Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    365 глас(а)
    27,9%
  2. На државните факултети

    942 глас(а)
    72,1%
  1. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808

    Се сложувам дека е така "снајди се па живеј".Мада јас и да имам пари не би се запишала на приватен...Ама зошто едноставно не го признаваат тој факт дека си ги купуваат допломите(и пак ке кажам секоја чест за исклучоци кои си учат и на приватен)?Се лажат самите себе она-ова било,мене неможат да ме излажат,а богами ни вас другите,сите знаеме како стојат работите ;)
     
  2. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    2.472
    не можев сите мислења да ги прочитам, ама тие што успеав видов дека во кажувањето одите од една крајност во друга.. тие што се на приватен викаат дека таму е најдобро, наубаво а на државниот катастрофа.. а тие што се на државен се бранат со тоа дека на приватните дипломите се купени..
    знам луѓе кои се запишале на приватен, бидејки не можеле на друго место, но има и такви кои иако имале добар просек се решиле за приватен, не заради тоа што нејкат да учат, туку заради тоа што мислат дека поголемата пракса ке им биде повеке потребна отколку големите книги научени напамет..
    Не ги бранам ниту приватните, ниту државните.. секој треба сам да си одлучи што е подобро за него..
    Запишана сум на дражавен факултет, универзитетот Гоце Делчев во Штип и сум презадоволна од условите и начинот на предавање на професорите, распоредот на часеви и вежби, можеш цело време да комуницираш со професорите и асистентите преку меил, имаме е-учење (таму професорите ги ставаат презентациите од предавањето), на професорите можеш да им пристапиш и во ходник и да ги прашаш што не ти е јасно или доколку ти треба некоја информација...
     
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Епа тоа е глупаво. Некој, ако нема добар просек и ако не го примат на државен, ќе си се запиши на приватен без проблем. Така и ќоро и глуво (да не бидам погрешно сфатена, ова со преносно значење е напишано) се запишуваат и ЗАВРШУВААТ факултети. Да се воведе и по приватните да не се примаат со низок просек, тогаш нека дојде некој од таму да ми расправа.
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.761
    Пол:
    Женски
    ^^А бе сега секаде ги примаат сите, било на државен или на приватен. Ако имаш да платиш, ќе влезеш. Така беше и јас кога се запишував, во 1999 год. Во државна квота примаа 46 луѓе, во приватна исто толку. Ама - се пријавија 200, и сите 200 ги примија, 46 души во државна квота, што не плаќаа ништо, околу 50-тина Албанци со оние малцински квоти, кои исто не плаќаа ништо, и остатокот со школарина од 1200 евра годишно. Албанците испопаѓаа уште во прва година, со двајца исклучоци кои можам и по име и презиме да ги наведам (ама и другите кај да е, ќе завршат). А сите други - завршија. Е тоа ми е глупаво мене, не ми се бендисува. И после ќе имало хиперпродукција на кадри. Па ќе има, кога се живо завршува факултет. Не знам како е на другиве факултети на државен, ама на мојов така беше. Убаво ќе беше да се воведе некое ограничување - ако запишуваш иста година неколку пати по ред, да не можеш да продолжиш, или пак ако полагаш некој испит повеќе од 5 пати, ај нека биде 10, да не може понатаму да продолжи. Може звучи сурово, бидејќи некој од приватни причини не може да положи некој испит, ама брате, ако не те бива, не трчај кај што не треба.
    А со приватниве факултети тоа уште полесно го направија - ако имаш, плати, па за диплома нема проблем. А дали те бива или не... тоа е веќе друга работа.
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Преубаво кажано Анатх,вакво нешто ептен фали по факултетите.Вечни студенти кои студираат со години,забораваат кога се запишале,на крај се стекнуваат со диплома и се рангираат исто како и другите кои не биле како нив.Мора да се воведе некаков систем за редукција,посебно па во земја како што е нашата,каде вработувањето ''цвета'',хиперпродукција на нови кадри квалификувани или помалку квалификувани воопшто не е потребна.Ама тоа е,на надлежните пари не им се испуштаат oд раце,па што влегло,влегло во државна квота, а после за пари го бивало,не го бивало примаат се живо и диво.
    И да не бидам офф топик ќе кажам еден пример од веројатно некој таков квази студент,кој стоеше до мене и пополнуваше уплатница и нели има примерок како треба да се пополни истата и момчето не можеше
    да сфати дека името кое е напишано на таа уплатница е само како пример,па си го напиша истото име и презиме на неговата уплатица,ама ете еден ден по 8 или 10 години и тој ќе биде академски граѓанин.
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  6. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    хахахахахаххахахахахаха приватните факултети не се признаени. Добро ке е да прашаш некој што се разбира во тоа бидејки во другите држави од факултетите во Македонија се признаени само Св.Кирил и Методиј, Фон, Американ колеџ. СМЕШКИ ама ме изнасмеа! Било кој факлутет од Македонија не му е достоен на Американ колеџ. Оди во Америка со диплома од Гоце Делчев и со диплома од Американ па ке видиме со која диплома ке те примат на работа :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:

    АА инаку за професорите што ни се на приватните истите предаваат и на државните т.е ВИЗИТИНГ професори
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.233
    Плавуша...или плата ти даваат од првиатниот или толку ич немаш за учење,па што толку жустро се расправаш со секој контра-коментар за приватните.Па и распалуваш со цел могучи арсенал за расправање,од неуспешен цинизам и ароганција до неконтролирањо смеење кое би требало да предизвика нервоза кај опонентот....ама би требало.

    Дај чил малце на темичево.Го угуши,без веза се припотресувате.Цивилизрано и со факти.
     
    На girl1985, velesanka, moonlight-girl.55 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    2.472


    хммм ај отиди у стопаска банка со диплома на американ колеџ и барај да те примат.. ке примат некој на државен иако ке има помал просек од твојот...ова го знам од СИГУРНИ извори.. секогаш кога примаат викаат само да не е е од приватен.. сигурно си имаат они свои причини зошто го прават тоа..
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.567
    Допаѓања:
    201.761
    Пол:
    Женски

    Со ниедна нема да те примат, ама Америка и така не ги прима оние што имаат високо образование стекнато надвор од САД на добри работни места. Треба убаво да се испотиш и да си го загрееш столчето ако сакаш таму дипломата да ти ја нострифицираат, а прашање е дали и тогаш ќе работиш тоа што си завршил.
     
  10. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    да да ми даваат плата, ми рекоа расправај се на фемина и имаш гратис платена година од нас :rofl: :rofl: пааа за смеење ееееее ако беше така ниеден од приватните немаше да биде вработен, а колку што знам сите што ги познавам се вработени, а додека од државните многу си седат дома :worried:
     
  11. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    мој прв братучед заврши на ЕВРОПСКИ и тоа само 3 години, еден месец по завршувањето се вработи во Тутунска Банка ;)
     
  12. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    и мои најдобри пријатели едниот од европски се вработи во комерцијална банка, друг во еуростандард а третиот како смедководител во автобуска станица а сега е финансов директор и тоа со само 1 година стаж.Така да ако имаш во главата одма ќе те видат ако не никој не те шиша!!!
     
  13. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Ајде бре доста се препукувате аман! А на чичкоми сестра братучетка детето па комшијата да видиш ааа !
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Нема врска тоа со вработувањето,веќе го правевме тој муабет.Ако си имаш врски ке се вработиш,ако не нема,без разлика дали си завршил на приватен или на државен.Иако сите огласи што сум ги видела,во заграда стои(диплома од Св.Кирил и Методиј).А инаку знам и девојчиња што работат во банки со завршено средно училиште или некои што завршиле таму некој си трет факултет.Ние тука за друго нешто зборуваме цело време :P :lol:
     
  15. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    На Американ ли студираш? Па што не кажеш? :) Цело време се препираш дека многу се учело на приватен, така? Е сега слушај што имам да кажам за Американ. Дечко ми има дипломирано на Американ и кога ќе му текне тогаш се појавуваше на факс, а за учење подобро да не зборуваме, може да се изброи на прсти колку пати ги има отворено книгите. Дипломираше со просек нешто повеќе од 8, без ни малку вложен труд.
    Јас на државен имам рок до кога треба да ги пратам семинарските, а тој кога имаше за правење семинарски секогаш го испушташе рокот и не се замараше затоа што асистентите ги примале семинарските и после испуштениот рок. Е да закаснеш така на државен, нема ни да ти ја примаат семинарската, не се за џабе ставени тие крајни рокови.
    Значи, добро ми е познато колку се учи на Американ и како се ставаат оцени таму, затоа не ни кажувај тука на форумот како вие се претепувате од учење. :tmi:
     
  16. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    2.472

    јас кажав во СТОПАНСКА БАНКА.. затоа што тоа го знам од сигурни извори и затоа што таа е една од најдобро рангирана банка од Македонија.. а за другите не знам..
     
  17. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Верувам дека е така.Таква е жалната вистина во нашата земја.Ретко кој ти дава шанса да покажеш колку вредиш и можеш,освен ако не си со врски.А тврдам и гарантирам дека 95% од кадарот во Тутунска е вработен преку врски
     
  18. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    Не, не јас сум на ФОН сакав да кажам дека најценет е Американ Колеџ ;)
    инаку и кај нас е исто на пример јас имам датум до 22 декември да ја предадам семинарската, ако не ја предадам до 22 нема да ми ја важи професорката. Тоа сепак мислам дека е до професорот а не до факултетот, за редовноста ако сакам ич нема да одам овој семестар ќе можам да полагам ама не за висока оценка бидејки ми минусираат 10 поени.
     
  19. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    Зошто жална вистина? Детето е жив талент-премногу е интелигентен. Вработувањето беше преку неколку тестирања.
     
  20. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    За еден месец неколку тестирања???Не ја оспорувам неговата интелигенција,само пак тврдам дека тоа нема врска со вработувањето.
    И од каде тоа дека Американ колеџ бил најценет?Првпат слушам :^)