не во случајов само ти си образованата и богатата (по болдираново)извини! а ти од каде знаеш дека јас не можам да се запишам на приватен??? и премногу сум јадосана, животна желба ми е да бидам дел од фон и многу добро знам како се учи на фон, барем за економскиот смер ден пред колоквиум, па и до магистратура стигна таа дотична особа! и сите државни се различни а и ги имаш преку 70 во македонија, а додека пак приватните на прсти се бројат! така да полесно е да се коментира за нив! бтв многу мразам препотентни особи но, можеби, има и некој на повисоко ниво , само што ете, несака да се фали наоколу за вери јас кажувам што сум слушнала и видела, а сигурно дека секој различно ќе си кажува! па на факултет имаш тоооолку смерови, можеби ете баш тоа овој што учи е построго
Не ми се верува дека очи ќе си исповадите на темава. Уште ли не ви стана јасно дека за работно место ви требаат врски или партиска книшка??????????????? Очигледно не сте се појавиле на пазарот на труд за да видите како функционира. Немојте да се плашите од тие на приватните факултети дека ќе ви ги преземат работните места или дека ќе ви солат памет, туку почнете уште додека студирате да си барате врски, инаку со дипломата од државен можете слободно да си го избришете г***т (од искуство ви кажувам)
Мене тоа ми е совршено јасно.Знам дека треба или врски или книшка.Ама смешни ми се кога ке почнат да убедуваат за квалитет на образованието.Оффффф лелееее јаднички,колку се очајни на факултет се подолу од нас,па сакаат на муабет барем да не убедат како стојат работите на приватни факултети.Па ни тоа не им успева.Еј ај да пуштиме срце и да се правиме дека им веруваме.А?
зависи кој смер! јас на пример тоа што го учам, сум прва генерација во мкд што го учи баш тоа! за прв пат е воведено! ама може и за тоа ќе нема место пописмените ќе го земат секако
Таквите со врски и книшки се наоѓаат на приватни факултети. Барем поголем број. Груба проценка ми е ова, општо коментирам, не дека многу се разбирам во факултети... Значи пак се врти тоа, дека оние со приватни ќе се снајдат подобро во животот. Болно, но точно.
Има голема разлика меѓу приватен и државен,студирав и на двата па ако јас неможам да кажам кој може..и тоа постидпломски на еден,а додипломски на друг ..и текако ја осетив разликата,и кога ве читам како ги пумпате приватните смеа ме фаќа,факт е факт е тврдокорен дека има огромна разлика,на приватен проаѓаш како и да е,на државен ќе се испотиш и те како!
Леле, не си свесна колку ме изнасмеа. Како да го полагаш пак ако веќе ти е положен, само поради изгубена пријава?! Не ме зезај, ако беше така, јас кога дипломирав и бев да земам уверение за завршен факултет, видов дека ми загубиле пет пријави. И не ги полагав пак тие испити, знаеш зошто? Затоа што, АКО ИМАШ ПОЛОЖЕНО, ти си запишана кај професорите во книгата на испити, па лесно може да се пополни нова пријава, само ако однесеш кај професорот, со печат од студентски прашања. Пријавата не е единствен доказ дека си го положила испитот. И никој не ми правеше проблем за новите пријави, баш си беа коректни професорите, па си го добив уверението за многу кратко време. И јас реков нема да коментирам, ама ова за просеков... да ми извиниш, 70% од мојата генерација завршија стоматолошки факултет со просек над 8 така што ова твоево не држи вода. Не ги спомнувам тие што завршија со просек 10, бидејќи тоа не е реално, барем не на медицинскиве факултети, бидејќи се работи за навистина тежок факултет, и ретко кој испит, особено од клиничките предмети, се полагаше со врски. Ако не знаеш, нема да положиш, тоа беше факт. Нормално дека имаше исклучоци. А сега не знам каква е ситуацијата. За жал, просекот не ти гарантира дека ќе се вработиш, а исто така, никој од твоите клиенти нема да те прашува колкав просек си имал на факултет кога ќе дојде кај тебе, поважно ќе му биде да си ја знаеш работата. А со тој скратен материјал кој се учи на приватните факултети, тешко дека имаш добра теориска поткованост која ти треба да ја примениш во практика. Но, се сложувам со претходните коментари дека само оние што имаат врски и партиски книшки ќе се вработат, а каде завршиле - тоа е неважно.
И мене ме изнасмеја тоа со пријавите.Пред да се средат работите на студентски и мене 100 пати ми имаа изгубено пријава,па несум го преполагала испитот.Зошто пак да полагам кога професорите си водат евиденција?Само нова пријава си купувам... А тоа за просек...па подобро заслужен просек 6 него купен просек 10!!!
Во контекст на "разгоренава" дискусија имам само да надополнам еден пример. Една моја професорка во средно беше на големи маки како ќе го запише синчето на факултет, и ај што ќе фрли некое денарче, како синчево ќе го заврши факултетот. Реална си беше жената, си ги знаеше интелектуалните (не)способности на детенцето . И првиот проблем го реши, го запиша на ФОН (тогашен М&М мислам, а после ФОН), арно ама пак остана пусти страв како ќе се заврши тој факултет. И така додека таа си грицкаше нокти и молеше бога за синчето, после пола година студии од ФОН и кажаа прекрасна вест, Вашиот син има натпросечна интелегенција, ако сакате може да земе 2 години во 1! Јупииии!!!! (Он додуше се одлучи да си остане со веќе познатите другарчиња од генерацијата и да не се двои од нив )Значи покарај квалитетното образование, на ФОН може и да ти надградат и интелегенција . И приказнава (која е 100% вистинита и со вистински ликови) има среќен крај! Денес, 2 години по неговото дипломирање, тој работи (со помош на ортоми, а не врски) во едно од нашите министерства и бистри државна политика! Ди енд...
