Кај нас англиски е изборен, помала група бевме, и може за тоа полесни тестови давала, не сака да се замара со информатичари А кај вас не знам Ако си на јазици сигурно подруга е програмата, не верувам дека е исто како кај нас. Може таму е построга бидејќи предметот ви е побитен. А ако мислиш дека лажам сигурно го знаеш блогот, ѕирни ги резултатите да видиш колку 10ки има итн итн за мене завршена дискусија јас само си го споредив МОЈОТ материјал со оној од електро и велам помалку учиме, они и физики и што веќе немаат, ние ништо од тоа немаме. И знам колку мои другари се убиваат за да поминат на електро, а јас учам само во предколоквиумската недела и имам над 9,6 просек. А ти немаше право да ми се уфрлиш у муабет зошто јас споредувам мојот информатика со електро. енд оф дискашн
Не ги прочитав сите мислења, зашти искрено ме мрзеше па затоа само ќе го дадам моетно мислење конкретно со темава. Во Македонија точно е дека на државен факултет се учи многу повеќе за разлика од приватен и тоа не е некоја тајна. Поимот приватен факултет кај нас значи дека ќе си ја купиш дипломата, сите така го сваќаме нели? Имаат тато и мама пари, имаат фирма, ќе се запишам на приватен, ќе си изживеам неколку години, дипломата у рака и ќе си ја преземам фирмата. Жална вистина но така е. Приватните факултети се таков поим кај нас. Али тоа е само кај нас. Во секоја друга светска метропола е СОСЕМА ПОИНАКУ !!!!!! Конкретно УСА. Приватните факултети коштаат во просек земено околу 30 000 долари ГОДИШНО!!!!!! споредено со 5-6000 долари на државен....А зошто е тоа така? Епа тоа е така зашто како прво и прво имаат многу поквалитетен кадар. Сите професори се доктори на науки, кои што имаат искуство и во реален живот, а не само теорија. факултетите се далеку далеку поопремени за разлика од државните, добиваш многу подобро образование, во училница седите максимум до 10 души, развивате многу блиска, пријателски настроена врска со професорот, имате експонирање на ненормален број на фирми, а преку тоа тие знаат за вашиот труд и ви нудат работа уште пред да завршите со факултет. Значи едноставно речено добиваш многу подобро образование, заминуваш во реален така речено живот многу поспремен, од колку кога си на државен каде што седиш во аудиториум со уште 300 други студенти, каде што професорот врска нема кој си !!!!!! Затоа и кога ќе дојде да речеме до примање на работа, две исто квалификувани индивидуи, само првата завршила на приватен а другата на државен, што мислите која ќе ја добие работата? таа што е на приватен, зашто е поспремна!!!!! Но така е на западот, како што и конкретно би требало да биде...Плаќаш скапо за образование, треба да добиеш добро образование !!!! Додека кај нас, е сосема друга слика ...
Ова важи и за Државните во Америка. Ги имаш сите услови, кои не се ни поимливи за нашите приватни (што викаат дека нели Американ тука и таму бил ист). Има деца во Америка кои ни тие 6000 најмалку, (имаш државни на кои се плака над 10 000 ) неможат да си ги дозволат, и затоа не се запишуваат сите на факултет. Инаку за во Македонија се имам изјаснето и претходно... Само да додадам дека целото образование е сведено на толку ниско ниво, што повеке дипломата од факултет не значи ништо. Реално, секој може да се запише и секој може да заврши. (и тоа во рок) Било на државен, било на приватен.
