Па јас како што знам овој форум е за СИТЕ да искажуват РАЗЛИЧНИ МИСЛЕЊА, а не само мислења што на тебе ти одговараат. АКО НЕ ВРЕДАТ ПЛАТЕНИТЕ ФАКУЛТЕТИ КЕ СЕ ПЛАЌАТ 100 ЕВРА А НЕ 3000 ЕВРА НЕЛИ ? Овие глупости ги има единствено во Македонија, бидејќи луѓето буквално се јадат едни на други што комшијата е запишан таму а јас не сум и од таму призлегуваат овие ниски муабети за приватните факултети.
Ај сега првиот параграф насочи го кон себе и разбери дека сите имаме свое мислење и не можеш ти да не разубедиш!А ти гледам долго време се јавуваш на темава штом не ти се допадне некое мислење. И да...тоа што не можеш да ја увидиш разликата зошто државен е државен,а приватен е приватен и нивните цени е доволно.Затоа што ФОН е бизнис,Сефер е бизнисмен и треба да тепа пари?!Разбираш?!Затоа што бизнис се прави од интерес,а тоа е профит?!Во ред?!А државниот не му тоа примарна цел,капиши?!Да нацртам крива некоја,да ти објасам како се движат нештата или како?! За што се јадеме?!Нели гледаш дека ти нас не изгриза цели затоа што не се согласуваме дека излегува квалитетен кадар од тие факултети само затоа што не сме твои истомисленици и затоа што ти чувствуваш фрустрација и имаш комплекс на помала вредност?! Јас се радувам што не сум на приватен,туку имам м**а да бидам на државен и пред се мојот успех од средно ме донел таму.Важно ми е квалитетното образование и овој факултет на кој што сум има еден куп соработи со факултети од странство и е еден од поквалитетните на Балканов,па сега ти види си сама.
Па точно дека сите имаме свое мислење јас не реков дека ќе те разубедам, само си го бранам својот став! Ако сакаш јас ке ти нацртам тебе бидејќи не гледам дека јас имам помала вредност од било кого овде, а и ти не си нешто попаметна од било кој овде па да црташ! јасно ? за СЕФЕР ЦАНОСКИ-па не е тој само со приватен факултет во светот Лелее Кирил и Методиј ли има соработки во странство ? или Гоце Делчев? најголемите соработки за работа, пракса, и патувања надвор од државата се знае- ги имаат приватните факултети.
јас лично се запишав на приватен затоа што смерот што го сакам го има само на приватен на државниот е во мирување, иначе во средно заедно со државна матура имав 92 поени можев во државна квота да влезам на државен, во прва година имав просек9,75 и тоа е одраз на мојот труд за учење изработка на проекти, присуство и изработка на семинарски, презентации во пауер поинт... не станува збор дека на приватните нема дебили ги има и на државните, зборот е каде поквалитетно се учи, се учи таму каде што ти сакаш да учиш и се трудиш да разбереш нешто, ете ми го другар ми на фармација во штип другарка ми на медицина во штип во средно равенка не знаеше да израмни, другар ми со 3-ки минеше и што?? ќе биде успешен фарамацевт, лекар??? ма ајдеее, ако имаш позадина секаде е исто, другарка ми на државен на економски сите 9 и 10-ки математика не ја пушта додека не уплати на транаскциона 600 евра и тоа во цел на дознака спонзорство за книга само да не го фатат проф и тоа од што е од незаење од многу тешко,од многу материјал од многу квалитет???? од тоа падна??а на приватните барем го нема тоа уплати на трансакциона и елиминаторен тест за да ги истребат малку помалку затоа што се запишале 1000 души во една генерација!!!
ЈАС БЕВ НА ДРЖАВЕН И ШТО ДА ВИ РЕЧАМ, ТОА ТАМУ КАТАСТРОФА! ДОДЕКА НЕ ЈА КУПИШ КНИГАТА ОД ПРОФЕСОРОТ НЕМА ПУШТАЊЕ ЌЕ СИ ГО ПОЛАГАШ ПРЕДМЕТОТ 20 ПАТИ!!!! ОТКАЖУВАЊЕ НА ИСПИТИ, ГОЛЕМА НЕОДГОВОРНОСТ, И НА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА НЕ МОЖЕШ ДА ПРАШЕШ НЕШТО И ДА ТИ ОДГОВОРАТ КАКО ШТО СЕ ОДГОВАРА НА ЧОВЕК СТРАШНО СЕ ПРЕФРЛИВ ОВАА ГОДИНА НА ПРИВАТЕН, ПРОФЕСОРИТЕ ПОЛОВИНА ОД НИВ СЕ ИСТИТЕ, НЕМА ДОЦНЕЊЕ НА ЧАС, НЕМА ОДЛОЖУВАЊЕ ИСПИТИ, КОГА САКАШ ТОГАШ ПРАШУВАШ СЕ ШТО ТИ ТРЕБА...ЗНАЧИ НЕМАМ КОМЕНТАР, ШТЕТА ШТО НЕ СЕ СВЕСТИВ ПРЕДВРЕМЕ. ЗА 10КИТЕ И 9КИТЕ И ЈАС СЕ ПОДЛАЖАВ АМА НЕМААА, ТАМУ АКО НА ПРВИОТ КОЛОКВИУМ ОСВОИШ МАХ ПОЕНИ, А НА ВТОРИОТ ПАДНЕШ ЗА ЕДЕН ПОЕН СИ ОДЕШ НА ИСПИТ. ИЛИ ПАК АКО ГИ ПОЛОЖИШ ДВАТА КОЛОКВИУМИ СО МАХ ПОЕНИ, А НЕ ОДИШ НА ЧАСОВИ ИЛИ ПАК НЕ СИ ДАЛ СЕМИНАРСКА ДОБИВАШ 7ЦА.
Е баш ме интересира бе кои се тие факултети на кои по 20 пати паѓате на испит ако не ја купите книгата?
Видете сега, не е се така црно-бело. Делумно се во право и двете страни. Точно дека на приватен се достапни повеќе професорите и можеш доколку сакаш многу да научиш и да стекнеш искуство, ама мислам дека тоа што недостига е мотивацијата. Доколку сите околу тебе ги учат само прашањата и не одат на предавања, од кого ќе се мотивираш, со кого ќе се натпреваруваш, докажуваш? Наскоро и ти ќе гледаш само да поминеш. Разликата кај приватните и државните факултети е во тоа што на државните( зборувам за старите државни факултети, новиве и дисперзираните ги ставам на исто рамниште со приватните ) тие што не се заинтересирани да учат и не полагаат со тек на време се откажуваат од факултетот, додека на приватните сите дипломираат, за жал.
Зарем е точно тоа дека на дисперзираните сите поминуваат?... од мое гледиште не е така! Баш спротивно, од мојот смер во 1 година бевме над 100 души, а сега во трета сме 10-15... материјалот и критериумите на оценување се исти, само што на наша штета немаме кафетерии, немаме библиотеки, читални, амфитеатри, предавањата се пократки, и достапност до професорите немаш скоро па никаква... Тоа ќе ти дојде скоро па и како да си вонреден, само што имаш право на колоквиуми Страшно! Баш од тие причини сум јас против дисперзираните студии
ААххх извини што ке ти кажам вака,ама не си во право.Еве баш пред некој ден кога бев на роденден,една пријателка ми кажуваше дека секаде каде што аплицира за работа не ја викаат на интервју.А сестра ми ја викаат на истите тие места.Зошто ли???Затоа што пријателката има завршено на приватен,а сестра ми на државен.Има и други такви случаи.И преко биро кога би бараат не ги сакаат тие од приватен.Помири се со тоа!Е сега врски ако си има некој тоа е друго.И те молам и тебе и останатите да престанете со тоа дека кај нас на државен кон студентите се однесуваат како со животни.Па веројатно јас повеќе од тебе знам како се оденсуваат со мене!И задоволна сум.А ако некој не си учи нека не ги обвинува професорите за тоа,или ако е некој премногу размазен и очекува на факултет да проаѓа како во средно нека си е*е матер и нека си оди на приватен Факултет е факултет,не очекувајте се на послужавник!!!