Имам братучедки кои завршија на ФОН а дефинитивно имаат подпросечна интелегенција мислам дека дури и во минус се ама дедо ми пензијата австралиска секој месец таму ја оставаше и сега си се вработени со пари и со пријатели секако... а за на државен треба да го загрееш баајѓи столчето а и да бидеш првенец во генерација ако немаш врски -џабе ти е се ќе си седиш дома -работа нема или ако имаш партиска книшка може да те стават на некое место ама тоа дури да се смени власта после пак да те шутнат не е кај сите така секако некој има среќа има исклучоци ама ретко абе каков факултет ако имаш пријатели и со основно може директор да те стават
Кратко и јасно- Образованието порано и образованието сега се тотално различни.Образованието сега има помал или скоро и ќе нема никаков квалитет, само квантиет. Едноставно и тоа стана еден голем бизнис.
Лудо, не може на истиот факултет еден смер така да ги пуштаат без да се појават на факс, а на другиот да ги држат многу строго. Ако твојот другар не станува од столчето, по цел ден учи и има натпросечна интелегенција, тогаш зошто не се запишал на државен, штом има толкава способност за учење? Он можеби стварно учи, ама факт е дека на приватен ти треба многу помалку учење, отколку на државен. Тој може сега да е најдобар таму и да го сметаат за натпросечна интелегенција затоа што едноставно таму нема конкуренција од другите студенти, а да отиде на државен сигурно ќе се изгуби меѓу другите студенти. И за Американ коментирав од причина што сум запознаена како функционираат таму работите, дечко ми додипломските ги заврши таму, сега е запишан и на постдипломски. По еден предмет му кажаа само да направи презентација и од тоа ќе му стават оцена, а испит нема да полага. Ова ти е само еден во низата примери, дека на приватен се минува мнооогу полесно, отколку на државен каде што ќе си полагаш испит и никој нема да ти ја олесни работата со тоа што ќе ти даде презентација да направиш и така ќе те пушти. Нема шанси тоа да се случи на државен.
па ако не го научиш материјалот како може да положиш да не чекаш дедо боже да поможе ? ако научиш каде и да е ке положиш.
зошто не останав на државен? Бидејќи таму работи кој што сака, ти ако си вработена во приватна установа ќе правиш што сакаш? НЕ нели? а додека ако си во државен ќе правиш што сакаш со студенитете? ДА нели? ако си изнервирана ќе си лечиш комплекси со нив, баш затоа се запишав на приватен. И здравје кога ке завршам догодина не сакам работа во приватно, државно си е државно СЛОБОДА БРАТЕЕЕЕЕЕ.
Мислев да не коментирам,ама ми се вртат цревата од вакви млади на кои мама им меси а тато им носи. Ова се однесува на Meandyou. Тешко на нашава држава со таквите како вас, затоа пропаѓаме. Јас мојот став и мислење го имам мислам погоре кажано, ама еве и сега ќе си го кажам. Образованието што може да се добие на Државен факултет, на Приватен не може. Јас завршив на Државен факултет и фала богу ништо не ми фали. Се снајдов со супер работа, а сега за 10 дена заминувам за Дубаи кадешто ќе работам како професор на тамошен универзитет. А ти ако чекаш да завршиш па да работиш државна работа зашто е полесно, едноставно сум
Кое квалитетно образование бе....што се филмате???во Македонија е знак прашалник дали воопшто постои...поготово правен,економски тие....што е за вас учење?земи книгата положи за една 6ка?има ли пракса?секаде ја има...тука не!така да ако студирате на државен-а стварно немам ништо против прилично добри се факултетите...и ако учите од исти книги што и јас учам на Штулов..од потполно истите!ќе ми кажете дека сте пообразовани од мене?со што?со полагање на испити?нема логика...и ако знаеш се нема шанси ама никакви да поминеш со една мизерна 6ка..имам другарка што просек и е 9 и нешто на државен и она е една од ретките,е сеа како она може,а другите неможат и 6ката да е како 10ка,и ајде на Штул туку така добиј 10 нема шанси.....а на државен нема врски и дудуци?ехеее колку такви ги има синови и ќеркички на тој на оној...па они како поминуваат?.....и прочитав тие на приватните имале комплекс...ама баш ич немам,очигледно некои од вас имаат комплекс и страв дека ќе им се превземат работните места...а дали ги има???слабо...џабе ти е од било каде диплома ќе ти треба книшка...
и ќе заборавев да имаше толку многу интелектуалци во Македонијава наша излезени од државниве,затоа што не малку се излезени па ние ќе цветавме бре луѓе,а не ваква мизерија да има околу нас...
Добро јас не коментирам за медицина,пмф,електро итн...тоа се едни од најтешките факултети,и колку што знам нема приватен таков...коментирам за правен,економски и др.каде што се учи потполно истиот материјал и од потполно истите книги...
Хахахахаа, стварно бре трескате зелени, да му се сневиди (извинете на изразов) Имам колешка во студентскиот кај мене и она е економски, ама на приватен. Мојата економија има 515 стр. напишана од Таки Фити, а нејзината економија има мизерни 250 стр (не ми текнува точно) али секако е негде напола од мојата. Затоа и претходно во еден мој пост на темава напишав да не зборувате глупости што не ги знаете и не сте ги виделе, туку само да напишете некој пост. Посебно колку се учи на економски и од какви книги, приватните можат 100 години да го учат истиот материјал, хахаххахаахаха. Ај позз