Немам слушнато дека Американ има добиено некакво признание како најценет факултет во Мк. Најценети остануваат да бидат државните факултите. Да не се повторувам веќе кажав дека и дечко ми и неговите другари сите имаат завршено со високи просеци таму, а немаат книга отворено. Така да, никој не може да ми каже дека на Американ се учело Јас ако не се појавам цел семестар, автоматски го губам правото да полагам на колоквиум затоа што нема да можам да ги соберам потребните поени и ќе мора да одам на испит.
девојки извинете можеби моето прашање не е баш наменето за овде но сепак ќе бидам стеќна ако има некој или ако знае да ми одговори дали може сега да се преместиш на друг факултет јас сум на економскиот сакам да се преместам на правен пред да одам да прашвам мило ќе ми биди ако има некој информација околу ова да ме предупреди или да ми даде совет ќе ве молам благодарам однапред позз до сите
Приватните факултети имаат предност, но не заради тоа што демек "ја плаќаш дипломата"..На приватните не те зае**ваат професорите (во смисла ти закажал професорот испит за тој и тој ден, а него го нема ни под дрво ни под камен, или пак не дошол на предавање, или ако не му ја купиш книгата нема да положиш итн), тоа го нема на приватните универзитети..таму се е организирано, и кога полагаш и кога одиш на предавања... А за тоа колку се учи на приватен, можам со сигурност да кажам дека стварно се учи, кој сака да научи ќе си седне, ќе си научи и ќе си положи, а кој неќе или ќе падне или проработуваат врските (зар тоа го нема и на државните?) Друга предност е тоа што на приватните секое лето, после завршената година задолжително имаш пракса во институции во зависност од факултетот (на пр. ако си на правен, те праќаат во суд, на економски во банка итн)..додека на државните ретко кој оди на пракса, а и да отиде тоа е само 2 дена што воопшто не е доволно. А за вработување, денес никој не ти гледа на каков факултет си завршил, ако тато, мама, чичо, баба, дедо и незнам уште кој можат да те пикнат негде тогаш
Добро бре, што се фаќате ко слеп за стап за тоа дека на државните не можеш да го најдеш професорот, демек си доаѓа тој на предавање он кога сака, дека не знаеш кога имаш предавање или пак кога имаш испит???? Де бре луѓе не тресете веќе глупости што сте ги слушате од пред не знам колку време. Никој професор не ни кажал дека мора да му ја купиме книгата, дека нема да положиме ако ја немаме. Моите се сите фотокопирани, па се имам положено. Имаме на нет распоред за цела година кога имаме колоквиумски и така натака. Не ни одложиле ниту вежби, ниту предавање, а камоли колоквиум. Затоа дај веќе не пишувајте глупости, смешно е мислам, правите ние на државните да изгледаме ко некои сирачиња, кои гревчињата мораат само да трчаат и да се молат. Фала.
Секој со своето искуство Јас кај еден професор морав да ја платам книгата 2500, оошто сум била вонредно, а редовните ја плаќаа 2000. И нормално ако не ја купиш книгата нема да положиш. Не за џабе се потпишуваш на список дека си ја купил. Ако види на список дека те нема паѓаш автоматски, зошто ако не си ја купил книгата од каде материјал за учење? Е тоа беше неговата логика. И никој не сака да измислува дека му е тешко, дека е третиран подоле од го*но. Секој сака да си се пофали дека убаво му иде... Ама ете, тоа е.
Имам една другарка (заедно учевме средно) и сме на истиот факултет, само јас на државен, таа на приватен. Девојкава сите колоквиуми ги положи со 9ки и 10ки, а учеше ден пред колоквиумот од мизерни книвчиња, и тоа паралелно со заедничкото пиење кафе. Онака само си ги разлиста книгите. Да напоменам дека девојчево во средно фаќаше врски за оценки и едвај 3ки добиваше.
Мислев да се воздржам да не коментирам на темава, нова сум на овој форум но...... не можам! Значи вака... Студирав и на државен и на приватен. На приватниот уште не сум завршила За запишав пошто ги слушав тие муабети дека на Фон не се учи, така им ставаат 6ки... бла бла...и сакав да си завршам уште еден смер набрзинка ама блага веза нема тоа. И на приватниот се “утепувам“ од учење. Разликата е во односот на професорите(воопшто на сите вработени) спрема студентите. На државниот факс, иако не нарекуваа “колеги“ професорите (и тие на студентски прашања) се однесуваа спрема нас како со животни. Мене лично, чичкото што работеше(не знам дали уште работи) на студентски во неколку наврати ме исповреѓа и ми се изнавика толку многу што од срам на тие шо ме гледаа таму ми се плачеше ... А јас само сакав да го прашам за документи за упишување семестар За професорите, да не зборам.. пост-ов ќе ми фати 3 страни. За материјалот за учење нема некоја разлика голема. И на двете места имаш еден КУП скрипти. А за оценување...Е сеа... на државниот и да имаш напишано за 6-ка, ако не му се погоди денот на професорот(или некои други икс причини) може таа 6-ка ќе ја добиеш за по неколку сесии. На приватниот, нема такво нешто. Ако заслужуваш 6-ка добиваш 6. А за повисока оцена треба да покажеш повеќе знаење. Сметам дека на приватен е подобро бидејќи едноставно си послободен, не си оптоварен со мислата како ќе се погоди професорот( и се друго што се случува на државниот)единствена твоја обврска е да УЧИШ. Малце скапичко е...но приватен е па, мора да биде уфф....си се искажав
Повеќе пати имам пишано на темава па не би сакала да се повторувам.Само ќе се надоврзам за купувањето книги.Не мора да значи дека ако те нема на список дека нема да положиш. Јас кога почнав да студирам за еден предмет од првиот семестар се правеше список кој ја купил книгата и тој список одеше кај професорката.Јас не ја купив а положив на колквиум и тоа со 10
Добро ми е познато ова. И кај мене во средно имаше една девојка што стварно ич не учеше, преку годината имаше 2ки и 3ки, а на крај татко и доаѓаше во школо за да и ги поправи оценките и потоа се запиша на приватен. Еднаш, уште во прва година беше тоа, се среќаваме и нели најнормално ја прашувам како на факс и се запрепастив кога ми кажа дека сите и биле 9ки и 10ки и дека многу добро и идело. А знам дека девојката ниту има познавање од струката, ниту пак има навика да седне и да научи нешто. Примеров е доволен доказ како лесно се добиваат високи оценки на приватните.
Вакви или такви важно и од приватниве и од државните не е признаена дипломава у светов само кај нас...штета ....ќе заборавев само од Штул е...
Не знам дали не е признаена дипломата... од приватниве навистина и не е, ама за државниов - мислам дека се признаени дипломите од техничките факултети и од факултетите за природни науки. Исто така и дипломите од факултетите по старата програма се признаваат во некои земји, еве на пример во Словенија (тоа знам сигурно - затоа што мојата диплома таму ја признаваат ако одам таму, ќе морам да полагам само два три испити, јазик и државен испит за да добијам лиценца за работа). За Штулов не знам, ама искрено, мислам дека никаде надвор не ги признаваат дипломите од нашиве приватни универзитети иако се со лиценца отворени.
До сега се имам консултирано за тоа и знам сигурно дека од Штулов се признаени...распрашајте се ќе видите
оо да сигурно дека е баш така, направи приказна ипол исто како да си била со неа додека учела "Си ги разлисти мизерните книвчиња и си положи со 10каа" и додека си ги листеше си пиеше кафенцее...исто како некоја бајка да раскажуваш, глупости на кубен, не на квадрат. јас додека бев во средно бев со среден успех и знаеш кога не си петкаш секогаш си помалку потценуван. Кога се запишавме на факс. петкашите се запишаа за мизерни учители/ки, и сега демек веќе се втора година, а сеуште го немале земено прв семестар од лани, додека пак овие кецарошите, се запишаа исто и тие на државен и си ги земат годините како песна, децата се свестиле и почнале да учат. Така да нема врска каде си на факс.
Аааа плавуша, ти малку претера, уствари прилично претера. Кој се осветстува така не знам. И јас поддржувам приватни факултети доколку студентите го сфатат сериозно образованието, ама вакви примери едноставно се невозможни. Поточно, возможно е некој што бил одличен во средно на факултет да се опушти и да удри на забава, но "кецарошите" да се освестат па да учат е невозможно, зашто за да поминат добро на факултет ќе треба да земат да научат се’ што пропутиле во средно. Има, има примери полно, како една моја соученичка од средно која не знаеше единица мерка за време а сега спрема докторат, но гарантирам дека тоа не е од што се освестила и почнала да учи, туку дека татко и’ е професор. Тоа е реалноста.
За малку ќе поверував... Дај plavusha во кој филм живееш, не ми е јасно. Петкашите не чистеле семестри, а единичарите си ги земале годините како песна... Па дојди кај мене на факултет да видиш како првенците на генерација имаат просеци над 9, а единичарите се откажуваат, па после одат на приватен. А ти затоа ли на приватен се запиша, затоа што беше со среден успех? Поголема глупост на форумов немам прочитано и дај престани да ја полниш темава со безвезни муабети.
Немам корист од тоа што ќе те лажам...зборувам за мојот клас, сите се запишаа на "најтешкиот" факултет- педагошки и сите си испопаѓаа и многу сум среќна што е така, таму ги нема изгледа тате, бате да помагаат а оние што едвај минеа сега ги минат на факс годините. А јас зошто се запишав на приватен? бидејки не сакам да ме потценуваат и да се однесуваат со мене како со животно, а тоа се знае каде се случува, само во МАКЕДОНИЈА- не само во факултетите, општо во сите државни установи.
Денес владее мислењето дека ако одиш на приватен универзитет ти автоматски си се одлучил да си ја купиш дипломата без грам вложен труд. Од друга страна ако се одлучиш на државен универзитет, ти си се осудил да не се оттргнеш од книгата во текот на студиите, се ставаш под знак прашалник дали некогаш ќе ја добиеш преценетата диплома, но сигурен си дека имаш стекнато доволно знаење за да му го земеш работното место на оној што завршил на приватниот универзитет. Ај сега да бидеме малку реални. Ако студентот е спремен да учи, тој ќе го добие знаењето без разлика дали се запишал на ФОН или на некој од факултетите на УКИМ. Дека ти е загарантирано работното место после добивање диплома од државен универзитет, НЕ Е. Доказ се безбројните невработени дипломци што си ги чуваат дипломите во рамка од 50 денари закачени на ѕидот. Во врска со условите за учење... На државен факултет имаш групи од 50 до 100 студенти, каде на приватен тие бројки се поделени со два. Речиси истите професори што предаваат на државните предаваат и на приватните универзитети но разликата е во тоа што на државен професорот нема време да се замара со тоа што ти си имал проблем со дел од материјалот, додека на приватен има време цел ден да остане и да ти објасни тоа што те интересира. Велат дека има големи разлики во обемот (пази обемот а не квалитетот) на материјалот што се изучува. Тоа е она што ги привлекува студентите кај приватните факултети, на полесен начин може да се земе дипломата иако не е можно без капка вложен труд. “Купување” на дилпома ако се земе во буквална смисла на зборот е повеќе карактеристично на државните факултети кои се познати по нивната корупција така да голем проблем за тие студенти е тоа што ако професорот реши да не положиш, не те спасува ни дедо Боже (во краен случај 200-300 евра во индекс), додека на приватните тоа го нема, ќе "лети" професорот од работа како партал. Доколку сакаш и имаш желба да научиш, можеш да го постигнеш тоа било каде. Дипломата што ќе ја добиеш не ти вреди без знаењето. Кога ќе одиш на интервју за работа нема да те прашаат “на кој универзитет дипломираше?”, туку “што знаеш?”.
Добро плавуша,благодарам што го сумираше она што го кажуваше во секој пост наназад. Ние си држиме став и точка. И самата кажа,колку знаеш,а не друго,така да кажувај за условите во кои ние на државен студираме,но рака на срце ни тоа не го знаеш како што треба.Не сме до толку јадни и бедни да не шуткаат како што ти кажуваш. Не можеш да не разубедиш кога примерите од секојдневието друго говорат,а пред фактите и боговите молчат. Извади си ја фрустрацијата и чувството на помала вредност кое те прати од средано,само затоа што не си била петкаш,па сега ти се влече и на факултет,само затоа што си свесна колку реално вредат тие платени факултети.А за тоа што тие послабите фаќаат година за година,многу јасно,затоа што студираат на приватен поголемиот дел,а оние од државен веројатно си ја сфатиле сериозно работата,а во средно луфтирале мозок на паметен начин. Во секој случај,мислењето на мнозинството говори нешто.Ако не беше така немаше да биде мнозинство.