таа....
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.110
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    Како да слушам мало дете кога се жали на мајка му "Ама мамо ми ја зема играчката ;( "
    Јас само сум си кажала мислење како и сите други тука. Ако мислам дека не се учи исто на приватните, како и на државните, не гледам зошто тоа не би си го кажала. Впрочем, за тоа и сум ја отворила темава, за дискусија. Тебе ако ти одговара сите да пишуваме дека се учи исто на приватните си ја згрешила темата.
     
  13. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    не е важно каде се учи повеќе, ако неможеш ништо да сфатиш!!! ама за поквалитетно знаење и залагање на професорот дефинитивно има на приватните факултети, за ѓабе не рекле колку пари толку музика, денес материјалниот фактор и мотив влијае најмногу ,така да тоа што го велите плати си, земи си диплома не држи многу вода, подобро речете плати и земи знање од професорот кој цела енергија ја троши за време на предавањето, исто како што земавме приватни часови во средно!! само некој оди така, а некој оди да научи нешто, секаде има такви!!
     
  14. vesna982000

    vesna982000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Privatnite fakuteti ne se priznati se uste nitu ovde nitu nadvor od Makedonija, zatoa dabe gi plakate pr.fakulteti,i profesorite i nivnoto GOLEMO ZNAENJE, ako veke vi se uci i sakate diploma odete na drzavnite, koi postojat veke 40,50, 60 godini, !
    [mod-kirilica:3sxrtyrh][/mod-kirilica:3sxrtyrh]
     
  15. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Џ-Џабе,така е правилно...или па вие по приватниве го практикувате со Ѓ? :lol:
     
  16. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    хахах како слеп за стап :D :D ме насмеа фала што ми кажа, иначе тоа си е грешка при пишувањето, ама ние така си го викаме на приватните така ни е поубаво кикиикии :lol:
    темата е за дискутирање приватни и државни факултети а не исправање на грешки при пишување!!! не биди смешна :lol: :lol:
     
  17. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Епа сега или јас ко слеп за стап,или ти ко глупав на телефон,некој е нешто :D ...Ја само сакав да бидам фина ко што сум си и обично 8) и да исправам грешка која факултетски образовани луѓе не треба да ја прават |(
     
  18. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    ^^ е па ајде и јас да те исправам нема кај нас Ко туку - како
    п.с само што се обидов да возвратам на глупави коментари и забелешки во несоодветни теми, ама ветувам нема да се повтори!!!
     
  19. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    И кај нас на државен професорите ја трошат целата енергија за време на предавање и ни даваат многу повеќе знаење за помалку пари. :*
     
  20. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Јас завршив на државен! Се убив од учење,се малтретирав по студентски прашања, просек не ми беше битен, само да поминам беше битното!
    На приватен не би се запишала, па со тие пари што ќе ги дадам за таков факс, ќе си платам одморче на Бора Бора... :rofl: !
    А за тоа што се буните приватен се купувале дипломи ова она! Па луѓе денес важи она, снајди се па живеј! Секој со ксметот! Некој има пари, некој не! Некој ќе се отепува од учење, некој ќе леже и лапа 10 ки истовремено! Па животот никогаш не е фер!
    Не сум љубоморна на таквите, впрочем не се замарам, зошто знам дека таквите работи постоеле, постојат, и ќе постојат секогаш, и јас како единка не можам да го променам тој факт! Со лет ит бе...донт вори, бе хапи :rock: