Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    365 глас(а)
    27,9%
  2. На државните факултети

    942 глас(а)
    72,1%
  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Не ме држи место, а да не искоментирам. Имам комшика се запиша на економски државен во Скопје. Една година се мачеше да положи испити и паѓаше на сите. На листата секогаш последна со најмалку поени. Виде - не виде си ги собра парталите, и на ФОН дипломираше 8)
     
    На bravegirl, OrdinaryGirl, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197

    како може да не е најценет Американ колеџ кога е најскап? може да побараш на нет и да видиш..американ е помеѓу 7те најскапи и најценети универзитети, братучетка ми живее во америка запишана е таму и плаќа партиципација верувале или не 40 000 долари годишно! и се знае дека штом е толку скапо значи најквалитетно е. А тука ние сиротите се испаничивме-прост народ за 2000 евра партиципација-универзитетот го направивме бал дека само онака нема ништо за учење, без поени сите минуваат со 10ки, се пие кафе во бифето со професорот се пијанчат сите, ужас невиден ама добро оправдено е ТИПИЧНИ МАКЕДОНЦИ
     
  3. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Хахахахаххаха на ова само ке се изнасмејам.Па и за тие 2000 евра ама кажува,како вишок да има.Ако имаш вишок дај наваму не биди себична :D
     
  4. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    А што девојко,според тебе кој е најскап тој е најценет,а? Па тие живеат од таквите како тебе,што имаат пари и нормално се запишуваат на факултет кој е скап па после и уште го фалат како е ценет,квалитетен...па да не се лажеме,за Америка не знам,ама за тука не ми кажувај колку е ценет Американ колеџот,врска нема.
     
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.367
    Уште да беше ист Амеркан во Америка и овде. :D :D :D
     
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    |( фон! на тој факултет е вака,сите без учење си поминуваат, т.е дипломата им е веќе купена со самото нивно запишување таму! ама на американскиов озбилно бараат многу знаење, не те пуштаат туку така! :) имам другар што учи таму, од книга не станува
     
  7. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    339
    Ќе кажам само едно нешто: Дипломата од државен факултет барем кај нас вреди многу повеќе од диплома од приватен. Знам многу случаи каде што млади луѓе конкурираат за работа и се одбивани затоа Што завршиле на приватен, а мислам дека сите знаеме зашто
     
  8. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    хахахахаха не можам да прекинам со смеење :lol: На американски барале знаење? OMG! Најголема невистина што ја имам слушнато денеска :)
    Еве сега дечко ми ќе полага еден предмет не со учење од книга и не преку испит, туку професорот му дал да направи една презентација и од презентацијата ќе му стави оцена.
    Затоа дај ве молам, прекинете со такви глупости дека на Американ се учело! :fubar:
     
  9. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    од ова што го кажа за фон можам да го кажам само сладново : бев и на државен и на фон, тоа го зборуваш само од инает, на државен е лудница! положен испит го полагав пак и пак бидејки ги губеле пријавите ? срамота, додека на фон се е под конец, учам-ако научам ке полагам ако не здравје, професорите ми се истите од св. Кирил и Методиј, така да истите тестови од таму по истиот предмет нормално ги дава и на нас, имам докази.
    Како може со празен лист да ми пише оцена? поголем виц не сум видела жими се.
    Ти или си многу јадосана бидејќи ретко кој може да се запише на приватен, или си со извинување, многу необразовена т.е (знаеш што).
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.226
    Допаѓања:
    157.119
    Оваа со типичните македонци саде амеранка е целата,па уште и многу образована,па од горе не гледа и не руга.
    Ти чупо,ако те бивало и ако се исти тестовите и професорите од државен,што мајка бараш на приватен,што не си си останала на државниот?!А?!
    Не бе,до пријавите е,убаво ви вика девојчето!
    Не можел кој сака на приватен,ајде де!Па да,грото се со исклучително мал капацитет,а тие малкуте се паметни,ама за други цели го користат мозокот,а не за факултет.
     
    На tessie и ludoto19 им се допаѓа ова.
  11. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Исти се професорите, може и тестовите да се исти, ама на фон ви кажуваат отприлика кои теми ќе ви се паднат или ви даваат прашања, а на државен го нема тоа. Исто на Фон материјалот за испит е помал отколку тој на државен. И на фон границата за освоени бодови е помала, отколку границата на државен, значи на фон се положува истиот тој предмет со помалку освоени поени, отколку на државен.

    Ќе те замолам да се изразуваш без навредување кон другите членки на форумот.
     
  12. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Леле каков ти е овој вокабулар?! Фонски...?!?!?! Мислам, одма си формирав слика за тебе од само еден пост. Ако си имаш пари да се запишеш на ФОН - бујрум. Стани и магистер и не знам веќе какво звање добивате. Тоа нема да те направи попаметна. И научи се да пишуваш, па после осмели се да го наречеш некој "необразован" или (знаеш што). Мада ти најдобро знаеш што... :^)
     
    На ludoto19 и vesna23 им се допаѓа ова.
  13. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    Исти се професорите, може и тестовите да се исти, ама на фон ви кажуваат отприлика кои теми ќе ви се паднат или ви даваат прашања, а на државен го нема тоа. Исто на Фон материјалот за испит е помал отколку тој на државен. И на фон границата за освоени бодови е помала, отколку границата на државен, значи на фон се положува истиот тој предмет со помалку освоени поени, отколку на државен.

    поените се тие значи 51% од вкупниот испит или колоквиум од 35 поени на колоквиум треба 18 да положиш, ако го положиш првиот на пример со 35 одиш на втор колоквиум ако освоиш на вториот колоквиум 17,5 одиш директно на испит / не се собират поените како на државен .
     
  14. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    Си реков нема да коментирам,али морам :D гледам вие од државните што сте толку образовани,сите примерни студенти и сите со добри оцени...само кажете ми од една генерација колку поминуваат со асален просек?2-3?ај ви се молам не зборувам за сите,ама повеќето не се погоре од 6ка,и со тоа ќе ми кажете повеќе знаење имате од тие од приватните?
    стварно ми е испод чест да се препуцавам...ама оваа тема ме провоцира затоа што си дозволувате да кажете едни прости, а други образовани....па срамота е...толку погрдни зборови и толку омаложувања...ова е доказ на простотилук во нашава ни држава,и да сите мислат дека се попаметни и поспособни од другиот затоа ќе потонеме еден ден...
     
  15. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    нормално, не знаеш дека 6ките на државен поввеќе вредиле и од 10ките на приватен??? некој со 6ки од државен ќе е "попаметен" од тој што убил од учење, ама нели бил на приватен и тоа е исто како да не завршил факултет.
     
  16. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Да, потполно исто!
     
  17. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    хЕХехе леле па ти нели учената, мене ке ми солиш памет, ама да ти кажам ич не се замарам, еден ден ќе ти ги учам децата, кога ке бидам за една година професорка, тогаш можеби ке отидеш на министерот за образование да се жалиш, зошто тие од приватен се вработени :D
     
  18. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    А јас па чуди се зошто државава отишла по ѓаволите... Фала ти што ми одговори!
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.226
    Допаѓања:
    157.119
    Ради приватните кои патем штанцаат дипломи ќе се упропасти пазарот на труд,а тоа е жива пропаст,па уште ми зборат за просеци,па уште ако е тоа од студент на економски,нека дојде тука да му пишам една петка!
    Тоа вака или онака е зезнато,па уште приватните фалеа,ама тоа е,свесни се си патат од комплекс на помала вредност,свесни се дека е оправдано,па затоа се жедни и гладни за вакви расправи.

    Пак ќе прашам,ако е истиот професор,ако е истата книга,истиот материјал,истиот тест,зошто не си останала на државен?!Ако ете толку е исто или тебе ти значеше комодитетот и студентски прашања?!
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Да,6-ките од државен вредат повеќе од 10-ките на приватен!Како прво,најтешко е 6-ка да добиеш.Како второ сите веќе знаеме како отприлика ви ги пишуваат оценките. ;) И ајде,зошто не и одговориш на Лилит?Како тоа ако се е исто и професорите и тестовите и материјалот,како тоа на државен неможе да се положи испит а на приватен може?М?

    Ооооо бе душо школска ми беше запишана на економски(државен),ама пошто е слабо интелегентна,неможеше ништо да положи па си отиде на фон!Таму го заврши факултетот пред мене.Замисли... :D Ама ајде зошто да не?Зошто да учи кога дедо и има пари да и плаќа партиципација за спиење на фон!Штета само што утре таква неписмена ке заземе нечие место и ке но сли памет...Жално,жално... :sweat: