Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    365 глас(а)
    27,9%
  2. На државните факултети

    942 глас(а)
    72,1%
  1. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Еее знам де брат ми е на факултет приватен таму само по скали се паѓа :D . Им се праќаат прашањата си учат од нет ама купуваат книги де како сите студенти и тоа баш дебелки :lol: па нели и тоа е факултет ? ! :rofl: многу му е тешко се гледа ден пред испит ќе земе од мејл ќе прочита и 7 зема абе се здроби од учење дури жал ми паѓа :lol: :lol: :lol:
     
  2. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.957
    Допаѓања:
    4.677
    Епа ако брат ти така прави, има студенти кои учат редовно и земаат добри оцени(во приватните). Незнам на кој факултет е брат ти,ама на европски воопшто не е така. Како што реков, сите си ја знаат тежината на својата оценка иако повеќе е важно знаењето затоа што тоа останува до крај ;)
     
  3. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Маж ми беше на приватен и многу добро си ја знае тежината на оцените...дипломираше со 9.3 просек, а е фудбалер со по 2 тренинга дневно, викенди карантин и утакмици, не стапна на фак, учеше 2-3 дена пред испит...и самиот вика...да немав толку обврски никогаш немаше да паднам толку ниско да студирам тука, не третираат како малоумни....
    да не ги зборам муабетите од типот, ќе одам до професорот да ми подвлече што да учам.. :tmi:
    Најсмешно ми беше тоа што француски никогаш не учел, и се спремаше една недела, мајками го подучи нешто 2-3 дена и луѓеее 10-ка доби....боже мили, па уште професорката, па кај се спремаше, па колку време...па до сега вака не ми се спремил студент.... :clap:
    Значи тежината на оцените на приватните и јас ја знам, студирав заедно со маж ми....
    А другарот мој кој на економски дремеше втора год, добри 3 год...не ни знаев дека се запишал на Фон, кога го гледам на фб.. дипломиран..... :@
    И најтешкиот случај од кај мене средно...слушам магистрирал на Европски...........е тогаш се ми стана јасно... :@ :@ :@
     
  4. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Без двоумење би рекла дека државните факултети се подобри ако сакаш кавалитетно знаење, лоша страна секако се професорите кои се иживљаваат над студентите, бар тоа мислам го нема во приватните факултети. За жал од тоа што денес го гледам квалитетот опаѓа и во некои од државните факултети, така да работава станува: кој се запишал - завршил, ама во секој случај би рекла дека знаењето не се купува и уште од сега се одлучувам за државен факултет
     
  5. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    ^Многу реално мислење
    Да не звучам дека го потценувам квалитетот на другите, но сите кои што ги знам и кои завршиле на приватен (конкретно на фон) како прво и прво, се луѓе со сосема просечно ниво на интелигенција...Немаат некаков капацитет...Како второ, завршија без проблеми...А во средно и основно поминале со двојка или тројка...И како трето и најважно: НЕ ГИ ПРИЗНАВААТ ДИПЛОМИТЕ!
    И да, сметам дека полесно се поминува на приватен, иако и на државниве има посебни случаи...Сепак, парата си го прави своето, за жал!
    Јас наскоро ќе треба да се одлучам на кој факултет да се запишам, ама во никој случај нема да се излажам и да отидам на приватен!
     
    На Danilela му/ѝ се допаѓа ова.
  6. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.957
    Допаѓања:
    4.677
    Дојди види колку имам за учење за колоквиуми па ќе видиш колку лесно поминувам или ги "купувам" отцените ;)

    Поради вакви луѓе, не функционира државата... Пред 10/15 години(кога се отворија приватните) можеби ги давале дипломите со пари, ама сега не е така. Незнам како е за ФОН ама за Европски не се добива диплома така лесно како што мислите сите ;)
     
  7. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Оцени, а не отцени.
    Гледам колку тешко се добива диплома.Без навреда.
     
  8. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.957
    Допаѓања:
    4.677

    ама уживај си ;)
     
  9. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Дојди види колку имам за учење за колоквиуми па ќе видиш колку лесно поминувам или ги "купувам" отцените ;)

    Поради вакви луѓе, не функционира државата... Пред 10/15 години(кога се отворија приватните) можеби ги давале дипломите со пари, ама сега не е така. Незнам како е за ФОН ама за Европски не се добива диплома така лесно како што мислите сите ;)[/quote]

    Оцени, а не отцени.
    Гледам колку тешко се добива диплома.Без навреда.[/quote]


    ама уживај си ;)[/quote]

    Па уживам.Затоа ќе одам на државен,тешко ама барем ќе имам појма од животот...
     
    На pumpkin му/ѝ се допаѓа ова.
  10. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Вака, да не испадне сега дека се караме, мислењето што го напишав погоре е изградено врз сите примери кои што сум ги имала до сега...Значи, имам една познаничка, која едвај помина средно, а на европски, со пара во џеб, без никакви проблеми?!?!?!?! успеа да го заврши факултетот, ама за жал, нема поим од животот, сведок бев на тоа дека не знае да отвори еден фолдер, ама знае да се пофали дека има диплома! И еве, три години откако дипломира, на било кое интервју на кое што отиде, секаде ја одбиваат (зборам за работа по струката). Не е само таа, има безброј примери кои ми посочиле дека на приватен нема просперитет!
    И нема потреба да навредуваш со типот "од ваквите луѓе нема просперитет", затоа што на сите им е јасно дека дипломите не вредат, едно време дури и во огласите прочитав на неколку места:се бара дипломиран тоа и тоа, а во заграда стои да не е од приватен факултет! А на крајот на краиштата, јас не посочив никој, само го кажав моето мислење, без разлика дали му се допаѓа на некој или не!
     
  11. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.957
    Допаѓања:
    4.677
    Па и јас не посочив кај некого, само реков од вакви луѓе ама не напоменав кој... Ако другарка ти твоја поминала така,јас а и моите драги колеги не сме поминати така. Сите имаме завршено со 5ка просек од сите години и матурите ни се со високи поени.

    Нема врска на кој факултет одиш... Ако немаш појма како индивидуа,ќе немаш појма и на Harvard ако одиш ;)
     
  12. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Се согласувам и јас,и јас обратно мислам,дека од луѓето кои си ја плаќаат дипломата,НЕМА ПРОСПЕРИТЕТ.А не од таквите како нас што се свесни за тоа...
     
  13. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.957
    Допаѓања:
    4.677
    Come step in my shoes, and then do the talking ;) :*
     
  14. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    I don't wanna step in your shoes,i'll have my own to do that. (on a harder way) ;)
     
  15. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Нема да навлегувам во дебати и големи дискусии на темава, бидејќи дискусиите на темава никогаш немаат крај. Јас сум на државен. Тој избор сум го направила поради моето лично убедување дека државните факултети нудат подобро образование. Според мене тоа е така поради фактот поради квантитетот и квалитетот на материјата која што се учи :!:
    Додека пак приватните факултети образуваат само во една определена насока, без да се изучуваат дополнителни, “непотребни работи“.
    Единствена маана на државните факултети е неможноста за креирање на тимска и практична работа за сите студенти, бидејќи фондот на часови е ограничен, а бројот на студенти е голем.
    Сепак оние амбициозните и заинтересираните ја имаат оваа можност.

    Како и да е, за мене дипломата од државен факултет претставуваше предизвик и задоволство во исто време, па сум на добар пат да се стекнам со тоа задоволство.

    Морам да истакнам дека не ги потценувам сите студенти кои се на приватен факултет, има и такви кои едноставно се одлучиле за таа опција од желба, а не од мрза за учење. Но, сепак мораме да си признаеме......или пак народски кажано “криво да седиме-право да збориме“- матерјалот за учење на приватните факултети е далеку помал и “посоџвакан“ на приватните факултети ;)
     
    На Mistery, sesilija, thinkerbell и 3 други им се допаѓа ова.
  16. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    На еден блог неодамна прочитав нешто убаво и примерно напишано за ситуацијата во образованието...
    ПРИВАТНИ ИЛИ ДРЖАВНИ ФАКУЛТЕТИ?КАДЕ ИМА ПОГОЛЕМА КОРУПЦИЈА?

    Секој од нас после средното образование сака да се надогради како личност и го одбира оној факултет кој му одговара и според желбата и според"големината на џебот"на своите родители.Дилемата е во тоа дали да се запише на државен факултет или пак на приватен.Според она што успеав да го прочитам како изјава на повеќе студенти дојдов до следново:

    европски=приватен европски= диплома за пари

    комунистички=државен комунистички=диплома со знаење

    Токму така.Потполно се согласувам со ова.Во денешно време се е сведено на тоа кој ќе си плати тој е си има.Истиот е и случајот со приватните факултети.Некои кои имаат повеќе пари се запишуваат на приватен факултет каде што знаат дека поради тоа што ја платиле годината нема да паднат ниту еден испит,додека пак кај државнте факултети е обратно.Тука е многу позначајно знаењето на студентот и со тоа знаење студентот ќе го положи или падне испитот во зависност од тоа колку научил.Според мене приватните факултети се покорумпирани од државните.Не ја бранам тезата дека нема мито на државните факултети бидејќи веќе има неколку пријавени случаи,но сметам дека во поглед на митото и корупцијата тие се многу повеќе развиени на приватните факултети каде што студентот плаќа да го полага испитот и не на факултетот туку надвор од државата.Овие факултети се многу поопремени за разлика од државните.Фон е првиот дигитален факултет кај нас каде што има компјутер за секој студент а за државните факултети компјутерот се уште е луксуз.Но се разбира тие пари кои ги даваат студентите на приватните факултети се користат за обновување и реновирање на факултетот за поудобно учење но се со нивни пари.Со нашиот менталитет и со текот на времето може да се случи и она најстрашното,односно студентите да имаат поголема заинтересираност за приватните факултети бидејќи им е полесен начинот на земање диплома,а со тоа може да дојде и до тој случај образованието да стане привилегија само на богатите доколку се продолжи со вакви размислувања.

    Добар пост, но не се согласувам во целост. На државните факултети, голем број од студентите се приморани да го напуштат факултетот заради одредени професори кои си лечат хормони на студентите.
    Кога се определуваме на некоја насока на факултет, бараме и тоа да го студираме, а не како што е сега со голем број непотребни предмети и без врска материјали за учење. И баш поради тоа "комунистичко" сфакање работите си останале какви што се, за разлика од приватните факултети плаќаш за тоа што сакаш да студираш, е сега твое е колку ке сакаш да учиш, тоа е своеволно, но точно дека е полесно-тоа е така дека те учат тоа што е есенцијално за насоката која си ја избрал.
    Значи мито нема каде непостои. Животот нема смисла без мито. Се поактуелно станува ова размислување сакале или несакале.
    како да се спречи??? хахаха ретко кој посакува бидејќи секој е приморан поради X причини да понуди мито без разлика дали е тоа за добро или лошо
    останува да се лажеме самите дека некогаш ке се стави крај на митото и корупцијата.
     
  17. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.957
    Допаѓања:
    4.677
    Срце, пола од зимскиот семестар бев запишана на државниот и нонстоп прашања ни даваа и ни кажуваа што да учиме. А на европски не ни даваат прашања. Незнам што искуства сте имале вие,и од каде ви се овие муабети, ама јас ти кажувам МОЕ искуство! ;)
     
  18. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Беше вака до пред некое време. Сега јас сум дипломиран правник со стаж во дремење дома, додека фонци, европските студенти и ред други приватници, си имаат стаж од 2 години веќе (колку што јас дремам дома).

    Веќе не се споредува знаењето со купувањето на дипломата. Сега работиме на принцип кој-како се снашол.
    Бај д веј, имам две другарки што ЕДВАЈ завршија и на ФОН на англиската катедра, а само со уверение и недоземена диплома се вработија во просвета.
    Нема веќе вреднување на степенот на знаење, никој не го јаде мојот леб, секој си го јаде својот.
     
  19. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    па нормално дека за правници, економисти и учителки нема работа ги има со лопата да ги ринеш, статистички гледано секоја година најмногу дипломирани излегуват баш од тие 3 факултети.
     
  20. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Ти болдирав погоре, да завршиш на англиска катедра и да се вработиш, значи дека си наставник/професор по предметот. Значи, имало работа, но не секој може да ја добие. А ке се пренатрупа и од електраши за некое време, кого тогаш ке браниш и обвинуваш?