Не зборувам за седење дома,туку дека воопшто и не ја викаат на интервју Инаку и јас знам 45485475454 што седат дома,и од приватен и од државен.
Секој факултет си има свои предности и негативности. Од една страна државните се попривлечни бидејќи се поевтини и според многумина нудат повеќе ценета диплома што според мене и не секогаш е точно, а од друга страна, пак, приватните, кои се доста поскапи, нудат и поинаков избор, а и подобри услови- помали групи, подоброопремени простории и кабинети, примена на поинакви методи, повеќе пракса и сл. Но сепак успехот на поединецот зависи, пред се, од неговите амбиции, цели и желби како и од вложениот труд и напор за реализација на истите. Па, зависно од целите и желбите, како и од длабочината на џебот секој ќе си пронајде свое место под сонцето во овој шарен академски свет.
Се разбира дека државните факултети се доста појаки бидејќи имаат подобри професори, но и послаби во однос на она што се вика квалитет на настава. Професорот што држи предавања на државен има поголем број студенти и ред други обврск, па не се посветува доволно на студентите , додека на приватен имаш доста добар однос професор - студент, но искрено јас не би давала толку многу пари затоа што мислам дека овa е некое помодарство кај нас да се студира на приватен, па сега сите имаат високо образование, така што ако ме држи желбата за магистерски студии не би отишла на приватен од причина што сметам дека нема да ми го дадат истиот квалитет како на државен, а и поскапо е. А за искористувањто на дипломата, па јас со мојот факс не можам да се вработам по струка бидејќи морам да се занимавам со политика Така што попаметно ќе ми биде тоа отколку учењето(најважно е да се снајдам во животот). Ех ,ама што да правам кога не сум таква, не можам да пливам со ајкулите кога сум делфин во морето на политиката. Порано се нервирав кога гледав како се снаоѓаа колешките што доаѓаа од другите градови и се вработуваа а не ми е јасно како ниту една моја колешка од Скопје не се вработ, да не ме сфатат луѓето погрешно , не алудирам на никог , но навистина чудни работи се случуваат во родново Скопје
На државен не поминуваш со „пролистување„ книги, туку ќе си одвоиш добри неколку месеци да си научиш материјал „тежок„ стотици страници и пак е прашање дали ќе положиш. Сум чула дека на приватниве земале испит и со пишување на семинарска-хелоу, ова не е ништо др., туку „инстант-образование„ и колку ќе има трајност таквото „учење„? Дури се земе испитот и толку прашање е дали. Нема квалитет во скратени програми, дури не седнеш и го испотиш г‘зот со месеци и не ти се свиткаат страниците и избледи корицата од книгата, нема ни да се сеќаваш што си учел на факултет, ни после год.дена од дипломирање.
и јас одсекогаш бев против против приватните факултети, мислев дека се гола вода дека ќе биде полесно итн. студирав на државен во друга земја бев задоволна но еве дојде ред да студирам на приватен во мк. вработена сум имам милион обврски и учам навечер едвај... се запишав на приватен мислејќи дека нема да се замарам за книги за пријавување на испити професори итн. сите што студирале на државен постојано се жалат на проф на ладниот однос на малтретирањео и сакав да го избегнам тоа. но во мк изгледа се е исто. мн ми беше и уште ми е тешко да сватам како функционира системов... се изнадавав пари за книги, за испити , професорите ги бркам да видам да ме консултираат што бараат од студенот нели да ме советуваат како најдобро да пишувам на испитот итн и еве уште чекам одговори а што се однесува за испитите не верувам дека се мине со семинарски незанм еве јас ке полагам 5 предмети сега и материјалот е мн обемен повеќе од она што го учев додека студирав во странство, книгите се минимум по 350-450 страни, плус пишани работи од професор а за еден предмет дури од две книги е материјалот. јас почнувам да полагам од 17 па ќе видиме што ќе направам и мислам дека ќе бидам најреално во оценувањето на приватен vs државен и ќе ви кажам дали е гола вода или не . пс. како може на државен на правен да полагаат на заокружување? тоа никогаш нема да ми биде јасно правник не е да заокружува туку да мисли да зборува да пишува да објаснува....
Зошто?Нема врска тоа...Прашањата ако се на заокружување не значи секогаш дека се лесни.Баш напротив некогаш знаат да бидат позезнати и збунувачки!Нема врска дали е правен факултет или некој друг. Иначе,ајде крши нога на испитите(не се вели со среќа)
фала даниела многу, ем сум возбудена ем ми се тресат нозете. инаку она што сакав да го кажам за заокружувањето не е дека се лесни прашањата јас верувам дека се тешки и збунувачки и влегуваат во детали, туку дека треба да се вежбаме да пишуваме да зборуваме нели правникот треба да го прави тоа, жалби молби, закони , анализи сето тоа треба да се вежба за да имаме искуство и добро развиено чуство за што треба да напишеме кога ќе почниме да одиме на работа... инаку го спомнав правниот бидејќи тоа студирам за другите не сум копетентна да зборувам не сум запозната . поздрав
Јас мислам дека на државните факултети може да се стекне повеќе знаење, на приватните сеуште може да си ја купиш дипломата (нека ми извинат студентите од таму али така е). Чисто ради споредба математика на економски на УКИМ мака мачевме да положиме, посебно колегите што не учеа средно економско и прв пат се срекаваа со економската математика, влоговите, рентите, амортизационите планови итн, па додека се навикнаа да и користат таблиците ужас беше за разлика од студентите на некои наши приватни факултети што исто студираа економија и полагаа математика некои не ни знаеа за такви таблици, а некои викаа ние минеме без такви. Е сеа не дека на државните не можеш да си платиш испит и да поминеш (нека не вели никој дека нема корупција го знам ценовникот на голем дел од професорите, ги знам и студентите што си платија значи не зборам за рекла-казала муабети), но сепак треба повеќе да го загрееш столот за да поминеш, посебно на УКИМ, штипскиот универзитет е нешто блиско до приватниет, само поефтин.
јас сум на приватен fon и има мноооу учење и покрај тоа што даваме толку пари ние само имаме подобри услови а учењето си е исто како на државен ако не и повеќе.. сите мислат на фон си платиш па клатиш епа нема така
Јас сум на фон и велам не е така . Не учиме повеќе од државен, барем кај нас. Ги споредував материјалите со електро, нашите дури смешни се. Сепак, ми треба малку повеќе труд за да добијам 10ки, стипендист сум ,ама со ова учење верувам дека на електро нема да поминам. Инаку да би имала шанси да бирам пак, би избрала електро. Ќе се помачам , ама ќе вреди. Планирам постдипломските да ги запишам таму. Сепак ,се работи за државен факултет кој опстојува со години , што е сигурно сигурно е . А на фон ние сме трета- четврта генерација, уште ни е млад факултетот А инаку условите онака се супер, за достапностна на професорите / асистентите и нивниот пријателски однос немам замерка
Така е . Можам слободно да кажам дека срам ми беше да кажам што учиме по англиски пред другарите кои се на електро. Англиски не ни учев пред колоквиум ,а имав 10ка со 100 поени. На часови дискутиравме за фејсбук и слично, а имавме вежбички со сликички како за 2 одд. Еден колега , закасан од ПМФ се срчка со професорката, во очи и кажа ова се глупости за 2 одд. На колоквиум имавме вежби у стилот најди 10 грешки (нешто у стилот disapointed место disappointed инт. ) После тоа одам кај другар ми, кога ми извади едно книгиште, стручни зборови, термини, делови на компјутерот Плус и усен имаат. Тие што викаат дека мноооогу им е тешко веројатно немаат стекнато навика за учење од гимназија, па сега и тоа малку учење на приватните што ги има им е тешко А некој спомна во Америка најценет Американ колеџ, можда ...Ама тој Американ и овој нашиов благе везе немаат еден со друг
Имам другар на Европскиот - детево е 24 со 7 по кафичи, теретана, ракомет..... само да учи не го имам видено. Значи кога ми ги покажа книгите на крај од семестаров кој го помина со просек 9.6 му беа нови и неотворени. Јас за тој просек на државен не сум излезена од дома од септември и книгите ги искинав од учење бре Има повеќе поволности на приатните... само треба да се искористат... нудат подобри услови, полесен материјал (зависи од смерот) и нудат пракси во добри фирми. Кој сака да учи ќе учи и на државен и на приватен.
хах па дојди ти на штипскиот и види дали е баш лесно.. ние за разлика од од уким мораме да полагаме и колоквиуми и испит.. не може да се земе оцена само од колоквиум.. а за да одиш на испит мораш да имаш 42 поена..ако не ги освоиш тие предметот си го презапишуваш наредната година..
Другарка ми на Штулов има живот ист како да е во средно...или можеби полесен. Во текот на неделата три пати е на вежбање, два пати на јазик и секој, ама секој ден минимум еднаш на кафе.Ова важи и за време на предавања и за време на полагања.И сите оценки и се над 8мица. Последниот пат кога полагаше носеше листови да си прочитала уште еднаш пред полагање во кои го издвоила најважното. Епа што да кажам повеќе освен дека најважното и се состоеше во три листа А4 формат.И немој да мислите дека беше цел текст, беа по неколку реченици двоени со празен ред.
Било и ќе биде-вечна тема на препукувања ! Секогаш оние кои студираат на приватен-ќе си го бранат својот, оние на државен-својот ! (секоја чест на исклучоците ) Гледам темава се претворила во расправија,полна со навреди наместо дискусија! Јас лично студирам на државен факултет имам просек над 8 и за да го постигнам баш и не се утепав од учење. Меѓутоа со ова мое учење на приватен сигурно ке имав 10 Како и да е ке се цени дипломата, тогаш кога во Македонија ќе се цени знаењето...А тоа кај нас сеуште не е случај.Скоро сегде сеуште се вработуваат со врски (секоја чест на оние кои имаат над 9,5) па ги бараат сами од фирми Ќе сретнете многу примери каде завршиле на приватен и оп одма работа во банка. Па и сами знаеме чии деца студираат на приватните факултети. Така да секој со својата среќа после дипломирањето,некој и без неа
^^ Е од кај заклучи дека лажам Сакаш индекс да ти покажам да видиш дека одам на ФОН или , да ти го дадам блогот кај што професорката ги поставува тестовите англиски, да видиш дека не лажам хм
па и да знаеш нема да е лошо да ми покажеш индекс, бидејки јас сум таму и англиски ми предаваше Ивана Живковиќ-ке поминеш од неа на свети никад. На положен испит не сакаше да ме пушти бидејки не сум и омилена студентка. Се јавував сто пати кај деканот и на крај ми рече дека немало што да и направи, а ти тука ми филозофираш дека десетки паѓаат од небото.
Аман бе meandyou, јас разбирам дека ова е форум и нормално е сите да немаме исти мислења, ама ти тука се препукуваш со секој што ќе каже дека на државните се учи повеќе, дури тоа да е и студент на приватен! Relax Ниту ти ќе не убедиш нас, ниту ние тебе.