Никој нема компанија за пропаѓање. Секој понормален, не би го вработил внукот или што да е, од приватен, туку би вработил некое трудољубиво дете, кое е квалитетно, и низ сито и решето поминало да го заврши факултетот. Погоре прочитав, требало да се купи книгата на професорот за да положиш, а што е разликата? На приватен плаќаш, преплаќаш да за положиш, и на твоите професори со твоите пари им овозможуваш секакви каприци, многу нормално дека ке бидат достапни за тебе, и ке ти го кратат матријалот, и ке ти олеснуваат, што во суштина е ЛОШО за тебе. Кој е квалитетен, трудољубив, и желен за наука секаде ке заврши. Јас имам завршено на државен, и сеуште земам постдипломски на државен, и знам што е почит кон професор, знам како сум се борела што повеќе да научам, и знам како е на дното, и како полека се искачуваш и постигнуваш нешто. Ако била суштината во тоа, мене професорот да ми го лиже газот, и да ми олеснува, зошто би учела? Како утре јас со тоа олеснето скратено, ке работам и ке бидам продуктивна? Ич не им се плашам на тие со врски, квалитет е квалитет, и ако тоа не може да го види некој овде, ке го види некој подалеку. Затоа се кај нас пропаѓа. Муабет од моја другарка која учи на приватен односно ФОН е следниов: Професоре за мене 10ка, за другаров до мене 9ка - муабет од бруцоши кој се случил во прва година. Кој е тој однос? Си нарачуваме оцени? Тие што се помачиле знаат како е да се тресеш, и да се изнаучиш, и да скокаш од радост ако те има на списокот со 6ка. Во глобала земено, според мене приватните факултети во Македонија НЕ СЕ ФАКУЛТЕТИ.
Добро ај вие од државните сте нешто, тие од приватните се ништо....вие кутрите се отепавте од учење и сте сериозни луѓе,а тие од приватните си уживаат и не се сериозни пустите што иднина ќе имаат??? извинете вака али го претеравте државните вака приватните така,вие од државните не сте компетентни ќе кажам да осудувате луѓе дали завршувале од курташак или стварно учат,ако го интересира нешто човек ќе седне ќе се здрви и ќе научи,а дали било државен или приватен,тоа е само вовед во професија и што?со тие дефиниции што се отепувате од учење за да поминете некој испит сигурно дека на работа нема да ти се потребни повеќето од нив да не речам некогаш више од пола книга,битна е и плус праксата,а тука скоро и да ја нема,и дај оладете не сте на Кралскиот универзитет во Лондон или на Харвард на државен во Р.М што во повеќето држави во светов вие толку учените и високо интелегентни луѓе дипломата може да си ја закачите да не кажам каде,и за приватните тоа важи да не бидам погрешно сватена,ретко од кај нас признаваат диплома,и дај ве молам со кое право ги ставате сите во една група неможе мене да ми каже некој дека не учам,учам ме интересира,и сакам да имам успех па што ако сум се запишала на приватен???тоа според вас значи дека појма немам???ај ...поздрав4е
Лелеее..мислам дека стварно безвезе се напаѓате. Додека не поминете на државен и на приватен нема да знаете како е на двете места... сеа муабетиве се рекла-кажала. Да се тресам на факс - не фала, ми треба здравјето, млада сум... да се радувам на 6-ка на непотребен материјал - истотака не фала! Да ве прашам вас “поборците“ за државните:сметате дека вежби со 60 души или предавања со 160 се подобри и повеќе се учи отколку на вежби/предавања со 15/30?? А и тие муабети, за студентите на државен има работа а за другиве нема- нема врска. Знам многу примери со обратната ситуација. Не сакам да навредам некого и нечие мислење..само искоментирав претходно и ми стигаат мејлови со “препукувања“ на темава и затоа пишав пак Ноу хард филинг плис!
Мила ем драга Лолита, ретко кога дискутирам со личности кои се на пониско интелектуално ниво од моето. Но ми падна жал за тебе, за припростиот слил на пишување а и недостатокот на култура во изразување што може да се забележи во постот, па еве вака да ти објаснам. Ние можеби сме кутри, и можеби не сме на кралскиот универзитет во Лондон, но пред се сме стекнале почит, култура, а и многу повеќе знаење од персоните кои студираат на приватен. Ние СМЕ компетентни да кажеме, и да осудуваме бидејќи ја знаеме разликата на релација приватен-дрќавен факултет. За тоа дали нас ке ни се најдат дефинициите кога ке работиме, можеби нема да ни притребаат, но сигурно повеке ке се снајдеме од било кој твој колега, за кој имаш високо мислење. Македонија е една од ретките држави, каде ако ти се роди глупаво дете, а си интелектуалец и доволно заработуваш, можеш да му купиш диплома, а тоа да си мисли дека учи факултет, и да се забавува. Не се сите исти нормално, има квалитетни и на приватен, еден двајца, за да може после факултетот цела деценија да се фали со нив. Поздрав и до тебе, и до твоите истомисленички и немој да се срамиш и брукаш да ми реплицираш, зошто немаш ни речник, ни култура да напишеш нешто што би ми го задржало вниманието да го прочитам.
Драга Fearless,ајде ќе се обидам да бидам на твое ниво,да бидам културна дама на форумов како тебе пример од човека!Како прво каде прочита дека твоето мислење ценето се реплицира???веќе некое време читав тука се препуцаваат па решив да го истакнам и моето мислење,а Fearless во мојот пост колку што се гледа не постои,очигледно самата си се пронашла можеби во тоа,а тебе да,веќе повеќе од очигледно е дека мојот пост ти го задржал вниманието,и да ти објаснам нема потреба особа како тебе да ме жали,многу ми е јасно како стојат работите во нашава држава и многу добро ми е познато како поминуваат некои од моите колеги,и како можеш да поминеш на ПРИВАТЕН,ама тоа не значи дека сите треба да се стават во еден кош!!!!сакам да кажам дека некои поединци се интересираат и учат без разлика каде се, тоа ми беше поентата,и го кажав на побезобразен начин бидејќи на темава прочитав многу малограѓански навреди и препукувања,а ти не си ништо поразлична од тоа...која си па ти да кажеш дека си компетентна за такви работи....или па да осудуваш или па да кажуваш дека се раѓаат глупави деца???и од кај ме процени каква сум???од еден пост за факултет?а ова не ми е место каде што треба да се истакнувам на високо ниво,и да пазам да не се посрамам и брукам од кого од тебе???што нит те знам нит те познавам,ова е слободна тема секој може да се истакне и прости и паметни и граѓани како тебе...е сега ти го реплицирам постот да ти биде појасно....
хаххаха абе Сесилија, може си во право..али ја таква сум, од тие што не зборат многу, па и немам некоја корист од богат вокабулар но на место ти е коментарот
јас поминав низ двете и можам да кажам дека државниот е нула спрема тоа што го доживеав на приватен. но гледам низ форумот упорно се тврди дека како што велиш ти вежби со 60 души или предавања со 160 се подобри и повеќе се учи отколку на вежби/предавања со 15/30 не знам дали е од инает тоа или од немоќ
im a transfer student from america in american college skopje and its awesome. american college is a great place to study at. the same way of education we have in america i am experiencing also in skopje. and plus besides that, they have studies on english as well. hope this helped you a lil bit. if u wanna know more contact me. LadyLibra
Thats just a big BULLSHIT.... im not offending the public schools, they have their advantages as well, but in private schools you get lectured by the best professors including some of the best politicians; business-sellers; diplomats and etc... The difference is huge thats one thing for sure. Private colleges are upgrading you lot way more comparing to private schools. look out of the box!