Ќе ви пренесам една моја ситуација која што е во контекс со темава. Јас сум запишана на државен факултет, а дел од моите другарки се на приватен. Сите имавме завршено во ист клас во средно и нормално е да знаеме кој колку може да научи и да постигне. Е сега, откако поминаа колоквиумите си се собравме на кафе муабет и паднавме на тема ФАКУЛТЕТ. И знаете какви беа коментарите?! Јас,запишаната на државен се изјаснив дека треба учење, и дека сум задоволна и со резултатот кој што го постигнав,иако можев и повеќе.Ама добро,први колоквиуми и јасно е. Другаркава една,запишана на приватен,која во средно паѓање предмети, се испофали дека има две 10ки и две 9ки, и како на едниот тест извадила 100бода. Па сеа и прост да си ќе сватиш што е работата и ќе ја сватиш тежината на факултетите. Лично јас немам ништо против приватните факултети,ама мислам дека мора да се воведе малку ред и таму,не е праведно сите студенти да се ставаат во исти кош. Туку и јас па чудна, праведност во нашата држава барам
^^ се сложувам со тоа дека не е праведно сите студенти да се тсваат во ист кош, јас сум на приватен (просек 9,8 со труд и со правени семинарски со присутво на секој час и со презентирање на теми и правење проекти) и се запишав од проста причина што овој смер го имаше само таму, сега од трета година сакам да се префрлам на државен пишав и во темата за ПРОМЕНА НА ФАК. да не бидам офф топик сакав да кажам дека и на државен кога минуваат на фармација, стоматологија и на медицина мои другарки кои ми беа и школски во средно, хемија равенка цел клас незнаеше да израмни, биологија не ги знае кои крвни групи постојат, сега се со просек 9,00 кој во штип кој во скопје! доста прикажувајте кој каде учел повеќе, книгата била голема, што ако е голема ако не ти влева во глава, го бутнале 3 пати за еден предмет на државен и одма уууу ааа најтешко е! седни научи и нема да биде тешко, како следниот пат си го положил! не ги бранам ни едните ни другите, само знам дека верувам во себе и дека ќе завршам факлутет било каде со знаење!!!
и што нашите факултети не се опремени? мислам зборувам за приватните (ако си влегла во нив). мислам хелоу можеш само така без врска да зборуваш за опременоста, Влези во фон ке нема да знаеш од каде да излезеш, дефинитивно еден од најопремените универзитети на Балканот. друго... Во училница сме 8 студенти, значи со група од 8 студенти му се посветува доволно внимание на секој студент, трето можеш да стапиш во контакт со професорот 24/7 или телефонски или по е-маил. Фон има сто фирми што соработува со нив, а тоа значи дека и најдобрите студенти добиваат работа. ТРЕБА УШТЕ НЕШТО ДА СЕ ПОЈАСНИ? или сето тоа се зборува од гнев жалнооо
ти го кажувам од искуство зашто учам во УСА !!!! и како второ, да би сакал да ми појасниш !!! објасни ми го стандардот на кој што завршувате вие на ФОН, и другите на државните во МКД...сепак за тоа е дебатава нели? !!!!!! Тоа појасни ми го....а како и цела македонија, како што ти знаеш, така и јас добро знам кој колку учи на државен а колку на приватен.....зашто пола другари и другарки ми се на државни а пола на приватни.....и уште нешто, машко сум, не сум женско.... p.s. И среди си го понашањето !!! може да се дебатира БЕЗ НАВРЕДИ!!! А ако неможеш, почни да одиш на курс, има различни...public speacking, за изразување.....ќе ти помогне поздрав
^^^поголеми глупости не сум видела, ВИДЕТЕ МЕ ЈАС УЧАМ ВО УСА ПА СЕГА ДА ВИ КАЖАМ ДЕКА ВИЕ НЕМАТЕ ОВДЕ УСЛОВИ ДА УЧИТЕ, МИЗЕРНИ СТЕ и државните факултети и приватните овде се со исти услови? абе ти имаш таму во уса нет да видиш во какви универзитети учиме или немаш ?
Значи највеќе мразам вакви дискусии приватни v.s државни. Но, сепак ќе си го кажам мислењето . Зар Вие мислите дека на приватнине не се учи ништо, еве не одрекувам материјалот е помал, но ако и тоа не го научиш никој не те пушта, си паѓаш па пак плаќаш испит, па повторно паѓаш и се така. Кај мене има неколку колеги кои што уште не можат да положат еден предмет од лани и тоа да кај Ивана Живковиќ, која што си бара знаење и додека не го добие тоа не ги пушта. А, на државните се запишаа секакви ама баш секакви , се зачудив коа видов дека мој другар што не успеваше да научи во средно за двојка сеа е на правен, и вели се положувам. Ајде, можеби му дошол паметот .. Исто така на филолошки примија ученици со слаб просек, а таму барем бројот на студенти порано беше ограничен.. А, за условите не коментирам се згрозувам едноставно. Другарка ми станува во 6 искача саат време порано за коа има предавање од 8 да стигне порано, и да фати место , иначе ќе си стои цело 2 часа за време на предавањето..
Одамна ја следам темава ама несакам да коментирам. meandyou неможам да сватам зашто толку напаѓаш и толку си го браниш факултетот? Колку што знам на форумов секој има право за свое мислење без напаѓања и навреди. А од кај искочи дека Mistery се фали што учи во УСА??? Па и мојот факултет би изгледал убаво доколку би плаќале по 2000е годишно Имам другарки кои се на приватен и кога ми кажуваа што прашања имале на колоквиум ми идеше главата од ѕид да си ја мавам,па такви прашања имав во 1 година средно ако не и во основно. Долго време се мислев помеѓу приватен и државен и се одлучив за државен.Ако треба и 10 год ќе го учам факултетот ама барем ќе си имам заслужена диплома.
Alanna, не вреди да се замараш....Она не ми одговори на прашањето, иако јас најконструктивно и одговорив, туку единствено нешто знае само лични навреди како што гледам јас....Затоа не вреди да се замараш....Се изјаснив веќе еднаш на темава и толку.....тоа е мое мислење, а секој си има право на свое толкување на тоа мислење
Не ми го напаѓај ти многу многу Мистери, кул човек е тој има знаење повеќе и од тебе. Него на темата Приватните и државните има 3 состојки што важат 1 Глупи Професори кои те мачат бидејки нивниот живот е катастрофа. 2 Луѓе кои не учат, ама препишуваат и поминуваат. 3 Луѓе кои се тепаат од учење и добиваат 10ки. Условите се еднакво пропорционални, све зависи од колегите и нивниот успех. Се разбира има колеги на приватни што ништо не учат и пак поминуваат, ама имам другари кои се убиваат од учење на приватни се запишале бидејќи во средно не успеале да направат успех доволен за да се запишат на државен.
Толку е паднато нивото на образование и на државни и на приватни факултети. Секој се запишува, речиси секој завршува. Има невидени капацитети од луѓе на приватните, има такви деца да им се воодушевуваш, има шутраци да им се воодушевуваш на идиотизмот, едноставно некои учат на приватен за подобри услови, некои само за да имаат диплома. На државниве факултети е паднато нивото, другарки мои со новиве системи со заокружување дома книга КНИГА не фаќаат и сите дипломираа на време без ниеден испит само колоквиуми. Не знаат А да кажат. други препишуваат, трети плаќаат мито и корупција, а има такви кои си го држат стаиндардот си учат и гајле им е. Само што морам да кажам дека државниве многу живеат на стара слава а и тоа како е променето образованието од пред неколку години. Така да се индивидуално. А просек? Денеска јас не верувам во просеци. Ретко кој е навистина заслужен. Ако си решил да учиш и да стекнеш знаење ќе учиш и во Тунгузија да си, ако си го сватил факултетот како играчка, така на две на три ќе го поминеш и ќе добиеш посебна играчка и тоа кожна за неколку години.
еве јас да споделам полагам на приватен овие денови и сум изненадена искрено мислев дека на приватен ке ти се клањаат (нели така викат де) ама да ви кажам дека на првиот испит избркаа најмалку 15 луѓе заради препишување и шепотење а на вториов асистенките беа како заранети на нож не сакаа да ти кажат ни колку е часот а не па да ти помогнат за прашање ама професорот па те сослушуваше чудно... во врска со прашањата сметам дека не беа тешки само беа премногу општи а малку време и малку забегав таму ама пак колку и да се лесни треба да имаш салам учено а не листање пред испит само. искрено не очекувам супер оценки не се спремав доволно па штом ги добијам ќе ви кажам и како се оценува лол
Девојко значи ептен тешко се разбираш со книгата чим на приватен се влечеш.Сите другари и другарки што ми се на приватни учат по 1 ден за на колоквиум . За разлика од нив тие што се на државен не ги глеам па едно месец дена пред нивната колоквиумска и учат дупло повеќе и 457240 пати потешко им е на нив !
Секој кој што не бил на приватен,може да зборува што сака! ама само тие што се на приватен ја знаат тежината на нивните оцени